Контакт

Економија

Потпишани договорите од вториот повик за млади земјоделци

Објавено пред

Денеска почна потпишувањето на договорите за мерката „Помош за млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“. Финансиската поддршка за оваа мерка е до 10.000 евра во форма на грант, а вкупно ќе бидат потпишани 102 договори.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, посочи дека со оваа мерка се излегува во пресрет на младите земјоделци кои имаат желба да се занимаваат со земјоделство, да инвестираат во сопственото земјоделско производство и да почнат свој бизнис.

„Младите луѓе во руралните средини се нашиот главен приоритет и работиме посветено на поголема поддршка за нивниот развој. Со поддршката на младите ќе се придонесе за развој на руралните средини, вработување преку отворање на соствен бизнис на младите луѓе, внесување нови и модерни технологии, што крајно ќе резултира со зголемено земјоделско производство“, изјави министерот Димковски.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, посочи дека проекти и бизнис-планови од млади земјоделци има во сите региони, проектите се од различни области.

„Со задоволство можам да кажам дека за разлика од минатиот оглас на овој сега има мошне креативни идеи за развој на нови бизинси во агросекторот, а кои ќе бидат менаџирани од млади. Средствата се неповратен грант, а со овие пари апликантите ќе набават: сенопревртувачи, машина за нижење тутун, млин за сточна храна, машина за извлекување  коски од сува цреша, комплетна опрема за пчеларство, собирач за лешници, апарат за тресење на сливи“, изјави Бабовски.

На двата повика за млади земјоделци објавени досега, склучени се 526 договори за инвестиции. Со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, финансиската поддршка за новиот оглас што ќе се објави следната година, се зголемува на 20.000 евра.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Кока кола не се откажува од пластичните шишиња: Луѓето ги сакаат

Објавено пред

Кока кола нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреб, бидејќи потрошувачите и натаму ги сакаат да ги користат.

„Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња, бидејќи се практични, може да се затворат и лесни се“ изјавила за Би-би-си, Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во компанијата.

Оваа компанија, која е еден од најголемите произведувачи на отпад, се обврза дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња кои ќе ги користи до 2030 година. Но, борците за заштита на животната средина тврдат дека многу шишиња и натаму завршуваат на депониите.

Овој гигант произведува околу три милијарди тони пластична амбалажа годишно, што изнесува 200.000 шишиња во минута. Во 2019 година хуманитарната организација „Брејк Фри фром Пластик“ ја прогласи Кока кола за најголем загадувач меѓу брендовите.

Прикажи повеќе...

Економија

Со грант од ЕУ набавена современа опрема за Царинската лабораторија

Објавено пред

Со грант средства од Европската унија во износ од 372.650 евра преку ИПА фондовите, набавена е софистицирана и модерна опрема и апарати за царинската лабораторија.

Набавени се инструменти и помошна опрема, главно хроматографски техники на кои се испитуваат обележувачи во црвена нафта и нафтени деривати, квалитетoт на нафтени деривати и содржина на сулфур, содржина на алкохол во алкохолни пијалоци и содржина на шеќери и масти во прехранбени производи.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека со опремувањето на лабораторијата, Царината ќе може да дава поефикасни услуги при заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина, наплатата на давачките во буџетот и фер конкуренција на пазарот. Таа рече дека од храната на чиниите, до горивата во резервоарите во возилата, сите тие стоки поминуваат низ царинската лабораторија.

„На пример, досега нафтените деривати се испитувале со класични методи кои траеле подолго, користеле поголеми примероци и не давале комплетен состав. Сега со набавената софистицирана апаратура за покусо време, со помала количина на примерок се добива подетален хемиски состав. Голем дел од анализите на нафтените деривати досега се правеле и преку надворешни лаборатории, со аутсорсинг, се распипшувале тендери, за што биле потреби дополнителни трошоци и време. Сега тоа нема да биде случај, односно испитувањата се вршат во оваа лабораторија“, вели Ангеловска.

Министерката посочи дека освен во опрема во царинската лабораторија, се инвестирало и во човечкиот капитал, односно преку твининг програма вработените се обучувале за новата опрема.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека новата опрема ќе придонесе за сигурноста и безбедноста на производите и здравјето на граѓаните и околината, ќе придонесат да се превенираат измами и кон ефикасна наплата на акцизите и царините.

„Оваа опрема, која е сместена во Институтот за хемија покажува дека научните работници и јавните институции заедно можат да работат и да придонесуваат за доброто на граѓаните и општеството во целина“, рече Жбогар.

Инаку модернизирањето на царинската лабораторија е предвидено и со Стратешкиот план на Царинската управа 2018-2020.

„Крајна активност на модернизацијата на царинската лабораторија се активностите насочени кон исполнување на условите за акредитација на царинската лабораторија согласно ИСО 17025:2017, што треба да биде реализирано во текот на 2020 година“, рече директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Досега преку ИПА се склучени договори во износ од 8,8 милиони евра за поддршка на проекти во Царината, односно за јакнење на административните капацитети, софтвери и други проекти во насока на модернизација на Царината и усогласување со европската пракса и легислатива.

Прикажи повеќе...

Економија

Трамп размислува за воведување царини на автомобили од ЕУ

Објавено пред

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека сериозно размислува да воведе царински давачки за увоз на европски автомобили, освен ако Соединетите држави (САД) и ЕУ не постигнат договор за трговија.
        
Тој по состанокот со пакистанскиот лидер на економскиот самит во Давос, рече дека сепак очекува да се постигне договор со Европа, пренесува Капитал.ба.
        
Трамп исто така имаше средба и со претседателот на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен во Давос и рече дека разговорот со неа бил добар, но не откри дали разговарале и за воведување данок на европските автомобили.
        
„Европа знае дека мора да направи нешто и ако биде фер, нема да имаме никакви проблеми“, рече Трамп.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион16 минути

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос, поради владиното справување со мигрантите кои пристигуваат од...

Свет1 час

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет3 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет4 часа

(Видео) Импичмент на Трамп: Сенаторите се судрија околу правилата на судењето

Додека американскиот претседател Доналд Трамп е на Светскиот економски форум во Давос,американскиот Сенат отфрли неколку барања на демократите во врска...

Свет4 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија4 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура15 часа

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет16 часа

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт17 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет17 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Регион20 часа

Брисел: Летот меѓу Белград и Приштина е чекор кон нормализација на односите

Воспоставувањето на комерцијален лет помеѓу Белград и Приштина е добар чекор кон нормализирање на односите, изјави денеска Питер Стано, портпарол...

Свет21 час

Паника во светот поради новиот вирус, ригорозни контроли на аеродромите и железничките станици

Земјите во Азија и другите делови на светот почнаа со проверки на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатиштата....

Македонија23 часа

(Видео) Ѓорчев: 10.000 граѓани лани се иселиле во Германија

Речиси 10.000 граѓани во 2019 година добиле работни визи и заминале во Германија, рече опозицискиот пратеник Владимир Ѓорчев, кој додаде...

Македонија24 часа

Димитров во Давос: Крајно време е да тргнеме напред

Крајно време е Северна Македонија да направи чекор напред на својот европски пат: отворање на заслужените пристапни преговори со ЕУ,...

Македонија1 ден

Дерковски: Избирачкиот список никогаш не може да биде идеално чист

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, се надева дека на престојните избори нема да има злоупотреба на лични карти...

Македонија1 ден

Османи до партиите: Донесете го Законот за Јавното обвинителство пред изборите

Вицепремиерот Бујар Османи смета дека законот за Јавно обвинителство, кој со месеци е заглавен во Собранието, треба да биде донесен...

Свет1 ден

(Видео) Грета во Давос: Ништо не направивме за климатските промени

Младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг, одржа говор на годишниот собир на Светскиот економски форум, кој се...

Свет1 ден

Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус...

Свет1 ден

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Досие