Економија
Ристо Вуков Рико: Без поддршката од „Халк осигурување“ немаше да ги достигнам резултатите на Порше карера ГТ3-купот

Ристо Вуков Рико, македонски автомобилист, ја заврши дебитантската сезона во престижниот Порше карера куп во Италија. Борбеноста, упорноста и истрајноста му обезбедија одлично место во сезоната во Порше карера ГТ3-купот и, секако, во својот клуб ГДЛ Рејсинг.
„По повод успешно завршената сезона со одлично постигнати резултати сакам да се заблагодарам за неизмерната поддршка до страна на г. Суат Инан и ‘Халк осигурување АД Скопје’, кои беа покрај мене во текот на целиот период. Како знак на благодарност им подарувам симболични подароци од мојот престој во Италија“, вели Ристо Вуков – Рико.
„Изминатата година започнавме една нова приказна и пријателство на кое сме горди. Брзината и квалитетот на успесите кои Ристо Вуков – Рико ги постигна во својата дебитантска сезона се поистоветуваат и со успесите кои ги достигнува ‘Халк осигурување АД Скопје’. Нашето партнерство продолжува и во новата година во која ќе работиме за достигнување нови и поголеми успеси. Нашата компанија се стреми кон поддржување на млади и талентирани лица кои се пример за посветеност и работа. Ѝ се радуваме на новата година, бидејќи искрено веруваме дека како и ‘Халк осигурување АД Скопје’, така и Ристо Вуков – Рико ќе ги достигнеме посакуваните цели“ ̶ изјави Суат Инан, главен извршен директор во „Халк осигурување АД Скопје“.
Последната трка на легендарната патека во Монца, Рико ја заврши на одличното 6. место. Со ова Рико докажа дека успесите во европските трки се достигнуваат само со истрајност, упорност, но и со одлично познавање на „својата“ патека. „Халк осигурување АД Скопје“, исто како и Рико, се искачува високо на позицијата помеѓу најдобрите осигурителни компании кои го нудат само најквалитетното за своите корисници.
„Несекојдневната професија, автомобилизмот и картингот носат ризици сами по себе. Фокусот и вниманието, не само на патеката, се главни и во мојот секојдневен живот. Откога започнав посериозно да се занимавам со овој спорт, решив дека едноставно немам простор за невнимателност. Како на патеката така и во животот. Јас и мојот тим максимално работиме да го минимализираме ризикот на патеката, преку најголемите подготовки пред секоја трка кои се однесуваат на автомобилот ‘порше’, временските услови, па сè до секојдневните вежби на симулаторот. Ваквиот фокус и внимание ги пренесувам и во моето секојдневно возење, без разлика дали е низ нашиот град Скопје или, пак, возење до одредена дестинација. Уште поголема сигурност добивам и од фактот дека ги имам за партнер ‘Халк осигурување АД Скопје’. Со полисата за автомобилот, за мојот дом и дополнителното приватно здравствено осигурување се чувствувам сигурен и безбеден“ – додаде Рико.
„Халк осигурување АД Скопје“ како посветена компанија и во иднина ќе продолжи со својата мисија во креирање посебни индивидуални и корпоративни решенија за осигурување, во согласност со потребите на клиентите и со цел олеснување и чувство на сигурност и безбедност на своите осигуреници. Подобрувањето на квалитетот на услугите кон клиентите, обезбедување на сигурноста и квалитетот на живот на своите клиенти, како и продолжувањето во поддршката на млади лица, кои се добар пример и претставуваат поттик за идните генерации, се веќе дел од новогодишните цели на „Халк осигурување АД Скопје“.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Повеќе од 1.000 невработени се охрабриле да отворат свој бизнис за време на корона-кризата

1.468 нови бизниси се отворени преку програмата за самовработување на Агенцијата за вработување, соопшти директорот Абдуш Демири.
Невработените лица најчесто се охрабруваат да почнат бизнис со трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и објекти за сместување.
Министерката за труд и социјална политика Јадода Шахпаска вели дека 189 лица со попреченост се вработиле преку програмите на Агенцијата за вработување.
„Со цел зајакнување на конкурентноста на невработените лица на пазарот на трудот, обезбедивме разни обуки за практикантство. Следејќи ги глобалните трендови за дигиталната писменост, обезбедивме обуки за ИТ-вештини“, вели Шахпаска.
Економија
Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците на РЕК Битола

Обилните врнежи од дожд и снег во Битолскиот Регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).
„Врнежите од над 100 литри на квадратен метар и надојдената вода предизвикаа застој во подготовките за поместување на лентите кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2. Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3 и покрај сериозните предизвици со кои се соочува комбинатот“, се неведува во соопштението во кое се нагласува дека со натчовечки напори на сите вработени и на менаџерскиот тим на компанијата и на комбинатот, се работи на нормализирање на состојбата.
ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.
„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира“, се додава во соопштението.
Економија
Усвоен годишниот план со мерки и програми за намалување на невработеноста

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, дискутираше по неколку точки од кои најзначајно место зема усвојувањето на новиот Оперативен план за активни мерки и програми за вработување за 2021 година.
„Со Оперативниот план за вработување за 2021 во континуитет продолжува стремежот за што поголем опфат на невработени лица со мерките за вработување, како и креирање на ад хок мерки согласно новонастаната состојба на пазарот на труд, предизвикана од пандемијата од Ковид-19. Притоа, посебен акцент беше ставен на директната интервенција на пазарот на трудот и повторно вклучување на лицата кои ги изгубиле своите работни места како резултат на пандемијата“, се наведува во соопштението.
Министерката Шахпаска истакна дека министерството во чиј фокус се ранливите категории на невработени лица, продолжува со креирање политики и мерки со цел помош и поддршка за нивна успешна активација на пазарот на трудот.
Таа додаде дека со оглед на успешноста на Оперативниот план за 2020 година и новонастаната состојба предизвикана од пандемијата, оваа година трансферот на средства за програми за вработување е зголемен за повеќе од четири пати во однос на минатата.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира