Контакт

Економија

Предлозите на угостителите слушнати, се чека решение

Објавено пред

Претставниците на туристичко-угостителскиот сектор до понеделник треба да ги достават сите нивни предлози за начинот на поддршка од државата, но и за користењето на Фондот за туризам преку кој сега се на располагање 95 милиони денари. Веќе се размислува и за мерките со кои би се вратиле повторно во нормално работење за кое постои размислување да биде за неполн месец.

На средбата министрите за финансии и економија заедно со стопански комори од секторот кои се дел од координативното тело за превенција од можни штети од коронавирусот, дискутираа за нејаснотиите околу постојните мерки и им беа претставени измените на условите за користење на поддршката со новите владини уредби, а за коишто имаше реакции од угостителите изминатиот период.

Мартин Ангеловски од Групацијата на угостители во Туристичко-угостителската комора, истакна дека состанокот беше конструктивен со позитивен дијалог и се разговараше за сите нови мерки и за нивните предлози што сакаат да ги достават.

„Во делот за новите мерки, односно уредби што ги донесе Владата, покажаа позитивен чекор за некои од работите што ние ги укажувавме и се надеваме дека ќе продолжи ваквата соработка. Ќе се потрудиме да ги пренесеме најдобро што можеме нашите мерки. На прво место во сите мерки што ги разговара угостителскиот сектор приматот го става на тоа како да ги задржиме нашите работници и како да добиеме најмногу средства за нив. Ние гледаме да направиме сè што можеме како угостители за целиот овој процес да оди во позитивен правец. Има уште многу работи да се договорат, но како што кажав, се надеваме дека ова ќе биде еден добар позтивен тренд“, изјави Ангеловски.

Дополнително ќе ги анализираат измените на уредбите, а од Министерството за финансии побараа толкување за повикувањето на Законот за постапувањето при виша сила. Даден е и предлог во контекст на нивните примарни барања да се добие минимална бруто-плата за вработените во секторот.

Економија

Владата ќе одвои дополнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка

Објавено пред

Mинистерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, заедно со градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, имаше работен состанок во Кавадарци со претставници на здруженијата на лозарите и винарските визби.

На состанокот министерот информираше за новата дополнителна интервентна мерка за откуп на грозје, која претходниот ден беше договорена на состанок со владиниот економски совет, на кој беше присутен и премиерот Зоран Заев.

Со оваа дополнителна интервентна мерка Владата ќе одвои допплнителни 4 денари за килограм предадено грозје наменето за преработка, а средства ќе се обезбедат од ковид-програмата на Владата.

„Освен мерките кои ние ги предложивме претходно, за да се достигне ланската цена на грозјето и поддршката за извозот на флаширано и наливно вино, која беше наменета за супституција во транспортот, денес ја претставивме и новата мерка која ја преземаме поради квалитетот на грозјето кое има под 18 малигани, ние дополнително како Влада ќе помогнеме со дополнителни 4 денари за тоа грозје кое не е наменето за вино, туку ќе има друга намена, како на пример за вински дестилат или за концентрат за сокови“ – изјави министерот Хоџа.

Претходно договорените 2 денара за вранецот и смедеревката остануваат да важат и ќе бидат исплатени од Програмата за директни плаќања и 2 денара субвенција за откупено грозје, средства кои ќе бидат исплатени до крајот на оваа година преку владината ковид-програма. Остануваме на супституција на транспортот со 20 отсто на транспортните трошоци за наливното вино и 30 проценти супституција за флашираното вино.

Дополнително за извозот, за откупени до 12 милиони килограми државата ќе субвенционира 2 денара, ако се откупени и извезени надвор од државата помеѓу 12 и 25 милиони килограми ќе добијат 3 денари, а ако откупат и извезат повеќе од 25 милиони килограми ќе добијат 4 денари субвенција.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство продолжува да работи во интерес на сите чинители на секторот. Со заеднички труд и заложби ќе продолжиме во насока на стабилно, конкурентно и развиено земјоделство.

Прикажи повеќе...

Економија

Во тек е реализација на грант од Јапонија за набавка на медицинска опрема

Објавено пред

Министерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

Повод за средбата беше реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавноздравствени установи. Со овој грант дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка во овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во јуни, преку итна неповратна помош, од Амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот ‘авиган’ наменет за 100 пациенти заболени од Ковид-19“, нагласува министерот Филипче.

Прикажи повеќе...

Економија

Бесими на средба со СКМ: Ќе се воведат државна гарантна шема, даночен календар и е-фактура

Објавено пред

Воведување на државна гарантна шема, даночен календар, електронска фактура, се некои од барањата кои министерот за финансии Фатмир Бесими за време на средбата во Стопанската комора на Македонија, им вети на стопанствениците дека ќе ги реализира во наредниот период.

Стопанствениците побараа полесен пристап до капитал, особено сега во услови на светска економска криза, кога тој е лимитиран. Министерот за финансии Бесими посочи дека преку државната гарантна шема значително ќе се подобри пристапот до капитал, така што државата со 10 милиони евра гаранција на фирмите ќе им го олесни подигнувањето кредити од комерцијалните банки. Како што најави министерот, овој проект треба да се реализира до крајот на годината.

Во поглед на даночната регулатива, бизнис-заедницата побара поголема предвидливост преку воведување на даночен календар, со што подолг период однапред ќе се знаат измените кои би ги правела државата во даночната регулатива. Министерот за финансии посочи дека ова е прифатливо барање и дека една од заложбите во четиригодишниот мандат ќе биде поголема даночна предвидливост. Но исто така рече, дека во услови на криза понекогаш се потребни брзи акции кои се разбира би биле во интерес на стопанствениците.

Тој најави во поглед на парафискалните давачки дека следните четири години истите ќе се скратат за 75%. За барањето за електронска фактура беше посочено дека во рамки на Министерство за финансии, се веќе одржани работни состаноци во однос на можноста за практична имплементација. Понатаму ќе се направи скрининг на релевантните закони и ќе се изготви предлог правилник кој ќе се однесува на електронската комуникација, доставување, пренос и прием на е-фактура.

Министерот за финансии истакна дека овие средби со коморите се неопходни. На тој начин се слушаат реалните потреби и проблеми на стопанството. Посочи дека континуираната соработка со бизнис секторот е неопходна и во време кога економијата е во добра кондиција, а особено сега во време на најголемата глобална економска криза во последните децении, е од суштинско значење за димензионирање на вистински политики и мерки кои ќе бидат скроени согласно реалните потреби на стопанството. Тој најави дека дијалогот министер за финансии – комори ќе продолжи и со другите стопански комори кои ги преставуваат компаниите во земјава.

Прикажи повеќе...

Најново

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија4 часа

Јанкулоска: Ако некој ме бара, јас сум дома

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, објави статус на „Фејсбук“ со кој ги негира информациите дека таа избегала откако...

Македонија4 часа

МОН: Децата кои немаат уреди за онлајн настава ќе може да ја следат од училница

Децата коишто немаат уреди за следење на онлајн настава во време на Ковид-19 ќе добијат можност за учење како и...

Свет4 часа

Трамп: До април ќе има вакцина за секој Американец

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека очекува до април САД да имаат доволно вакцини против коронавирус за секој Американец....

Македонија5 часа

За еден ден казнети 384 возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија...

Свет5 часа

Европската агенција за лекови одобри употреба на дексаметазон за лекување на Ковид-19

Европската агенција за лекови (ЕМА) одобри употреба на лекот дексаметазон за лекување на пациенти со Ковид-19 кои имаат проблеми со...

Топ6 часа

Млад скопјанец осомничен дека криел оружје и дрога во бункери во Бутел

Дваесет и четиригодишен скопјанец е осомничен дека ги сокрил оружјето, муницијата и дрогата во бункери во Бутел кои беа откриени...

Спорт6 часа

Либански фудбалер почина откако беше погоден од залутан куршум

Либанскиот фудбалер Мохамед Атви почина во болница откако беше погоден со залутан куршум во главата. 32-годишниот Атви бил погоден во...

Регион18 часа

Украдени ретки книги во вредност од 2,5 милиони фунти, пронајдени под подот на куќа во Романија

Околу 200 „незаменливи“ книги вредни повеќе од 2,5 милиони фунти (3,2 милиони американски долари), кои биле украдени од еден магацин...

Свет19 часа

Трамп сакал да го ослободи Асанж, ако му кажел кој стои зад хакерскиот напад на Демократската партија

Американскиот претседател Доналд Трамп му понуди помилување на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, доколку открие кој стои зад хакирањето на...

Македонија21 час

Отказ за советникот на Чулев поради насилно и недолично однесување

Министерството за внатрешни работи му даде отказ на Зоран Ѓорѓиевски, кој беше вработен како советник во кабинетот на министерот во...

Топ22 часа

Осумгодишно дете починало на пат кон болница

Вчера во Градската болница Куманово со возило на брза помош било донесено осумгодишно дете на реанимација. Детето било од Крива...

Македонија24 часа

Осум лица починаа од коронавирус, потврдени 144 нови случаи

Во последните 24 часа осум лица починаа, а потврдени се 144 нови случаи на коронавирус од 1.545 теста, соопшти Министерството...

Македонија1 ден

Мицкоски: На Јанкулоска ѝ судеа без докази затоа што не избра да биде слуга во скутот на Заев

„Мафијата на власт потроши над 8 милиони евра за службени возила, а за набавка на едно службено возило што го...

Македонија1 ден

40 илјади деца немаат компјутери за да следат онлајн-настава

Училиштата ќе отпечатат материјали за учење од дома за 40 илјади деца, кои немаат техничка опрема за следење на онлајн-наставата....

Македонија1 ден

Интегра го тужи Мицкоски, од него бара 100 илјади евра за клевета

Партијата Интегра поднесе тужба против лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку која бара 100.000 евра поради изнесени клевети и лаги...

Македонија1 ден

Обвинителството поднесе жалба за условната казна за сообраќајната несреќа кај Млечен ресторан

Основното јавно обвинителство Скопје до Апелациониот суд поднесе жалба на пресудата за условна казна за сообраќајната несреќа што пред две...

Регион1 ден

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа Јанис, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 ден

Национален парк на Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови на Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 ден

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд, по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна, која ѝ беше изречена на...

Регион1 ден

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција почна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како медиган. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Досие