Контакт

Економија

Рудникот „Саса“ поведе судска постапка против Мултиетничкиот синдикат на образованието 

Објавено пред

Рудникот „Саса“ поведе судска постапка против Мултиетничкиот синдикат на образованието. Како што информираа тие денеска, во рудникот постои репрезентативен синдикат кој е дел од Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството – СИЕР, со кој менаџментот на компанијата преговараше и потпиша колективен договор во кој се дефинирани бенифициите и правата на работниците. Во тек се преговори меѓу раководството на рудникот и СИЕР за ново покачување на платите во текот на 2018 година и дополнителни бенифиции за вработените во „Саса“.

Меѓутоа, од неодамна во јавноста се појавила нова организација, која е дел од Мултиетничкиот синдикат на образованието – МЕСО, која нелигитимно се претставува дека има членови во рудникот „Саса“. „Сашо Јованов, кој се претставува како претседател на новата синдикална организација, не е вработен во рудникот „Саса“, а дополнително новата организација не достави никакви докази во форма на писмени изјави и платена членарина за ниту еден вработен во „Саса“ иако според законот тоа е единствениот начин да докаже дека е репрезентативен синдикат во компанијата“, информираа од рудникот.

Поради ваквата фактичка состојба, рудникот „Саса“ побарал од надлежниот суд да донесе пресуда и привремена мерка со која ќе ѝ забрани на оваа организација да доставува барања до компанијата и да организира какви било штрајкови и протести што може да го нарушат нормалното функционирање на рудникот. Со ваквата состојба се информирани и надлежното Министерство за труд и социјалната политика и Владата.

„Новите сопственици на ‘Саса’ – компанијата „Центар Азија металс“ од Лондон – неодамна јавно се обврзаа дека ќе продолжат да вложуваат во развојот на рудникот и во стабилноста на работните места на сите вработени. За потсетување, само пред десетина години, кога „Саса“ беше во државна сопственост, рудникот банкротира и сите тогашни вработени останаа без работа. Сега, кога рудникот доби нови инвеститори, навистина добива нова шанса за одржлив развој од кој сите ќе имаат големи придобивки: и вработените, и локалната заедница, и економијата на земјата и инвеститорите“, велат од рудникот.

Економија

МЗШВ договара откуп на вишокот домати

Објавено пред

Од

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство континуирано ја следи состојбата со откупот на земјоделските производи. Во врска со откупот на доматите и нивната откупна цена од таму истакнуваат дека изминативе три недели тимови од МЗШВ се постојано на терен и во комуникација со откупувачите и со земјоделските здруженија.

Почетната откупна цена на доматите беше од 25 до 30 денари за килограм, а сега е од 10 до 15 денари за килограм. „Точно е дека во моментот е отежнат откупот поради тоа што расте понудата на нашите традиоционални пазари од тамошни домашни производители, што влијае врз отежнување на откупот на македонските домати. Но, со цел да им се излезе во пресрет на земјоделците, МЗШВ веќе е во комуникација и договара вишокот домати да го откупат домашните преработувачките капацитети“, велат од Министерството.

Исто така, со оглед на тоа дека жетвата на житните култури е веќе започната, МЗШВ деновове ќе излезе и со пресметките за производната цена на годишната пченица и мерките што ќе се преземаат.

„Досега се одржаа повеќе состаноци со земјоделците производители на пченица и со мленичарите откупувачи сè со цел да се постигне договор од заеднички интерес. Агенцијата за стокови резерви веќе ја започна постапката за објавување јавен оглас за откуп на домашна пченица за потребите на резервите. На овој начин ќе се мотивираат мелничарите да откупуваат домашна пченица, која потоа ќе ја продадат на Агенцијата за стокови резерви, а воедно ќе се влијае и да се постигне солидна откупна цена на домашното жито. Воедно, првпат ќе се пуштат и помали лотови на кои ќе може да конкурираат и земјоделците“, велат од Министерството.

Прикажи повеќе...

Економија

ЕУ: Храната е најевтина во Полска, а најскапа во Данска

Објавено пред

Од

Податоците на Евростат покажуваат дека од земјите членки на Европската Унија храната е најевтина во Полска, а најскапа во Данска.

Во Данска цените на производите и услугите се 42 отсто над просекот во Унијата. Во Луксембург се 27 отсто над просекот, а следуваат Ирска и Шведска. Двојно помали цени од просекот во ЕУ имаат Бугарија, Романија и Полска.

Кога станува збор за цената на храната, потрошувачката кошничка во Данска е двојно поскапа од просекот во ЕУ, а во Романија е 39 отсто под просекот. Храната е најевтина во Полска, а најскапа, освен во Данска, во Австрија, Шведска и во Луксембург.

Прикажи повеќе...

Економија

Владата на СДСМ да престане да прави театар од македонското земјоделствo, бара опозицијата

Објавено пред

Од

Владата на СДСМ треба да престане да прави театар од македонското земјоделство и веднаш да почне да се справува со реалните проблеми на земјоделците. Љупчо Николовски очајно се обидува да создаде позитивна слика во македонското земјоделство во време кога земјоделците се на работ на егзистенцијата, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, држи прес-конференции и во јавноста испраќа штури соопштенија без никаква содржина, македонскиот земјоделец се справува со егзистенцијални проблеми. Да го потсетиме министерот дека цените на краставиците и пиперките изнесуваат катастрофални 10 денари за килограм, а цената на доматот изнесува 5 денари за килограм. Со ваквите цени на овие култури земјоделците не можат да си ги вратат ни парите што ги вложиле, а не ни помислуваат на профит“, се вели во соопштението.

Според опозициската партија, покрај ниската цена, проблем за земјоделците во овие моменти е и пласманот, односно откупот, кој во овие моменти е речиси целосно стопиран. Откупот на доматот, пиперот и краставицата е значително намален и речиси и нема некој што ги откупува овие земјоделски продукти.
Иако сме на прагот на жетвата, сè уште не е позната цената по која ќе се откупува пченицата, а ако се водиме по претходното искуство со другите земјоделски производи, не може да се надеваме на задоволително ниво на цена за земјоделците.

„Лошите временски услови и невремето уништи голем дел земјоделски култури во повеќе региони во Република Македонија, а Николовски сè уште нигде го нема. СДСМ и Љупчо Николовски мора да ја согледаат реалната слика во Македонија, тие мора да ја согледаат реалната слика во земјоделството и нивните проблеми. Штетите што се настанати од временските непогоди мора да бидат исплатени, земјоделците заслужуваат достоинствени цени на земјоделските производи, како и нивен пласман. Земјоделците заслужуваат достоинствен живот, а не шарени лаги“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Иванов одбегнува да ги покаже службените трошоци пред јавноста, велат од Владата

И понатаму нема одговор од претседателот, Ѓорге Иванов, на писмото од Владата со предлог да ја прифати Алатката за транспарентно,...

Свет37 минути

Се уништуваат четири локации за нуклеарни тестирања во Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е започнато уништувањето на четири големи локации за вршење нуклеарни тестирања во Северна Кореја....

Свет42 минути

Се подготвува терен за средбата Путин – Трамп

Во тек се подготовките за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и рускиот колега Владимир Путин. За таа цел...

Македонија17 часа

(Видео) „Импичмент“ на Иванов за спас на договорот

Ќе помине ли Договорот со Грција без потпис од претседателот Иванов? Слично како и со законот за употреба на јазиците,...

Македонија18 часа

Меј: Договорот за името ќе донесе енормни придобивки за двете земји

Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, денеска му испрати писмена честитка на премиерот Зоран Заев за постигнатиот договор со Грција...

Македонија19 часа

Ексградоначалници направиле милионски сметки за ручеци и забави во ресторани

Двајца поранешни градоначалници на Старо Нагоричане ја задолжиле Општината со милионска сума за ручеци и забави во неколку угостителски објекти....

Македонија22 часа

Отворено писмо до пратениците: Мораториум за градбите, итно да запре деструкцијата на Охридскиот Регион

По повод Денот на Охридското Езеро еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ испрати отворено писмо до пратениците во кое се...

Македонија22 часа

Истрагата за пожарот во Велес во кој загинаа три деца сè уште трае

Сè уште не се познати причините како настанал пожарот во куќата во Велес во кој загинаа три девојчиња на возраст...

Вести23 часа

Трамп го потпиша указот со кој се забранува раздвојување на мигрантските семејства

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потпиша указот со кој се става крај на раздвојувањето на семејствата мигранти што незаконски...

Свет23 часа

Премиерката на Нов Зеланд стана прва светска лидерка што роди дете додека е на власт

Се породи премиерката на Нов Зеланд, Јацинда Ардерн, со што стана прв светски лидер во изминатите 30 години што имал...

Европа24 часа

Во ЕУ лани имало 50 отсто повеќе терористички напади во споредба со 2016 година

Во земјите членки на Европската Унија минатата година имало 50 отсто повеќе терористички напади и обиди за напади поврзани со...

Македонија1 ден

Додека го менува името, Заев ја задолжи државата со нови 7,1 милиони евра, обвинува опозицијата

Зоран Заев и криминалниот картел што го води ја задолжија државата со нови 7,1 милиони евра. Додека го продава името,...

Топ2 дена

Три деца изгореа во пожар во Велес

Три деца во возраст од една, две и пет години изгореа во пожар во нивниот дом во Велес. Куќата се...

Македонија2 дена

„Страшно е да се менува името“, велат демонстрантите пред Собранието

Со патриотски песни, знамиња и пораки против промената на името започна протестот пред македонското Собрание. Демонстрантите порачуваат дека е страшно...

Економија2 дена

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски...

Македонија2 дена

(Видео) Пратениците го ратификуваа договорот со Грција

Со 69 гласа „за“, без против и воздржани, пратениците во македонското Собрание го ратификуваа договорот за името со Грција. На...

Македонија2 дена

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ ќе бара мислење од Венециската комисија за договорот со Грција

Венециската комисија ќе треба да се изјасни за договорот со Грција по барање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, најави пратеникот Драган Данев....

Економија2 дена

(Видео) Протест пред судот во Велес за поддршка на планот за „Фени“

Шеесетина вработени од „Фени“ претпладнево дојдоа пред судот во Велес за да му дадат поддршка на планот за реорганизација на...

Македонија2 дена

(Видео) Груби: Денес се раѓа ново сонце на слободата

Денес се раѓа ново сонце на слободата и исполнување на сонот на Македонија за Европската Унија, рече пратеникот од ДУИ,...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името

Граѓаните ќе ја донесат конечната одлука за името, рече премиерот Зоран Заев во своето обраќање на седницата на која пратениците...

Досие