Економија
Пред стопанствениците презентирани придобивките од дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги

Секретаријатот на ЦЕФТА во соработка со Коморскиот инвестициски форум и Стопанската комора на Северна Македонија организира работилница за ЦЕФТА-дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги, со акцент на тоа какви придобивки носи протоколот за македонската економија и за регионот и како може да придонесе за поуспешно создавање заеднички регионален пазар на Западен Балкан.
Дополнителниот протокол 6 обезбедува сеопфатна рамка за трговија со услуги во регионот и се заснова на општиот договор за трговија со услуги (ГАТС). Протоколот особено се фокусира на ограничувањата за пристап до пазарот и ограничувањата поврзани со дискриминација на странски компании против домашни. Во повеќе од 100 сектори страните на ЦЕФТА се обврзаа да нѐ воведат или доколку веќе постојат, да ги отстранат ограничувањата за пристап на пазарот, како и да обезбедат ист третман за домашните даватели на услуги и оние од другите страни потписнички на ЦЕФТА-договорот. Покрај овие одредби, протоколот обезбедува рамка за работа на понатамошно отстранување на бариерите, особено во чувствителните областите на економијата, како што се лиценци, дозволи, професионални квалификации.
Во оваа насока протоколот воведува обврска за отстранување на ограничувањата на трговијата со услуги и дава гаранција дека нема да се воведат ограничувања во иднина меѓу страните на договорот ЦЕФТА, што е особено корисно: за бизнисмени што им ги нудат своите услуги на потрошувачите на други пазари на ЦЕФТА, без физичко присуство, за потрошувачот да добие услуга кога патува од едната во друга ЦЕФТА-страна, кога услугата се обезбедува преку подружница или претставништво на друг пазар на ЦЕФТА, кога поединци привремено се испраќаат од еден на друг ЦЕФТА-пазар за да ја испорачаат услугата.
Благодарение на дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги (ДП6), системот за слободна трговија во ЦЕФТА-договорот е подобрен, кој сега е проширен и во услужниот сектор. Протоколот во принцип ги обврзува страните да не наметнуваат ограничувања за пристапот на пазарот и да ги третираат компаниите од другите страни во договорот ЦЕФТА како домашни. Дополнително, протоколот отвора можности за отстранување конкретни бариери во иднина. Сметаме дека оваа мерка ќе придонесе за зајакнување на економската соработка и создавање заеднички пазар на Западен Балкан, а со тоа директно ќе ги подобри деловните услови за сите бизниси во регионот“, изјави Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги од Секретаријатот на ЦЕФТА, велат надлежните.
„Намалените бариери значат зголемена доверба, отворени врати за поголема соработка, повеќе заеднички потфати и проекти во целиот регион. Во процесот на креирањето на заедничкиот регионален пазар, кој во суштина треба да обезбеди слободно движење на луѓе, стоки, услуги и капитал во целиот регион, протоколот адресира прашања што се од суштествено значење и бизнис-заедницата од регионот со нетрпение ја очекува неговата целосна имплементација. Во иста насока се и дел од активностите што Коморскиот инвестициски форум, со поддршка на ЕУ, ги иницира кон компаниите од регионот – овие активности вклучуваат мапирање на доставувачите на услуги од регионот на Западен Балкан со цел нивно вклучување во регионалните синџири на снабдување, како и функционалностите на двете датабази што се изготвуваат (Market access and Market Intelligence Database), кои за компаниите треба да го олеснат наоѓањето информации за пристап до некој од другите пазари од регионот, вмрежувањето со нови партнери и заедничкото учество на настани“, изјави Татјана Штерјова-Душковска, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум.
ЦЕФТА (Централноевропски договор за слободна трговија) е регионален трговски договор кој значително ја подобри и поттикна трговијата на Западен Балкан, дејствувајќи како катализатор за иницијативи насочени кон продлабочување на економската соработка и создавање заеднички пазар во овој регион.
ЦЕФТА-дополнителниот протокол 6 за трговија со услуги беше усвоен во 2019 година и стапи во сила на 11 јануари 2021 година. Овој документ го прошири принципот на слободна трговија во рамките на ЦЕФТА и на услужниот сектор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Аргентина е на раб од банкрот, проценува агенцијата Фич

Статистичката рејтинг агенција Фич го намали рејтингот на аргентинскиот долг во странска валута за два степена, оставајќи ја земјата едно ниво над банкрот.
Намалувањето на рејтингот на долгот сугерира дека агенцијата верува дека неплаќањето на долгот е „неизбежно“ и доаѓа набргу по декретот на аргентинската влада со кој локалните организации од јавниот сектор се принудени да го заменат својот долг деноминиран во странска валута со долг деноминиран во националната валута – пезоси.
Според податоците на Централната банка, Аргентина има бруто меѓународни резерви од нешто повеќе од 37,5 милијарди долари, но аналитичарите велат дека нето вредноста е значително помала.
Економија
Бугарските овчари и козари на протест против македонските јагниња

Националната асоцијација на одгледувачи на овци и кози од Бугарија најавува протест поради неконтролираниот увоз на јагнешко месо од Северна Македонија, се вели во дописот што го испратиле до тамошното Министерство за земјоделство.
Тие во протестно писмо до бугарскиот министер за земјоделство Јавор Генчев велат дека властите воопшто не се грижат за заштитата на бугарското јагне, како и за безбедноста на храната, а со тоа ја загрозуваат и безбедноста на нацијата.
„Две недели пред Велигден трговската мрежа е преполнета со јагнешко месо увезено од Северна Македонија. Тоа е производ што не е регулиран според европските барања за безбедност на храната. Ако до 28 март не се издаде наредба за построга контрола од бугарската Агенција за храна и ако увозот на јагнешко месо не биде вршен со почитување на европските критериуми за безбедност на храната (салмонела, неовластени фуржани компоненти, неовластени антибиотици, вакцинација), на 30 март бугарските одгледувачи на овци и кози ќе го блокираат граничниот премин Кулата со цел да ги заштитиме нашите интереси и нашата егзистенција“, пишува во протестното писмо во кое се предупредува на драстичното намалување на бројот на овци и кози што се одгледуваат.
Според претседателот на Асоцијацијата, Симеон Караколев, бугарскиот пазар е нарушен со увозот на 200 тони јагнешко месо од Македонија со цена под седум евра за килограм.
„Ако тоа продолжи, над 50 илјади бугарски јагниња ќе останат непродадени, а тоа ќе биде нов удар за бугарската сточарска индустрија“, вели Караколев.
В понеделник тие ќе имаат средба во ресорното министерство, а доколку не добијат цврсто ветување за итни мерки ќе ја реализираат својата најава за блокада на еден од граничните премини.
Економија
РЕС одбележува една година постоење – компанијата донесе најповолно снабдување со електрична енергија во кризата

Фирмата за трговија со електрична енергија РЕС одбележа една година постоење и за тој период се позиционира како лидер во снабдувањето со електрична енергија на слободниот пазар.
РЕС моментално ја формира најголемата балансна група кај нас, со 270 компании од приватниот сектор кои ги снабдува и годишна потрошувачка од 250 GWh, со што значително ги надмина првичните проекции за развој.
РЕС на македонското стопанство му овозможи снабдување со електрична енергија, но и откуп на електричната енергија од производителите од обновливи извори.
РЕС им понуди на македонските фирми повеќе модели на снабдување со струја, кои се движеа од целосно берзански најниски цени до целосно фиксни и гарантирани цени, како и комбинации од двата модела во различен сооднос. Благодарение на можноста да изберат модел според своите потреби, компаниите во текот на енергетска криза, особено во втората половина на 2022 година, имаа предвидливост на издатоците за електрична енергија и таа калкулација можеа да ја вградат во цената на нивните производи и услуги, задржувајќи ја ликвидноста и остварувајќи значајна конкурентска предност на пазарот.
РЕС (Reneweble Energy Supply) е сопственост на македонската фирма Централ Инвест на Кочо Анѓушев и на бугарската фирма Кер Токи на Иво Прокопиев.
(ПР текст)