Економија
САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште 90 дена.
Во мај САД на црната листа ставија пет кинески организации, вклучително и „Хуавеј“, кои според објаснувањето, претставуваат закана за националната безбедност на земјата. Ваквата мерка има за цел да ги спречи овие компании од пристап до доверлива технологија.
Всушност, истата значи дека американските компании не можат да продаваат хардвер и софтвер на кинеската компанија „Хуавеј“ без одобрение од американските власти.
Ова е второ одложување од 90 дена откако администрацијата воведе санкции во мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бакшишот во Хрватска ќе се наплаќа и со картичка

Хрватската стопанска комора (ХГК) подготвува предлог-закон според кој во системот за фискализација на угостителите би биле вклучени и бакшишите.
Се разговара за датумот на неговото стапување во сила, соопшти Здружението на угостителството – ХГК.
Концептот на бакшиш во моментот не постои во хрватското законодавство, па бакшишот собран по електронски пат се третира исто како и основниот приход, пренесува „Хина“.
Со воведувањето на бакшишот во даночниот систем, тој станува приход што не се даночи до одреден износ на годишно ниво. Сите приходи од бакшиш над договорениот лимит за ослободен данок ќе се даночат како друг приход за да се избегне ризикот од злоупотреба на ослободен од данок.
Даночењето на другите приходи секако е поповолна опција за секого од сегашната состојба, оценуваат од Здружението на угостителските бизниси додавајќи дека сè уште е потребно да се дефинира годишната граница за ослободување од данок.
Оваа мерка се очекува да ги зголеми приходите на работниците во угостителството и да привлече нова работна сила во овој сектор.
Економија
Нови отпуштања во „Филипс“: компанијата укинува уште 6.000 работни места

Холандската групација „Филипс“ објави дека ќе укине 6.000 работни места до 2025 година по загубите поврзани со повлекувањето на вентилаторите што се користеа за елиминирање на тешкотиите со дишењето за време на спиењето.
Новите кратења на работната сила, опишани како „тешки, но неопходни“, се надополнуваат на кратењата на 4.000 работни места што „Филипс“ ги објави во октомври, рече извршниот директор Рој Џејкобс.
Половина од најавените кратења ќе бидат годинава, а другата половина ќе се реализираат до 2025 година, соопштија од компанијата.
Компанијата се обидува да се справи со повлекувањето милиони вентилатори што се користат за апнеја при спиење и стравува дека пената што се користи во уредите може да стане токсична. Поради тие отповикувања, нејзината пазарна вредност падна 70 отсто.
Економија
МТСП: Во тек е етапната исплата на јануарските пензии

Министерството за труд и социјална политика известува дека на 30.1.2023 година (понеделник) почнува етапната исплата на пензиите за јануари, кои продолжуваат да се исплатуваат предвремено.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите што не користат картички ќе се реализира во четири групи, и тоа според висината на пензијата:
– за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.1.2023 година (понеделник);
– за пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.1.2023 година (вторник);
– за пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 1.2.2023 година (среда) и
– за пензии со висина над 18.001 денар, исплата да се изврши на 2.2.2022 година (четврток).
Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од 30 јануари (понеделник).
Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.