Контакт

Економија

Регулаторна да ја преиспита одлуката за поскапувањето на струјата, порачува ДОМ

Објавено пред

Зелената партија ја повикува Регулаторната комисија за енергетика да ја преиспита одлуката и да не дозволи покачување на цената на струјата за домаќинствата.

Од ДОМ велат дека во време на корона криза кога граѓаните се соочуваат со егзистенцијални проблеми, поскапувањето на струјата ќе предизвика дополнително оптеретување на нивниот домашен буџет.

„Потребно е ЕСМ и МЕПСО да ги намалат оперативните трошоци на работењето, а ЕВН како универзален снабдувач да ја намали маржата на профит, за да се добие поевтина електрична енергија што ќе рефлектира со пониски сметки за струја. ЕСМ мора интензивно да инвестира во обновливи извори на енергија за во иднина да биде конкурентен на пазарот“, предлага партијата.

Тие се децидни дека зголеменото искористување на обновливите енергии, пред се од сонцето, за производство на електрична енергија од страна на домаќинствата и компаниите, како и зголемената енергетска ефикасност на објектите, ќе овозможи пониски цени на струја, намалување на загадувањето и климатските промени.

ДОМ инсистира на подобрување на регулативата за поставување фотоволтаици во домаќинствата и компаниите, без ограничување на инсталираната моќност и субвенции за поставување фотоволтаици и енергетска ефикасност на домовите.

Вчера Регулаторната комисија соопшти дека цената на електричната енергија се зголемува за 7,4 отсто.

Економија

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на повикот за прилагодување од последиците од пандемијата

Објавено пред

Вкупно 123 домашни компании продолжуваат во фазата на финална селекција во рамките на Јавниот повик за брзо прилагодување од последиците од Ковид 19 на Фондот за иновации и технолошки развој (прв циклус). Овие компании планираат инвестиции од 237 милиони денари, од кои 97 милиони денари се нивен влог, додека од ФИТР побаруваат безмалку 139 милиони денари. На повикот кој беше отворен од 29.05 до 03.07.2020 година , аплицираа вкупно 166 компании.

Од овие 123 компании, 74 аплицираат по првпат во Фондот, 17% аплицираат по втор или повеќе пати без претходно добиена поддршка, додека само 9% се претходни корисници на средства. Според анализите во најголем дел се работи за мали (67) и микро (47) компании, како и 9 средни претпријатија.

Најголем дел на инвестициските планови се од областа на здравството, ИТ, трговијата но и категориите како машинство, креативната индустрија, угостителство и текстилната индустрија.

Во процесот на примарната селекција на инвестициските планови Фондот ангажираше соодветни надворешни стручни лица. Оценувањето се врши врз основа на следните критериуми: технолошки напредок и степен на дигитализација, односно во кој степен проектот ќе придонесе за дигитализација во процесите, развивање на нов или значајно подобрен производ, услуга или работен процес кај апликантот, потоа квалитет на проектот, капацитет на проектниот тим и влијание. Како новина во овој повик е воведено и дополнително бодување за компании со жени во управувачката односно сопственичката структура и компании што доаѓаат од помалку развиените региони, кои ќе имаат и предност при селекцијата.

Анализите покажуваат дека со воведувањето на овие критериуми, само со првиот циклус е поттикнато учество на компании управувани или во сопственост на жени, и тоа 46%, а зголемен е и бројот на компании со седиште во помалку развиените региони. Споредено со претходните повици, регистриран е пораст во југоисточниот (11%), источниот (10%) и полошкиот регион (4%).

Процесот на финална селекција продолжува онлајн, а конечната одлука за ко-финансирање ќе ја донесе Комитетот за одобрување на инвестиции, според горепсоменатите критериуми.

Во фаза на подготовка е нов циклус на аплицирање за финансиска поддршка за економско заздравување. За таа цел, Фондот во соработка со стопанските комори достави посебен прашалник до широк број на домашни компании. Со прашалникот, компаниите имаат можност за директен придонес во креирањето на условите за вториот циклус што Фондот планира да го реализира веднаш по завршување на тековниот. Прашалникот е поместен на следниот линк (https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfDmh-RNYUTSav0j6c69lajOOWHPnYBw0Lhhem8rnRPTXuTCQ/viewform) и достапен е за сите микро, мали, средни и големи компании од С.Македонија.

За реализација на втор и следни циклуси на јавни повици за економско заздравување Фондот иницира дополнителни средства од Владата, над веќе обезбедените 200 милиони денари, од кои поголем дел ќе бидат искористени уште со првиот циклус.

Програмата за економско заздравување е дел од третиот пакет економски мерки на Владата и е наменет за поддршка на микро, мали и средни компании кои имаат потврден потенцијал за успешно работење.

Прикажи повеќе...

Економија

Димковски: Винариите да формираат цени кои нема да бидат навредливи за земјоделецот

Објавено пред

Винариите треба да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, во Кавадарци, каде што оствари средба со градоначалникот на Општина Кавадарци Митко Јанчев,  градоначалникот на Општина Неготино Тони Делков, градоначалникит на Демир Капија Лазар Петров, пратениците Панчо Минов, Даниела Колева и Лолита Ристова како и претставници на здруженија на лозари и дел од лозаропроизводителите од овој регион.

На состанокот се разговараше за екстремно ниската откупна цена на грозјето на една од винариите која деновиве беше објавена на социјалните медиуми.

Грозјето од годинешната реколта е произведено со висок квалитет и големи приноси благодарение на поволните климатски услови кои оваа година им беа наклонети на лозарите. Следствено на тоа Mинистерството за земјоделство очекува висока откупна цена и откуп на целокупната произведена количина.

„Не смее да има никакви злоупотреби и уцени кон земјоделците од страна на било која винарија. Винариите треба да формираат цени кои нема да бидат навредливи за трудот на земјоделецот, туку напротив ќе го стимулираат производството. Целта на денешниот состанок е,не само на винаријата која објави екстремно ниски откупни цени на грозјето, туку и на сите други винарски визби кои вршат откуп, да им се укаже дека треба да формираат прифатливи откупни цени кои ќе бидат достојни за трудот на земјоделецот“, рече Димковски.

Од овој состанок произлезе и записник според кој :

-Се предлага до средината на наредната недела да се одржи состанок помеѓу МЗШВ и винариите со цел да се утврди откупната цена на грозјето за овогодинешната реколта и количини за откуп.

-Се предлага решавањето на проблемот со вишокот на грозје да се изврши со интервенција од државата.

-Заради нарушување на домашниот пазар на вино  намалување на цените на поголемите извозни пазари предизвикани од Корона кризата,  винариите доколку имаат потреба аргументирано да бараат соодветни реални мерки од државата.

-МЗШВ да ги информира нашите амбасади во соседните држави и трети земји за извоз на винско грозје по лански откупни цени.

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Примателите на социјална помош преку „Еуростандард“ до 25 август треба да отворат сметка во друга банка

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства кои биле клиенти на „Еуростандард банка“ и средствата ги добивале на картичка, ги подигнувале на шалтерите на банката, или ги добивале во својот дом, како и оние што ги подигнувале на шалтерите на „Македонски пошти“, дека заради продолжување на навремена и редовна исплата потребно е да го направат следново:

– Доколку покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје корисникот има трансакциска сметка и во друга банка (освен „Охриска банка АД Скопје“), да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

– Доколку корисникот нема отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата (освен Охриска банка АД Скопје) заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото, информираат од ресорното министерство.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите се известуваат дека поврзувањето на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка треба да го направат најдоцна до 25 месецов, заради навремена исплата во месец септември.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ6 минути

Воз удри во „цитроен“ во Тетово, две лица се повредени

Две лица се тешко повредени кога воз удрил во „цитроен“ пред влезот на железничката станица во Тетово. Како што информира...

Топ1 час

Убиство во Инџиково – му барале пари, па го застрелале пред сопругата

Четириесет и деветгодишен жител на скопското село Инџиково синоќа бил убиен во својот дом. Според информациите на полицијата зад убиството...

Македонија2 часа

Апасиев најавува предлог мерки за реформа на банкарскиот сектор, ќе бара и канцеларија во Собранието

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, најави дека партијата во најскоро време ќе предложи мерки за реформа на банкарскиот сектор, по...

Македонија2 часа

Црна Гора ги отвора границите за македонските граѓани

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека Црна Гора од утре ќе ги отвори своите граници за...

Топ3 часа

Уапсен тетовец кој запалил две возила на ЕВН

Пожарникарите во Тетово во текот на ноќта интервенирале на две запалени возила, сопственост на компанијата ЕВН Македонија, на две одвоени...

Свет3 часа

Германка заразена со Ковид-19 ќе плати глоба од 10 илјади евра бидејќи го напуштила карантинот

Судот во Австрија казни жена со 10.800 евра бидејќи го напуштила карантинот додека била заразена со коронавирус. Регионалниот суд во...

Свет4 часа

СЗО: Руската вакцина не е меѓу деветте кои се во напредна фаза на тестирање

Светската здравствена организација соопшти дека вакцината одобрена од Русија оваа недела не е меѓу деветте, за кои се смета дека...

Свет6 часа

Поради поплаките на Трамп, се менува стандардот за тушевите

Кога американскиот претседател, Доналд Трамп, повеќепати се пожали дека не му се допаѓа начинот на кој работат тушевите, американските власти...

Свет15 часа

(Видео) Маж спасен во последната секунда, му се заглавила инвалидската количка во пругата додека доаѓал воз

Камера од опремата на полицајка во Калифорнија сними неверојатно спасување во последен миг на лице со попреченост, чијашто инвалидска количка...

Свет15 часа

Израел и Обединетите Арапски Емирати постигнаа историски договор со посредство на Трамп

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со лидерите на Израел и Обединетите Арапски Емирати и дека е постигнат...

Европа16 часа

Белгија воведува пилот програма за брзо тестирање на Ковид-19 во домашни услови

Илјадници студенти од белгискиот Универзитет во Лијеж од септември секоја недела дома ќе собираат примерок од плунката за брз тест...

Македонија18 часа

Пендаровски: Заев ќе го врати мандатот ако не обезбеди мнозинство

Зоран Заев го добил мандатот поради тоа што истекуваат уставните рокови, сепак, ако не успее да формира Влада, мандатот ќе...

Македонија18 часа

Заев и Ахмети по средбата: Постојат добри основи за напредок

Попладнево заврши работната средба меѓу СДСМ и коалицијата “Можеме” и ДУИ на која учествуваа претседателите Зоран Заев и Али Ахмети...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги замрзнува односите со Пендаровски

ВМРО-ДПМНЕ донесе заклучок дека од овој момент ги замрзнува односите и комуникацијата со претседателот Стево Пендаровски и ќе ги преиспита...

Топ20 часа

Женско тело извадено од водите на Пчиња

Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња. Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под...

Македонија20 часа

Американската амбасадорка му го честита мандатот на Заев

Американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз, му го честита мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за состав на нова влада....

Економија22 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија22 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија23 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија23 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Досие