Контакт

Економија

Реагираат од НБ на прес-конференцијата на Трифун Костовски

Објавено пред

„Во однос на приватно нарачаниот извештај од поранешниот акционер, а воедно и долгогодишен претседател на Надзорниот одбор на Еуростандард банка, над којашто поради несолвентност во август 2020 година беше отворена стечајна постапка, изразуваме сериозна загриженост за леснотијата со која од различни поединци се изнесуваат неточни информации поврзани со банкарскиот систем и Народната банка. Ваквото неодговорно однесување поттикнато од лични интереси и приватни побуди, може да внесе немир и непотребно и неосновано да предизвика штета на финансиските институции во земјата, а со тоа и на економските субјекти и граѓаните“, се вели меѓудругото во реакцијата од Народна банка на прес конференцијата што денеска ја организираше бизнисменот.

dobivaj vesti na viber

Оттаму посочуваат дека „за Народната банка, оценките и мислењата, особено во делот на состојбите во банкарскиот и финансискиот систем на нашата земја и начинот на работата на Народната банка, искажани од страна на нарачателот на овој извештај, како и лицата кои се најмени од негова страна за да го изработат и промовираат во јавноста, се нерелевантни и неточни“.

„Народната банка е професионална и независна институција, којашто при одлучувањето ги применува највисоките меѓународни стандарди и практики, што е потврдено и со оценките на меѓународните финансиски организации и кредитни агенции. Последна во низата вакви оценки е одлуката на Европската комисија на крајот од минатата година дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е според стандардите на Европската Унија, со што Европската комисија ја вклучи нашата земја на листата на само 26 земји во светот кои ги спроведуваат овие стандарди“, се вели во соопштението.

„Во однос на работењето на Еуростандард банка, Народната банка вршејќи ја својата надлежност како супервизорски орган, утврди значајни слабости и пропусти во работењето. Започнувајќи од 2013 година па сè до 2020 година, Народната банка во врска со констатираното, на Еуростандард банка АД Скопје и изрече вкупно 30 правни акти, во кои беа содржани околу 120 различни мерки за подобрување на состојбата на банката. Народната банка нема да дозволи ниту една банка да продолжи да работи без исполнување на минималните законски услови, со што ја штити стабилноста на целиот банкарски и финансиски систем“, велат оттаму.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Пилотите на Lufthansa и Austrian Airlines ќе се подготвуваат за лет со македонска апликација

Објавено пред

Луфтханза групацијата во која спаѓаат авио превозниците Lufthansa, SWISS and Edelweiss Air, Austrian Airlines, Eurowings и други ќе ја користи македонската платформа Airport Briefing.

dobivaj vesti na viber

Платфромата им помага на пилотите да се подготват за лет преку 3Д приказ на теренот каде треба да слетаат.

Креатор на аплиакцијата е компанијата Synapsis Aviation чии основачи се Филип Арсов, претприемач со долгогодишно искуство и капетан Кочо Мојсов, пилот од Македонија кој работи во компанијата „5 star“. Спојот на ИТ/мултимедиа знаењето на Арсов и познавањето на авијацијата на Кочо се клучни во успехот на платформата. Први инвеститори кој веруваат во успехот на Airport Briefing, се токму пилоти кои се свесни за потребата од ваков производ.

Филип Арсов, ќе биде гостин во поткастот „Што го врти светот“, ќе зборува за тоа како после 18 години работа во ИТ секторот и повеќе проекти, конечно успева да си го оствари сонот за работа на сопствен македонски производ кој ќе стигне до најголемите европски клиенти. Тој ќе зборува за можностите кои технологијата ги нуди во однос на авијацијата и дали е возможно да се направат целосно безбедни летови кои нема да зависат од човечка грешка. Повторно се отвора темата за Вештачка интелегенција, која е веќе дискутирана во поткастот, но Арсов има малку поразличен став околу тоа дали таа ќе го замени човекот. Во стилот на „Што го врти светот“, Арсов ќе се обиде и да направи контрола на летање на виртуелни авиончиња.

Епизодата на „Што го врти светот“ со Филип Арсов теми можете да слушнете во четврток во 20 часот на: YouTube и Spotify.

Сите новости следете ги на социјалните медиуми на „Што го врти светот?“ со Јована на Facebook и Instagram.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи и Бектеши на средби во ЕБРД: Поддршка за реализација на енергетски проекти за забрзана енергетска трансформација

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, и министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска, во Лондон, остварија средба со генералната директорка во Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) за одржлива инфраструктура, Нандита Паршад.

dobivaj vesti na viber

На состанокот, на кој присуствуваше и генералниот директор на „НОМА гас“, Бајрам Реџепи, главен фокус беа активностите и проектите, кои со поддршка на ЕБРД се реализираат во нашата земја, како и идните планови и проекти, кои преку разни инвестициски проекти може да се поддржат во Македонија во насока на реализирање на зелената агенда.

На средбата беше поздравена успешната соработка што нашата земја ја има со ЕБРД како банка која е еден од најголемите поддржувачи на инфраструктурни проекти во земјата.

Во таа насока изразена е определба од двете страни дека реализацијата на проектите продолжува непречено да се одвива, независно од кризите предизвикани од војната во Украина, особено што станува збор за реализација на важни проекти за граѓаните и државава, во областа на енергетиката, транспортот, животната средина.

Битиќи истакна дека Владата активно работи на реализација на инфраструктурни проекти во насока на забрзан раст на домашната економија и подобрување на финансиската состојба на граѓаните.

Бектеши посочи дека за Северна Македонија од клучно значење е зголемување на енергетската независност на земјата, како и забрзаната енергетска транзиција за што се заблагодари на поддршката што ја има земјата во оваа насока, пред сè, во поддршка на изградбата на гасниот интерконектор помеѓу Северна Македонија и Република Грција.

Битиќи и Бектеши ја информираа директорката Паршад за идните планови за развој на енергетска инфраструктура во земјата, особено за проекти што се од важно значење за регионално енергетско поврзување за што најголем бенефит ќе имаат домаќинствата.

Прикажи повеќе...

Економија

Воспоставена нова авиолинија Скопје – Сараево

Објавено пред

Со инаугуративниот лет што полета вчера од Меѓународниот аеродром „Скопје“, грчката национална авиокомпанија „Еџијан ерлајнс“ почна со операции меѓу Скопје – Сараево со авион ATR72-600, со три фреквенции неделно.

dobivaj vesti na viber

Авиокомпанијата ќе лета од Скопје до Сараево секои понеделник, среда и петок.

„Задоволни сме што ‘Еџијан“ го зголемува своето присуство на нашиот пазар со воведувањето уште една нова дестинација од Скопје, покрај Атина, а тоа е Сараево. ‘Еџијан’ ќе лета трипати неделно од Скопје до Сараево и со добра конекција со постојната релација Атина – Скопје ќе овозможи непречено патување на Балканот. Веруваме дека оваа нова авиолинија ќе ја задоволи потребата на патниците бргу и удобно да стигнат од Скопје во Сараево за нешто повеќе од еден час наместо копнените видови превоз, кои траат со часови и значат исцрпувачки патувања меѓу двата главни града. Сега луѓето од Сараево може со летот на ‘Еџијан’ да пристигнат во Скопје за речиси еден час и да ги откриваат неговите популарни места за разгледување и културно наследство за време на нивниот одмор во градот или, пак, за време на продолжени рекреативни патувања во земјата“, изјави Неџат Курт, генерален директор на „ТАВ Македонија“.

„Задоволство ни е да го прославиме денес, со нашите први патници и избрани туристички агенти, отворањето на нашата нова авиолинија од Скопје до Сараево. Со овој нов лет, за кој набргу се надеваме дека ќе стане еден од омилените на патниците, сакаме да ја зголемиме поврзаноста и да го прошириме нашето присуство на балканските простори. Со нашите висококвалитетни услуги сакаме да ја промовираме меѓудржавната мобилност, да го промовираме туризмот и да ги зајакнеме трговските односи не само меѓу двете земји туку и со Грција. Воведувањето на оваа нова авиолинија е и резултат на соработката меѓу ‘Еџијан’  и Меѓународниот аеродром ‘Скопје’ и би сакал да им се заблагодарам на нашите колеги од ТАВ за одличното партнерство што го имаме. Ќе продолжиме да ја развиваме нашата мрежа и да нудиме нови можности за поврзување во регионот и, се разбира, со нетрпение очекуваме да ве видиме набргу на еден од нашите летови“, изјави Роланд Јаги, главен комерцијален директор на „Еџијан“.

„Наше големо задоволство беше да го пречекаме првиот лет на ‘Еџијан’ од Скопје, кој слета синоќа на Меѓународниот аеродром ‘Сараево’. Особено се радуваме на фактот дека воведувањето на оваа авиолинија беше резултат на заедничката и многу успешна соработка меѓу два аеродрома – скопскиот аеродром, управуван од ‘ТАВ Македонија’, Меѓународниот аеродром ‘Сараево’ и грчката авиокомпанија ‘Еџијан’.

Возбудени сме што ‘Еџијан’ ја препозна важноста и потенцијалот за воспоставување на оваа линија како одлично подобрување на комуникацијата и зајакнување на соработката во областа на економијата и туризмот меѓу Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Убеден сум дека соработката меѓу ‘Еџијан’ и Меѓународниот аеродром ‘Сараево’ ќе биде долга и успешна“, изјави Алан Баиќ, директор на Меѓународниот аеродром „Сараево“.

До крајот на октомври времето на полетување од скопскиот аеродром ќе биде во 19 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Сараево во 20.10 часот, а времето на полетување од аеродромот во Сараево ќе биде во 20.50 часот, со време на пристигнување на аеродромот во Скопје во 21.50 часот. Сличен распоред ќе биде понуден и во текот на зимата 2023/2024.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 минута

Шарл Мишел: Украина може да се приклучи на ЕУ во 2030 година ако двете страни си ја завршат домашната задача

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека Украина може да се приклучи на Европската унија во 2030 година доколку...

Македонија2 часа

Поведена постапка за делови од Законот за средното образование кои се однесуваат на користење бесплатен јавен превоз

Судот, постапувајќи по иницијативата на Лука Павиќевиќ од Скопје, одлучи да се поведе постапка за оценување на уставноста на членот...

Македонија2 часа

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, има уште еден активен пожар

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева,...

Европа2 часа

(Видео) Идентификувани 11 повредени во сообраќајната несреќа кај Венеција, многумина се на интензивна нега

Работник од Гамбија, кој работел во „Финкантиери“, заедно со својот колега стана еден од хероите на спасувањето патници од автобус....

Свет3 часа

(Видео) Пукање на универзитет во Балтимор, САД, неколку повредени

Неколку лица се повредени во пукотница во близина на универзитетскиот кампус во Балтимор доцна синоќа, соопшти полицијата во градот на...

Регион3 часа

(Видео) Голем пожар во компанија во Осиек: „Не останувајте на отворено“

Околу 40 минути по полноќ избувна пожар во дворот на компанијата „Драва интернешнл“ во населбата Бријест во Осиек. Гори пластична...

Европа5 часа

(Видео) 21 лице загинаа во страшната несреќа кај Венеција, меѓу загинатите и две деца

Најмалку 21 лице загина кога автобус излетал од надвозник во близина на Венеција. Scene in Venice, Italy where a bus...

Македонија12 часа

(Видео) Мечка и вечерва се спушти во Жировница

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објави видео од мечка во селото Жировница. „Вечерва низ тесните улички...

Македонија12 часа

Ако секој политичар јасно ги кажува ставовите државата ќе оди напред, рече Спасовски

Јасно и гласно го кажувам својот став. Ако секој политичар има одговорност и ги кажува јасно ставовиве државата ќе оди...

Регион14 часа

Османи за „Си-ен-ен“: Потребни се санкции против Србија, сакаме Радоичиќ да биде екстрадиран во Косово

Косовската претседателка Вјоса Османи за Си-Ен-Ен изјави дека Косово е нападнато и дека меѓународната заедница треба да воведе санкции кон...

Македонија16 часа

Нема да има отстрел на мечки: проблемот ќе се решава преку чистење на ѓубрето, посебни хранилишта, обезбедување на имотите

Владата, на денешната седница, го разгледа Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување...

Македонија18 часа

Народниот правобранител најави постапка, а инепкторатот надзор во „Демир Хисар“ по случајот со 17-годишното момче со аутизам

Институцијата народен правобранител ќе поведе постапка за случајот со 17-годишно момче со аутизам, за кое претходно во медиумите беше објавено...

Македонија21 час

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со законот за амнестија, тогаш нека ја напушти Владата веднаш

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, запрашан дали Спасовски прави театар или вистинско изразување за незадоволството со тоа што рече дека...

Македонија22 часа

Ковачевски: Одредени лица нема да бидат опфатени со законот за амнестија, СДСМ ќе поднесе амандман

Законот за амнестија е испратен во Собранието во процедура, без европско знаменце, рече денес премиерот Димитар Ковачевски. Нагласи дека неколку...

Македонија22 часа

Тренчевска: За линеарно покачување на пензиите повеќе нема да се разговара, легитимно е да се протестира

Пензионерите имаат демократско право да протестираат, но за линеарно покачување на пензиите повеќе со нив нема да се разговара, рече...

Топ23 часа

Загина 18-годишник од Тетовско: со возилото излетал од патот и удрил во столб

Вчеравечер, околу 21.30 часот, во СВР Тетово пријавено е дека на регионалниот пат Пирок – Тетово, во тетовско Долно Палчиште,...

Македонија1 ден

28 години од атентатот на Киро Глигоров

Поминаа 28 години од атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот...

Македонија1 ден

Бистри и матни случаи за септември 2023 година според „Транспаренси интернешнл – Македонија“

„Транспаренси интернешнл – Македонија“ продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење случаи и дејства поврзани со коруптивни однесувања...

Македонија1 ден

Вељаноски: Во овој парламентарен состав се сменија тројца министри за правда и двајца премиери, а сè уште немаме донесено закон за вонредна состојба

„В година ќе имаме претседателски и парламентарни избори! Нема никаква оправданост економска, политичка, во текот на една година да имаме...

Македонија1 ден

ЦУК: Вчера имаше 29 пожари на отворен простор, активни се уште два

Центарот за управување со кризи информира дека вчера имаше 29 пожари на отворен простор. Гореле стрништа, пасишта, отпадоци, сува трева,...