Контакт

Економија

Потпишани договори со 6 општини од 290 милиони денари за инфраструктура

Објавено пред

За подобрување на 20 километри патна мрежа и реконструкција на основно училиште, денеска министерот за финансии, Драган Тевдовски, потпиша договори со градоначалниците на Кавадарци, Кисела Вода, Илинден, Центар Жупа, Желино и Студеничани.

Станува збор за 290,7 милиони денари средства за инфраструктурни проекти преку Проектот за подобрување на општински услуги, кој го спроведува Министерството за финансии во соработка со Светска банка.

Тевдовски најави дека Министерството за финансии набргу ќе објави нов јавен повик до општините преку Проектот за подобрување на општинските услуги.

„Ќе ги повикам сите општини да аплицираат со капитални проекти на новиот јавен повик на Проектот за подобрување на општински услуги, кој Министерствто за финансии ќе го објави до крајот на месецот. За распределба има околу 8 милиони евра, што значат повеќе километри локален пат, комунална инфраструктура, градинки и други значајни проекти за општините и граѓаните. Ги охрабрувам градоначалниците да аплицираат за овие средства и преку проекти да обезбедат подобри општински услуги за своите сограѓани и за развој на општината“, рече Тевдовски.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Марко Мантованели, истакна дека локалните услуги се најблиску до граѓаните и можат да направат најголема разлика и да ги подобрат условите за живот.

Во општина Кисела Вода средствата ќе се наменат за изградба на атмосферска канализација во населба Пржино. Општина Кавадарци средствата ќе ги искористи за реконструкција на осум улици и на еден булевар во централното градско подрачје.

Во општина Илинден ќе се направи реконструкција на локалниот пат Кадино-клучка автопат А4. Овој локален пат е од голема важност за општината бидејќи претставува влез во општината Илинден и е главна врска со автопатот Скопје – Атина.

Од општина Желино средствата ќе ги вложат во реконструкција на училиште и на локалните патишта до с.Групчин и Ново село. Центар Жупа ќе ги искористи средствата за изградба на локалниот пат од населеното место Елевци до населеното место Долгаш, кој претставува спој со регионалниот пат Струга-Дебар. Студеничани ќе ги искористи средствата за партнерно уредување на општината и за реконструкција на улица.

Економија

Заев: „Мајкрософт“ претставува сериозен партнер на Македонија

Објавено пред

Претседателот на Владата, Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и претседателот на Националниот совет за ИКТ во Владата на Република Македонија, Владимир Цветковиќ, денеска остварија средба со генералната менаџерка на „Мајкрософт“ за 24 земји од Централна и Источна Европа, Анке ден Ауден.

Како што соопшти владината прес-служба, на средбата било заклучено дека соработката со оваа врвна и светски позната ИТ-компанија ќе се продлабочува и во таа насока „Мајкрософт“ претставува сериозен партнер на Република Македонија, особено во процесите на дигитална трансформација и обезбедување сајбер-безбедност. На средбата станало збор за заедничка платформа која ќе опфаќа соработка на повеќе полиња, а целта што треба да се постигне е граѓаните да почувствуваат директни придобивки од дигитализацијата на одредени процеси и услуги.

„Со нашето зачленување во НАТО се зголемува потребата, но и наша обврска е да работиме на зголемување на безбедноста и сигурноста на сајбер-просторот. Во тој процес исклучително важна е помошта што „Мајкрософт“ како водечка ИТ-компанија во светски рамки може да ѝ ја даде на Република Македонија“, порача премиерот Заев.

Премиерот ги информира генералната менаџерка и претставниците на компанијата „Мајкрософт“ дека оваа година е планирано намалување на данокот од добивка за информатиката и информационите технологии од 10 на 3 отсто и оцени дека оваа мерка заедно со нашето членство во НАТО ќе претставува доволен поттик за компании од ИТ-секторот да ја препознаат Република Македонија како стабилна земја и долгорочна бизнис-дестинација и да реализираат нови инвестиции во Република Македонија.

Во таа насока премиерот Заев информира и за финансиската поддршка предвидена преку планот за економски раст за компаниите и за развој на нови иновативни проекти на младите луѓе. Целта, како што велат од Владата, е да се поттикне креативноста на младите луѓе да создаваат, да ги препознаат новите перспективи што се отвораат со членството на земјата во НАТО и да почувствуваат сигурност од државата и мотив да останат, живеат и работат во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Поповска и Морачанин: За општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина, ќе ја поднесеме старата верзија на законот

Објавено пред

Пратеничките од ДОМ, Лилјана Поповска и, Маја Морачанин преку соопштение одговорија на фрлената ракавица од страна на рударската асоцијација на Македонија дека ќе го оспорат донесениот Закон за минералните суровини на Уставен суд.

Како што наведуваат од ДОМ, реакцијата се однесува на забелешките дека законот не бил применлив и логичен и содржел забрана за употреба на цијаниди и сулфурна киселина само за рудници со отворен коп.

На тоа пратеничките одговараат дека во тој случај може да ја поднесат и старата верзија на законот.

„Ако сакате општа забрана за цијаниди и сулфурна киселина во сите процеси на детаљните геолошки истражувања, експлоатација и преработка на минерални суровини, веднаш ја поднесуваме старата верзија на законот! Онаа истата што ја оспоривте како асоцијација, извршивте притисок врз институциите и го заглавивте законот цела година! Тоа беше причина како предлагачи на законот да прифатиме амандман од собраниската Комисија за економија, со кој забраната е ограничена на површинските рудници. А токму рудниците со отворен коп се најопасните што се користат за сиромашни површински руди во земји со ниски еколошки стандарди или со огромни пусти површини далеку од населени места. Во Македонија таквите отровни инвестиции се непожелни! Впрочем, во сите земји каде што постои забрана во рударството се однесува токму на рудници со површински коп, а се работи за земји од ЕУ, држави во САД и други, каде што виделе мака од ваквите рани во природата“, се наведува во соопштението.

Од ДОМ објаснуваат дека исклучок во законот се концесиите на веќе постојните рудници, односно на оние неколку што се веќе отворени и работат.

„Иловица е рудник во најава, на хартија, против чие отворање се бориме сите екологисти во Македонија и тука нема отстапување! Да биде јасно, законот важи и за ‘Иловица’“, велат од Демократска обнова на Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Русија покренува постапка против „Фејсбук“ и „Твитер“

Објавено пред

Рускиот надзорен орган за комуникации денеска најави отворање на административни постапки против „Фејсбук“ и „Твитер“ бидејќи нивните политики не се усогласени со тамошниот закон за заштита на податоци.

Надзорниот орган, „Роскомнадзор“, во соопштение наведе дека „Фејсбук“ и „Твитер“ не објасниле како и кога ќе го спроведат законот кој бара сите сервери што се користат за складирање на личните податоци на руските граѓани да се чуваат во Русија, објави „Ројтерс“ повикувајќи се на агенцијата „Интерфакс“.

Компаниите имаат еден месец да ги достават бараните информации или против нив ќе бидат преземени акции од руска страна.

Русија во последните пет години воведе построги закони за интернет барајќи од интернет-пребарувачите да избришат некои резултати од пребарувањето, како и социјалните мрежи да ги чуваат личните податоци за руските корисници во сервери во земјата.

Во овој момент, единствените средства кои Русија ги има на располагање за да ги принуди мрежите да постапуваат во согласност со прописите се парични казни, кои обично достигнуваат само неколку илјади долари или блокирање на навредливи онлајн содржини, што е опција која наидува на низа технички проблеми, пренесува агенцијата „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Вести23 минути

Демократите бараат итно да се постигне компромис за историската блокада на владата

Блокадата на Трамп над буџетот, која трае веќе 31 ден, претставува најдолгата блокада на федералната влада во Америка досега, а...

Свет1 час

(Видео) Најмалку 14 лица загинаа во пожарот кај Керчскиот теснец

Во пожарот кој зафати два брода кои пловеле под знамето на Танзанија кај Керчскиот теснец, во Црното море, загинаа најмалку...

Македонија2 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за Преспанскиот договор со кој ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија13 часа

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија15 часа

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија16 часа

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија17 часа

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Македонија18 часа

Наумовски: Парите за повисока плата се планирани во случај да се промени законот

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски, тврди дека засега нема да зема повисока плата и ќе чека законски измени...

Македонија18 часа

МВР за 50 илјади евра ќе се консултира за набавка на услуги за изработка на биометриски документи

Со проценета вредност, без ДДВ, од 3.000.000 денари, или приближно 50 илјади евра, МВР објави тендер за консултантски услуги за изготвување проектна...

Македонија20 часа

(Видео)„О2 иницијатива“: Оставки, доста ни е од пиар-мерки против загадувањето

„Ова што го прави власта не е борба против загадувањето. Ова се пиар-мерки за намалување на бесот кај граѓаните и...

Македонија21 час

Директорот на Шутка: Постои можност Ченто да го внел мобилниот телефон преку чуварите

Директорот на КПД „Скопје“ во Шуто Оризари, Ѓоко Котевски, не ја исклучува можноста вработените во затворот да се замешани во...

Економија21 час

Поскапуваат бензините и дизелот

Цените на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемуваат за 2,5, односно 3,5 денари, соопшти Регулаторната комисија за...

Бегството на Груевски21 час

(Видео) Груевски повторно „уловен“, овој пат на шопинг во Будимпешта

Експремиерот Никола Груевски вчеравечер бил на шопинг во трговски центар во Будимпешта. Како што објавуваат унгарските портали, во времето кога...

Бегството на Груевски22 часа

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести22 часа

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија23 часа

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет23 часа

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија24 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион1 ден

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Досие