Контакт

Економија

Поради штрајк на пилотите, откажани 30 отсто од летовите на „Ер Франс“

Објавено пред

Поради штрајк на пилотите, се очекува францускиот авиопревозник „Ер Франс“ денеска да откаже 30 отсто од планираните летови.

Синдикатот бара зголемување на платите 6 отсто со оглед на тоа што тие во „Ер Франс“ се замрзнати од 2011 година, пренесува „Асошиетед прес“.

Управата на компанијата вчера понуди зголемување од два процента во текот на годината, а 5 во следните три години. На синдикатите им е даден рок до крајот на неделата да се изјаснат дали ја прифаќаат понудата, но најголемиот синдикат на пилотите веќе соопшти дека ќе ја одбие.

Економија

Италијански компании на економски форум ќе се информираат за можностите за инвестирање во Гази Баба

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Карло Ромео.

Како што се наведува во соопштението од Општината, Георгиевски детаљно го запознал Ромео со сите проекти на кои се работи во моментот, со кои, како што истакнал, значително ќе се подобри животот на сите граѓани од Гази Баба.

Покрај ова, градоначалникот ги најавил и идните проекти.

„Георгиевски ја презентира и поволната клима за инвестирање во економските зони што се на територијата на општината и токму затоа градоначалникот и амбасадорот предложија да се одржи економски форум на кој ќе учествуваат италијански и македонски компании и бизнисмени, кои детаљно ќе се запознаат што нудат овие зони“, се вели во општинското соопштение.

Покрај тоа, на средбата било договоренео во едно училиште во Гази Баба бесплатно да се изучува италијанскиот јазик и култура, пилот-проект што се очекува да почне од септември.

Прикажи повеќе...

Економија

Скокна продажбата на автомобили во Западна Европа

Објавено пред

Од

Продажбата на автомобили во Западна Европа се зголеми за 5,1 отсто во јуни бидејќи силната продажба во Германија, Франција и Шпанија го неутрализира падот на побарувачката во Велика Британија и Италија, соопшти денес Асоцијацијата на европски автомобилски производители (ACEA).

Регистрацијата на патничките автомобили се зголеми за 1,62 милиони возила на пазарите на Европската Унија и Европската асоцијација за слободна трговија (EFTA), што е значително повеќе во однос на 1,54 милиони регистрирани возила во јуни минатата година, според ACEA со седиште во Брисел.

Побарувачката во Франција се зголеми за 9,2 отсто, во Шпанија за 8 отсто, а во Германија за 4,2 отсто.
Спротивно на тоа, продажбата во Обединетото Кралство падна за 3,5 проценти, а во Италија за 7,3 проценти, покажаа податоци од ACEA.

Прикажи повеќе...

Економија

Грција ја надмина целта, примарен буџетски суфицит од 617 милиони евра

Објавено пред

Од

Примарниот суфицит во буџетот на централната влада на Грција достигна 617 милиони евра во првите шест месеци од тековната година, што е далеку над целта и е резултат на далеку помало трошење, според податоците објавени од денешното грчко Министерство за финансии.

Целта на владата во Атина беше примарен буџетски дефицит (со исклучок на трошоците за сервисирање на долгот) од 465 милиони евра за периодот јануари-јуни, но недамнешните податоци покажаа дека целта била надмината за една милијарда евра, според агенцијата „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Кирацовски: ВМРО-ДПМНЕ свесно го блокира изборот на ДИК за да нема референдум

СДСМ има обврска да ја обезбеди иднината и нема да дозволиме никој да го кочи членството во ЕУ и НАТО,...

Македонија5 часа

(Видео) Џафери не му даде збор на Димовски, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ лупаа на масите

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, неколку минути го убедуваше собранискиот спикер Талат Џафери да добие збор процедурално на седницата на...

Македонија6 часа

Тројцата осомничени за смртта на Саздовски, наместо за насилство, ќе одговараат за убиство

Скопското јавно обвинителство го преквалификува кривичното дело за смртта на Никола Саздовски од „насилство“ во „убиство“. „Наместо за кривично дело...

Македонија7 часа

Градот Скопје троши половина милион евра годишно за одржување на фонтаните

Градот Скопје годишно троши од 25 до 30 милиони денари годишно или околу половина милион евра за одржување на фонтаните...

Македонија7 часа

Власта го забрза изборот на ДИК, бара изборни измени со ЕУ знаменце

Предлогот кој Владата го достави до Собранието за измени на изборниот законик е со европско знаменце, а во образложението се...

Македонија8 часа

Владата предлага ДИК да се бира со апсолутно мнозинство

Владата пратила предлог до Собранието за измени во изборниот закон со кои бара составот на Државната изборна комисија да се...

Македонија9 часа

Кочан: „Покрај сувото гори и суровото“ – Случајот „Труст“ пред пресуда

Првообвинетиот во предметот „Труст“, бизнисменот Сеад Кочан, во завршните зборови во кривичниот суд денеска рече дека покрај сувото гори и...

Македонија9 часа

(Видео) Никола Попоски: Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот

Власта и опозицијата да си го сменат менталитетот, самите да направиме скриниг на институциите, порача денеска претседателот на Националниот совет...

Македонија10 часа

Мајката што го остави бебето пред Домот за доенчиња во Битола кривично ќе одговара

Полицијата поднесе кривична пријава против 17-годишната мајка од Желино која на почетокот на овој месец го остави своето новороденче пред...

Македонија10 часа

Разочарани сме дека Владата останува на ставот Водно да биде колатерална штета, порачаа граѓански активисти

Граѓанските активисти остануваат на ставот дека се против изградба на гасоводот низ парк-шумата Водно. Тие порачуваат дека не можат со...

Македонија11 час

Русија да разбере дека Македонија нема алтернатива освен ЕУ и НАТО, порача Заев

По вчерашната информација на премиерот Зоран Заев дека руски бизнисмени ги финансирале насилните протести против промена на името, денеска премиерот...

Македонија12 часа

(Видео) Хан ги повика граѓаните да гласаат на референдумот

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, ги повика граѓаните да гласаат на референдумот за името. Тој порача дека...

Македонија12 часа

Османи назначен за шеф на преговарачкиот тим со ЕУ

Вицепремиерот Бујар Османи е назначен за шеф на делегацијата и главен преговарач за Европската Унија, соопшти утрово премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

Иван Савидис негира дека им дал 300 000 евра на македонски политичари и навивачи

Рускиот бизнисмен Иван Савидис демантира каква било вмешаност во протестите против договорот за името во Скопје и негира дека платил...

Македонија12 часа

Иванов во официјална посета на Молдавија

Претседателот Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата Маја Иванова, од денеска престојува во дводневна официјална посета на Република Молдавија. Иванов во...

Македонија23 часа

(Видео) „Комитите“ побараа обвинението за смртта на Саздовски да се смени од насилство во убиство

Навивачката група „Комити“ на денешниот марш за Никола Саздовски порачаа дека очекуваат обвинението да се смени од насилство во убиство....

Македонија23 часа

Важно е да нема местенки и правдата да излезе на виделина, порача таткото на Саздовски

Полицајците не се виновни. Ве замолувам на една минута молк за Никола и мирно да си заминеме, порача денеска од...

Свет1 ден

Трамп и Путин ја оценија средбата корисна и успешна – „Лошите односи се променија пред четири часа“

Рускиот претседател, Владимир Путин, и неговиот американски колега Доналд Трамп се согласија дека денешните разговори во Хелсинки биле многу корисни....

Македонија1 ден

Опожарено возилото на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола

Возилото кое рано утрово во Битола било опожарено е во сопственост на директорот на ЈП „Водовод“ – Битола, Горан Козаров,...

Македонија1 ден

Лидерска средба до крајот на неделава

Запрени се преговорите меѓу политичките партии за Законот за финансирање на партиите, изборот на ДИК и за техничка влада. Овие...

Досие