Контакт

Економија

Поголема финансиска самостојност за општините – Владата ги усвои измените на законот

Објавено пред

Владата на денешната 107. редовна седница го утврди текстот на предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа.

Предложените измени ќе го подобрат фискалниот капацитет и ќе ги зголемат приходите на општините преку постепено зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, со цел поголема финансиска самостојност и стабилност на единиците на локалната самоуправа.

По предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање Владата ја разгледа и ја усвои информацијата и го прифати текстот на билатералниот договор помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за кофинансирање на големиот инвестициски проект „Интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Регион“.

Со проектот „Интегриран и самоодржлив систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот Регион“ се решаваат значајните еколошки и оперативни проблеми поврзани со создавање и управување со отпадот и ќе се создадат услови за развивање интегриран систем за управување со отпадот во овие региони, како и во општината Свети Николе.

Системот е во целосна согласност со ЕУ-принципите и принципите на националното законодавство за животна средина и ги адресира сите елементи на управувањето со отпадот, од спречување создавање отпад, негово собирање, па сѐ до отстранување на остатоците од отпадот.

Со проектот ќе бидат опфатени два региона: Североисточниот Регион (општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Кратово и Крива Паланка) и Источниот Регион (општините Штип, Кочани, Берово, Пехчево, Делчево, Македонска Каменица, Виница, Пробиштип, Зрновци, Облешево-Чешиново и Карбинци) и Општина Свети Николе.

Економија

Халк Осигурување АД Скопје втора година по ред ја поддржува кампањата за подигнување на свесноста за ракот на дојка

Објавено пред

Уште во далечната 1985 година, октомври е прогласен за месец на свесноста за ракот на дојката. Во текот на овој месец се организираат различни настани и мотивациски кампањи што помагаат во борбата.

Светските статистики покажаа дека секоја една од девет жени може да заболи од рак на дојка. Но, ако ракот на дојка се открие навреме, повеќето жени имаат поголеми шанси успешно да се излекуваат и кај повеќето од нив ракот нема да се повтори по лекувањето.

Моментално најдобрата опција за откривање на раната фаза на ракот, кој не може да се открие со допир, е мамографското снимање. Мамограмите се, всушност, рендгенски снимки со мала доза рендгенски зраци на женските дојки и се изведуваат кај жени што немаат симптоми на рак на дојка. Најчесто, овој тип прегледи се препорачуваат по 40-тата година и, секако, тука е прегледот што го препорачуваат лекарите со самонапипување на дојките, при што сугерираат обраќање кон надлежниот лекар ако се забележи каква било промена.

Во светски рамки, овој месец е поддржан од многу институции и компании во светот, што е од голема корист за оние што се борат, но и за сите останати што на каков било начин треба да бидат информирани и запознаени со оваа состојба на женското тело.

Халк Осигурување АД Скопје важи за компанија што се стреми за еднаквост на половите и втора година по ред ја поддржува кампањата со продуктот „Доброволно приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје“, а, меѓу другото, има покритие за целокупниот процес на лекување на ракот на дојка, и тоа од моментот на детекција и дијагностицирање, односно сите потребни дијагностички постапки, второ мислење до хируршка интервенција, како и радиотерапија и лекови.

За жал, бројките покажуваат дека освен кај повозрасната женска популација, оваа болест сè почесто се појавува и кај помладата женска популација и, реално, сè повеќе психички влијае врз нив. За таа цел, во своето покритие, „Доброволното приватно здравствено осигурување на Халк Осигурување АД Скопје“ има и покритие за психијатриски услуги во случај на дијагностицирано малигно заболување, кое на некој начин би им помогнало на нашите осигуреници полесно да ја прифатат новонастанатата ситуација во која се наоѓаат.

Овој начин на подигнување на свеста во општеството е поддржан во светски рамки, како и задолжителната ехо-проверка по 30-тата година. Здравјето е дел од културата, погрижете се секогаш да ви биде на прво место. Направете ја и вие вашата проверка!

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Од денеска АНХОЧ почнува со преднарачка на најновиот Huawei Nova 9!

Објавено пред

Во екот на фантастичните телефони од висока средна класа, Nova 9 не само што е во чекор со нив, туку е еден чекор и понапред.

Станува збор за најновиот телефон на Huawei кој ексклузивно може да го преднарачате во Анхоч, а како подарок ги добивате популарните Huawei FreeBuds 4.

Сите љубители на премиум и модерни смартфони може да направат преднарачка на овој убавец во сите продажни салони на АНХОЧ низ цела Македонија или онлајн на https://bit.ly/3aVQTva

Не пропуштајте! Преднарачките на Nova 9 со ГРАТИС Huawei FreeBuds 4 започнуваат ВЕДНАШ и траат до 31.10.2021!

Целата рецензија за Huawei Nova 9 може да ја прочитате ТУКА!

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Девет компании доставиле понуди за јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј

Објавено пред

На јавниот повик за набавка на јаглен за РЕК Битола и РЕК Осломеј се јавија 9 економски оператори, изјави денеска генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

Тој појасни дека овие економски оператори дале пет понуди за јаглен за РЕК Битола и 8 понуди за РЕК Осломеј.

„Во прва фаза утврдено е дека за Осломеј понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, а понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понуди.

За РЕК Битола понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК Битола и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет“, рече генералниот директор на АД ЕСМ.

На повикот пристигнале понуди за јаглен од три македонски рудници, потоа од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина.

Ковачевски нагласи дека сега следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават и потоа одлука за избор.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Алек Болдвин усмрти камерманка на снимање на филм со куршум од реквизит

Актерот Алек Болдвин (68) со куршум од реквизит ја застрела камерманката Халина Хачинс (42) и го повреди режисерот Џоел Соуз...

Регион18 часа

Во Србија над 7.000 новозаболени и рекордни 59 починати

Во последните 24 часа во Србија починаа 59 лица, а потврдени се 7.327 нови случаи на коронавирус. Според локалните медиуми,...

Македонија19 часа

Во Македонија потврдени 490 нови случаи на коронавирус, починаа 11 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 490 нови случаи на коронавирус, а 11 лица починаа, информира Министерството за...

Топ19 часа

Жена загина во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четириесет и петгодишна жена загина во сообраќајна несреќа што се случила утринава на патот Скопје – Тетово. Според информациите на...

Македонија22 часа

35 Авганистанци ја напуштија земјава и заминаа за Грција каде што ќе добијат траен престој

35-мина граѓани на Авганистан кои привремено престојуваа во Северна Македонија денеска заминаа за Грција, која им обезбеди трајно прибежиште, информираа...

Македонија23 часа

Единствениот лек против Ковид-19 ќе биде достапен и во Македонија

Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го набави лекот „молнупиравир“, единствен лек против Ковид-19. Министерството стапило во контакт...

Европа24 часа

(Видео) Силно невреме ја парализира Западна Европа – 250.000 луѓе во Франција останаа без струја

Околу 250.000 француски домови останаа без струја, а поради силните ветрови сообраќајот е во прекин во делови од северна Франција,...

Македонија1 ден

Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале над 2.000 граѓани

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 2.919 дози вакцини, од кои 565 се аплицирани како прва доза, 1.286...

Топ1 ден

Пресечен меѓународен транспорт на дрога од Албанија за Грција, вреден 200.000 евра

Во заедничка полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје...

Свет1 ден

(Видео) Експлозија на гас уништи цел ресторан во Кина, има загинати и повредени

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во...

Свет1 ден

Трамп го возвраќа ударот – најави отворање на нова социјална мрежа

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп објави дека ќе отвори своја социјална мрежа наречена Truth Social, откако во јануари беше...

Свет1 ден

Мелбурн се подготвува да излезе од најдолгиот „локдаун“ во светот

Милиони луѓе во Мелбурн се подготвуваат да излезат од најдолгото затворање поради Ковид-19 во светот, иако бројот на случаи сè...

Економија2 дена

Биткоинот достигна досега највисока цена

Биткоинот денеска достигна рекордна цена, во моментот е над 66.000 долари. Криптовалутата се зголеми над претходниот максимум од 64.889 долари...

Свет2 дена

Ужас во Франција – пронајдено обезглавено тело на маж со извадена утроба

Тело на маж без глава и отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс...

Македонија2 дена

Мицкоски: Заев ништо не разбрал, народот е веќе обединет, но против него

Зоран Заев ништо не разбрал. Зоран Заев само ја повторува истата прес-конференција од лани кога исто така лажеше дека ја...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки

Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, смета дека не може да влечат назад, а Владата да води напред. Затоа...

Топ2 дена

Со ремен ја тепал сопругата, замавнал со нож кон ќерката, гостиварец вршел семејно насилство

43-годишен гостиварец е обвинет за семејно насилство, информираа надлежните. Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против 43-годишен гостиварец за...

Македонија2 дена

Починати 15 лица, регистрирани нови 487 случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.491 тестирањe,...

Македонија2 дена

Борел и Блинкен бараат без одлагање почеток на преговори за Македонија

Во заедничката изјава за Западен Балкан, европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, и американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, повикаа...

Македонија2 дена

Гир: Европската комисија очекува прва Меѓувладина конференција до крајот на годинава

Извештајот доаѓа во контекст на неодамнешниот Самит на Европската Унија за Западен Балкан, каде се даде недвосмислена поддршка за европерспективата...

Досие