Контакт

Економија

Поскапуваат горивата

Објавено пред

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,5 денар и со тоа новата цена на „евросупер БС-95“ ќе изнесува 70,5 денари за литар, а на „евросупер БС-98“ – 72,5 денара за литар.

Дизелот и екстра-лесното масло за домаќинство од полноќ ќе се зголемат 1 денар и со тоа новата цена на дизелот ќе изнесува 62 денара за литар, а на екстра-лесното масло за домаќинство – 51,5 денар за литар.

Малопродажната цена на мазутот „М-1 НС“ се зголемува 1,342 денар на 36,081 денари за килограм.

Економија

Трипуновски: СДСМ ги поткупува земјоделците со парите што не им ги исплаќаше досега

Објавено пред

СДСМ прави поткуп на земјоделците со нивни пари што не им ги исплаќаше досега. Ова ја фрла најтемната дамка на изборите и претставува брутална навреда на честа и достоинството на работните земјоделци, обвини дополнителниот заменик-министер за земјоделство, Цветан Трипуновски.

„СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците, кои ги следуваат во согласност со законот, а не им биле исплатени изминативе три години.

Алармиравме и посочувавме дека има дупка во платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции што им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017, 2018 и 2019 година. Власта негира и лаже.

Трајан Димковски и СДСМ велеа дека нема неисплатени субвенции кога земјоделците излегуваа пред камера и кажуваа дека не им се исплатени субвенции, ги обвинуваа за лажење, кога посочував дека десетици милиони евра од 2017, 2018 и 2019 година не им се исплатени на земјоделците, негираа. Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите средства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од претходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без средства за исплата, односно за сите мерки за растително производство и сточарството ги оставаат со по 1.000 денари.

На 28 декември Владата донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството, со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање заостанати долгови. На 10 јануари Трајан Димковски со барање за измени во програмата од Владата побарува пренамена на средствата, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени за по 14 дена да признаат дека лажеле.

Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата што ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари што земјоделците ги следуваат во согласност со законот, тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев.

СДСМ продолжува да ги лаже земјоделците. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра.

Им порачуваме на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. Никој не смее да ги поткупува со нивни пари, тоа се пари што ги следуваат и кои ќе си ги земат во согласност со законот. Дополнително, по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт по 12 април, ќе извршиме исплата на сите заостанати субвенции, кои оваа власт не ги исплатила“, порача Трипуновски.

Прикажи повеќе...

Економија

МЗШВ: Целокупното договорено количество тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo

Објавено пред

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници од Стопанската комора на Македонија, откупните претпријатија на тутун и Сојузот на здруженија на тутунарите. На состанокот се разгледаа информациите за моментната состојба со откупот на тутун од реколтата 2019.

Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, а некои од откупните пунктови кои привремено беа затворени сега се повторно отворени.

„Од страна на претставниците на откупните претпријатија на тутун беше потенцирано дека целокупното договорено количество тутун ќе биде откупено и порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите. Откупувачите на тутун гарантираа дека процената на класите ќе се врши реално“, соопштија од Министерството.

Дополнително, Државниот инспекторат за земјоделство најави зајакнати контроли на терен, контроли во делот на посочените случаи за затворени пунктови и во однос на почитување на законските обврски за откупен и исплатен тутун во согласност со договорите. На состанокот беше посочено дека не се очекува да има вишок тутун.

Досега се откупени над 22,4 милиона килограми тутун во вредност од речиси 5 милијарди денари или повеќе од 85 отсто од договореното количество е веќе откупено. Се очекува откупот да заврши за 15-ина дена.

Од страна на откупните претпријатија исплатени се речиси 4,7 милијарди денари. Просечната откупна цена е 221,9 денар за килограм, што е највисока откупна цена во последните шест години. Од реколтата 2019 вкупно се засадени 13.342 хектара тутун и склучени се 32.798 договори со девет компании. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019 изнесува над 26.700 тони тутун, што е 6 отсто повеќе од реколтата 2018. Планираната количина за откуп е 26.729 тони. Издадени се 20.933 евидентни листови.

Со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: Со младинскиот додаток ќе се стимулираат стручните професии

Објавено пред

Со Законот за младинскиот додаток државата им обезбедува по 3.000 денари месечна исплата на вработените во дејностите на производство до 23-годишна возраст, за самовработените, за вработените преку приватна агенција, како и за младите индивидуални земјоделци.

Од владејачкиот СДСМ сметаат дека со оваа мерка ќе се подобри животниот стандард на младите, но ќе се стимулира и атрактивноста на стручните занимања за кои постои голем интерес на пазарот на трудот.

Позитивен ефект ќе имаат и работодавците на кои преку оваа мерка им се излегува во пресрет со квалификувана работна сила, која тие постојано ја бараат меѓу младите, велат од владејачката партија.

„Овој младински додаток, кој во иднина може и да се зголеми, заедно со мерките за зголемување на интересот за стручно образование, зголемениот фонд на оперативните мерки за вработување, како и тренинзите за барани профили на пазарот, значително ги менуваат условите за работа на младите“, нагласи СДСМ.

Според нив, потврда дека државата е на прав пат преку младинските политики се бројките за невработеноста кај младата популација. Во 2016 процентот на невработени беше 48 отсто, а до крајот од 2019 е намален на 35 отсто, додава СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ го користи Јовески како лошо алиби за напуштање на преговорите

ВМРО-ДПМНЕ очекувано ја напушти средбата, по вчерашната изјава на Христијан Мицкоски, кој кажа дека има забелешки и од сите 9...

Македонија2 часа

Еден месец притвор за заканувачот Емил Јакимовски

Кривичниот суд му го продолжи притворот на Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за закани упатени кон новинарката Мери...

Македонија2 часа

(Видео) Милошoски: Не преговараме за законот за Јавно обвинителство без присуство на Јовески

ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија средбата на работните групи за законот за Јавно обвинителство во Собранието, откако министерката за правда, Рената Десковска,...

Македонија2 часа

(Видео) Достовски до Филипче и Дуковски: Бидете како Атиџе, половина канабис за вас, половина за пациентите

Пациентите на кои им е потребно маслото од канабис се сосема заборавени во предлог-законот за опојни дроги и психотропни супстанции,...

Македонија6 часа

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија6 часа

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија7 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет9 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет10 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија10 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет21 час

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет22 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион23 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија1 ден

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа1 ден

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија1 ден

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија1 ден

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ1 ден

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет1 ден

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Досие