Економија
Поставен во “SPHERE” новиот PEUGEOT 408 ги привлекува сите погледи…

Во “Sphere” новиот Peugeot 408 ги привлекува сите погледи…
Откриен пред јавноста во јуни 2022, Peugeot 408 Fastback ќе биде изложен во Louvre-Lens. Оваа неочекувана поставка има за цел да го претстави новиот PEUGEOT 408 од сите агли и истото ќе го открие денес – на 4-ти август!
Поставен во “sphere” Новиот 408 се ротира и го покажува новиот модел од секој агол. Транспарентната поставка „Sphere“ е тотално неочекувана, како и дизајнот на овој модел претставен од Брендот минатиот јуни.
Со својот уникатен изглед на динамичен и иновативен fastback, новиот PEUGEOT 408 возбудливо привлекува сечии погледи. Талентиран тим од уметници, инженери и техничари од париското креативно студио “Superbien” го спроведоа проектот замислен од агенцијата “OPEN” и го трансформираа во реалност која навистина може да се каже дека го одзема здивот и се чини дека ѝ пркоси на гравитацијата.
Овие дизајнери на уникатни, оригинални инсталации ја создадоа оваа уникатна поставка; со „Sphere” за која се поставуваат многу прашања: Каде е врвот? Каде е дното? Како може новиот PEUGEOT 408 да се врти наопаку или да се извртува и да се движи на толку необичен начин? Одговорот е: оваа транспарентна поставка наречена „Sphere“ го опкружува автомобилот и на тој начин го прикажува од сите агли.
Оваа оригинална „подиум топка“ беше претставена во исклучителниот амбиент на Louvre-Lens; новиот PEUGEOT 408 со својот спортски и флуиден дизајн е направен како уникатно уметничко дело, кое многу веројатно повторно ќе блесне на други настани.
„Навистина ни се допадна идејата за ова краткотрајно уметничко дело, кое е оригинално и атрактивно за гледање, и кое совршено го истакнува нашето ново постигнување. Оригиналниот стил на новиот PEUGEOT 408 беше пофален од многу луѓе кои веќе имаа можност да го откријат. Претставен на многу оригинален начин, во величествениот и модерен амбиент на објективот Louvre Lens”, вели Linda Jackson, извршен директор на брендот PEUGEOT.
“Peugeot се движи напред и воведува новини во сите области. Транспарентната „Sphere“ дизајнирана за новиот PEUGEOT 408, ја покажува грациозноста и шармот на нашиот нов модел од сите страни. Оваа креација е совршено во согласност со глобалниот израз на Peugeot на нов идентитет на брендот“, додава Phil York, директор за маркетинг и комуникација за брендот PEUGEOT.
Краткиот филм со наслов „Неочекувано од секој агол“, снимен во Louvre-Lens во средината на јули 2022 година, можете да го погледнете на следниот линк: Линк
ПР-текст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Австриски медиуми: Енергетската криза ја зафати Австрија, општините ги исклучуваат уличните светилки

Општината Фуш, во областа Пинцгау, го укина уличното осветлување во текот на ноќта, пишува весникот „Салцбургер нахрихтен“.
Во текот на зимата, пак, најавуваат дека уличното осветлување повторно ќе се вклучи од 5:30, бидејќи тогаш е уште темно, а луѓето одат на работа, пренесува Б92.
Според градоначалникот Ханес Шертанер, секоја светилка ќе работи околу 2.000 часа помалку годишно.
Исклучувањето на уличното осветлување ќе донесе големи заштеди на општината бидејќи со повеќе од 26.000 киловат часови годишно, уличното осветлување е најголема потрошувачка после пумпите за базени, пренесува медиумот.
За да заштеди уште повеќе енергија, општината одлучила да премине „Лед“ улично осветлување.
А Виена веќе донесе одлука за зима, па оваа година нема да има божиќно осветлување на централната улица Виена Ринг, пишува медиумот.
Божиќните светилки остануваат на Ратхаусплац, но ќе се вклучуваат само откако ќе се стемни, а не во самрак како порано.
Економија
Машиновозачите во Велика Британија штрајкуваат, бараат зголемување на платите, патниците во неволја

Патниците низ Велика Британија се предупредени дека денеска повторно ќе се соочат со проблеми со користење на железницата, поради нов штрајк на машиновозачите.
Од Здружението на железничарите „АСЛЕФ“, кое вклучува девет оператори, ги напуштиле своите работни места бидејќи бараат повисоки плати, пишува „Ивнинг стандард“.
Поради штрајкот најголемиот дел од британските железници се во застој, а се очекува прекинот да продолжи во текот на утрешниот ден. Машиновозачите веќе штрајкуваа во јуни и јули, а нивните нови акции се очекуваат на 18, 19 и 20 август.
Градскиот транспорт во Лондон објавил дека железничките услуги нема да бидат во функција во текот на денот и ноќта, но тоа не важи за метро станиците. Утре не се очекува нормализирање на сообраќајот, пренесуваат медиумите.
Економија
(Видео) Ковачевски: е.GO е инвестиција од 130 милиони евра и 890 нови добро платени работни места

Македонската Влада застапувана и претставувана од Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони и „НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕ“, денеска во ТИРЗ Тетово потпишаа договор за државна помош за нова инвестиција, која предвидува целосно производство на електрични автомобили e.GO.
Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќањето рече дека „денес ќе се постават темелите на инвестицијата која само во првата фаза тежи 130 милиони евра и ќе отвори најмалку 890 нови добро платени работни места“.
„Оваа инвестиција е од огромно значење за државната, но и за локалната економија и развојот на човечкиот потенцијал во Тетово и во државата. Со оваа значајна инвестиција, Северна Македонија уште еднаш потврдува дека е држава која нуди одлични услови за инвеститорите, со стабилна економска и политичка клима во која меѓународните компании како „НЕКСТЕ.Е.ГО“ имаат партнер од доверба. Она што особено ме радува е дека за прв пат, кај нас ќе биде произведен целосен автомобил. Во Северна Македонија и досега се произведуваа делови за автомобили од светските брендови, но сега имаме целосно производство на финален производ токму кај нас. И ова е навистина голема работа. Оваа инвестиција ми е лично посебно драга. Не само затоа што ќе го промени на подобро животот на семејствата чии членови ќе работат тука, туку затоа што ќе го промени начинот на кој размислуваме за возилата. Затоа што ова е иднината, и на индустријата и на заштитата на животната средина. Меѓутоа ова е иднината и на образованието. Вакви инвестиции, вакви фабрики, ќе го сменат образованието во државата, бидејќи ќе направат нови потреби коишто ќе бидат неопходни“ рече меѓудругото премиерот Ковачевски.
Тој напомена дека „електричниот автомобил „е-Go“ кој ќе се произведува овде во ТИРЗ во Тетово е корисен за урбани средини, истовремено одржлив, иновативен, економичен и без штетни емисии на гасови. Ова меѓу другото е нашиот влог за идните генерации. Фабриката која ќе се гради овде во ТИРЗ зоната во Тетово, е составен дел од глобалниот производствен капацитет на „е-Go“, наменет да го снабдува и националниот и меѓународниот извозен пазар“.
„Во технолошко индустриските развојни зони, во првите шест месеци се постигнати договори за инвестиции во висина од 240 милиони евра, а потенцијално до крајот на годината се очекува затворање на уште два договори во висина од 160 милиони евра. Јас никогаш не сум најавувал инвестиции, и оваа е инвестиција за која беше извесно дека ќе се случи. Оставивме прво да се договорат сите детали и потоа на изненадување на целата јавност, бидејќи ги гледам написите во медиумите, дознавме дека во Република Северна Македонија ќе има инвестиција којашто ќе биде од 130 милиони евра, и ќе биде на почеток со околу 900 вработени. И уште има такви инвестиции, од други инвеститори, а ние ќе оставиме тоа инвеститорите заедно со институциите да го најават, и ќе се случи многу брзо“ порача Ковачевски.