Контакт

Економија

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Објавено пред

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми.

Тоа значи дека не може да се наплаќаат сметки за струја, комунални услуги, да се врши исплата на пензии и социјална помош.

Сè додека не се избере друга банка со која ќе соработуваат за вршење платен промет, услугите ќе бидат блокирани. Рустеми не знаеше да одговори кога ќе се изнајде решение и кога ќе се потпише нов договор.

„Од денеска, поради неработењето на Еуростандард банка, на шалтерите на ‘Пошта’ не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош, други банкарски услуги и безготовински платен промет за депонентите од Еуростандард банка. Сите овие услуги ‘Пошта’ во својата мрежа ги обезбедува во име на Еуростандард банка и за нив наплаќа соодветен надоместок“, посочи Рустеми.

Според него, во првите шест месеци во 2020 година ‘Пошта’ обезбедила 110 милиони денари само од услугите што од денес не може да ги обезбеди, што е 19,4 отсто од вкупните остварени приходи.

„Во услови на пандемија, ова беа значајни приходи за ‘Пошта’ бидејќи здравствената криза придонесе и за огромен пад на приходите за поштенските услуги. Најмногу на тие од меѓународниот поштенски сообраќај. Над 870 вработени во ‘Пошта’, целосно или делумно, извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот од наведените финансиски услуги обезбедува плата за речиси 560 вработени во ‘Пошта’. Изразувам жалење за настанатата ситуација до сите граѓани и фирми, корисници на нашите услуги, со кои имавме одлична соработка во делот на наплата на нивните сметки или фактури“, додаде Рустеми.

Сега ‘Пошта’ бара спас од Владата како основач и Народната банка како регулартор на нивните услуги.

Економија

„Кроација осигурување живот“ организира бесплатна онлајн обука за лидерски вештини за млади

Објавено пред

„Кроација осигурување живот“, како општествено одговорна компанија ги поканува сите млади вработени, студенти и невработени за учество под нејзино покровителство во бесплатната 3-дневна обука во живо (преку Zoom) за вештините, алатките, знаењето и начинот на размислување кои ви се потребни за да ги водите другите- Лидерски вештини за млади – Aspiring Leadership

Обуката ја извршува Мотива центарот за образование и обука.

Термин: 28, 29 и 30 септември 2020 год. од 18:00 до 20:30 часот

Со цел да си резервирате место јавете се или пишете порака со ваш број да ве контактираат претставниците на Мотива на телефоните: 070 358 680 и 02 306 1114.

Повеќе за обуката на линкот.

Прикажи повеќе...

Економија

ФИТР: 2,35 милиони евра за поддршка на 84 микро и мали стартап-компании

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции  Фатмир Битиќи, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски, ги презентираа 84 стартап-компании, што ќе добијат финансиска поддршка од ФИТР на јавниот повик „Стартапувај 2“.

Државата во нив ќе вложи 2,35 милиони евра. Во рамките на овој повик, во првиот бран беа поддржани 53 компании, но поради квалитетниот број апликации по препорака на Комитетот за одобрување  инвестиции, беа обезбедени дополнителни милион евра, за поддршка на уште 31 микро и мали стартап-компании. Вкупниот обем на инвестиции изнесува над 3 милиони евра, од коишто 77%, односно 2.35 милиони евра се средства што ги обезбедува Владата во соработка со Светска банка, а 23% од средствата, односно речиси 702 илјади евра се средства коишто ќе ги обезбедат самите компании.

На настанот што се одржа во Музејот на современа уметност, своите искуства и успешни приказни ги споделија Симона Николова од „Уретани“ и Игор Томовски од „Пајл Контрол“, чии компании беа избрани на првиот повик „Стартапувај“. Тие веќе успешно работат и на меѓународните пазари, а за нив поддршката од државата и Фондот била клучна за развој и напредок. Со своите говори ги мотивираа сите да се охрабрат и да аплицираат бидејќи, како што вела,т процесот е транспарентен и беспрекорен, а техничката поддршка од Фондот особено значителна.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи е охрабрен од ваквите примери.

„Верувам дека во изминатите три години покажавме и докажавме како треба и како се поддржуваат луѓето кои имаат добри идеи. Го етаблиравме Фондот за иновации како дом за секој храбар, млад човек со конкретна идеја. Во портфолиото на Фондот, само во овие 3 години, заедно со овие кои денес ги објавуваме, поддржани се или ќе се поддржат повеќе од 500 домашни компании, во најголемиот дел станува збор за микро и мали фирми, што е навистина неспоредливо со периодот пред 2017 година, кога беа поддржани само 30-ина компании. Притоа, ова се компании кои ќе реализираат проекти во вредност од 73 милиони евра, вкупен обем на инвестиции, и влог на компаниите и поддршка од ФИТР“, рече во своето обраќање вицепремиерот Фатмир Битиќи.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави зголемена поддршка и нови владини мерки за стартап-компаниите во иднина.

„Сакам да ви честитам за храброста во овој период да ги почнете со реализација на вашите бизниси со што секако ќе станат вредни не само во нашата држава, преку една ваква идеја со мал труд може да станете големи компании во глобални рамки. Јас сум убеден дека имаме многу млади луѓе кои имаат идеи само треба да ги охрабриме, да им дадеме можност, да не ги спречиме во исполнување на нивните идеи, а на таков начин ќе креираме и подобра економија за нашата држава, но истовремено подобар животен стандард за нашите граѓани ќе креираме подобро платени работни места, а на тој начин ќе направиме поуспешна држава за сите нас, а утре и за нашите деца“, истакна во своето обраќање министерот за економија, Крешник Бектеши.

Тој додаде дека ако пред три години државата не одвојуваше ни 1,5 милиони евра за стартап-бизниси, сега само во период од една година буџетот за оваа намена е зголемен за 10 пати. Според него, ваквите успешни приказни се поттик во иднина да се зголеми буџетот за поддршка на младите за стартап-бизниси.

„Можам да ви кажам само едно големо благодарам, дека се охрабривте и во ова време на криза решивте да инвестирате во својата иднина и развој. Токму вие млади луѓе и вашите компании сте она здраво јадро во економијата што ќе нè извлече напред. Со вас, од оваа економска криза ќе излеземе посилни. Во овие три години заедно покренавме инвестиции од над 73 милиони евра, од кои над 40% се ваш влог, на домашните компании. Сега, веќе можеме гордо да зборуваме за многу успешни приказни и резултати од работата во изминатите три години. Само во 2019 година фирмите што користат средства од Фондот уплатиле на име придонеси и данок на добивка за 3,5 милиони евра повеќе средства во буџетот отколку што Фондот исплатил кон проектите. Тоа се 3,5 милиони евра повеќе за болници, училишта, наставен кадар и медицински персонал, за пензии, социјала“, рече Деспотовски.

Тој нагласи дека охрабрува фактот што Фондот ги поттикнал младите во земјава своите бизнис-идеи да ги преточат во успешен бизнис, што го потврдува и бројката дека над 52% од овие компании се основани во последната година. Деспотовски додаде и дека со таргетирани мерки во изминативе години континуирано се работи на поддршка на стартап-заедницата.

„Со овој повик веќе семејството на ФИТР брои над 500 компании. Но речиси 55% од нив, односно 299, се токму стартап-компании. Во нив вложуваме над 17 милиони евра. За споредба до 2017 биле поддржани само 30 стартап-компании со 850.000. Успеавме и покажавме дека оваа држава може да биде водечка, и тоа во една област што е неверојатно клучна во 21 век. Престижниот ‘Фајненшал тајмс’ го рангираше токму Скопје за место со најдобра клима за почеток на стартап-бизнис. И, тоа не е случајно, туку темелно одработено со конкретни резултати кои ги покажавме особено во изминативе 3 години“, рече Деспотовски.

Инаку, стартап-компаниите избрани на овој повик ќе работат на проекти во 15 различни области, меѓу кои и во медицина, градежништво, земјоделие и ИТ-технологии. Во најголем дел се микро (75) и мали (9) компании. Со реализација на инвестициските проекти, ќе се отворат нови добро платени работни места за млади луѓе, односно овие компании кои моментално вработуваат 280 лица, ќе вработат дополнителни 246 луѓе со просечна плата речиси 600 евра.

Вкупно 235 компании аплицирале во рамките на јавниот повик „Стартапувај 2“, 203 ја поминале фазата на административна проверка, а 181 продолжиле во фазата на финална селекција.

Прикажи повеќе...

Економија

Кузеска: 309.000 граѓани добија платежни картички во вредност од 26.8 милиони евра

Објавено пред

Преку мерката „купувам домашно“, како дел од сетот економски мерки, вкупно се изработени и подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош, над 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања, а над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

„Токму оваа мерка го поддржа и помогна домашниот буџет на граѓаните, ја зголеми потрошувачката, како и работата и производството на домашните компании“, рече Кузеска.

Посочи и дека преку мерката „Дома си е дома“, Владата предводена од СДСМ доделила ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едно од најпогодените гранки.

„СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори“, изјави Кузеска.

Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки, со цел поддршка и на работниците и на компаниите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет2 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија2 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија4 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија4 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион4 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Македонија5 часа

Бошковски од Инфективна: „Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично“

Состојбата ми е подобра, се чувствувам одлично, вели лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошковски, по информацијата дека синоќа...

Македонија5 часа

Поради несослушани сведоци, одбиени докази и толкувани снимки, Миланов смета дека Јанакиески е жртва во „Насилство во Центар“

Ако се суди според казнената политиката не би требало да има ништо повеќе од условни казни, а Миле Јанакиески е...

Свет6 часа

Путин: Во Русија наскоро ќе биде регистрирана уште една вакцина против коронавирус

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека наскоро ќе биде регистрирана втората руска вакцина против коронавирусот. „Наскоро ќе биде регистрирана друга...

Македонија6 часа

Извештај на ИЈЗ: Пораст на бројот на новозаразени и починати за една недела

Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 14 до 20 септември, регистрирани се вкупно...

Македонија7 часа

Родителите кои беа ослободени со мерките и хронично болните се враќаат на работа

Од денеска, со одлука на Владата, дел од групите кои целосно беа ослободени од работа поради состојбата со коронавирусот, се...

Македонија7 часа

(Видео) Заев – Гир: За неколку месеци очекуваме успешна завршница на подготовките на преговарачката рамка

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на ЕУ во нашата земја, неговата екселенција Дејвид Гир. Тој...

Европа8 часа

Лукашенко ненајавено положи заклетва за претседател

Александар Лукашенко денеска ненадејно и без најава положи заклетва за новиот претседателски мандат, пренесува државната новинска агенција „Белта“. Церемонијата за...

Европа8 часа

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет9 часа

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија9 часа

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија10 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија23 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија24 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Досие