Контакт

Економија

Почна изградбата на фабриката „Индустри сервис“ во Маџари

Објавено пред

Почна изградбата на новиот објект на компанијата „Индустри сервис“, специјализирана за производство на храна, во скопската населба Маџари.

Од Кабинетот на вицепремиерот Кочо Анѓушев соопштија дека овој објект за подготовка на храна ќе претставува најголем и најсовремен угостителски капацитет од овој тип на цела територија на Македонија. Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, рече дека целна група ќе бидат домашните и странските компании во земјава со над 300 вработени.

Сопственикот на компанијата, Драган Смилковски, рече дека во моментов компанијата вработува преку 150 лица, додека во новиот објект ќе се инвестираат околу 1,5 милиони евра, а планирани се до 100 нови работни места. Тој рече дека компанијата соработува со големи индустриски капацитети приштo дневно произведуваат околу 9.000 оброци, односно над 2 милиони оброци годишно, а со новиот капацитет производството се удвојува.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев рече дека станува збор за семејна компанија. „Станува збор за семејна компанија, која започнала како мала, а во текот на годините се проширувала. Факт е дека во многу земји индустријата се заснива на семејни компании, а добар пример за тоа е Германија, каде 70% од компаниите се семејни, со долга традиција и кои се развивале со паметен менаџмент“, потенцираше Анѓушев.

Тој додаде дека компанијата „Индустри сервис“ е корисник на проектот „Странски експерти за домашни компании“ и токму во декември странски експерт ќе помогне со реализација на новата инвестција. „Оваа компанија аплицираше за користење на мерките од третиот столб, кој се спроведува преку ФИТР, нивната апликација е позитивно оценета и се очекува да биде поддржана во вториот бран“, дополни Анѓушев.

Економија

(Видео) Подготвен првиот предлог-закон за јавно приватно партнерство во земјава

Објавено пред

Министерството за економија со помош на експерти од Светска банка и финансиска поддршка од британската амбасада го подготви првиот предлог-закон за јавно приватно партнерство (ЈПП) во земјава.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, информираше дека преку проектот „Зајакнување на правната рамка и политика на ЈПП и концесии во Република Северна Македонија“ изготвена е драфт-верзија на Законот за јавно приватно партнерство, чија главна цел е да се зајакне улогата и надлежностите на Министерството како силен надзорен субјект, во реализацијата на ЈПП проектите во текот на целиот нивен процес, почнувајќи од самиот почеток па  до истекот на договорите за ЈПП.

„При подготовка на оваа регулатива во изминатиот период како надлежно министерство бевме во постојана комуникација со стопанските комори и со бизнис-заедницата со цел да имаме правна рамка која ќе биде во интерес на сите засегнати страни, да се дефинираат и разјаснат проблемите со кои се соочуваа досега кај ЈПП, за да се подобрат можностите за користење на приватниот сектор за навремена испорака на поефикасни и поквалитетни јавни услуги“, потенцираше министерот Бектеши.

Министерот кажа дека овој проект е започнат во јули 2019 година, а законското решение кое е креирано со поддршка на експертите од Светска банка е испратено до сите инволвирани страни со цел во наредниот период целосно да се усогласи со најдобрите светски стандарди и со меѓународната практика за ЈПП.

„Новиот закон за ЈПП има за цел да придонесе за социо-економскиот развој преку поттикнување на конкурентноста, инвестициите, трговијата и технолошките иновации. Новите инвестиции во инфраструктурата ќе обезбедат подобри работни места, ќе го зголемат пристапот до пазарот на труд и ќе обезбедат подобри услуги во клучните сектори, како што се вода, енергија, здравје и образование. Министерството заедно со ИТ-експерти од Светска банка, паралелно со законот работеше и во креирањето на единствен систем/софтвер за Министерството за економија каде што ќе се водат сите склучени ЈПП договори во Република Северна Македонија, како единствено складиште на сите ЈПП и како единствен електронски запис за сите договори и централен извор на информации за доделените договори. Регистарот ќе собира и евидентира информации од договорите за ЈПП и сродните документи и ќе им обезбеди пристап до податоците на сите донатори за следење на проектите од самиот почеток, па сè до склучувањето на договорот, како и неговото спроведување до крај. Оттаму, регистарот на ЈПП ќе се користи и за целите на надзор на уредното плаќање на надоместоци за ЈПП и реализација на обврските на партнерите во врска со спроведувањето на договорите“, рече Бектеши.

Шефот на канцеларијата на Светска банка, Масимилиано Паолучи, кажа дека јавното приватно партнерство може да игра конструктивна улога во развојот на инфраструктурата во една земја и да го подобри квалитетот и исплатливоста на испораката на јавни услуги.

„Гледаме безброј примери за успешна употреба на ЈПП/концесии во Европа и низ целиот свет – на аеродромите, пристаништата, патарините, во градежните услуги, енергијата и водоснабдувањето. Ако се имплементираат правилно, ЈПП можат да ѝ помогнат на Северна Македонија да испорача инфраструктурни услуги во голем број области – на пр. зелена енергија, во здравствениот сектор, општински услуги. Можноста повеќе да се потпираме на ЈПП во иднина лежи во градење на капацитет за спроведување на вакви проекти, како од јавниот, така и од приватниот сектор, имајќи ги предвид научените лекции со ЈПП во Европа и пошироко“, кажа Паолучи.

Британската амбасадорка Галовеј посочи дека нејзината земја има големо искуство за партнерство на Владата и приватниот сектор во доставување услуги на народот кое, како што кажа, е подготвена да го сподели со земјава.

„Ни претставува задоволство да ја поддржиме Владата во идентификување и примена на модел на ЈПП кој одговора на потребите на Северна Македонија и нејзината економија. Искуството и советите на Светската банка и искуствата од најдобрите светски практики ќе обезбедат создавање оптимален модел на ЈПП за земјата. ЈПП некогаш значи ризик, некои од таквите проекти се со пропусти, но многу од овие проекти се успешни во светот. Затоа треба да се постават јасни насоки, транспарентни политики и ефикасни тимови во јавниот и приватниот сектор кои треба да ја подобрат ефективноста и целисходноста на ваквите проекти”, истакна британската амбасадорка Галовеј.

Прикажи повеќе...

Економија

Бочварски: Инвестираме над 87 милиони евра за патната мрежа во Крива Паланка и околината

Објавено пред

„Инвестираме преку 87 милиони евра во изградба на нови и реконструкција на постоечките патишта во овој регион, со што Крива Паланка станува центар на Коридор 8, кој е од стратешко значење за регионалното поврзување и економскиот развој на државата“, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска заедно со вицепремиерот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, изврши увид во повеќе инфраструктурни проекти во општина Крива Паланка.

За време на посетата на општина Крива Паланка, министерот Бочварски, вицепремиерот Николовски и директорот Бабовски извршија увид во градежните работи за рехабилитација на повеќе регионални патни правци кон граничните премини кон Република Бугарија и Република Србија.

„Овој регион е од особено значење за целокупниот економски развој, па поради тоа инвестициите во патната инфраструктура што ги реализираме тука се од огромна важност не само за подобар живот на локалното население, туку и за целата држава. Градежните работи за изградба и рехабилитација на 110 километри патна мрежа во околината на Крива Паланка, за што инвестираме преку 87 милиони евра, се одвиваат непречено и со добро темпо. Регионалното поврзување на земјата е приоритет на Владата и во таа насока посветено работиме на модернизација на патните правци кон граничните премини со соседните земји. Покрај изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, го реконструираме и градиме трета лента на патниот правец од Крива Паланка до Деве Баир, а во меѓувреме работиме на рехабилитација на регионалниот пат Куманово – Страцин. Нашата работа е целосно насочена кон интересот и потребите на граѓаните и продолжуваме посветено да работиме на реализација на капиталните инвестиции и изградба на инфраструктурата на државата, за економска стабилност на земјата и подобар живот за сите граѓани“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Министерот Бочварски истакна дека покрај инвестициите во патната и железничката инфраструктура, интензивно се работи и на подобрување на комуналната мрежа во Крива Паланка, за што се инвестира преку еден милион евра.

Вицепремиерот за борба со корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, стави акцент на заложбите на Владата на Република Северна Македонија за развој на инфраструктурата и враќање на животот во руралните средини.

„И во новиот мандат, Владата останува силно посветена на унапредување на целокупната инфраструктура и подобрување на условите за живот во руралните места. Овој регион, кој со години беше заборавен, изолиран и запоставен од страна на институциите и државата, сега станува центар на крупни капитални инвестиции. Со проектите што ги реализираме во Крива Паланка и околината во делот на патната, железничката и комуналната инфраструктура придонесуваме за развој на Североисточниот Регион, подобри услови за живот и работа на граѓаните и подобро регионално поврзување. Граѓаните се сведоци на нашата работа и на овој начин, преку партнерство и соработка на централната и локалната власт ќе продолжиме со реализација на крупни капитални проекти од значење за економскиот раст на државата и остварување на поставените стратешки цели“ – изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, истакна дека преку Програмата за рурален развој Крива Паланка реализираше четири проекти со вкупна вредност од околу 50 милиони денари, од кои три самостојни проекти на општината и еден во партнерство со Центарот за развој на Североисточниот Регион.

„Преку овие проекти овозможуваме подобар живот на жителите на општина Крива Паланка, подобри услови за раст на стопанството, развој на руралниот и манастирскиот туризам и генерално зголемена конкурентност на регионот“ – истакна директорот на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски.

Градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, се заблагодари за поддршката што општината ја добива од Владата и истакна дека инфраструктурните проекти што се реализираат во овој регион се од огромно значење за локалниот економски раст и квалитетот на живот на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Економија

Опозицијата бара надзорна расправа во Собранието за Еуростандард банка

Објавено пред

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието ќе достави барање за спроведување на надзорна расправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на Еуростандард банка.  Пратеникот Зоранчо Јованчев од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека иницијативата е поддржана од целата опозиција – од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата Алијанса за Албанците – Алтернатива и Левица.

„Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека банката свесно е доведена во стечај со одлевање големи суми пари преку кредити без покритие за финансирање на фирми од Струмица блиски до семејството Заеви ги потврди и сопственикот на Еуростандард банка, кој јавно објави и дел од фирмите каде според него завршувале парите од Еуростандард банка, а кои фирми немале покритие за кредитите, односно биле банкротирани. Ова е криминал од 200 милиони евра, каде што оштетени се 100.000 граѓани. Овој криминал кој води до Струмица не смее да остане нерасчистен. За таа цел ВМРО-ДПМНЕ бара надзорна расправа, на која ќе бидат повикани сите релевантни чинители, како гувернерката на НБРМ, сопственикот на банката, оштетените штедачи, Финансиската полиција, Управата за финансиско разузнавање и ЈО“, изјави Јованчев.

Тој кажа дека мора да има одговорност за секој оној кој го довел во опасност финансискиот пазар на Република Македонија и имотот на граѓаните.

„Недозволиво е поради тоа што некој испумпувал пари или правел сомнителни трансакции сега да трпат 20.000 пензионери од руралните делови на државата кои сè уште немаат подигнато пензија, затоа што до сега примале пензија преку пошта. Дали некој се прашал како живеат, односно како преживуваат тие луѓе? И тие се нечии мајки, татковци, баби и дедо. Тоа се живи луѓе за кои државата мора да покаже грижа“, кажа пратеникот.

Според него, одговорност мора да има и затоа што 780 луѓе кои имале повеќе од 30 илјади евра во банката сега не можат да си ги земат своите пари, односно им пропаднале.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет37 минути

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија1 час

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија2 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија3 часа

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија3 часа

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион4 часа

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет5 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија5 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет6 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија6 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет7 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет7 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија7 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион18 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет19 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија20 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија20 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија22 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија23 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија1 ден

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Досие