Контакт

Економија

(Видео) Планови за изградба на модерна патна инфраструктура – граѓаните ќе патуваат побезбедно низ земјава

Објавено пред

Во Владата се одржа заедничка прес-конференција на која премиерот Зоран Заев заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, ги презентира плановите за изградба на модерна патна инфраструктура за 2019 на целата територија на Република Македонија.

„Со почетокот на градежната сезона почнуваме со забрзана изградба и рехабилитација на најголем дел од патната мрежа во вкупна вредност од 1 милијарда и 270 милиони евра. Станува збор за големи инвестиции во изградбата на нови патишта, како и реконструкција на постојните во вкупна должина од над 770 километри. Оваа година почнуваме со реализација на нови проекти за изградба, рехабилитација и реконструкција на 43 патни правци, а засилено ќе продолжиме со изградба и реконструкција на веќе започнатите 27 патни правци. Продолжуваме да ја градиме Република Македонија и да ги поврзуваме граѓаните со квалитетни, сигурни и безбедни патишта“, соопшти премиерот Заев во своето обраќање и додаде дека добрата и безбедна патна инфраструктура е главен предуслов за привлекување домашни и странски инвестиции и за локален економски развој.

„Автопатот Кичево-Охрид во должина од 60-ина километри продолжува да се гради. Надминати се проблемите, се потпиша нов анекс на договорот, со кој се заштедија 90 милиони евра, и градежните работи продолжуваат до конечна реализација. Го поврзуваме Охрид како наша стратешка туристичка дестинација со Кичево и остатокот од Македонија. Ова е важно бидејќи ќе се обезбедат услови за унапредување на туризмот, за зголемување на трговската размена во овој регион, што ќе придонесе и за рамномерен економски развој. Минатата година ја достигнавме бројката од 1 милион туристи. Овој автопат и другите што ги поврзуваат нашите туристички центри се нашата инвестиција за уште поголем број туристи и економски раст“, рече премиерот Заев и надополни дека придобивки ќе почувствуваат 225 илјади жители и 13 општини од југозападниот дел на земјава.

Вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање потсети дека 2019 е најавена како економска година и дополни дека изградбата и рехабилитацијата на патиштата во земјата е една од активностите потребни да се реализираат за да се постигне економски раст. Тој потенцира дека очекува, по почнувањето на градежната сезона, да нема ниту една слободна градежна машина во Република Македонија, а земјата да биде едно големо градилиште.

„Сите знаеме дека сите други економски сектори, освен градежништвото, во 2018 година бележеа значителен раст. Градежништвото е важен сегмент за економскиот раст и ние сме посветени да го раздвижиме овој сектор. Во овој момент во Република Македонија се градат и рехабилитираат патишта како никогаш досега. Во 2018 година се завршени активности на 192 км во вредност од 30 милиони евра. Тоа не е доволно и токму поради тоа градежништвото минатата година бележеше негативни стапки на раст. Би сакал да истакнам дека проектите за изградба на патишта што ги почнавме како Влада се во вредност од 1 милијарда и 35 милиони евра и се во должина од 363 километри, а во 2019 година почнуваат со реализација проекти во вредност од 236 милиони евра и во должина од 421 километар. Сите овие проекти, чија вкупна вредност надминува 1,27 милијарда евра, се технички подготвени, има обезбедено финансиски средства и подготвени се за имплементација. Доколку вкупните градежни активности изнесуваат од 55 до 60 милиони евра на месечно ниво, вклучително со активностите на приватниот сектор, ќе ги вратиме позитивните стапки на раст на градежништвото, а со тоа и повисоки стапки на економски раст“, потенцира Анѓушев.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, подетаљно зборуваше за плановите за изградба и рехабилитација на патишта во 2019 и во тој правец истакна дека ќе се вложат средства од над 1 милијарда и 200 милиони евра за изградба на патна инфраструктура во должина од над 700 километри.

„Нашата цел е да нема отсечено населено место во земјата, да имаме добра и квалитетна инфраструктура, каде што економски бенефит ќе имаме сите ние граѓаните на Македонија. Но, она што сакам јас да го потенцирам е тоа што програмата за 2019 година е уште пообемна. Четириесетина патни правци со вкупна вредност од над 230 милиони евра и вкупна должина од 420 километри се подготвени за да се почне со рехабилитација и реконструкција. Очекуваме со градежната сезона да ги ставиме во погон сите градежни компании и да се почне со рехабилитација на голем дел од нив.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, даде осврт на плановите и програмите што ги спроведува ова претпријатие и рече дека ЈПДП има спроведено тендерски постапки за рехабилитација на 39 патни правци, кои веднаш во првиот квартал, штом дозволат временските услови, ќе почнат да се градат.

„Во 2019 се продолжува со изградбата на автопатиштата и експресните патишта со вкупна должина од 144 км и вкупна вредност од 770 милиони евра“, соопшти директорот Китанов и информира дека преку „Македонијапат“ се рехабилитираат уште 41 патен правец, во вкупна должина од 93 км, во износ од 9 милиони евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Анѓушев: Владата ќе продолжи со унапредување на политиките за побрз и одржлив раст на стопанството и економијата

Објавено пред

Владата и бизнис секторот имаат отворена и искрена комуникација, преку која се креираат и имплементираат најсоодветни политики за побрз и одржлив економски раст во Република Северна Македонија, истакна вицепремиерот за економски прашања,Кочо Анѓушев на денешната трета седница на Комисијата за јавно приватен дијалог, која се одржува во рамките на „Проектот за подобра бизнис регулатива“, спроведуван од Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, МАСИТ и Стопанската комора на Северозападна Македонија, во соработка си ЕПИ центар, поддржан од УСАИД.

Вицепремиерот нагласи дека со меѓусебна соработка помеѓу Владата и стопанството, претставувано од стопанските комори, во изминатиот период се донесени низа на економски политики, закони и мерки, кои се во насока на технолошки развоj и воведување иновации, а со тоа и подигнување на конкурентноста на компаниите, но и за раст на плати и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

„Законот за финансиска поддршка овозможува подеднаква поддршка за домашните и странските компании, со новиот Закон за енергетика се раздвижува енергетскиот сектор и се овозможени инвестиции во обновливите извори на енергија, Законот за јавни набавки и Законот за практиканство, сите овие законски решенија се донесени преку отворени дебати и на барање на стопанството, пред се во насока на подобрување на бизнис климата во земјата“, појасни Анѓушев.

Вицепремиерот дополни дека продолжуваат активностите во изградба на квалитетна патна и железничка инфраструктура, како и гасификацијата и електро енергетските проекти, за зголемување на конкурентноста на економијата во Северна Македонија, при што најави дека во периодот кој следи Владата ќе објави нови мерки кои ќе стимулираат забрзан раст на платите, но и на севкупната економија.

Претставниците од стопанските комори изразија очекување дека соработката помеѓу Владата, министерствата и бизнис секторот ќе продолжи да се развива во позитивна насока и дека ќе се задржи позитивниот тренд да бидат консултирани при носење на важни законски решенија, со кои би било засегнато стопанството.

Прикажи повеќе...

Економија

Бектеши: Градиме предуслови за иднината на Попова Шапка

Објавено пред

Интензивно се работи на реконструкција на патотот од Тетово – Попова Шапка, а се очекува до крајот на септември оваа делница долга 18,2 километри да биде целосно реконструирана, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, денеска направија увид во изградбата на овој пат кој води до зимскиот центар Попова Шапка.

Како што истакна министерот Бектеши, овој патен правец е исклучително важен, не само за локалното население во Тетово туку и за сите туристи коишто ќе сакаат да ја посетат Попова Шапка. Бектеши информираше дека Владата е во тесна соработка со локалните власти за да се изнајде решение и за внатрешната инфраструктура на ски-центарот Попова Шапка.

„По завршувањето на реконструкцијата на главниот пат кој го поврзува Тетово со Попова Шапка во директна соработка со Општина Тетово ќе започнеме со реконструкција и на локалните улици во Попова Шапка“, истакна Бектеши.

Министерот информираше дека Владата е посветена да се врати сјајот на Попова Шапка како туристичка дестинација, а активностите за тоа веќе се започнати.

„Жичницата на Попова Шапка е во завршна фаза и во моментов вработени ЕЛЕМ Турс се обучуваат за да се стави во функција. На сите посетители на Попова Шапка ќе им обезбедиме дополнителна можност за да ја користат жичницата, која ги исполнува сите меѓународни критериуми, не само во текот на зимската сезона за скијање, туку ја разгледуваме можноста жичницата да работи и во други сезони земајќи го предвид растечкиот тренд на планинскиот туризам“, кажа Бектеши.

Во однос на иднината на зимскиот центар Попова Шапка, во чии рамки е ски-центарот Попова Шапка, како и хотелите  „Славија” и „Попова Шапка“, министерот информираше дека во моментов се изготвуваат длабинска анализа и физибилити-студија од страна на компанијата „Прајсвотерхаус Куперс“ кои треба да покажат која е економската оправданост за инвестиции во иднина.

„До 20 октомври ЕЛЕМ Турс треба да ја добие анализата на ‘Прајсвотерхаус Куперс’ која се однесува на моделот на трансформација и ние како Влада ќе одлучиме на кој начин во иднина ќе ја развиваме Попова Шапка. Може да се даде под концесија, може да се даде на јавно-приватно партнерство, но ние не можеме да донесеме одлука пред да имаме готова анализа за економската оправданост“, потенцираше министерот Бектеши.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, истакна дека ова е многу значаен пат кој не само ќе придонесе за унапредување на туризмот туку ќе даде и дополнителен стимул во развојот на Попова Шапка и за Тетовскиот Регион.

Прикажи повеќе...

Економија

Елези: Вработеноста ќе расте, просечната плата повисока за 5 отсто годинава

Објавено пред

Вработеноста ќе продолжи да расте годинава, додека растот на просечната нето-плата се очекува да биде околу 5 проценти, се проекциите на Министерството за финансии.

Заменик-министерката за финансии, Ширет Елези, образложувајќи ја завршната сметка за 2018 во Собрание, рече дека поволните економски движења од минатата година продолжиле засилено годинава, па се очекуваат и подобри економски резултати.

Елези рече дека во 2018 година бруто-домашниот производ забележал забрзан раст од 2,7%, што е многу блиску до проекцијата на Министерството за финансии од 2,8%.

„За споредба, есенските проекции на другите релевантни институции се движеа меѓу 1,6% и 2,5%. Ова е јасна потврда за зајакнатиот капацитет и посветеност на Министерството за финансии. Имено, кредибилноста на економските проекции е клучна за кредибилно дизајнирање на буџетот, а со тоа и кредибилно водење на фискалната политика“, рече Елези.

Заменик-министерката посочи дека растот на економската активност во 2018 година е резултат на зголемената потрошувачка и на позитивниот придонес на нето-извозот врз економскиот раст. Таа посочи и дека бројот на вработени во 2018 година се зголемил за 18,4 илјади лица споредено со 2017 година.

За извршувањето на буџетот во 2018, заменик-министерката рече дека реализацијата на приходите биле согласно очекувањата, додека расходите се извршувале редовно и навремено.

Таа додаде дека финансирањето на буџетскиот дефицит и редовното сервисирање на обврските по основ на домашниот и надворешниот долг во 2018, беше обезбедено преку еврообврзница и поволни кредити и кредитни линии наменети за финансирање на одделни проекти, како и државни хартии од вредност. Истовремено отплатени се обврски по основ на главница во износ од 28,12 милијарди денари и 7,699 милијарди денари по основ на каматни плаќања, меѓу кои и PBG 2 заемот од Светска банка од 2013 година од 95 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет59 минути

Трамп: Би можел веднаш да го средам Авганистан, но не сакам да убијам 10 милиони луѓе

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД во последните неколку недели постигнале голем напредок во преговорите со талибанците и јасно...

Европа3 часа

Нов топлотен бран во Европа

Уште еден топлотен бран оваа недела ќе зафати делови од Централна и Северна Европа, со рекордни температури кои се очекува...

Македонија4 часа

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница

Зависниците од наркотици ќе можат да примаат терапија и во поликлините во Аеродром, Ченто и Психијатриската болница. Досега околу 520...

Европа5 часа

Џонсон е новиот премиер на Велика Британија

Поранешниот британски шеф на дипломатијата, Борис Џонсон, е избран за нов претседател на Конзервативната партија, а според тоа и нов...

Македонија6 часа

(Видео) Јанева: Најодговорно тврдам дека не сум вмешана во случајот „Рекет“

Во врска со мојата наводна вмешаност во случајот „Рекет“ најодговорно тврдам дека ниту свесно, ниту несвесно, ниту со сторување или...

Македонија8 часа

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ9 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија9 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија10 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија11 час

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија11 час

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион11 час

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија1 ден

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија1 ден

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија1 ден

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија1 ден

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија1 ден

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Досие