Економија
Поскапува дизелот, бензините остануваат со иста цена

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ не се менуваат, а малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува 4,00 ден./л, а малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува 2,50 ден./л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,238 ден./кг и сега ќе изнесува 53,592 ден./кг.
Од 24.3.2022 година. од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 79,00 (денари/литар);
– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 81,00 (денар/литар);
– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 81,00 (денар/литар);
– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 78,00 (денари/литар);
– мазут М-1 НС – 53,592 (денари/килограм).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Ковачевски: Посветени сме на заштитата на стандардот на граѓаните

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на настанот по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата Никоб – ПЗУ Никоб медикал и Никоб лаб.
Премиерот Ковачевски овие инвестиции ги оцени како значајни затоа што се остваруваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на бројот на работни места.
„Овие инвестиции се направени во екот на светската здравствена криза со Ковид-19 со што групацијата Никоб покрај иницијативноста за инвестирање во време на криза покажа и општествена одговорност. Инвестициите како оваа денес и развојот на домашните компании се двигател на националната економија. Истите се возможни како резултат на заложбите на Владата насочени кон создавање услови за развој на приватниот сектор, но и овозможување услови младите својата иднина да ја градат тука, дома, во компании кои се посветени да придонесат кон економскиот развој на државата но и да вложат во развој на човечкиот капитал.
Овие инвестиции се исто така значајни и нивната вредност е уште поголема со оглед на тоа што се случуваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на бројот на работни места. Во таа насока, инвестицијата на оваа компанија ја гледаме и од аспект на отворање на нови, високо стручни работни места за наши сограѓани кои своите професионални ангажмани сега ги остваруваат во групација која има преку 2.600 вработени.
Зачувувањето и отворањето на нови работните места е висок приоритет на оваа Влада. И во услови на пандемија, со шесте пакети антикризни мерки, кои се проценети на вредност од околу 1,2 милијарди евра, беа сочувани околу 60-80.000 работни места и беа поддржани преку 20.000 компании.
Согласно плановите за развој стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %.
Сите овие политики и мерки обезбедуваат поддршка и за граѓаните и за компаниите со што се овозможува поволна клима за понатамошен економски развој. Од тој аспект иницијативноста каква што ја покажува Никоб групацијата е особено ценета бидејќи е резултат на прифаќање на предизвиците кои со правилен пристап, посветено и заеднички можат да се совладаат“, посочи премиерот во своето обраќање.
Економија
УЈП: Преку „Мој ДДВ“ кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари во првото тримисечје од годинава

Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека на сметките на граѓаните исплатени се вкупно 491,5 милиони денари по основ на вратен дел од ДДВ од скенирање на фискални сметки преку апликацијата „Мој ДДВ“ во првото тримесечје во оваа година.
„Средства се исплаќаат и кај оние корисници кои во текот на изминатите месеци направиле корекции на трансакциските сметки и истите ги ажурирале во нивниот кориснички профил. УЈП апелира граѓаните да внесат точни податоци во апликацијата ‘Мој ДДВ’ со цел навремена исплата“, се наведува во соопштението на УЈП.
Крајната горна граница на исплата која граѓаните може да ја добијат како поврат од „Мој ДДВ“ е 1.800 денари за едно тримесечје, или 7.200 денари годишно по лице.
Согласно статистиката на УЈП, во првите три месеци од годинава, односно од јануари до март 2022 година, скенирани се 73.041.591 фискална сметка.
Според УЈП, вкупниот број на регистрирани корисници на „Мој ДДВ“ досега изнесува 457.090 корисници.
Економија
На Јапонија и’ се заканува рецесија

Jапонија забележа пад на економската активност во првиот квартал од оваа година и го удвои трговскиот дефицит во април, што укажува на слабеење на третата по големина економија во светот, поради што се заканува рецесија.
Јапонската економија се намали со годишна стапка од 1,0 отсто во првиот квартал, покажаа владините податоци, нешто помалку од очекуваното бидејќи приватната потрошувачка покажа отпорност и покрај повторното ширење на коронавирусот. Падот на бруто-домашниот производ (БДП) во првиот квартал изнесува 0,2 отсто во однос на претходниот квартал.
Податоците покажуваат дека приватната потрошувачка, на која отпаѓа повеќе од половина од активноста во економијата, остана речиси непроменета, додека економистите очекуваа пад од 0,5 отсто.
Според новите податоци на јапонското Министерство за финансии, трговскиот дефицит на Јапонија од април од 839,2 милијарди јени (6,5 милијарди долари) е нешто помалку од очекуваниот дефицит од 1,150 милијарди јени, во однос на 414 милијарди јени во март.
Извозот се зголеми за 12,5 отсто на годишно ниво на 8,076 милијарди јени во април, побавно од 14,7 отсто во претходниот месец. Увозот, пак, скокнал за 28 отсто во однос на истиот месец лани, исто така помалку од еден месец порано, кога пораснал за 31 отсто.
Со оглед на забавувањето на растот на најголемите светски економии, можно е јапонската економија да падне во тековниот квартал. А тоа значи дека ќе западне во рецесија или ќе забележи пад два последователни квартали.
Како резултат на тоа, јапонската централна банка продолжува да спроведува стимулативна монетарна политика, иако инфлаторните притисоци се зголемуваат во Јапонија, како и во поголемиот дел од светот.