Економија
Потпишани првите договори, обезбедени вкупно 151 милион денари за набавка на приплоден добиток

Се потпишаа првите договори за набавка на приплоден добиток. Максималната вредност на прифатливи трошоци по корисник изнесува до 6.5 милиони денари, соопшти Министерството за земјоделие.
„Со цел зголемување на стадата и нивна обнова од годинава, за оваа мерка набавка на приплоден добиток драстично ја зголемивме поддршката и наместо само 14 милиони денари сега за набавка на приплоден добиток на располагање имаме 151 милион денари“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски.
„Само со денешниве 7 договори апликантите ќе набават околу 500 грла на добиток, и тоа јуници холштајн и симентал, како и јуници ангус од кои се добива квалитетно месо, овци асаф, и други раси на добиток кои значително ќе го подобрат и квалитетот на домашното производство на млеко, но и ќе се окрупни домашниот сточен фонд“, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никола Бабовски.
Денеска се потпишаа 7 од вкупно пристигнати 70 апликации за набавка на приплоден добиток. Преку оваа мерка на располагање се 151 милион денари, средства се обезбедени од Програмата за рурален развој. Вкупната финансиска поддршка само на денешните седум договори изнесува околу 22 милиони денари пари.
Апликантите кои ги исполниле условите и ќе бидат поддржани преку оваа мерка ќе може да добијат поврат од 50 до 75% од вкупната инвестиција. Со парите од оваа мерка, апликантите ќе можат да набавуваат педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници (со исклучок на расата буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
(Видео) Деспотовски: Одговорноста за грантовите на Ласкова и на Анѓушев е моја, не избегав ни тогаш ни сега

На сите 320 фирми што досега добиле грантови од Фондот за иновации може да им се залепат етикети дека се сдсмовски, вмровски или некои други, но прашање е дали е тоа коректно, вели Јован Деспотовски, директор на Фондот за иновации и технолошки развој, во интервју за „Макфакс“. Доколку поделиле пари само на пет фирми и тие биле од СДСМ, вели дека би го разбрал обвинувањето.
„Во неколку наврати веќе, дури и во дебати со претставници на опозицијата, прашувам дали сметаат дека е коректно да им залепиме етикета, политичка или партиска, на 320 компании. Домашни компании што хранат 15.000 луѓе“, вели директорот Деспотовски.
За скандалозните грантови на фирми блиски до советничката на премиерот, Цветанка Ласкова, на вицепремиерот Кочо Анѓушев и на уште неколкумина функционери од актуелната Влада, Деспотовски вели дека одговорноста е негова.
„Јас не избегав од одговорност ни тогаш. Јас реков нема проблем, ќе си земам обврска, одговорност, дека на тоа што во тој момент како правилник, како систем, е презентирано, можеби му недостигале одредени елементи. Ние имавме процес на консултации веќе со месеци, тој елемент никој не го посочи како проблематичен, ниту некој го размислувал. Можеби луѓето и не очекувале дека ќе аплицираат фирми на носители на јавни функции, не знам. Меѓутоа, се појави како проблем и го превениравме“, вели Деспотовски.
За 2,5 години откако тој е директор, Фондот доделил 55 милиони евра на домашни компании, кои обезбедиле 1.500-2.000 нови вработувања. Платите на нововработените, според Деспотовски, во просек се над 40.000 денари.
Некои од грантираните иновации веќе се произведуваат. Деспотовски во интервјуто открива дека се во преговори со Град Скопје на граѓаните да им се понуди за користење велосипедот, кој за еден час прочистува воздух колку што создаваат два автомобила со дизел-мотор исто така за еден час.
Директорот Деспотовски ги најави планираните повици за в година. Одлуките за доделување на парите што ги носи Комитетот за инвестиции може да бидат пролонгирани до средината на мај поради изборниот период во кој вели дека нема да имаат повици ниту, пак, да носат одлуки.
Деспотовски, и по изборите, себеси се гледа како директор на Фондот оти сè уште вели дека може да придонесе за грантирањето да стане одржливо, а со тоа и политиките што тој ги спроведува.
Економија
(Видео) Заев: Со фотоволтаичните системи на јавните објекти сметките за струја се помали за 81%

Преку новиот Закон за енергетика и со силните инвестиции во обновливи извори на енергија и гасификација, Владата го стабилизираше вртоглавиот раст на цената на струјата. Денеска граѓаните плаќаат пониска просечна цена за киловат/час, споредено со времето на претходната влада, кога цената на струјата порасна за 100%“, изјави премиерот Заев.
Тој додаде дека Владата, долгорочно и стратегиски, обезбеди регулатива и политики за максимално искористување на обновливите извори на енергија и од тој аспект развојот на капацитетите за производство на електрична енергија што ги користат сонцето, ветерот и водите, имаа централно место во Стратегијата за енергетика на Република Северна Македонија.
Со Проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи во 36 општини и на 108 јавни објекти, не само што се зголемува производството на електрична енергија од обновливи извори, туку и се намалуваат трошоците за електрична енергија, на јавните институции и на објектите што се формирани од општините.
„Вкупниот износ на Програмата, кофинансирана од страна на Владата и ЕУ, изнесува 20,6 милиони евра. Програмата ја имплементираше Министерството за финансии, во соработка со Светската банка како посебен сегмент за ИПА-рурални инвестиции во рамките на проектот за подобрување на општинските услуги“, рече премиерот Заев и објасни дека вкупната заштеда на средства за сите 108 објекти годишно може да изнесува околу 190.000 евра и дека согласно заштедата, инвестицијата ќе се врати за 7,5 години.
Министерката за финансии, Нина Ангеловска, рече дека користењето на сончевата енергија од фотоволтаици забележува зголемување во целиот свет бидејќи технологиите се усовршуваат и материјалните трошоци се намалуваат.
„Соларната енергија е примарен извор за обновлива енергија и е особено важен за неразвиените земји. Како сончева земја навистина треба да го користиме овој извор за генерирање енергија, кој е и поевтин, па ефектите се двонасочни“, рече министерката Ангеловска.
Ангеловска ги наброи ефектите од заштедите од поставувањето на овие фотоволтаични системи и соопшти дека градинката „7 Септември“ во Пехчево, за месеците мај, јуни, јули и август 2018 има сметка за електрична енергија од 15.185 денари, додека за истите месеци оваа година сметката е 8.672 денари. Заштедата за четири месеци е 6.513 денари, односно сметките за овие четири месеци се помали за 43%, како резултат на поставените фотоволтаични системи.
Слични се заштедите и кај сите останати јавни објекти, а како позначаен е примерот на пумпната станица за водоводен систем ГЕРИЗИ, во с.Таринци, во општина Карбинци, каде што сметките за електрична енергија за периодот мај-јули од 429.326 денари лани, се симнати на 82.412 денари оваа година, или заштедата за трите месеци изнесува 346.914 денари, односно сметките за овие три месеци се помали за 81%.
На крај министерката за финансии Ангеловска рече дека подобрувањето на енергетската ефикасност не е само заложба, туку цел преточена во резултати.
„Политиките на оваа Влада во делот на енергетиката покажуваат дека земјата е на прав пат. Донесовме регулатива во согласност со европската. Го реформиравме енергетскиот сектор. И ова не е само наша оценка. Енергетската заедница пред три години велеше дека државата потфрла во реформите и дека е во пролонгиран период на енергетски ќор-сокак. Оваа Влада покажа дека промените се случуваат како резултат на планска работа, во интерес на граѓаните“, рече министерката Ангеловска.
Економија
Во Сити мол почна саемот за мерката „Купи куќа, купи стан“

Саемот за мерката „Купи куќа, купи стан“ почна денеска во Скопје сити мол, каде граѓаните ќе можат да се информираат целосно за проектот на едно место, односно ќе имаат прилика на исто место да ги најдат Министерството за финансии, банките и градежните компании.
Саемот ќе трае од денес до недела, секој ден од 10 до 22 часот.
Од Министерството за финансии информираат дека со промените направени во проектот годинава, значително се подобрени условите за граѓаните.
„Најголема поволност за граѓаните е намалувањето на каматните стапки за одобрување на субвенциониран станбен кредит, и тоа: за моделите каде се субвенционира ратата од кредитот од страна на државата, каматната стапка се намали од 3,95% на 2,9%, додека за четвртата и петата година каматната стапка е намалена од 4,44% на 3,9%. И кај моделите каде се субвенционира учеството каматната стапка е намалена од 4,5%+ЕУРИБОР на 4%+ЕУРИБОР“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.
Дополнителна нова поволност во проектот е во насока на подигнување на наталитетот во земјата. За секое новородено или посвоено дете во текот на првите десет години од користење на кредитот, корисникот на кредитот добива дополнителна субвенција од 30% на ратата во текот на една година плус.
„Има и нови модели, особено поволни за младите со возраст до и наполнети 35 години. За купување стан, каде и интересот е најголем, субвенцијата на месечната рата е зголемена од 50% на 70% – ова значи дека во првите пет години од исплатата на кредитот 70% од месечната рата ќе плаќа државата, додека корисникот на кредитот ќе плаќа само 30%. Исто така зголемена е и субвенцијата за моделите каде се субвенционира учеството од 50% на 70%. Ова значи дека доколку корисникот на проектот го искористи овој модел, 70% од учеството од кредитот ќе му го плати државата“, појаснуваат од Министерството за финансии.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура4 недели
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци