Контакт

Економија

Русија забрани увоз на пченица, чоколада и пиво од Украина

Објавено пред

Руските власти соопштија дека забрануваат увоз на десетина производи од Украина, меѓу кои пченица, чоколада и пиво, како противмерка за економските санкции кои Киев ѝ ги воведе на Русија поради нејзината улога во украинската криза.

„Руската влада одлучи да забрани влез на стоки од Украина во Руската Федерација, како и стока која поминува преку украинска територија“ пишува во соопштението.

На листата се пченица, сончогледово масло, чоколада, леб, конзервирано овошје и зеленчук, пиво, вино , детски пелени и мебел и машини.

Како што се нагласува, забраната стапува на сила веднаш, како одговор на непријателскиот чин на Украина кон руските граѓани и правните лица.

Економија

ФИТР: 158 предлог дигитални решенија на јавниот повик Креатон за справување со последиците од КОВИД – 19 одат во финална селекција

Објавено пред

Вкупно 158 од 546 пристигнати иницијативи одат во фаза на финална селекција на јавниот повик КРЕАТОН наменет за креирање на дигитални алатки и решенија за справување со последиците од КОВИД-19.

Сите апликанти чии иницијативи поминаа претселекција, во следните 48 часа треба да изработат на активности и буџет, како и куса видео презентација (pitch) пред Комисијата за евалуација и избор. Комисијата е составена од членови на Амбасадата на Швајцарија во Република Северна Македонија, УСАИД, УНДП, УНИЦЕФ, МАСИТ и ФИТР, а предлозите се оценуваат според степен на иновативност, рок и механизми за реализација, капацитет на проектниот тим и влијание.

Предлог иницијативите нудат решенија во неколку области – во најголем дел се наменети за е-образование, медицина, ИТ платформи за прилагодување на бизнисот во услови на криза, финансии и трговија, како и информирање, култура и слободно време. Решенијата што по завршување на оваа фаза ќе бидат избрани за реализација имаат рок од 15 дена да бидат функционални.

Дополнително, се очекува решенијата да бидат целосно применливи и во нормални услови, по прекинот на превентивните мерки поврзани со КОВИД – 19 вирусот, како придонес кон забрзана дигитализација на општеството.

Вкупниот буџет за повикот е 10 милиони денари, со максимален износ по апликација од 10.000,00 евра во денарска противвредност.

Овој повик е прва од иницијативите на Фондот за справување со последиците од КОВИД-19. Тимот на ФИТР веќе финализира и нови предлози за поддршка на своите корисници и домашната економја како дополнение на пакетот економски мерки на Владата.

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Објавено пред

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии Нина Ангеловска вели дека функционирањето на банкарскиот систем е исклучително важно оти тој треба да влијае на ликвидноста, да кредитира и да помага на приватниот сектор и во кризата, но и по кризата.

„Кога се поставува прашањето дали каматите ќе бидат укинати, замрзнати, одложени или опростени, треба да имаме предвид дека дури и во земјите во кои што се воведе таканаречен мораториум, каматите не се бришат комплетно или одложуваат или опростуваат. Словенија, Црна Гора, Албанија, Србија ќе ги земеме за пример. Дел од овие земји имаат мораториум но редовните камати течат и се пресметуваат и истите се репрограмираат понатаму во следниот период како што се репрограмира отплатата. Секоја банка различно, зависно од договорот со клиентот, кажува дали и за колку ќе се помести целосната отплата на кредитот. Многу е важно да знаеме дека заштитата на банкарскиот сектор не значи дека Владата не бара од банките да се солидаризираат, туку значи дека цели граѓаните да ги заштити и на долг рок, бидејќи стабилноста и на банкарскиот сектор е важна за заштита и стабилност на граѓаните, на нивните средства и во иднина“, рече министерката Ангеловска.

Таа објасни дека не се одучиле за мораториум на кредитите оти сметаат дека преку дијалог со банките успеале да го постигнат она што другите земји го прават со мораториум.

„Во јавноста често се коментираше зборот мораториум во изминатиот период, а сите знаеме дека конструктивен дијалог е многу подобар отколку наложување или диктатура. Во изминатите две недели Народната банка соработуваше со комерцијалните банки, со Министерството за финансии и со Владата за заедно да се изнајде соодветно решение. Прашањето за мораториум најчесто се поставуваше за тоа дали сите банки ќе ги одложат отплатите на ратите пред се за физичките лица во следниот период. Веќе гледаме дека тоа се случува и не само за три месеци туку се случува и за шест месеци што е резултат на тоа дека соодветно решение со процена на ризиците и со конструктивен предлог довело тоа дури и подобри решенија да се изнајдат за одлагањето кај поголемиот дел од банките“, објасни министерката Ангеловска.

Таа потсети дека економската стабилност на земјата се заснова и зависи и од банкарскиот сектор и нагласи дека истиот треба да биде стабилен и да ја поддржи економската стабилност и по корона кризата.

Трите најголеми банки во земјава веќе излегоа со понуда за олеснувања за отплата на кредитите поради корона кризата, но сите три известија дека ќе пресметуваат камати за целиот период додека се одложени кредитите.

Прикажи повеќе...

Економија

„Алкалоид“: На пазарот се појавија фалсификати на нашите производи за дезинфекција

Објавено пред

Би сакале да ве известиме дека на пазарот се појавија производи што претставуваат фалсификати на средствата за дезинфекција произведени од „Алкалоид“ – Ecosal® и Dezintal®, кои се воедно и заштитени трговски марки на „Алкалоид“ АД Скопје.

Aпелираме до купувачите да внимаваат при купувањето бидејќи фалсификуваните производи не ги исполнуваат стандардите за квалитет, при што би можело да дојде до несакани дејства врз безбедноста и здравјето на купувачите. Исто така, се доведува во прашање и ефикасноста на овие производи, кои во моментната ситуација се од исклучителна важност.

За да им помогнеме на купувачите да ги препознаат оригиналните производи Ecosal® Forte и Dezintal® произведени од „Алкалоид“, за чиј квалитет и безбедност гарантираме, ги посочуваме следните детали што може да се забележат на самото пакување на производите:

▪ на етикетите секогаш стои логото на „Алкалоид“, како и логоата на Ecosal® и на Dezintal®, кои гарантираат за оригиналното потекло на производите и за преземените мерки во делот на нивната регистрација во согласност со важечките регулативи;
▪ како производител секогаш е назначен „Алкалоид“ АД Скопје, што подразбира дека производите се произведуваат и се полнат во контролирани услови на производство;
▪ производот Ecosal® Forte се произведува во пакување од 500 ml, со затворање приспособено на типот на производот – антисептик наспроти фалсификуваното пакување од 1.000 ml, какво што досега не е пласирано на пазарот од „Алкалоид“;
▪ производите доаѓаат со соодветно упатство за употреба за кое можеме да гарантираме само доколку се произведени и доколку се спакувани во фабричките погони на „Алкалоид“ АД Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија21 минута

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии Нина...

Свет31 минута

Околу 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Околу 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемија на коронавирус и...

Свет1 час

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија2 часа

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија2 часа

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет3 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа4 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа4 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Свет4 часа

Сто заразени на американски носач на авиони: „Не сме во војна, морнарите не мора да умрат“

Капетанот на американскиот наосач на авиони „Теодор Рузвелт“, на кој има повеќе од 4.000 членови на екипажот, побарал итна помош...

Свет5 часа

Русија испраќа медицинска помош во САД за борбата против коронавирусот

Русија ќе испрати во САД опрема за помош во борбата против коронавирусот, јавуваат руските агенции повикувајќи се на портпаролот на...

Регион5 часа

Бугарија, по еден ден, ја укина наредбата за носење маски

Бугарската влада, по само еден ден од носењето на одлуката, ја укина наредбата за носење заштитни маски на јавни места...

Свет5 часа

Во САД повеќе од 4.000 починати од коронавирус, Трамп најави две многу болни недели

Белата куќа објави нова процена дека во САД коронавирусот ќе одземе меѓу 100.000 и 240.000 животи доколку се почитуваат ограничувањата...

Македонија6 часа

Забрана за камиони на Стража, Плетвар и на патот Маврово – Дебар

Од изутринава има забрана за движење тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, на Плетвар и на...

Регион17 часа

Косово ги укина таксите за Србија и БиХ

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти објави дека косовската влада донела одлука за укинување на таксите за производи од Србија...

Македонија20 часа

(Видео) Пендаровски: Ситуацијата со коронавирусот останува сложена

Претседателот Стево Пендаровски по седницата на Советот за безбедност посочи дека ситуацијата останува сложена бидејќи не се знае колку долго...

Македонија20 часа

Филипче: Зголемувањето на бројот на пациенти е очекувано, таквиот тренд ќе продолжи до крајот на април

Според министерот за здравство, Венко Филипче, зголемувањето на бројот на пациенти во овој период е очекувано од страна на епидемиолозите,...

Македонија21 час

Филипче: Инспекторатот утврди пропуст кај охридската болница

Министерот за здравство, Венко Филипче, посочи дека сè уште се чекаат резултатите на 16 пациeнти од Заводот за рехабилитација во...

Македонија21 час

Седум македонски граѓани од Перу преку Португалија ќе се вратат во државава

Министерството за надворешни работи информира дека уште седум македонски граѓани се вратени од Лима, Перу на европско тло. Утрово авионот...

Македонија21 час

(Видео) Владата го донесе вториот пакет економски мерки – платите на функционерите скратени на 14.500 денари

Владата ја одржа 32. седница на која беше разгледан и усвоен вториот пакет економски мерки за справување кризата. Деталите за...

Македонија23 часа

Кумановец и дебаранец починаа од коронавирусот, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирусот починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Досие