Контакт

Економија

„Пекабеско“ предвремено ги исплати обврските кон државата како поддршка во националната борба со коронавирусот

Објавено пред

„Пекабеско“ изврши аконтативна уплата на целокупниот пресметан данок на добивка за 2020 година во висина од 8.833.000 денари и со тоа се приклучи на иницијативата на Владата и Министерството за финансии која има за цел давање конкретен придонес во националната борба против коронавирусот.

„Сакаме да дадеме конкретна поддршка со цел во овие тешки моменти државниот буџет да се одржи во стабилна кондиција. Со овој потег ја поддржуваме и работата на медицинскиот персонал, безбедносните сили и сите директно вклучени во спроведување на мерките за превенција на населението од овој вирус. Важно е сите да работиме заедно со цел ваквата состојба поскоро да заврши, а ги повикуваме нашите соработници и други компании да ги следат ваквите чекори на бизнис заедницата бидејќи денес е повеќе од неопходно секој да го даде својот придонес во рамки на своите можности“, истакна Слободан Кутревски, прв извршен директор на „Пекабеско“.

„Пекабеско“ како лидер во производството на сувомесни производи и логистичко-дистрибутивната дејност целосно ги почитува и применува највисоките стандарди за безбедност во процесот на производство и дистрибуција на храна, вклучувајќи ги тука и HACCP стандардот, како и меѓународниот стандард ISO 22000:2005.

„Дополнително, ги зајакнавме превентивните мерки, а целосно ги имплементираме и сите препораки кои се доставени од страна на здравствените власти и Владата во насока на максимална заштита на вработените во производствениот и логистичко-дистрибутивниот процес. Безбедноста и здравјето при работа, како и високиот квалитет на Пекабеско производите е и останува наш врвен приоритет“, посочува Кутревски.

Од „Пекабеско“ цеосно ги почитуваат мерките што ги презеде Владата на почетокот на месецов за замрзнување на цените на своите производи. Од компанијата веќе дале апел и препорака кон малопродажните објекти да ја следат ваквата одлука, односно да не се практикува покачување на цените и покрај зголемената побарувачка на прехранбени производи.

За да се избегне групирањето и користењето на јавен превоз како една од препораките за намалување на можноста од проширување на коронавирусот, Пекабеско на своите вработени им обезбеди и дополнителен финансиски надомест со цел користење на возило до и од работното место.

(ПР-текст)

Економија

(Видео) Битиќи: Работиме на подобрување на основните услови за живеење, приоритет е регионалниот развој

Објавено пред

Владата на Република Северна Македонија континуирано работи на подобрување на условите за живеење на граѓаните во целата земја, врвен приоритет ни е да го поттикнеме рамномерниот регионален развој, а за да успееме во тоа, треба и мора да се работи на подобрување на основните услови за живеење, посочи вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Аријанит Хоџа, денес го посетија ЈП за извршување водостопански услуги „Хидросистемот Злетовица“ во Пробиштип.

По одржаниот состанок со надлежните, вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа извршија и увид на „Зафат 3“, зафатна градба за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и на Карбинци, и нагласија дека хидросистемот „Злетовица“ е значаен ресурс, на кој Владата обрнува особено внимание и ќе работи посветено за да ги исполни сите функциите за кои е наменет.

„Првата фаза предвидува стабилно снабдување со вода за пиење за речиси 100 илјади жители во општините Пробиштип, Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци. Во моментот вода за пиење од овој систем користат општините Пробиштип и Свети Николе. Дозволете да потсетам дека во 2019 година со поддршка на Владата на Република Северна Македонија и поддршка од владата на Република Словенија инвестирани беа 1,2 милион евра, со кои снабдувањето со пивка вода за граѓаните на Пробиштип е навистина подигнато на едно високо ниво и се овозможи проток на пивка вода од 100 литри на секунда. Владата и МЗШВ планираат дополнителни 6,5 милиони евра за преку хидросистемот ‘Злетовица’ да го подигнеме квалитетот за снабдување со вода за пиење и на другите четири општини: Свети Николе, Штип, Лозово и Карбинци. Веќе се во тек градежните активности за зголемувањето на капацитетот на водоснабдување на Штип на 300 литри во секунда, како и за обезбедување проток од 40 литри во секунда во општина Карбинци, а за општина Лозово и Свети Николе се почнати тендерските процедури и набргу ќе се избере изведувач на работите. Навистина водата е основен ресурс и секој граѓанин, независно каде живее, мора да има стабилно и квалитетно снабдување“, нагласи вицепремиерот Битиќи.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Николовски: 90 проценти од фирмите го пријавиле својот вистински сопственик во Централниот регистар

Објавено пред

Вкупно 69.284 субјекти, односно близу 90% од правните субјектите, во рамки на законскиот рок, во Регистарот на вистински сопственици, ги впишале своите вистински сопственици, односно физичкото лице кое директно или индиректно остварува управувачка или контролна улога во еден правeн субјект, соопштија заменик-претседателот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресусри, Љупчо Николовски и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковски-Јанковска.

Вицепремиерот Николовски посочи дека со воспоставувањето на овој регистар е исполнета обврската предвидена во соодветното европско законодавство за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

„Со ова врвно технолошко решение институциите во државата добиваат уште една квалитетна алатка во борбата против перењето пари и финансирањето тероризам. На овој начин, отвораме едно револуционерно поглавје во транспарентноста кога се работи за македонското стопанство – една сосема нова слика за тоа кој стои зад, неретко, комплексни и слоевити сопственички структури на нашите фирми и здруженија на граѓани. Во секоја една компанија се знае кои се вистинските сопственици, уште повеќе навлегуваме и во евидентирање на сите оние компании коишто од странство се регистрирани во нашата земја, коишто регистрираат тука компании и прават финасиски текови. Дојде време кога мора јасно, отворено да се знаат сите сопственици без да има можност да сокриваат“, рече вицепремиерот Николовски.

Податоците од Регистарот на вистински сопственици, од 28 април, се веќе јавно достапни преку системите за издавање информации од Централниот регистар.

Бошковска-Јанковски изјави дека најголемиот дел од оние кои не се регистрирани се субјекти кои подолг временски период немаат економска активност, ниту контакти или сметка во банка.

„Очекуваме овој процент и дополнително да се зголеми, со оглед на тоа што правните субјекти што немаат пријавено вистински сопственик ќе се соочат со пречки во работењето во правниот и во финансискиот промет. Од субјектите коишто поднеле пријава, околу 47.600 се друштва со ограничена одговорност со едно лице (ДООЕЛ) , околу 9.600 се друштва со ограничена одговорност (ДОО), 285 се акционерски друштва, 6.030 се здруженија на граѓани и 5.769 останати субјекти со други организациски облици.

За приближно 59.000 субјекти е запишан еден единствен вистински сопственик, а најголем број на сопственици запишани за еден правен субјект е 34, и тоа е Стопанска интересна заедница на заштитни друштва на Македонија. Во регистарот се запишани приближно 70.150 различни физички лица како вистински сопственици. Од нив 93,5% се македонски државјани, 0,5% се странци со регулиран престој, а останатите 6%, односно околу 4.300 лица, се странци. Странците доаѓаат од 88 држави, а најмногу вистински сопственици – странци имаме запишано од следните пет држави: Турција, Бугарија, Србија, Грција и Германија. Најголем број на субјекти каде што едно исто лице се јавува како вистински сопственик е 25 правни субјекти, а околу 62.200 лица се јавуваат како вистински сопственици на само еден правен субјект. 69.025 лица се запишани како вистински сопственици преку индикаторот директна сопственост, 2.755 лица преку индикаторот индиректна сопственост и 11.797 лица преку индикаторот „на друг начин остварува контрола“.

Иако рокот за уписите во Регистарот на вистински сопственици е завршен, останува обврската секој новооснован субјект во рок од осум дена од основањето да го запише вистинскиот сопственик. Постоечките правни лица ќе треба континуирано да ја пријавуваат секоја промена во сопственичката структура во рок од осум дена од нејзиното настанување. Сите уписи извршени во законските рокови се бесплатни.

Заклучно со 27 април, сите податоци од регистарот се доставени до надлежните институции за натамошно постапување и до банките, кои имаат клучна улога како субјекти кои преземаат мерки за спречување на перење пари и финансирање тероризам.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши на средба со амбасадорите и директорот на ЦЕФТА

Објавено пред

Слободното движење на стоките, слободна трговија со услугите, отстранување на пречките во трговијата со стоките и услугите, дополнителниот протокол 7 за решавање на споровите, како и институционалниот развој на структурите се главните приоритети на македонското претседавање со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) во 2021 година.

„ Примената на ЦЕФТА договорот и активностите предвидени во Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар 2021-2024, се основи врз кои се темели македонското претседавање со ЦЕФТА“, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на денешната презентација на програмата за претседалелството на ЦЕФТА од страна на Северна Македонија пред генералниот директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, амбасадорите на земјите членки на ЦЕФТА и претставници од Европската комисија во Брисел.

Toj информираше дека клучниот столб на нашето претседавање е трговијата, а овој столб има главна цел олеснување на слободното движење на стоки, капитал, услуги и луѓе меѓу земјите на ЦЕФТА со цел да се овозможи просперитет и благосостојба за сите граѓани.

„ Како еден од приоритетите на претседавањето се и преговорите и склучувањето на Дополнителниот протокол 7 за решавањето на споровите со кој ќе се создаде правна рамка за решавање и елиминирање на трговските бариери меѓу членките на ЦЕФТА“ кажа министерот и додаде дека во олеснувањето на трговијата со стоки, ќе се фокусираме на заемно признавање на трговските документи, поедноставување и усогласување на процедурите и понатамошно усогласување со регулативите и стандардите на ЕУ.

Како дел од активностите кои ќе се преземат оваа година ќе биде и продолжување на функционирање на Зелените коридори за полесно транзитирање на стоки низ регионот, како и за проширување на овие коридори кон соседните ЕУ земји. Министерот потенцираше дека главната цел е подобро интегрирање на земјите од Западен Балкан помеѓу себе, но и со Европската Унија.

Генералниот директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Џикиќ, потенцираше дека имајќи ја клучната улога во спроведувањето на активностите поврзани со трговијата од Акциониот план, ЦЕФТА има амбициозна агенда за 2021 година, насочена кон олеснување на економското закрепнување на регионот на ЦЕФТА.

„ Лидерите на регионот ветија дека ќе градат заеднички регионален пазар со еден глас и заеднички погон. Беа направени силни обврски, и тие обврски бараат акција. Годината ја започнавме со амбициозна агенда, развивајќи нови механизми и покренувајќи иницијативи за олеснување на трговијата и забрзување на економското закрепнување на регионот. Направена е многу работа, но потребни се дополнителни напори за да се дадат резултати ветени за Самитот во Берлин. Тоа ќе биде клучна точка не само да се процени силата на регионалната соработка, туку и да се донесат опипливи резултати за бизнисите и нашите граѓани“, кажа Џикиќ во своето обраќање пред амбасадорите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија3 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија7 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија7 часа

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На...

Македонија8 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија8 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет9 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион9 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет9 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет9 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија11 час

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион22 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет23 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет23 часа

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија1 ден

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија1 ден

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа1 ден

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија1 ден

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет1 ден

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Досие