Контакт

Економија

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Објавено пред

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на фабриката за кој треба да гласа изборното собрание на доверители точно напладне. Вработените се против барањето на бугарски „Минстрој холдинг“ за запирање на стечајот за „Фени“. Вршителот на должноста претседател на синдикатот на „Фени“, Душко Николов, вели дека комбинатот работи, а тие земаат редовни плати.

„Во моментот просечната плата во ‘Фени’ е 27 илјади денари, а ние се залагаме таа да достигне до 33 илјади како во најдобрите времиња на фабриката. Тоа што го предлага ‘Минстрој холдинг’ за нас значи ликвидација на фабриката, која повторно ќе нè остави без работа“, вели Николов.

На пеколното сонце вработените мирно протестираат пред судот и најавуваат дека ќе останат тука сè до завршување на собранието на доверителите. Во судот веќе влегоа стечајниот управник Мирослав Анастасиевски, сопственикот на ГСОЛ, Марко Комхис, кој сега стопанисува со „Фени“, како и голем број претставници од сегашниот раководен тим во фабриката. Во судот влезе и претставникот на „Кунико ресорсис“.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Kонсултативна средба за Иловица-Штука: Нема да се користи цијанид и сулфурна киселина

Објавено пред

Од

zoran-zaev

На иницијатива на Претседателот на Владата, синоќа во Струмица се одржала консултативна средба за Проектот за развој на рудникот за бакар и злато Иловица – Штука, соопшти владината прес-служба.

Во четиричасовната дискусија со која претседавал Заев, учествувале владини претставници од ресорните министерства и институции, градоначалници и претставници на засегнатите локални самоуправи, претставници на локалните заедници, граѓански организации и здруженија, технички експерти, претставници на ЕБОР и на компанијата – носител на проектот, „Еуромакс“, како и други засегнати страни.

Во текот на дебатата, како што соопшти Владата, биле презентирани аргументи и студии од сите страни и се соочувале ставови со цел меѓусебно разбирање и наоѓање решенија.

„Во рамки на дискусијата беше поздравена и одлуката на „Еуромакс“ да ги отстрани цијанидот и сулфурната киселина од процесите, во интерес на заштита на животната средина и со цел отстранување на грижите на локалното население во регионот. Со внимание беа разгледани и економските параметри кои покажуваат дека оваа инвестиција и работата на рудникот ќе учествува со 3% од БДП во Македонија, и ќе обезбедува даночни приходи во висина од 24 милиони евра годишно, со отворање на 500 директни и 2700 индиректни вработувања за граѓаните од овој регион“, соопшти Владата.

На средбата, премиерот изнел неколку заклучоци кои биле поздравени од присутните, меѓу кои тоа дека сите засегнати страни имаат заедничка цел, да се отстранат ризиците и стравовите поврзани со животната средина и здравјето на граѓаните.

Меѓу заедничките заклучоци од состанокот е и најавата за формирање на независно мониторинг тело што ќе врши проверка на секој следен чекор низ претстојните фази.

 

Прикажи повеќе...

Економија

ВМРО-ДПМНЕ: Изградбата на браната Конско беше наш проект

Објавено пред

Од

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира дека изградбата на браната Конско што започна денеска е уште еден проект кој бил изготвен од претходната влада, а новата се обидува да го претстави како свој.

„Браната Конско е проект со кој ќе се овозможи водоснабдување на Општина Гевгелија и ќе се обезбеди можност за гравитационо наводнување на околу 8.000 ха површини земјоделско земјиште кои сега се наводнуваат со пумпање. Со реализацијата на овој проект дополнително ќе се создадат услови за обезбедување нови количини вода за подобрување на хидролошката состојба на Дојранското Езеро.
ВМРО-ДПМНЕ го поздравува тоа што овој проект ќе се реализира, иако речиси цела година беше одложуван. Јасно е дека Заев ја применува старата пракса со одложување на проектите од претходната власт од година-две, потоа да ги прикаже како свои“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата додава дека проектот во фаза на подготовка бил завршен од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во период 2010-2015, кога биле завршени сите фази од основен проект, студии за оцена на влијанието врз животна средина, па се до изборот на најповолен изведувач.

 

Прикажи повеќе...

Економија

Заев: Започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 години

Објавено пред

Од

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска го означија старот на изградбата на браната ХС Конско.

Премиерот Заев во своето обраќање истакна дека започнува изградба на најголем инфраструктурен проект во овој регион последните 50 години.

„Изградбата на Хидросистемот „Конско“, за граѓаните на општина Гевгелија ќе значи реализирање на нивната долгогодишна потреба и желба од навремено снабдување со чиста и здрава вода за пиење, вода за наводнување која ќе дојде до нивите и плодните земјоделски површини, плантажите и фармите, но ќе биде и вода за дотур која ќе значи и спас за нашето убаво Дојранско езеро“, рече Заев.

Премиерот додаде дека Владата стои цврсто на определбата за реализација на крупни капитални инвестции кои ќе донесат одржлив и долгорочен бенефит за граѓаните и за развојот на економијата.

„Изградбата на овој хидросистем претставува најголем инфраструктурен зафат во овој регион изминативе 50 години кој ќе се гради со обезбедени средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Програмата за рурален развој и што е најважно оваа вештачка акумулација ќе има мултифункционална улога“, нагласи Заев.

Клучната агротехничка функција на ХС „Конско“ ќе биде обезбедување на чиста вода за наводнување на земјоделските површини со што ќе се создадат неопхопдните услови за развој на конкурентно земјоделство, зголемување на производството на храна и на регионалниот економски развој. Освен за наводнување, водите од акумулацијата “Конско” и протечните води ќе се користат и за производство на електрична енергија. Дополнително, ова вештачко езеро ќе претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија и ќе создаде услови за развој на риболовот, туризмот, спортот и рекреацијата.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Лидерската продолжува в понеделник во девет наутро

Лидерската средба ќе продолжи во 9 часот в понеделник во истиот состав како и минатиот пат, потврдија извори од Владата...

bugarija-eu bugarija-eu
Регион5 часа

Бугарскиот парламент и забрани на владата реадмисија на мигрантите од ЕУ

Бугарскиот парламент синоќа, со мнозинство гласови, ја усвои резолуцијата со која на владата и забранува да потпише билатерални договори со...

Debarsko Ezero Debarsko Ezero
Топ6 часа

Рибар го пронајде телото на лице што се водеше за исчезнато во Дебар

Утрово по шест часот, било пријавено дека во водите на Дебарско Езеро од страна на рибар, пронајдено било телото на...

sad-kina sad-kina
Свет6 часа

ЦИА: Кина води тивка студена војна против САД

Главниот експерт на ЦИА за Азија, предупреди дека Кина води „товок вид на студена војна“ против САД, користејќи ги своите...

Македонија7 часа

Четири лица добија кривични за сообраќајката во која починаа двајца мигранти

МВР поднесе кривична пријава против четири лица, во врска со настанот од 25-ти минатиот месец, кога при собраќајна незгода починаа двајца...

Македонија8 часа

Полицаец пронајден мртов со прострелна рана во главата

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп со екипа од крим-техника, изврши увид на местото во близина на локалниот...

Македонија8 часа

Демократската фракција на ВМРО-ДПМНЕ бара oд Мицкоски да поднесе оставка

ВМРО ДПМНЕ – Демократска Фракција преку соопштение го повика лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски итно да поднесе оставка од функцијата...

Македонија19 часа

Груби ја затвори расправата за Изборниот законик без ниту еден прифатен амандман

Претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, ја затвори расправата за Изборниот законик, без да прифати ниту еден амандман....

artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik artan grubi, komisija. vmro-dpmne, amandmani, dik, izborni izmeni, zakonik
Македонија1 ден

Алими побара нова пауза за проверка на преводот, опозицијата вели: „Власта не сака да дебатира“

По паузата од два часа, пратеникот Ејуп Алими побара нова пауза на Комисијата за европски прашања за да го проверат...

Македонија1 ден

Кој ќе биде амнестиран со можните измени на Кривичниот законик?

ВМРО-ДПМНЕ не преговара за амнестија, туку бара подобри законски решенија, вака опозициската партија реагира на објавите дека се обидуваат да...

Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ Косово, Рамуш Харадинај, Александар Вучиќ
Регион1 ден

Харадинај: Евентуална поделба на Косово би значело почеток на војна

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави дека евентуална поделба на Косово за него би претставувало почеток на војна. Харадинај го...

Gavril Bubevski SJO Gavril Bubevski SJO
Македонија1 ден

(Видео) СЈО му честиташе на судот за конфискацијата на целата сума од тендерот во пресудата за „Труст“

Обвинителот Гаврил Бубевски од специјалното јавно обвинителство по изрекувањето на пресудата за случајот „Труст“ рече дека е задоволен од пресудата,...

Тимјаник, Мила Царовска, дом Тимјаник, Мила Царовска, дом
Македонија1 ден

Отворен домот во Тимјаник, во него се сместени четири деца

Официјално почнува со работа новиот мал групен дом во Тимјаник, Неготинско. Од денеска тука ќе бидат сместени четири деца од...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

(Видео) Сеад Кочан осуден на 6 години затвор, Авировиќ на три години

Бизнисменот Сеад Кочан е осуден на шест години затворска казна во предметот „Труст“ на СЈО, а Василије Авировиќ на три...

ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK ilija dimovski, amandmani, komisija, DIK
Македонија1 ден

Димовски до Груби: Седнете со Џафери и гласајте сами за ДИК

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, му порача на претседателот на Комисијата за европски прашања, Артан Груби, дека Владата ставила европско...

Свет1 ден

Ако не успеат договорите, ќе бидам најголемиот непријател на Путин, порача Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вети дека доколку не успеат неговите договори со рускиот претседател, ќе биде најголемиот непријател на Владимир...

Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија Александар Македонски, мумија, Египет, Александрија
Вести1 ден

Отворен саркофагот во кој се веруваше дека се останките на Александар Македонски

Истражувачите го отворија саркофагот стар 2 000 години што беше пронајден во Египет и ги покрена шпекулациите во локалните и...

Мисури, САД, туристи, несреќа Мисури, САД, туристи, несреќа
Свет1 ден

(Видео) Единаесет мртви откако туристички брод се преврте во САД, нуркачите трагаат по исчезнати

Најмалку 11 лица загинаа во Мисури откако се превртел брод кој превезувал туристи по езеро, соопшти полицијата. Амфибиското возило Ride...

Македонија1 ден

Димитров во дводневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денеска се наоѓа во дводневна официјална посета на Косово. Покрај средбата со својот...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше...

Досие