Контакт

Економија

Русија е најголем купувач на злато во светот

Објавено пред

Централните банки во светот во првиот квартал од оваа година го купија најголемиот износ на злато во последните шест години, со што Русија обезбеди водечка позиција бидејќи настојува да ја намали зависноста од доларот.

Глобалните резерви на злато се зголемија за 145,5 тони од почетокот на годината до крајот на март, што претставува пораст од 68 отсто во споредба со истиот период лани, пренесува „Капитал.ба“.

Според последниот извештај на Светскиот совет за злато (WSG), ова е најголемото зголемување на глобалните резерви од 2013 година.

Централната банка на Русија во првиот квартал во своите трезори додаде 55,3 тони злато, со што нејзините резерви достигнаа до 2,168.3 тони. Кина го освои второто место, со оглед на тоа што купи 33 тони злато во првиот квартал. Во декември минатата година Пекинг повторно почна да купува злато по повеќе од две години пауза.

Еквадор, Турција, Индија и Казахстан исто така значително ги зголемија резервите на злато. Русија во моментот е петта во светот според резервите на злато.

Економија

(Видео) Осум општини потпишаа грантови за развој на социјални услуги

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, денеска во Клубот на пратениците, заедно со градоначалниците на осум општини, потпиша договори за грантови за развој на социјални услуги.

„Владата и Министерството за труд и социјална политика заедно со општините и невладиниот сектор се вклучуваат во имплементација на социјалната реформа со една и единствена цел – услугите да ги доближиме до корисниците, односно да ги добиваат од своето место на живеење. Но, ова дополнително значи и отворање нови работни места преку платена работа за давателите на овие услуги“, истакна Шахпаска.

Таа посочи дека ова претставува нов концепт на работа преку воспоставување нова методологија на финансирање на социјалните услуги, проект што се работи заедно со поддршка на Светската банка, во времетраење од 5 години во вредност од 10,8 милиони евра.

Договори за грантови за развој на социјални услуги денеска потпишаа општините: Карпош, Берово, Чаир, Липково, Демир Капија, Ново Село, Василево и Кисела Вода. На ова претходеше јавен повик од страна на Министерството за труд и социјална политика, на кој аплицираа повеќе општини, 24 од нив ги исполнија условите, а со денешното потпишување на првите осум општини почнува овој процес на соработка.

„Квалитетни социјални услуги и достапност на граѓаните до нив е целта на овој проект. Зборуваме за помош на старите лица во нивниот дом, помош и нега во домот на лица со попреченост, отворање дневни центри за стари лица и лица со попреченост и поддржано живеење. За нас секој граѓанин е важен – ранливите категории граѓани, старите лица, лицата со попреченост, но и секој граѓанин кому му е потребна поддршка“, порача Шахпаска.

Министерката информира дека оние општини што не успеаја да аплицираат оваа година ќе ја имаат таа можност тоа да го направат в година.

Прикажи повеќе...

Економија

Потпишани договори за финансиска поддршка со 48 компании

Објавено пред

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, одржаа прес-конференција на која беа презентирани податоци поврзани со договорите за државна помош потпишани со компании кои аплицираа за мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестиции за 2020 година.

„ Оваа година се потпишаа нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој како и стекнување конкурентска предност. Ова носи напредок и развој за нивните вработени, но во ова време на непредвидливост и светска криза, значи стабилност на нивните работни места и отворање на нови. Дополнително, ова се инвестиции кои компаниите ги прават во време на светска криза предизвикана од КОВИД-19. Токму затоа би сакал да ги поздравам одлуките на овие 48 компании, кои решија да реализираат нови инвестиции, со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, но уште поважно, на меѓународните пазари“, рече Битиќи на почетокот на своето обраќање.

Во однос на големината на компаниите, вицепремиерот укажа дека најголемиот дел се мали фирми (до 50 вработени), вкупно 20 (или 53%), по што следуваат средни компании, вкупно 10 (или 26%), па 5 микро компании (13%) и најмалку се големите компании, само 3 (8%).

„ Рамномерната регионална распределба на компаниите и структурата по големина покажуваат и докажуваат дека Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании во земјата, независно од нивната големина или местоположба. Единствено важно е компаниите да прават инвестиции во нивниот развој и конкурентска предност, да покажуваат успех во нивното работење и да не го намалуваат бројот на вработени со текот на годините. Економскиот развој, унапредување на конкурентноста на компаниите на домашниот и меѓународните пазари и подигнување на животниот стандард на вработените, останува врвен приоритет на Владата. Во овој момент фокусирани сме кон амортизирање и намалување на штетите предизвикани од коронавирусот и на спроведување на четвртиот сет на мерки со кои ќе ги поддржиме граѓаните и компаниите во овој тежок период, сепак паралелно мораме да работиме и на подолгорочно планирање и да бидеме подготвени за брз раст и развој на економијата по стабилизирање на состојбата со коронавирусот, односно во пост-ковид периодот. Инвестирајте и развивајте се, во државата имате партнер, Владата е тука да го поддржи и следи вашиот развој“, потенцираше вицепремиерот Битиќи во своето излагање.

Министерот за економија Крешник Бектеши нагласи дека му претставува задоволство што и покрај пандемијата која предизвика и економска криза, заедно со вицепремиерот Битиќи имаат можност да објават дека и оваа година Владата продолжува со поддршка на бизнисот и поддршка на домашните компании, коишто покрај се успеале да работат успешно во текот на претходната, но и во текот на оваа година.

„ Кога го создадовме Планот за економски раст пред 3 години многу луѓе беа скептични дека овој План нема да даде резултати, нема да креира нови работни места, нема да имаат бенефит нашите компании, но нема да поттикне и раст на инвестициите. Но податоците во изминатите 3 години покажуваат дека со вакви планови, со ваква транспарентност, со ваква предвидност од страна на нашите компании ние успеавме да поддржиме како што кажа и вицепремиерот над 240 компании“, подвлече министерот.

Бектеши нагласи дека Владата и Министерството за економија, со цел да дополнително ги поттикнат компаниите да реализираат нови инвестиции објавија јавен повик за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост КОВИД-19 периодот, што практично може да го земеме како дополнително зајакнување на мерки за производни компании кои реализирале инвестиции во 2020 година, а за чија реализација се обезбедени дополнителни 20 милиони евра поддршка за компаниите.

„ Одлучивме оваа година дополнително да ги помогнеме нашите компании кои ќе имаат храброст да инвестираат во тек на ковид криза, но и пост-ковид кризата, значи и во 2021 година, со дополнителни 20 милиони евра. Што се однесува до процесот можам да ја информирам јавноста, а особено компаниите кои аплицирале дека е при крај евалуацијата на сите апликации и наредната недела ќе доставиме извештај од страна на Комисијата која е во склоп на Министерството за економија, до Владата на Северна Македонија, по што ќе продолжиме и со потпишување на нови договори за инвестиции кои што очекуваме да надминат 100 милиони евра во текот на 2020 година и 2021 година“, рече министерот Бектеши.

Министерот за економија Крешник Бектеши информираше дека Министерството за економија во тесна соработка со Канцеларијата на претседателот на Владата, Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања и Министерството за финансии започнаа со изготвување на текст за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, имајќи ги во предвид критериумите кои се моментално во тој закон, со цел за да им се олесни аплицирањето на нашите домашни компании, за наредната година да можат да аплицираат. Измените ќе бидат во насока на олеснување на критериумите за компаниите кои што се однесуваат за намалување на бројот на вработени и намалување на приходите кои во моментот се предвидени како основни критериуми за да можат да се квалификуваат компаниите за аплицирање за мерки од ЗПФИ.

Прикажи повеќе...

Економија

Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Објавено пред

Oд утре (27.10.2020 година), почнува етапната исплата на октомвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– Во вторник, на 27.10.2020 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
– Во среда, на 28.10.2020 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
– Во четврток, на 29.10.2020 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
– Во петок, на 30.10. 2020 година исплата на пензии во висина над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник (28 октомври). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Потсетуваме на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Филипче: Коморбидитетите и доцното доаѓање во болница се причина за зголемената смртност

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека зголемениот процент на смртност од Ковид-19 се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање...

Македонија49 минути

Караџовски: Ја разгледувавме и опцијата да се прават тестови преку Фондот во приватните лаборатории

Комисијата за заразни болести ја разгледува одлуката граѓаните да можат да се тестираат за Ковид-19 во приватните лаборатории, а на...

Европа58 минути

Австриски инфектолог: Секој од нас, порано или подоцна, ќе се зарази со коронавирус

Австрискиот инфектолог Франц Алербергер не верува дека коронавирусот ќе се искорени и верува дека секој од нас ќе се зарази...

Свет1 час

Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија...

Економија1 час

Бензините поевтинуваат

Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините и на Екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар,...

Свет2 часа

Мадуро тврди дека венецуелските научници создале лек против Ковид-19 без несакани ефекти

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека неговата земја дизајнирала високоефективен антивирусен лек, што го десеткува коронавирусот без никакви несакани...

Топ3 часа

(Видео) Пронајдени речиси 100 килограми хашиш во Охрид – пресечен меѓународен транспорт на дрога

Полицијата вчера пресече меѓународен транспорт на хашиш во количина од речиси 100 килограми. Уапсен е турски државјанин, кој дрогата требало...

Македонија3 часа

Домашните слави да се празнуваат исклучиво во кругот на семејството, апелира Комисијата за односи со верските заедници

Комисијата за односи со верските заедници во пресрет на периодот во кој голем број семејства во државата ги чествуваат домашните...

Регион4 часа

Словенија ги заострува мерките, од вечерва нова забрана за движење – се затвораат општините

Поради големиот пораст на инфекции со коронавирус, Словенија ги заострува мерките, така што од вечерва стапува во сила забраната за...

Економија5 часа

Пандемијата ќе фрли во стечај дури 6.000 австриски фирми

Пандемијата на коронавирусот силно ја погоди австриската економија, па в година се очекува да доведе до банкрот на шест илјади...

Европа6 часа

Италија ги затвора баровите и рестораните во 18 часот

Италијанските власти издадоа одредба со која се бара сите барови и ресторани да се затворат до 18 часот, а спортските...

Топ6 часа

Стејт департментот: Стапува во сила примирје во Нагорно-Карабах

Стејт департментот и владите на Ерменија и Азербејџан во заедничко соопштение наведоа дека стапува во сила хуманитарно примирје во судирот...

Свет6 часа

Над 8.000 новозаразени од коронавирус во Германија

Во последните 24 часа во Германија се потврдени 8.685 случаи на коронавирус. Според Институтот за заразни болести „Роберт Кох“, починале...

Економија6 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги објави новите цени на нафтените деривати, кои ќе важат од полноќ. Минатата недела...

Македонија17 часа

Во моментов активни над 7.000 случаи на заразени со коронавирус

Бројот на активни случаи во Македонија изнесува 7.408 лица, откако вечерва беа потврдени нови 561 заразени. Најмногу активни случаи има...

Свет18 часа

СЗО: Три дена по ред бројките на новозаразени во светот се рекордни

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека во саботата е соборен новиот рекорд во светот кога станува збор за бројот на...

Македонија19 часа

Починаа 22 лица, регистрирани 561 новозаразени

Денеска се регистрирани 561 нови случаи на Ковид 19. Оздравени се 197 пациенти, а починати се 22 лица. Министерството за...

Македонија21 час

(Видео) Членството ќе избира претседател на СДСМ, црвената боја стана партиска

Конгресот на СДСМ ги усвои измените и дополнувањата на статутот на партијата, информираше партискиот претседател, Зоран Заев на прес-конференција по...

Регион21 час

Борисов позитивен на коронавирус

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на коронавирусот. „Иако РЗИ официјално го укина мојот...

Регион24 часа

Жртвите се скриле во „контејерот на смртта“ во Србија, планирајќи да стигнат до Италија или Белгија

Жртвите кои беа пронајдени во контејнер кој од Србија стигнал во Парагвај се скриле таму со цел да заминат во...

Досие