Контакт

Економија

Повисоки плати за вработените во градинките најавени на отворањето на првата градинка во велешко Караслари

Објавено пред

Министрите за труд и социјална политика и за финансии, Мила Царовска и Драган Тевдовски, заедно со градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, денеска ја отворија првата градинка во велешкото село Караслари.

Како што информираат од владината прес-служба, објектот „Пинокио“ е со капацитет за 40 деца, а од буџетот за негово опремување се издвоени околу 850 илјади денари.

„Нашата цел е континуирано да ги зголемуваме просторните капацитети на детските градинки во земјава и во претшколските програми да ги вклучиме и дечињата од руралните средини кои досега немаа таква можност. Затоа како Влада посветено работиме на секое дете да му обезбедиме услови за подобар раст и развој“, рече Царовска на отворањето на градинката во Караслари.

Министерот за финансии, Тевдовски, истакна дека се вложува во градинките, но и во кадарот што работи со децата.

„Од септемвриската плата исплатена во октомври предвидено е покачување од 5%, за сите околу 4 300 вработени во градинките”, изјави Тевдовски.

Тевдовски додаде дека се работи на проект вреден 35 милиони евра за изградба на градинки, во соработка со Светската банка.

Од Владата информираат дека низ Македонија од јуни лани до јули годинава се отворени 11 нови објекти. До крајот на годината е предвидено да се отворат уште 11 нови градинки. За изградба, опремување и одржување на градинките за годинава од буџетот на државата се обезбедени 41,6 милиони денари.

Економија

Тевдовски: Продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ

Објавено пред

Во јануари фирмите добија 2,2 милијарди денари поврат на данок за додадена вредност или 35,7 милиони евра. Ова е за 315 милиони денари или 16,8 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, велат од Министерството за финансии.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски вели дека продолжува праксата на редовен и неселективен поврат на ДДВ, што е значајно за одржување на ликвидноста во стопанството.

„Редот кој го воспоставивме со повратот на ДДВ, односно обезбедувањето на редовен и неселективен – автоматски поврат, е значаен за подобрување на ликвидноста во стопанството. Со тоа се обезбедува нормално работење на фирмите, но и се стимулира инвестициската активност“, истакнува Тевдовски.

Во насока на обезбедување на автоматски поврат на ДДВ, Управата за јавни приходи направи и Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници, кој ќе биде имплементиран во текот на годинава.

Инаку минатата година, Министерството за финансии изврши вкупно поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 23,1 милијарда денари (375,6 милиони евра). Тоа е за 3,7 милијарди денари (или 60 милиони евра) повеќе во однос на 2017 година, или за 19,3 проценти повеќе.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Растот на просечната плата е најголем во последните десет години

Објавено пред

Растот на просечната плата од 8,1 отсто е најголем раст во последните девет години, економијата се движи во добар правец, вели владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Партијата подвлекува дека успешните економски политики на Владата продолжувааат да даваат реални, видливи резултати што ја движат економијата и обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.

„Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата во декември 2018 година изнесувала 25.784 што се речиси 2.000 денари повеќе отколку во 2017 година кога таа изнесувала 23 850 денари. Ако во 2017 година растот на платите се базираше на подигнувањето на минималната плата, во 2018 година воочлив е ефектот на зголемување на продуктивноста на фирмите, како и отворањето на новите и добро платени работни места“, се вели во соопштението.

Понатаму се додава дека трендот на зголемувањето на платите продолжува и оваа година во сите сектори. СДСМ тврди дека се одвојуваат повеќе средства за активните мерки за вработување, за поддршка на домашните и странски инвестиции.

Прикажи повеќе...

Економија

Бабоски: Исплатени 16 милиони евра субвенции за сточарство

Објавено пред

Шестнаесет милиони евра за субвенции исплатени се за одгледувачите на обележани грла кози, овци, говеда и несилки. Изминатите денови заедно со исплатата на средствата за лозарите на вкупно 33,113 сточари и лозари исплатени се 25 милиони евра за субвенции. Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и државниот секретар при МЗШВ, Нефрус Челику. Директорот на АФПЗРР, Бабовски, рече дека земјоделците парите за субвенции ги добиваат тогаш кога им се најпотребни.

„Во насока на обезбедување поволни услови за унапредување на земјоделството, во еден ден и без селекција, минатата недела на вкупно 15.208 лозари се исплатија 9 милиони евра. Еве веќе од вчера, на вкупно 17.905 сточари исплативме околу 16 милиони евра. Или вкупно за двете мерки, исплативме 25 милиони евра.Тоа е свеж капитал кој во овој период пред сеидба и пред сезона им е добредојден на земјоделците“, истакна Николче Бабоски, директор на АФПЗРР.

Во насока на поттикнување и развој на земјоделството, МЗШВ и АФПЗРР, во новата Програма за рурален развој за 2019 година предвидоа зголемена финансиска поддршка за набавка на висококвалитетни грла добиток и набавка на нови лозови и овошни насади. Државниот секретар при МЗШВ, Нефрус Челику, ги потсети земјоделците кои се заинтересирани за инвестирање во сточарство или овоштарството дека рокот за пријавување за користење  средства од Програмата за рурален развој, истекува наскоро.

„Да ги потсетам сточарите дека на 28 овој месец истекува рокот за јавниот повик за набавка на приплоден добиток за последниот квартал од 2018 година. Воедно, би сакал да потенцирам дека во новата Програма за рурален развој за 2019 година, токму за оваа мерка вкупната финансиска поддршка ја зголемивме од 14 милиони денари на 90 милиони денари“, истакна Нефрус Челику, државен секретар при МЗШВ.

Бабовски и Челику информираа и дека паралелно со исплатата на средства од националната тече и исплатата на средства по ИПАРД-програмата.

„За првиот повик од ИПАРД 2 за Мерките 1,3 И 7 склучени се 953 договори со вкупна побарувана сума од 22,4 милиони евра. Од тие 953 договори до денеска до Платежната агенција пристигнати се 667 барања за исплата со побарана сума 6.6 милиони евра, на 158 апликанти кои ја реализирале инвестицијата веќе им се вратени над 2 милиони евра“, истакна Бабовски.

Согласно последниот повик за ИПАРД 2-програмата за мерката 1 „Инвестиции во материјални средства за земјоделски стопанства“, пристигнати се 1.099 барања за добивање финансиска поддршка, со која се побаруваат 17,1 милион евра. Додека, за Мерката 3 „Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски и рибни производи,“пристигнати се 65 барања и со нив се побаруваат 15,9 милиони евра. Или, вкупно на двата повика пристигнати се 1,164 барања, со вкупна побарувана сума од околу 33 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

(Видео) Мицкоски: Осудениците од Диво Насеље се закануваат и напаѓаат за Заев побрзо да ги пушти од затвор

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на заканите од кумановската група упатени до поранешни функционери од партијата изјави дека...

Регион34 минути

(Видео) Силно невреме го погоди Балканот: Летаат контејнери, паѓаат дрва, хаос во сообраќајот

Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора беа погодени од силна бура која предизвика проблеми. Во делови на Далмација дува...

Македонија1 час

(Видео) Бејли пред истекот на мандатот: Ги сакам луѓето, не го сакам воздухот

Амбасадорот на САД, Џес Бејли на социјалните мрежи објави видео во кое одговара на 50 кратки прашања поврзани со неговото...

Топ2 часа

Прегазена жена на улица во Скопје, возачот е непознат

(Фото: Илустрација) Седумдесет и двегодишна жена почина по удар од автомобил во Скопје. Како што соопшти полицијата, вчера во жената...

Топ2 часа

Aвтомобил се преврте во река, потешко повредени три млади лица

Утрово по полноќ, на крстосницата од регионалниот пат Куманово-Свети Николе се преврте патничко возило управувано од 26-годишно лице од Скопје....

Свет3 часа

Tрамп ќе стави вето на резолуцијата за блокада на вонредната состојба

Претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека ќе стави вето на резолуцијата која би го блокирала неговото прогласување на вонредна...

Македонија5 часа

Продолжува расправата за одземање на имунитетот на Вељаноски

Денеска напладне треба да продолжи седницата на собраниската Комисија за деловничко-мандатни и имунитетни прашања, на чиј дневен ред е барањето...

Крвав четврток18 часа

Одобрен куќен притвор за Јанакиески, Ристовски останува во Шуто Оризари

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе одлука со која...

Свет20 часа

Јапонски министер се извини поради триминутно доцнење на состанок

Јапонскиот министер Јошитака Сакаруда, задолжен за Олимписките игри во Токио 2020 година, јавно се извини бидејќи вчера задоцни три минути...

Топ21 час

Во нива во Волково најдено мртво тело на 29-годишна скопјанка

МВР соопшти дека утрово во 9.50 часот било пријавено дека има починато женско лице во нива што се наоѓа во...

Македонија22 часа

Мајката на исчезнатиот Пино најави протест пред Собрание

Мајката на 26-годишниот Пино Секондо, Маја Трпковска, за во понеделник пред Собранието, со почеток во 16:30 часот, најави протест со...

Интервју/Дебата22 часа

(ИНТЕРВЈУ) Силјановска: Ме болат навредите, но јас сум инает и бунтовник

Кандидатката за претседател зад која застана опозициската ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска-Давкова, предизвика различни реакции во јавноста по објавувањето и изборот...

Македонија22 часа

Судска медицина: Не се вадени органи кај починатите лица

Институтот за судска медицина ги демантира шпекулациите во јавноста дека на некои од починатите лица кои претходно беа пријавувани за...

Македонија23 часа

„Ги поминаа границите“ – директорот на СОЗР во Владата им забрани „Фејсбук“ на вработените

Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) во Владата, Пеце Мирчески, им забранил пристап до „Фејсбук“, „Инстаграм“ и...

Крвав четврток24 часа

На 15 март пресуда за крвавиот четврток

Претседателката на Судечкиот совет, кој го води случајот за насилствата од 27 април, Добрила Кацарска, следното рочиште на кое ќе...

Македонија1 ден

(Видео) Котевски: Одговорен човек сум, во понеделник поднесувам оставка

Директорот на КПУ „Скопје“, Ѓоко Котевски, пред новинарите рече дека во понеделник ќе поднесе оставка на функцијата поради физичкиот инцидент...

Македонија1 ден

(Видео) Пратеничките Лашкоска и Манаскова обвинија дека Мисовски им се заканува со камен

Пауза на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека пратеникот од НСДП, Горан Мисовски, им се...

Македонија1 ден

(Видео) Александрова: Бараме домашен притвор за Јанакиески и Ристовски

Пратеничката Емилија Александрова од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ вчерашниот инцидент во затворот во Шуто Оризари го нарече настан без...

Македонија1 ден

Новини во системот „Мој термин“, се воведуваат два нови упати, „итен 24“ и „упат без термин“

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем Мојтермин со цел, како што велат од...

Македонија1 ден

Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари

Премиерот Зоран Заев побара оставка од директорот на затворот во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, по вчерашните вербални и физички напади...

Досие