Контакт

Економија

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Нема ново нето-задолжување

Објавено пред

Антинародно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, партијата што 11 години ја задолжуваше државата и ги осиромашуваше граѓаните, е фатено во нова лага, реагираат од СДСМ на прес-конференцијата на Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е точно, односно целосно лажно е денешното тврдење на ВМРО-ДПМНЕ дека на вчерашната аукција има ново задолжување. Напротив, не само што нема ново задолжување туку нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 10,6 милиони денари или околу 173.000 евра.

Како што јавно соопшти Министерството за финансии, на вчерашната аукција на државни хартии од вредност запишани се 21,13 милиони евра, а 21,30 милиони евра ќе се вратат по основ на порано издадени и доспеани за отплата државни хартии од вредност“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Од партијата додаваат и дека со тоа, нето-задолжувањето по основ на државни хартии од вредност се намалува за 10,6 милиони денари“, се наведува во реакцијата на СДСМ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Костадинов: Со новата казнена политика Македонија станува праведна држава

Објавено пред

Со новата казнена политика Македонија станува праведна држава која функционира по европски правила, рече на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов кој подвлече дека казните ќе се намалат и до 75 отсто и ќе се воведе опомена пред казна и пропорционално казнување.

Глобите се пропорционални на тежината на прекршокот. Казната нема да го отежнува животот на граѓаните и компаниите, туку ќе донесе промени на нивното однесување, посочи тој.

„Ставаме крај на репресивната казнена политика. Нема злоупотреби, самоволие и изживување врз фирмите и граѓаните. Нема повеќе ‘пиштење-вриштење’ што беше одлика на претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, рече Костадинов.

Додаде дека за правните лица, при одредување на казната ќе се земе предвид остварениот приход во претходната година, бројот на вработени, како и претходното санкционирање за исти или случни прекршоци.

„За првпат се прави разлика, односно градација меѓу малите, средните и големи претпријатија, што сметаме дека е правично и праведно. Минималната глоба за малите фирми ќе изнесува 50, а максималната 2.000 евра, за разлика од сега кога максималната висина на глобата изнесува 5.000 евра. Максималниот износ на глоба за средните и големи претпријатија не може да надминува 10.000 евра“, посочи партискиот портпарол.

Истакна дека се воведува и опомена пред изрекување казна.

„Опомена се изрекува и во случаи кога прекршокот е сторен за првпат и не предизвикал штетни последници, ниту пак го загрозил јавниот интерес“, објасни Костадинов и рече дека владата на СДСМ ги оставарува дадените ветувања и воведува правичност.

Прикажи повеќе...

Економија

Лукаревска: Ги тргаме драконските казни кои ги уништуваа фирмите

Објавено пред

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, денеска на покана на градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски, одржа средба со бизнис заедницата од овoј град на која присуствуваше и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски.

Како што информираат од УЈП, на средбата се разговарало за новиот Закон за прекршоци. Лукаревска на средбата посочила дека столбот на новиот Закон за прекршоци пред се е превенцијата.

„Да ги тргнеме драконските репресивни казни со коишто фирмите на некој начин се уништуваа. Тоа да остане во минатото. Нашата цел не е да ја намалиме дисциплината на фирмите и на физичките лица, туку едноставно да го дадеме оптималното решение со коешто казните ќе преставуваат еден вид основа за успешно работење“, изјави директорката на УЈП.

Директорот на пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, рече дека селективност при вршење на контроли и санкционирање нема да постои.

„Како претставници на две институции коишто се најповикани таму каде се изрекуваат казни, бидете сигурни и дека како правни и како физички лица нема да има селективност“, подвлече тој.

„Тие кои прв пат ќе бидат фатени дека грешат, ја спроведуваме опомената. Ќе има и едукација. Меѓутоа, кај тие кои повеќепати прават прекршоци, таму ќе мора да се применуваат казните и таму инспекциите ќе постапуваат така како што постапувале досега“, изјави Пауновски.

Од УЈП потсетуваат дека со новиот Закон за прекршоците предвидени се 75 отсто помали казни за физички лица, како и 60 отсто помали глоби за малите фирми.

Прикажи повеќе...

Економија

Државата ќе поддржува брзорастечки иновативни бизниси

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски како дел од Саемот за кариера, денеска пред младите во Битола ја презентираа новата мерка од Оперативниот план за вработување, која се однесува на брзорастечките иновативни бизниси. Предвидено е оваа нова мерка да се вклучи во постоечката Програма за поддршка за самовработување. Фокусот ќе биде ставен на младите претприемачи, а освен финансиската помош со мерката се нуди и експертака помош, како и можност за понатамошно финансирање на компании основани со оваа Програма преку инструментите на Фондот. 

„До сега, од страна на државата не се нудеше заокружен систем на поддршка за основање на ваков тип на бизнис, што ќе содржи како експертска така и финансиска поддршка. Целта на оваа програма е дел од средствата наменети за грантови за самовработување да се искористат за создавање основа за развој на брзорастечки бизнис, кој понатму ќе продолжи да се финансира преку Фондот за иновации и технолошки развој“, рече министерката Царовска која ја презентираше мерката.

Царовска потенцираше дека Сите постојни инструменти за поддршка на Фондот се однесуваат на веќе основани претпријатија и не ја опфаќаат фазата на развој од „идеја“ до „докажан концепт“ или „прототип“. Новата мерка ќе го прошири опфатот на финансирање на иновации кон целна група – физички лица и кон делови од иновативниот циклус кои до сега не се опфатени преку инструментите на Фондот.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски истакна дека со оваа мерка ќе се понуди специјализирана обука и финансиски средства за сите млади луѓе кои имаат идеја и потенцијал за формирање на брзорастечки компании. 

„Со новата мерка се предвидува формирање на таканаречена ИНГрупа која ќе се формира од лицата кои поднеле апликации со иновативен потенцијал. Очекуваме дека во следната година 150 млади луѓе ќе ја искористат оваа можност и ќе основаат свој бизнис, со кој дополнително ќе се креираат нови работни места“, рече Деспотовски и додаде дека со ова се зајакнува фокусот кон младите и е надоврзување кон постоечкитеинструмент на Фондот со кој се нуди поддршка за стартап компании. 

Воведувањето на оваа мерка треба да придонесе за поголема оддржливост на Програмата за самовработување и креирање на позитивен циклус на дополнителни вработувања во брзорастечките бизниси. Истовремено во ФИТР ќе пристигнуваат поголем број поквалитетни апликации од новоосновани компании. 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

ЗНМ на тест, изборот на Чадиковски под прашалник

По којзнае кој пат новинарската фела е исправена пред нови поделби. Вчерашниот избор на Младен Чадиковски за претседател на Здружението...

Македонија2 часа

Идентификувани двајца од трите жртви во превртениот автобус – маж од Крушево и жена од Кочани

Шеесет и осумгодишен маж од крушевското село Бучин со иницијали В.Ш. и 68-годишна жена од Кочани со иницијали К.К. се...

Македонија3 часа

МНР потврди за тројца загинати кај Лесковац, во животна опасност се четворица патници од автобусот

Маж на возраст од 68 години е првата идентификувана жртва од превртениот македонски автобус кај Лескoвац, информираат од Министерството за...

Топ6 часа

Во една вечер тројца пешаци тешко повредени во сообраќајки во Скопје, Охрид и Битола

Тројца пешаци се тешко повредени откако биле удрени од автомобили во три одделни сообраќани несреќи во Скопје, Охрид и Битола,...

Регион21 час

Јеремиќ: Вучиќ и Тачи го имаат договорено формирањето на косовската војска

Претседателот на српската Народна партија, Вук Јеремиќ, за српските медиуми изјави дека формирањето на војската на Косово е скандалозно и...

Македонија22 часа

(Видео) Спасовски на Пониква ги посети кандидатите за полициски специјалци

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и дел од раководството на МВР денеска го посетија зимскиот рекреативен центар „Пониква“ во Кочани,...

Топ24 часа

Злетовец голтнал прашок за да го скрие од полицијата по што починал

На Граничниот премин Делчево за влез во државава, во вечерните часови на 14. декември се пријавил 32-годишен злетовец. Тој управувал...

Македонија1 ден

За палење петарди и ракети казни од 200 до 500 евра

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека неовластената употреба на пиротехнички средства е казнива согласно Законот за прекршоци против...

Македонија1 ден

Георгиев: Се согласивме со Бугарите дека имаат поеднакво право на Прличев како нас

Се согласивме дека и Бугарите имаат поеднакво право на делото на Глигор Прличев,тој е дел од заедничката историја и не...

Афера „Банки“1 ден

(Видео) Банки свртеле 1 милион евра во еден ден преку сметката на бизнисменот Исиров

Бизнисменот и сопственик на фирмата за трговија „Еуротрејд“, Ефтим Исиров, на лист хартија се потпиша за да докаже дека со...

Регион1 ден

Мицотакис: Никогаш нема да го ратификуваме Договорот од Преспа

Повторувам од овде, од нашиот 12-ти Конгрес дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа. Ниту сега, ниту...

Македонија1 ден

Почина градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски

На 48-годишна возраст утринава почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски. Неофицијално причината за смртта е инфаркт. Стојаноски починал додека...

Македонија1 ден

Операцијата во Германија успешно заврши, Сара Настеска се чувствува добро

Успешно заврши трансплантацијата на коскена срцевина на 15-годишната охриѓанка  Сара Настеска во Германија. ,,Добри вести стигнуваат од Германија. Успешно е...

Топ1 ден

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми пронајдени кај двајца велешани

Автоматско оружје, пригушувач и куршуми се пронајдени при извршен претрес кај двајца велешани. Полицијата информира дека вчера во периодот од...

Македонија1 ден

Мицкоски: Заев како опозиционер се перчеше, а сега не сака да излезе на дебата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, вчера вечер оствари средба со голем број на членови и симпатизери на Општинскиот комитет на...

Македонија1 ден

Намалена видливост поради магла на Ѓавато, Буково и Плетвар

Сообраќајот на автопатот Гевгелија-Скопје, после наплатната рампа Градско, е целосно нормализиран , информираат од АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се...

Македонија1 ден

ЗНМ бира претседател – во трка Чадиковски и Наумов

ЗНМ денеска бира нов претседател. Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи во со почеток во 10 часот во спортската...

Европа2 дена

(Видео) Макрон им оддаде почит на жртвите од нападот во Стразбур

Францускиот претседател, Емануел Макрон, вечерва, за време на посетата на Стразбур, изјави дека властите работат на разјаснување како напаѓачот од Стразбур,...

Македонија2 дена

Обвинение за скопјанец што му нанел телесни повреди на својот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство достави обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело телесна повреда од...

Европа2 дена

Кнајсл: Мирот не се постигнува со формирање војска

Министерката за надворешни работи на Австрија, земјата што претседава со ЕУ, Карин Кнајсл, оцени дека денешната одлука за трансформација на...

Досие