Контакт

Економија

Претставени новите Turbo S-верзии на Porsche 911!

Објавено пред

Porsche ги претставија Turbo S верзиите на новата генерација на 911. Повеќе моќ, подобра динамика и подобар комфор. Turbo S верзиите ни доаѓаат во купе и кабрио верзии со новиот 3,8 литарски боксер мотор со двојни турбини и моќност од 650 коњски сили! Што претставува дури 70 коњски сили повеќе од претходната генерација. Максималниот вртежен момент сега изнесува 800nm. Во оваа варијанта на 911, менувачот е уникатен за Turbo (Porsche Doppelkupplung – PDK), доаѓа со 8 брзини и резултира со време од 2,7 секунди до 100 км/ч – за 0,2 секунди побрзо, додека максималната брзина е иста и изнесува 330 км/ч. Мислиме дека е доволно.

Димензиите на новиот 911 Turbo S се минимално зголемени и тие вишок центиметри одат во корист на аеродинамиката. 45мм поширок на предната оска и 20мм повеќе во задниот дел. Новите рас-пар гуми (потесни напред, пошироки во задниот дел) ги зголемуваат возните карактеристики на овој супер-автомобил.

Адаптивната еродинамика и контролира отворите за воздух во предниот дел, додека големиот заден спојлер е дизајниран за уште повеќе downforce. За прв пат во 911, моќта се пренесува на патот на тркала во различни димензии, 20 инчни 255/35 напред и 21 инчни 315/30 позади. Новата опрема само го истакнува дополнително квалитетот на перформансите кои Turbo S ги нуди. Погонот за пренос на сите тркала воден од Porsche Active Suspension Management (PASM) кој е задолжен да ја контролира шасијата, е спуштен за 10мм и спортскиот издувен систем со варијабилно отворање гарантира дистинктивен звук кој искрено недостасуваше во „обичните“ Carrera S и 4S.

Комплетно новиот мотор во 911 Turbo S е варијација на моторот кој го видовме во Carrera. Целосно е редизајниран начинот на воздушно ладење, нови, поголеми VTG турбини и симетрична поставеност со електронски контролирани издувни клапи, гарантираат висока респонзивнот, моќност и вртежен момент, додека емисиите на штетни гасови се значително намалени.

Дизајнот прави одличен баланс помеѓу задоволството на возење, динамиката и спортските карактеристики, кои се идеални за секојдневното возење, како и возењето на патека. Подобрувањето на перформансите на новата генерација 911 Turbo S е значителна во спринтот до 200 км/ч за кое се потребни 8,9 секунди или цела секунда побрзо од претходната генерација. Благодарение на Porsche Traction Management (PTM) системот за погон на сите тркала има поголема моќност и подобра тракција со тоа што до 500Nm се пренесуваат на предната оска при лансирањето. Новата генерација на PASM шасијата е уште поспортска. Шасијата прецизно и брзо ги регулира дамперите за добивање на значителна предност во динамиката на возењето и стабилноста при свиоците, додека системот за управување станува „ласерски“ кога ќе го насочите воланот во саканата насока.

Страничните големи отвори за воздух се главна карактеристика на 911 Turbo, кои во новата генерација се поголеми, додека светлата се LED Matrix со два модула. Задниот спојлер пневматски се отвора и дава 15% повеќе downforce. Мускулниот спојлер е интегриран во деловите на воздушните отвори, со што се нагласува целиот дизајн на Turbo S. Новите издуви се четвороаголни со што Turbo дизајнот завршува, барем во надворешниот дел.

Внатре, Porsche 911 Turbo S очекувано ни доаѓа со високо квалитетни материјали од кожа, јаглеродни влакна или сребрени акценти. Новиот дизајн на дво-тонски ентериер го нагласува прелевањето на боите, материјалите и целиот карактер коj со Sport Chrono пакетот доаѓа со часовник за мерење на вашите кругови на патеката поставен во центарот на конзолата го постигнува ефектот. Turbo!

(ПР-текст)

Економија

Костадинов: Над 1.300 компании добија бескаматни кредити за справување со последиците од корона-кризата

Објавено пред

Преку бескаматните кредити од кредитната линија Ковид 1 вкупно беа одобрени и исплатени 737 кредитни апликации на компании кои вработуваат над 6.500 лица, истакна портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Оваа линија беше наменета за компании од угостителската, туристичката и транспортната дејност, кои беа и први погодени од кризата.

Со кредитната линија Ковид 2, како што информираше Костадинов, одобрени биле 639 кредитни апликации на домашни компании кои вработуваат вкупно 11.325 лица.

Со тоа, со двете кредитни линии поддржани се над 1.300 домашни компании.

„Она што е важно да се напомене е дека најголем дел од поддржаните субјекти се микро компании кои вработуваат до 10 лица, што во реалноста значи дека државата во најголем дел застана зад семејните, мали бизниси кои се есенцијата на нашата економија“, рече Костадинов.

Тој истакна дека подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки е при крај и реализацијата ќе започне во следниот период.

Прикажи повеќе...

Економија

Вицепремиерот Битиќи во посета на компанијата „Еуроедил холдинг“ и средба со бизнисмените од Дебар и Маврово-Ростуше

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, во рамки на серијата консултативни средби, вчера изврши работна посета на општините Дебар и Маврово-Ростуше, при што ја посети фабриката на „Еуроедил холдинг“ и оствари средба со претставници на компаниите кои работат во овие општини.

За време на посетата на компанијата „Еуроедил холдинг“, лоцирана во с. Скудриње, која е една од компаниите кои имаат потпишано договори за државна помош преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, вицепремиерот разговараше со менаџментот на компанијата за текот на реализацијата на нивниот инвестициски проект, како и за предизвиците со кои се соочуваат во тековното работење, а ги посети и производствените капацитети на претријатието. Компанијата има договор за инвестициски план со вредност од 1 милион евра за 5 години, а како државна поддршка во првата година од страна на Владата се исплатени околу 30.000 евра, за оправдани инвестициски трошоци.

„’Еуроедил’ е една од компаниите коишто се корисници на Законот за финансиска поддршка на инвестиции и навистина е една компанија којашто укажува како нашите луѓе коишто работат надвор знаат и умеат, прво да се вратат во нашата земја, второ, да покажат дека знаат да бидат и инвентивни и трето, дека знаат многу добро да бидат поврзани во синџирот на набавка со странските компании. Оваа компанија произведува полуготови и готови продукти коишто одат на европскиот пазар преку реномирани светски компании. и тоа навистина е за поддршка. Денеска зборувавме за сè што би требало да направиме за оваа компанија којашто има план за проширување на нивниот производствен капацитет и укажав дека како влада ќе поддржиме  која било иницијатива, не само од оваа компанија туку и од сите други компании во овој регион, затоа што тоа значи повеќе креирани работни места, значи развој на самиот регион и секако придонес кон целокупниот развој во државата. Уште еднаш би сакал да укажам дека во суштина не е битно местото во коешто оперирате, дека Северна Македонија има потенцијал, има луѓе коишто знаат да развиваат бизнис и со тоа да покажат дека ние знаеме да направиме економија којашто е конкуретна на домашен, но и надвор од домашниот пазар“, посочи вицепремиерот Битиќи по посетата на фабриката на „Еуроедил холдинг“, компанија основана од наш граѓанин, повратник од странство.

Управителот на „Еуроедил холдинг“, Раким Рамадановски, објасни дека компанијата е формирана во 2005 година и работи со лимени производи, производство и полупроизводство за сувата градба. Нивните производи ги пласираат на на европскиот пазар и во земјите од регионот. Компанијата има 62 вработени, а имаат планови и за натамошно проширување на производствените капацитети.

За време на работната посета, во организација на градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вицепремиерот Битиќи оствари средба и со претставници на компании кои функционираат во општините Дебар и Маврово-Ростуше, со кои разговараше за актуелните предизвици со кои се соочуваат за време на социо-економската криза, како и за мерките кои се подготвуваат од Владата за нивно надминување и активностите кои Владата планира да ги спроведе во постковид периодот, а кои се предвидуваат одржлив раст и развој на економијата во сите региони во Северна Македонија и на земјата во целина.

Прикажи повеќе...

Економија

Шахпаска на средба со синдикатите и работодавците: Посветено ќе работиме на новиот закон за работни односи

Објавено пред

Во Министерството за труд и социјална политика министерката Јагода Шахпаска одржа работна средба со претставници од репрезентативните, нерепрезентативните синдикати и со претставници на работодавците.

На средбата се дискутира за продолжување на процесот на подготовка на законот за работни односи, при што Шахпаска побара активно вклучување на сите фактори засегнати од законското уредување на прашањата што ги регулира овој закон. Таа додаде дека следните работни среди ќе бидат надополнети и со претставници на невладиниот сектор и стопанските комори. Притоа таа присутните претставници ги запозна со содржината на програмата на Владата, а која е поврзана со законот за работни односи.

„Она на што ќе работиме периодов пред нас се уредување на прашањето во врска со сезонската работа, флексибилното работно време, родителското отсуство, работата од дома, работата од далечина, договорите на определено време и други прашања важни за унапредување на позитивното законодавство, а ќе обезбедат флексибилност и сигурност на работните места“, посочи Шахпаска.

Во овој процес ќе бидат вклучени и експерти од трудово право и Меѓународната организација на трудот, со цел добивање експертско мислење за усогласеноста на законот со директивите на ЕУ и конвенциите на МОТ.

На крајот од работната средба сите страни се согласија на поинтезивна работа и средби во периодот што следува, со цел побрзо заокружување на содржината на новиот закон за работни односи, се наведува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Македонија2 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Европа3 часа

Германија ја шири „црната“ листа

Германија стави региони од 11 европски земји на списокот со ризични области поради бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус...

Македонија3 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа4 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија4 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа5 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет5 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет15 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија16 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет16 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет19 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет19 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија19 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија21 час

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија21 час

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион22 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија22 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија22 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Досие