Економија
Планирано исклучување на Блокот 1 во „РЕК Битола“

„РЕК Битола“ информира дека во текот на денот ќе изврши планирано исклучување на Блокот 1. Планираното исклучување се прави поради превентивна проверка и отстранување помали дефекти, како и за зајакнување на оперативноста на блокот.
„РЕК Битола“ ќе го продолжи континуираното производството на електрична енергија преку Блокоѕт 2.
АД ЕЛЕМ во моментот произведува електрична енергија според планот и според потребите на тарифните потрошувачи, а исто така врши и продажба на вишоци електрична енергија, така што сите зафати на производствените капацитети се пресметани во планот за производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„Млекара Маестро“ дел од големиот саем „Продекспо 2019“

Како единствен претставник од прехранбената индустрија од Македонија, „Млекара Маестро“, го претстави своето портфолио на производи на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и Југоисточна Европа, „Продекспо 2019“.
На својот изложбен простор „Млекара Маестро“ го прикажаа своето широко портфолио на производи, доближувајќи го маестралниот вкус на големата производна линија на „Маестро“ до руските потрошувачи и претставниците на прехранбената индустрија од целиот свет кои што покажаа одличен интерес за сите производи.
„Млекара Маестро„ со своите производи веќе 4 години е присутна на пазарот во Русија, а на саемот заинтересираност покажаа и претставници на бизнис-секторот од други земји во Источна Европа и Азија.
На овој значаен деловен настан, кој се одржа во Москва од 11 до 15 февруари, учествуваа 2.442 компании од 69 држави од светот. Настанот што важи за најголем меѓународен саем на прехранбени производи, пијалаци и суровини за нивно производство во Русија и Источна Европа, се одржа 25 пат по ред и им овозможи на компаниите да ги презентираат своите производи пред повеќе од 62.000 посетители од 100 земји.
(Платена ПР објава)
Економија
Почна подготовката за национална транспортна оптичка мрежа за интернет со брзина од 1 гигабит

Владата на својата 122. седница ја усвои информацијата за подготовка на проектна апликација за студија за изводливост за изградба и развој на национална транспортна оптичка мрежа во рамките на повикот за техничка помош во склоп на ИПА-инструментот „Инвестициска рамка за Западен Балкан“, чија крајна цел, меѓу другото, е до крајот на 2029 година да обезбеди сите јавни институции, истражувачки центри и други образовани, здравствени, правосудни и сите јавни и државни тела да имаат симетричен пристап до интернет со брзина од најмалку 1 гигабит во секунда.
На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за предлог-декларацијата за транзиција кон чиста енергија во земјите на Западен Балкан, која земјите од регионот ќе ја потпишат во Подгорица, Црна Гора, на 21 февруари 2019 година, како потврда за заложбата за декарбонизација, обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, во согласност со парискиот договор во 2015 година, како и со обврските на Енергетската заедница засновани на пакетот за чиста енергија за сите Европејци на ЕУ до крајот на 2030 година.
Економија
Платите за вработените во рудникот „Саса“ зголемени за пет отсто

Менаџерскиот тим на рудникот за олово и цинк „Саса“ донесе одлука за ново зголемување на месечните примања на сите вработени за пет проценти, почнувајќи од 1 јануари оваа година.
Од компанијата велат дека со ова зголемување платите во рудникот „Саса“ ќе бидат и до 30 отсто повисоки од просечните плати во рударската индустрија во земјава.
Зголемувањето на платите на сите вработени во рудникот „Саса“ почна во април минатата година, кога раководството на компанијата ја објави динамиката по која ќе се одвива овој процес.
„Со најновата одлука за покачување на платите на сите вработени потврдуваме дека остануваме доследни на нашите ветувања и заложби за унапредување на благосостојбата и социјалната сигурност на сите вработени во ‘Саса’. И во оваа пригода можам да потврдам дека благосостојбата, заедно со безбедноста и здравјето на сите вработени остануваат наши највисоки приоритети во кои ние и понатаму ќе продолжиме да вложуваме“, изјави генералниот директор на рудникот „Саса“, Олег Телној.
Од компанијата истакнаа дека покрај во покачување и усогласување на платите по работни позиции, рудникот „Саса“ во изминатиов период направи и дополнителни вложувања во осовременување на системите за организиран превоз и исхрана на вработените, како и во останатите сегменти кои имаат влијание врз унапредувањето на вкупните услови за работа во рудничкиот компекс, наведуваат од компанијата.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања3 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија2 недели
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал