Контакт

Економија

Пуштено парното греење во Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром

Објавено пред

АД ЕСМ, подружница ,,Енергетика”, почна со испорака на топлинска енергија, пред официјалниот почеток на грејната сезона.

Парно греење денеска добија 3.546 домаќинства, 17 основни и средни училишта и детски градинки и 75 деловни субјекти во скопските населбите Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром.

Согласно Правилникот за снабдување со топлинска енергија, испораката може да почне и пред 15 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според официјалните податоци од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во управната зграда на „Енергетика“ во населба Железара достапна е канцеларија за сите информации потребни на граѓаните, како и телефонските броеви 3104 816 и 3104 872.

Економија

Јапонија издвојува уште 302 милијарди долари за поддршка на економијата

Објавено пред

Јапонската влада планира да вклучи дополнителни 302 милијарди долари за директно трошење во буџетски расходи, како дел од вториот пакет мерки за ублажување на економското влијание на пандемијата на коронавирус, а денес се очекува одлуката, објави весникот „Маиниќи“.

Трошењето на 32,5 билиони јени (302 милијарди долари) ќе биде дел од стимулативната програма вредна 110 билиони јени, се вели во весникот, пренесува „Ројтерс“.

Оваа сума ја надминува вредноста на претходното зголемување на буџетските расходи за економска поддршка од 25,6 билиони јени, со што вкупните вонредни средства што државата досега ги вети ќе надминат 58 билиони јени, со цел да се намалат негативните ефекти од здравствената криза врз економската активност.

Зголемувањето на буџетската потрошувачка подразбира и издавање дополнителни државни обврзници, се вели во весникот.

Јапонија донесе рекорден пакет од 117 билиони јени во април, кој се фокусираше на исплата на готовина за домаќинствата и за санирање на директна штета од пандемијата.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе на прес-конференција рече дека вкупниот обем на стимулации од двата економски пакети ќе надмине 200 билиони јени, што е околу 40 проценти од бруто-домашниот производ на Јапонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Pеugeot управувач: од едноставна рачка до мултифункционален управувач

Објавено пред

На прв поглед, од самото појавување на автомобилот, управувачот е механички дел што најмалку еволуирал во неговата форма и функција. Сепак, никогаш не престанал да се менува, ниту пак се обидувал некогаш да ја смени својата кружна форма.

Првично многу едноставен и посветен само на контролата на возилото, тој постепено станува покомплексен. Функционалноста на управувачот постепено се надградувала со додавање на секундарни функции како што се: сирена, радио контроли, регулирање на брзината или контроли на ограничување, менување брзини преку систем за контрола на импулси и воздушно перниче. Материјалот на управувачот исто така значително се променил. Неговата рамка, првично изработена од дрво, станува челик, потоа алуминиум, и конечно магнезиум.

Првиот управувач се појавил во јули 1894 година на трката Париз-Руан, Опремени со рачка како управувач, автомобилите PEUGEOT, со 2-степени на пренос и 4 цилиндри, изгледале како моторизирани кабини.

Пионерите на автомобилизмот, всушност, сфатија дека е полесно за возачот да управува автомобил со помош на кружен управувач, наместо шипка или рачка. Па, управувачот со кружна форма постепено ја заменил рачката, која во тоа време служела како единствен систем за управување на автомобилите од тоа време. Постепено, автомобилите се развивале преку повеќе технолошки решенија, ослободувајќи се од концептот на “кочија со коњи“. Вака PEUGEOT Type 36 се разликувал од претходните модели, направени врз база на моторизирани кабини во 1901 година. Тој бил опремен со две големи иновации: капак на моторот на предната страна и управувачот наместо рачка.

Всушност управувачот претставува иновативен отскок за Брендот PEUGEOT!

Кружниот облик го олеснува држењето на управувачот при маневрирање, но исто така го овозможува и потребниот напор за ефикасно да се вртат тркалата на автомобилот. Управувачот може исто така да се соедини и со системот за управување со моќност при ниски вртежи, со цел полесно да се ротира управувачот при маневрирање. Додека управувачот останува архитектонски производ, тој исто така стана отскочна даска за иновации, што треба да одговори на барањата за перфектна видливост на контролната табла при возење и ергономски приоритети, но да биде поддршка за правилна дистрибуција на воздухот од вентилаторите.

Овие иновации се изразуваат и преку промените во материјалите што се користат при производство на управувачи. Техниката за меко полнење, обложувањето со кожа и други материјали се силни показатели на развојот на PEUGEOT како бренд.

Управувачот со меко полнење е резервиран за основните модели, додека full-grain кожата е наменета за повисоките верзии. За да биде разновиден, управувачот нуди и други ситни детали за поудобно возење, кои вклучуваат потпирачи за палецот и рамни површини за одмарање, обложени од кожа – што дава дополнителна чувствителност на допир.

Во спортскиот свет, управувачот е надграден со присуство на навлаки (GTi, GT-Line) или обоено шиење – што го истакнуваат управувачот. Всушност, моторниот спорт често има силно влијание врз технолошки иновации или софистицираност кај автомобилите.

PEUGEOT уште повеќе се истакнува со својата иновативност, нудејќи револуционерен ентериер базиран на компактен управувач, со екран на допир и head-up дисплеј, познат како PEUGEOT i-Cockpit. Како централен елемент, компактниот управувач го олеснува управувањето и се зголемува уживањето при возење. Со помала потреба да ги испружите рацете и помал опсег на движење за време на маневри, што ја подобрува брзината на возачот и агилноста додека обезбедува порелаксирана положба за возење.

PEUGEOT i-Cockpit продолжува да се развива и станува широко распространет елемент во целата гама (PEUGEOT 208, 2008, 308, 3008, 5008, 508, Rifter и Partner).

Во 2016 година, со лансирањето на PEUGEOT 3008 SUV, управувачот стана уште покомпактен.

Редизајниран обрач на управувачот кој е зарамнет на двете страни обезбедувајќи подобро држење и поголема прегледност за возачот и простор за нозете. До денес, додека PEUGEOT продолжува со иновативните решенија, преку 3D i-Cockpit, лансиран во 2019 година на новите модели PEUGEOT 208 и 2008 година, оваа револуционерна и единствена возачка позиција привлече скоро 6 милиони возачи. Затоа, PEUGEOT i-Cockpit и неговиот уникатен компактен управувач станаа препознатливи во DNK кодот на брендот.

Конечно, овие промени се дел од една едноставна амбиција: да се обезбедат технички решенија кои овозможуваат да се дизајнираат ентериери со стилска визија за иднината и да се обезбеди пасивна безбедност на највисоко ниво со напредни и компатибилни технологии.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Монтенегро ерлајнс“ се огласи по контрамерките од Србија

Објавено пред

По одлуката за одземање на дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, „Монтенегро ерлајнс“ соопшти дека Србија останува дел од сообраќајните планови на компанијата.

„Без оглед на оваа неочекувана одлука на Белград, Србија, секако, останува дел од нашите сообраќајни планови и ние ќе се обидеме да придонесеме за санирање на последиците од Ковида-19 од економски аспект што е можно побргу“, се вели во соопштението.

Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Србија претходно објави дека на авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“.

Ваквата одлука следува кога владата во Подгорица во понеделникот објави дека донела одлука од 1 јуни да ги отвори своите граници со голем број земји, но дека тие и понатаму остануваат затворени за Србија и Република Српска.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет2 часа

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет2 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирус

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија3 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија3 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија4 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава6 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија16 часа

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија16 часа

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија16 часа

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Македонија16 часа

Спасовски: Лицата кои се во државен карантин може да бидат во домашна самоизолација ако имаат негативен тест

Техничкиот премиер Оливер Спасовски кажа дека состојбата со коронавирусот е под контрола, при што ги соопшти новите одлуки на Владата....

Македонија17 часа

Од утре нема полициски час, задутре се отвораат рестораните и кафулињата

На денешната владина седница е донесена одлука да се укине полицискиот час во земјата. Одлуката ја соопшти техничкиот премиер Оливер...

Регион22 часа

Во Хрватска и Словенија нема нови случаи на коронавирус

Во изминатите 24 часа во Хрватска и Словенија не се потврдени нови случаи на коронавирус. Во Хрватска втор ден по...

Македонија22 часа

Регистрирани 16 нови случаи на коронавирус во Македонија, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 16 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 2.014 лица. Оздравени се 14...

Македонија23 часа

Адвокатот на Јанева вели дека Русковска нема докази против неа

Адвокатот Дељо Кадиев, кој ја застапува обвинетата Катица Јанева во предметот „Рекет“, по судењето, на кое завршни зборови даваше Обвинителството,...

Македонија23 часа

Русковска: Доживеавме разочарување кога клучниот лик во „Чарлиевите ангели“ премина на страната на злото

Во завршните зборови за случајот „Рекет“ обвинителката Вилма Русковска пред судот рече дека одбраната на обвинетите Бојан Јовановски – Боки...

Македонија23 часа

Арсовски: Избори во јуни не се можни

Избори во јуни не се можни, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Одговарајќи на новинарски прашања, тој ја отфрли можноста...

Македонија24 часа

Укинување на полицискиот час и отворање на границите и кафулињата, предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок одлучила да побара од Владата укинување на полицискиот час, а веќе во текот...

Свет1 ден

СЗО го суспендира тестирањето на лекот против малaрија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) го суспендира тестирањето на лекот против малaрија „хидроксиклорокин“ кај пациенти со Ковид-19 поради стравувањата за нивната...

Европа1 ден

Шпанија го намали вкупниот број на починати од Ковид-19 за 2.000

Шпанија синоќа објави дека од коронавирусот починале речиси 2.000 луѓе помалку отколку што се сметаше претходно. Министерството за здравство соопшти дека...

Досие