Контакт

Економија

Просечната плата во јануари изнесувала 28.272 денари

Објавено пред

Просечната плата пораснала во однос на минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата по вработен, во јануари изнесувала 28.272 денари.

dobivaj vesti na viber

Зголемувањето се должи пред сè  на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена и социјална заштита (12.4 отсто), Уметност, забава и рекреација (8.4 отсто) и Информации и комуникации (8.3 отсто). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (7.7 отсто), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.9 отсто) и Информации и комуникации (5.4 отсто). Како што објави Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2021 година, во однос на јануари 2020 година е 102.7.

На врвот се вработените во воздухопловен транспорт, информации и комуникации, програмерите, додека најмалку заработуваат вработените во кожарската индустрија, текстилот, трговијата.

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на ЕСМ е ризичен за да му доставиме понуди

Објавено пред

Васко тендер Ковачевски е ризичен за да му бидат доставени какви било понуди, загрижени сме дека со ангажманот на Васко тендер Ковачевски може да стане збор само за провизии на штета на граѓаните. Ваква е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно денес директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, повика фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда.

dobivaj vesti na viber

„Понудата за дуел е јавна, а барањето за средба е исто така јавно! Ова не е пазар, туку сериозна работа. Ако снабдувањето на енергенси на државата во криза се смета за обичен пазар, тогаш имаме сериозен проблем“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски претходно  изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со коишто државата ќе заштеди 300 милиони евра. Директорот на ЕСМ рече дека секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Објавено пред

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

dobivaj vesti na viber

Мицкоски претходно вчера изјави дека тој и неговата партија имаат контакти и индикативни понуди од компании за набавка на мазут и природен гас со коишто државата ќе заштеди 300 милиони евра.

Ковачевски вели дека секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена.

„Ја користам оваа можност јавно да го повикам Мицкоски да ги информира сите тие компании од кои има индикативни понуди, а кои биле со важност од една недела, во текот на следните неколку денови, но не подоцна од среда, да ги комплетираат понудите и да ги достават до АД ЕСМ. Понудите од компаниите треба да имаат: технички карактеристики на енергенсот (мазутот или природниот гас); да ги имаат сите сертификати;  да ги имаат сите потребни лиценци; да имаат обезбедени количини (250.000 тони мазут и 250.000.000 нормални метри кубни природен гас); да имаат договори со испорачатели; да имаат обезбедено транспорт до производните капацитети (мазутот до ТЕЦ Неготино, РЕК Осломеј и РЕК Битола, а природниот гас до ТЕ-ТО и топланите во Скопје); да имаат динамика на испорака согласно производниот план; да имаат обезбедено банкарска гаранција“, изјави директорот на ЕСМ.

Ковачевски образложи дека станува збор за критериуми кои и досега се барале, во сите јавни набавки на овие енергенси.

Сите понуди од овие компании кои по препорака на Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ, рече тој.

„Доколку евентуално пристигнат тие понуди и ги исполнуваат сите споменати критериуми и имаат најниска понудена цена, со тие компании ќе бидат склучени договори. Очекуваме, според вчера кажаното, евентуалните понуди да бидат со ниски цени, а со тоа ЕСМ и државата да заштедат 300 милиони евра. Доколку, пак, не пристигнат понуди по препорака на Мицкоски, ќе ја известиме јавноста за исходот на постапката“, додаде Ковачевски.

Прикажи повеќе...

Економија

Најголемиот германски производител на пиво го прекина производството во Франкфурт

Објавено пред

Германскиот производител на пиво „Радебергер“ објави дека поради драматично зголемување на трошоците ќе ја затвори фабриката во Франкфурт.

dobivaj vesti na viber

„ Најдоцна до октомври 2023 година Групацијата ‘Радебергер’ ќе ги прекине активностите за производство и флаширање на локацијата во Франкфурт, т.е. во пиварницата ‘Биндинг’ и постепено ќе ги префрли марките и количините произведени и флаширани таму на сестринските локации“, објавија од фабриката.

Околу 150 работници би требало да останат без работа, а од компанијата нагласуваат дека „секаде каде што е можно, бараат општествено прифатливи решенија“, како хонорарна работа за постари работници и работа во други погони.

Седиштето на Групацијата „Радебергер“ останува во Франкфурт. Поради драстичното зголемување на цените на суровините, енергенсите и логистиката, групацијата веќе ги зголеми цените на пивото, но тоа долгорочно не ги реши проблемите, потенцираат оттаму.

„ Со оглед на сегашните кризи, огромниот товар со кој се соочуваат германските производители на пиво и, последно, но не и најмалку важно, драматичната експлозија на трошоците со која ние како индустрија треба да се справиме, ситуацијата за жал стана неодржлива“, рече портпаролот Гидо Мокел.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Груби: На Али Ахмети му треба народот, на народот му треба Али Ахмети

Вицепремиерот Артан Груби денеска изјави дека ДУИ може да функционира и без него. Оваа негова изјава дојде откако лидерот на...

Европа13 часа

Медведев: Голема Русија повторно се раѓа

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, се огласи по потпишувањето на указот за пристапување на четирите окупирани украински...

Европа14 часа

Зеленски: Подготвени сме за дијалог, но со друг претседател на Русија

Во Украина денеска се одржа итен состанок на Советот за национална безбедност, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по состанокот...

Топ15 часа

Почина 55-годишен скопјанец, со велосипед удрил во запрено товарно возило

Денеска (30.9.2022), во 13.20 часот, во СВР Тетово е пријавено дека на автопатот Тетово – Скопје, во непосредна близина на...

Свет17 часа

(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво...

Економија18 часа

(Видео) Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, порача директорот на ЕСМ

Фирмите што ги нуди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да ги достават понудите до среда, порача на прес-конференција генералниот директор...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Го повикувам Ковачевски да не дезертира од дуел, како што тоа вообичаено го прави во својот живот

При денешната посета на општина Јегуновце, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, истакна дека владата и Ковачевски повторно молчат...

Македонија18 часа

Груби: ДУИ може без мене, нема раскол во партијата

Вицепремиерот Артан Груби, смета дека ДУИ може да функционира и без него. Ова доаѓа откако лидерот на оваа партија, Али...

Македонија18 часа

Именуван нов заменик-градоначалник на град Скопје

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски. Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран...

Македонија20 часа

Захариева: Одамна антибугарскиот бран стана антиевропски

Антибугарскиот бран во Македонија одамна се претвори во антиевропски. Граѓаните на Северна Македонија до ден денес се жртви на комунистичката...

Македонија21 час

„Огнените“ од ДУИ по средбата со Ахмети остануваат на ставот за промена во извршната власт

Група функционери и активисти на ДУИ од таканаречената „Огнена група“ предводени од градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, и чаирскиот огранок...

Свет23 часа

Амбасада на Русија: САД не треба да се сомневаат во нашата подготвеност да се браниме

Американската војска не треба да се сомнева во подготвеноста на Русија да ги брани својот суверенитет, територијален интегритет и народ...

Свет23 часа

Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде...

Свет23 часа

Бајден: Никогаш нема да ги признаеме руските референдуми во Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека Америка никогаш нема да ги признае руските обиди да заземе делови од украинската...

Свет23 часа

Путин потпиша указ – ја призна независноста на Херсон и Запорожје

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за признавање на регионите Херсон и Запорожје како независни територии. „Во согласност со општо...

Македонија23 часа

MО: 78 милиони долари сојузничка поддршка од САД за модернизација, опремување и развој на капацитетите на Армијата

Армијата на Република Северна Македонија добива 78 милиони долари американска поддршка во развојот на своите капацитети, модернизацијата, опремувањето и развојот...

Свет2 дена

Гутереш: Руската анексија на украинските територии би била опасна ескалација

Доколку Русија продолжи со плановите за анексија на четири украински региони, тоа би претставувало опасна ескалација што би ги загрозила...

Македонија2 дена

Ковачевски: Да се обединиме за европска иднина околу стремежот за европска Македонија

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, од македонското Собрание денеска повика на обединување на сите фактори за европскиот пат...

Топ2 дена

Притвор за кавадарчанка, која свирепо го убила својот партнер

На 28.9.2022, од страна на полициски службеници од СВР Велес – ОВР Кавадарци, во координација со Одделот за криминалистичка полиција,...

Македонија2 дена

Со парите од вилата во Њујорк да се купат дипломатски станови, бара синдикатот

Македонскиот дипломатски синдикат го поздрави успешното продавање на недвижноста на поранешна Југославија на Петата авенија во Њујорк, во рамки на...