Контакт

Економија

Поскапуваат горивата

Објавено пред

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1 денар за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари, на еуросупер БС-98 ќе изнесува 69 денари за литар, додека на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 47,5 денари за литар.

Дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапи за половина денар на 58,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,425 денари на 33,565 денари за килограм.

Клучните фактори што влијаат на крајната цена согласно Методологијата за формирање на цените е курсот на денарот во однос на доларот и референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Шалтерите во дирекцијата на „Водовод“ со ново работно време

Објавено пред

Шалтерите за наплата на сметки во дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје ќе работат со ново работно време и тоа само од понеделник до петок од 8 до 15 часот, информираат од ова јавно претпријатие.

Како што објаснуваат од таму, оваа одлука е со цел да се почитуваат препораките за спречување на ширењето на Ковид -19.

Во контекст на ова и теренските активности ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.

Од јавното претпријатие ги повикуваат граѓаните периодов да ги користат електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација“, диколку им се потребни одредени услуги.

„Посетете ја нашата веб-страница и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието.  Електронските сервиси за физички, а отсега и за правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите, симнете ја и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS. Бидете инфромирани за тековните дефекти, новости и дневни известувања и пристапете до електронските сервиси“, се наведува во соопштението на претпријатието.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

„Боинг“ го стопира производството на авионот 787

Објавено пред

Компанијата „Боинг“ денес објави дека привремено ќе го прекине производството на авиони „787“ во нејзините погони во американската држава Јужна Каролина поради пандемијата од корнавирус.

Соопштението доаѓа откако гувернерот на Јужна Каролина издаде наредба во која се бара граѓаните да останат дома освен доколку немаат неопходна потреба за излегување, пренесува „Ројтерс“.

„Боинг“ во неделата на неопределено време ја продолжи мерката за стопирање на производството во погоните во сојузната државата Вашингтон.

Прикажи повеќе...

Економија

Во Германија продажбата на автомобили во март опаднала за 38 отсто

Објавено пред

Регистрацијата на нови автомобили во Германија опаднала за 38 проценти во март, на 215.199, под влијание на пандемијата со коронавирус, соопшти германската агенција за регистрација на возила КБА.

„Тесла“ и „Лексус“ се меѓу брендовите чија продажба се движела релативно добро. Продажбата на „Лексус“ опаднала за 2,8 проценти, а на „Тесла“ за 4,4, објави германскиот портал „Аутомотив њуз јуроп“.

Водачот на германскиот пазар „Фолксваген“ забележа пад на продажбата од 35%, вториот најпопуларен бренд „Мерцедес“ во март продал 28% помалку возила, а „Бе-ем-ве“ 21 отсто помалку.

„Ауди“ забележа пад од 37 проценти, додека продажбата на „Форд“ се преполовила.

Ова е најсилниот месечен пад досега забележан, според Здружението на увозници ВДИК.

Регистрациите на нови возила енормно паднале во втората половина на март кога дилерите на автомобили ги затворија салоните, рече претседателот на ВДИК, Рајнхард Цирпел.

Падот на продажбата на нови автомобили на најголемиот пазар во Европа следува по забележаниот падо на регистрациите на другите европски пазари, како резултат на државните мерки за затворање на фабриките и продавниците, со цел да се превенира ширењето на Ковид-19.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Штипјанец загина при работа во каменолом

Педесет и двегодишен маж од Штип загинал, откако паднал при работа во каменолом. Тој бил донесен во Клиничката болница Штип,...

Македонија1 час

Апаратите за вода и кафематите можен преносител на коронавирус

Трудовиот инспекторат забранил за употреба 215 кафемати на бензински пумпи и повеќе други локации по градовите, соопшти претседателка на инспекциски...

Македонија1 час

Бухова: Докторите професионално ги следат сите протоколи, граѓаните да им веруваат

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова, апелира до сите граѓани да им веруваат на медицинските лица. Според...

Топ2 часа

Полицискиот час синоќа го прекршиле 41 лице

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, 41 лице го прекршиле полицискиот час, односно забраната за движење, при...

Европа3 часа

Објавени детали за здравствената состојба на британскиот премиер

Британскиот премиер, Борис Џонсон, ја мина ноќта во одделение за интензивна нега во лондонската болница „Свети Томас“ и неговата состојба...

Свет4 часа

Трамп нуди помош вознемирен поради веста за состојбата на Џонсон

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека е многу вознемирен од веста за британскиот премиер, Борис Џонсон, кој е заразен со...

Свет4 часа

Во Кина за првпат од јануари нема регистрирани смртни случаи од корона

За првпат од јануари, Кина забележа ден без смртни случаи од коронавирус. Во последните 24 часа во земјата има регистрирано...

Македонија14 часа

Уште две лица од Куманово починаа од коронавирус

Уште две лица од Куманово починале од коронавирус, од кои едниот полициски службеник. Како што соопшти на прес-конференција министерот за...

Свет17 часа

Експертите ги повикуваат пушачите да ги остават цигарите поради коронавирусот

Здравствените експерти ги предупредуваат пушачите да ги остават цигарите и тутунските компании да престанат да произведуваат и продаваат производи од...

Македонија17 часа

На годишен одмор не мораат сите вработени во приватните компании, Инспекторатот за труд ја појасни уредбата

Неискористените годишни одмори од 2019 година, како и првиот дел од одморот за 2020 година, задолжително треба да ги користат...

Македонија20 часа

Тројца пациенти починале од коронавирус во последните 24 часа

Тројца пациенти починале од коронавирусот во последниве 24 часа, информира министерот за здравство, Венко Филипче. Еден од пациентите е од...

Свет22 часа

Во Русија создаден тест кој го открива коронавирусот за 40 минути

Руските научници создадоа експресен тест за откривање на коронавирусот кој дава резултати за 40 минути, соопшто руското Министерство за индустрија...

Македонија22 часа

Од среда полицискиот час ќе почнува во 16 часот, а за време на викендите 24 часовна забрана за движење

Владата на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе одлука...

Топ23 часа

Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес

Мајка и син се пронајдени мртви во стан во Велес. Во моментов се врши увид од страна на екипа на...

Македонија23 часа

(Видео) Сијарто му ја предаде на Чулев унгарската донација од 100.000 маски и 5.000 заштитни одела

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со министерот за надворешни работи...

Македонија24 часа

АХВ препорачува да се избегнува користење автомати за кафе и апарати за вода

Заради избегнување на опасноста од евентуално пренесување на вирусот Ковид-19, во услови на прогласена пандемија, Агенцијата за храна и ветеринарство...

Македонија1 ден

(Видео) Сијарто: Почеток на преговорите најдоцна во јуни

Унгарскиот шеф на дипломатијата, Петер Сијарто, упати честитки за започнувањето на преговорите со ЕУ и за членството во НАТО. На...

Регион1 ден

Брнабиќ: Србија за 10 дена почнува со лечење на заболените со крвна плазма

Во Србија за десетина дена ќе почне таканаречената плазна терапија за заболените со коронавирус, објави српската премиерка Ана Брнабиќ. Таа...

Македонија1 ден

Препораки за трудниците за време на пандемијата со коронавирус

Колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во текот на бременоста? Што доколку здрава трудница има позитивен тест? Дали ако...

Македонија1 ден

Мицкоски ѝ заблагодари на Унгарија за помошта: „Пријателите се познаваат во тешките моменти“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку социјалните мрежи упати благодарност до унгарската влада за помошта од 100.000 маски и 5.000...

Досие