Контакт

Економија

Поддршка од холандското Министерство за финансии за градење на човечкиот капитал

Објавено пред

Размената на искуства и знаења помеѓу министерствата за финансии на Република Северна Македонија и Кралството Холандија продолжува и во следните две години во насока на градење подобар систем на јавни финансии во земјата.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, го потпиша меморандумот за соработка 2020-2022, потпишан од холандскиот министер за финансии, Вопке Хоекстра, кој ѝ го врачи амбасадорот на Холандија во земјата, Дирк Јан Коп.

Во согласност со меморандумот двете министерства ќе соработуваат преку размена на знаења, искуства и информации за политиките што се спроведуваат. Се предвидуваат програми за обуки, студиски престои, работилници и сл. Преку соработка и пренесување know-how, ќе се придонесе кон градење на човечкиот капитал, како и црпење информации од туѓите искуства во градењето ефективен систем на јавни финансии.

Министерката за финансии, Ангеловска, истакна дека Холандија дава многу важна поддршка за реформите што се прават во јавните финансии во Република Северна Македонија. Инаку, билатералната соработка меѓу двете министерства почна во 2017 година.

Холандија е значаен партнер во развојните реформи во сите сфери. Од нашето осамостојување досега Холандија има доделено средства во висина од над 200 милиони евра за поддршка на проекти во земјата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Објавено пред

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го објави Светската банка во својот извештај. Оваа прогноза претпоставува дека пандемијата со коронавирусот ќе се смири до јуни.Но, доколку трае цела година, тогаш Светска банка проценува дека падот на бруто-домашниот производ годинава ќе надмине -2%.

Краткорочната перспектива, слично на другите земји во регионот, е негативна поради кризата поврзана со Ковид-19, која ќе предизвика рецесија во 2020 година.

Пандемијата и мерките за ограничување на дрижењето ќе влијаат врз економијата како на страна на побарувачката така и на страната на понудата. Ако епидемијата и рестриктивните мерки на национално и глобално ниво продолжат и во вториот квартал, рецесијата ќе биде потешка и ќе ги елиминира подобрувањата на пазарот на трудот од последните години и ќе ја продлабочи фискалната ранливост“, пишува во најновиот извештај на Светската банка.

Споредено со земјите од регионот, прогнозата за македонската економија е најоптимистичка. Првото сценарио кое засега го зема предвид Светската банка, превдиува пад на економијата од дури -6,2%, Бугарија -3,7%, Босна и Херцеговина -1,9%, Косово -1,6%, Црна Гора -1,5%, Албанија -1,3%, Србија -0,5%.

Од Светската банка анализираат дека економските и социјалните мерки за ублажување на влијанието од кризата ќе бидат приоритетни додека пандемијата не се стави под контрола, но во периодот на закрепнување по рецесијата ќе бидат потребни дополнителни фискални реформи, реформи во конкурентноста и во управувањето со јавите политики за одржливо забрзување на економскиот раст.

„Светската банка ја финализира програмата на активности за да ѝ помогне на Северна Македонија да се справи и да го намали влијанието од кризата, што вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија. Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра“, велат од оваа меѓународна финансиска институција.

Првичната прогноза на Светската банка за македонската економија пред да се појави пандемијата со коронавирусот беше раст од 3,2%.

Прикажи повеќе...

Економија

Зелени коридори на границите за приоритетно минување на лековите и медицинската опрема

Објавено пред

„Во рамките на македонското претседателство со поткомитетот за царини и потекло на стоки во рамки на ЦЕФТА е покрената иницијативата за воспоставување таканаречени зелени коридори на граничните премини за непречено минување на стоки за увоз и извоз“, извести Ѓоко Танасоски, директор на Царинската управа. Сите земји членки на ЦЕФТА се обврзани да обезбедат 24-часовна работа на гранични премини за извоз и увоз на стоки во рамките на ЦЕФТА-регионот, како и на клучните гранични премини со Европската Унија.

„Ќе се обезбеди заедничка листа за стоки во рамките на ЦЕФТА што ќе имаат приоритет за минување на таканаречените зелени коридори. Тука се опфатени свежите земјоделски и прехранбени производи, лековите и медицинската опрема“, рече директорот Танасоски.

Имајќи ја предвид зголемената побарувачка на етил алкохол како основно средство за дезинфекција во борба против коронавирусот, Царинската управа донела мерки за поедноставување на постапката за реиздавање одобренија за повластени корисници на етил алкохол на установите од јавното и приватното здравство, како и на компаниите кои произведуваат средства за дезинфекција.

При набавка на алкохол за изработка на лекови и средства за дезинфекција донесена е уредба со законска сила за примена законот за акцизите за време на вонредна состојба со што е овозможено продолжување на рокот на гаранцијата за плаќање на акцизниот долг.
Во изминатиот период директорот Танасоски вели дека не се забележани никакви застои во прекуграничното минување на стоките.

Според податоците на Царинската управа за надворешнотрговската размена, вкупната вредност на извозот во периодот јануари – март 2020 година изнесува 86,77 милијарди денари или 1,41 милијарда евра, што е поголемо за околу 210 милиони евра во однос на 2019 година. Вкупната количина на извезени стоки изнесува 702.650 тони.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕИБ придонесува со 5,2 милијарди евра во борбата со Ковид-19 во земјите надвор од ЕУ

Објавено пред

Групацијата Европска инвестициска банка, банката на Европската Унија, денеска ги соопшти деталите на сеопфатниот одговор на пандемијата на коронавирусот надвор од ЕУ што ќе обезбеди до 5,2 милијарди евра во наредните месеци. Ова финансирање е дел од одговорот на Тим Европа и е поддржано со гаранции од буџетот на ЕУ. Тоа ќе ги зајакне и итните инвестиции во здравството и ќе ја забрза долгорочната поддршка за инвестициите во приватниот сектор што се одраз на потребите за финансирање во повеќе од 100 држави ширум светот.

„Пандемијата на Ковид-19 веќе погоди голем број држави и ќе има длабоки економски последици ширум светот. Многу луѓе ќе ги изгубат своите работни места и средствата за егзистенција. Оваа криза ќе ги уништи претприемачките мрежи и ќе ја влоши состојбата со постоечките ризични кредити, особено во ранливите држави. Ние треба итно да покажеме дека Европа е тука за нашите партнери кога сме им потребни. Како дел од Тим Европа, банката на ЕУ во следните недели ќе ги идентификува и поддржи новите инвестиции во здравството и компаниите надвор од Европската Унија. Ние ќе работиме во партнерство со Европската комисија, државите членки на ЕУ, финансиските институции за европски развој и другите мултилатерални финансиски институции за да осигураме на јавните и приватните партнери да им се овозможи подобар пристап до финансиите што им се од клучно значење за справување со шокот од пандемијата“, изјави Вернер Хојер, претседателот на Европската инвестициска банка.

Инвестициите во јавниот сектор во државите ширум светот се очекува да бидат значително отежнати и ограничени како резултат од коронавирусот.

ЕИБ ќе соработува со партнерите од јавниот сектор за да го зголеми поволното финансирање што е достапно за инвестиции во здравството и компаниите. Ова ќе вклучува поддршка за јавните услуги што вклучуваат здравство, како и за регионалната трговија и високоранливите сектори како што се туризмот и угостителството.

Финансирањето по забрзана постапка ќе биде достапно за државите кадешто ЕИБ веќе работи. Иницијативата е осмислена на таков начин што финансирањето од страна на ЕИБ ќе може да биде дополнително поддржано и од страна на меѓународни и европски партнери за развојно финансирање.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Посебен режим на движење за лицата со попреченост и земјоделците за време на полицискиот час

Владата вчера на седница дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост. За нив нема да важи забраната за...

Економија1 час

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија1 час

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа3 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија5 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет5 часа

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија6 часа

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет6 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион6 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет7 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа9 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија18 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа20 часа

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа20 часа

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија20 часа

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Македонија22 часа

Медицинска помош од Турција пристигна во земјата

На Меѓународниот аеродром „Скопје“ пристигна помошта од Турција, која се состои од 50.000 заштитни медицински маски, 1.000 заштитни скафандери и...

Македонија23 часа

Почина родилката од Куманово заразена со коронавирус

Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска починала 27-годишната родилка од Куманово позитивна на Ковид-19. Таа на 30 март...

Свет24 часа

Животот на Асанж во сериозна опасност, во „Белмарш“ е потврден првиот случај со Ковид-19

Условите во затворот во Белмарш, во кој е сместен Џулијан Асанж, може да се полоши отколку што Лондон е подготвен...

Македонија1 ден

Странски државјанин кој починал во стан во Кавадарци посмртно позитивен на вирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести во Скопје во изминативе 24-часа починалo едно лице од Куманово...

Свет1 ден

Стапката на смртност од коронавирус е шест пати помала во земјите коишто ја користат БСЖ-вакцината

Земјите кои имаат широко распространета програма за вакцинирање со БСЖ имаат стапка на смртност од коронавирус речиси шест пати пониска...

Досие