Контакт

Економија

СДСМ: Ковачевски упорен да обезбеди струја и енергенси за зимата

Објавено пред

Во пресрет на една од најтешките зими во повоеаната историја на Европа, премиерот Димитар Ковачевски е упорен и ги користи сите потенцијали за да обезбеди доволно енергија за време на кризниот период. Вчерашната посета на Ковачевски на Република Грција резултираше со договори за непречено обезбедување енергенси за непречено производство и употреба на електрична енергија, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека постигнат е договор снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција да се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што непречено ќе функционираат производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“.

Договор е постигнат и за непречено снабдување со мазут преку Грција со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино“.

Дури и во време кога се јавува недостиг на енергенси и електрична енергија во цела Европа доколку има какво било ограничување од извозот од Грција такво ограничување нема да биде воведено за Република Северна Македонија.

Од СДСМ велат дека веќе е отпочната процедура за маркет тест на интерконекторот на гас Евзони до Северна Македонија, односно до Неготино, којашто треба да ја покаже економската исплатливост на оваа инвестиција и ако сè се одвива по планот, изградбата би требало да почне до крајот на годината.

Меѓу капиталните инвестиции се и големата гасна централа со капацитет до 200 МВ којашто Грција изрази желба да ја гради во Северна Македонија, како и понудата на грчката компанија ПСС за проектот Чебрен.

Претходно, Владата предводена од СДСМ договори непречен увоз на електрична енергија од Република Бугарија од октомври оваа година па сè до следната пролет, за што деталите ќе се договорат деновиве.

Сето ова е показател за одговорниот и ефикасен пристап на премиерот Ковачевски и Владата предводена од СДСМ со цел навремено обезбедување непречено снабдување на електрична енергија од нашите соседни и пријателски земји, се вели во соопштението од СДСМ.

Економија

Нагло падна притисокот во „Северен тек 2“: откриено опасно истекување

Објавено пред

Притисокот во гасоводот „Северен тек 2“, кој требаше да ги удвои испораките на руски гас за Германија, нагло падна во текот на ноќта, изјави портпаролот на операторот посочувајќи го истекувањето гас како можна причина. Веднаш беа известени властите во Германија, Данска, Шведска, Финска и во Русија, додаде Улрих Лисек, портпаролот на швајцарскиот оператор.

dobivaj vesti na viber

Ноќта од неделата кон понеделникот притисокот во делот на гасоводот што минува низ морето од 105 паднал на седум бари.

„Дефинитивно, има дупка некаде, но никој не знае каде“, рече Лисек додавајќи дека истрагата е во тек.

Од германското Министерство тврдат дека не ја знаат причината.

„Во моментот сме во контакт со регулаторите со цел да се разјасни ситуацијата. Ниту причината ниту точните факти сѐ уште не се јасни“, се вели во соопштението на Министерството за економија.

Компанијата, која управува со гасоводот, тврди дека гасот не истекува во Лубмин во северна Германија.

„Ако протече во Лубмин, ќе го чуете“, рече портпаролот.

„Газпром“ соопшти дека прашањата за инцидентот треба да се проследат до операторот, кој побарал заштита од доверителите пред судот во Швајцарија. Судот неодамна го продолжи рокот за финансиско реструктуирање.

Данските поморски власти пријавија истекување гас, што е опасно за бродовите, објавија тамошните власти.

Гасоводот „Северен тек 2“ требаше да испорача руски гас преку Балтичкото Море до Германија и беше завршен на крајот на минатата година. САД се спротивставија на тоа тврдејќи дека тоа ќе ја зголеми зависноста на Европа од рускиот гас. И Украина го критикуваш жалејќи се дека ќе изгуби приход од транзитот на рускиот гас.

Прикажи повеќе...

Економија

Битиќи на бизнис-форумот во Хрватска: Пред нас се отвораат можности, кои како регион треба да ги искористиме

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска присуствува и се обрати на бизнис-форум со Стопанските комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Бизнис-форумот е во организација на македонската амбасада во Загреб, Хрватската стопанска комора и Македонско-хрватскиот деловен клуб, а учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на северозападна Македонија, Сојузот на стопанските комори, како и голем број компании од двете земји.

Во своето обраќање на отворањето на бизнис-форумот вицепремиерот Битиќи се осврна на можностите што се отвораат пред нас.

„Нашиот поширок регион треба да работи на приближување на синџирот на снабдување до границите на Европската Унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се покажаа како неодржливи, треба да гледаме кон регионалната конкурентност наместо кон регионалната конкуренција да создадеме пазар, што ќе ги компензира производите што доаѓаат од тие далечни земји и ќе стане силен и сигурен партнер за целата Европска Унија. Процесите на Near или Friend Shoring се неизбежни и ние како регион мора да ја искористиме шансата“, истакна Битиќи.

Истакнувајќи дека Хрватска како земја членка е дел од единствениот пазар на ЕУ кон кој се стреми и нашата држава, како и додека се подготвуваме за влез во ЕУ, многу стандарди веќе се усогласени со оние на Европската Унија. Дополнувајќи дека искуствата што Хрватска ги има ќе ги земеме како лекции за побрзо интегрирање на нашата земја.

„Одлично е што денес овде имаме претставници од коморите, кои верувам дека може да ја интензивираат соработката меѓу бизнисите во Хрватска и Северна Македонија бидејќи преку формализиран пристап од двете страни ќе има поголема двонасочна комуникација и убеден сум дека таа би била плодна бидејќи преку системско и темелно артикулирање на барањата на компаниите може да се најдат соодветни решенија за надминување на предизвиците“, заклучи Битиќи.

На бизнис-форумот претставници на кабинетот на вицепремиерот Битиќи пред присутните имаа и презентација за можностите и условите за инвестирање во нашата земја.

 

Прикажи повеќе...

Економија

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

Објавено пред

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на дејноста во новата грејна сезона.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението што го објави компанијата наведуваат дека немаат доволно финансии да набават гориво за производство на топлинска енергија.

„Во согласност со член 51 од Законот за енергетиката, ‘БЕГ – Производство’ имаше законска обврска да продолжи да ја извршува дејноста до истекот на рокот од 90 дена за избор на нов вршител на дејноста, кој е веќе истечен. Во овој период ‘БЕГ – Производство’ продолжи да ја врши дејноста и ги заврши сите неопходни ремонтни активности во топланите сѐ со цел новиот носител на лиценцата да може непречено да ја почне новата грејна сезона“, велат од БЕГ.

Додаваат дека „БЕГ – Производство“ нема правна основа за користење на топланите бидејќи договорот за закуп е раскинат и новиот сопственик на топланите побара нивно примопредавање“, велат тие.

Како што додаваат, компанијата била финансиски неспособна за вршење на дејноста поради големите загуби што ги оствариле во претходната грејна сезона како резултат на неколкукратно зголемените трошоци за набавка на енергенти и електрична енергија, кои не биле покриени со одобрените тарифи од Регулаторна комисија за енергетика.

Поради овие причини, се наведува во соопштението, на 9 јуни годинава до Регулаторната комисија за енергетика поднеле барање за престанок на лиценцата, а на 20 јуни РКЕ донесе решение за престанок на лиценцата на „БЕГ – Производство“.

Од Владата, пак, смируваат дека скопјани ќе имаат парно и во согласност со Законот за енергетиката загарантирана е јавната дејност да се врши во целост, без прекин, соопштија од владината прес-служба.

Од тука наведуваат дека континуирано преземаат мерки за да се обезбеди сигурно и стабилно снабдување со топлинска енергија за граѓаните на Скопје. Во овој момент, како што информираат од Владата, се финализираат преговорите за регулирано производство на топлинска енергија, врз основа на претходно донесената одлука на Владата за избор на вршители на енергетски дејности, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Штом завршат тие, јавноста ќе биде навремено известена.

„Граѓаните на град Скопје ќе имаат парно во и согласност со Законот за енергетиката загарантирана е јавната дејност да се врши во целост, без прекин. Владата заедно со ресорните институции постојано работи на обезбедување на потребните ресурси за производство на топлинска енергија по најповолни цени сѐ со цел домаќинствата да имаат помали трошоци. Конкретно, се бара најдоброто решение за обезбедување најниска цена на гас или мазут со цел да се спречи ценовен шок и да не поскапи парното“, се наведува во владиното соопштение.

Од РКЕ, пак, велат дека вршењето на јавната дејност производство на топлинска енергија од регулиран производител е прецизно дефинирана во Законот за енергетиката, каде што основниот императив на вршителот на јавна дејност е да обезбеди сигурно, континуирано и квалитетно производство на топлинска енергија.

„Ве информираме дека Законот за енергетиката, кој доби и зелено светло од Енергетска заедница, во целост ги има инкорпорирано сите одредби од европската легислативата во однос на сигурно, стабилно и континуирано снабдување со енергија. Во тој дух и РКЕ ги носи одлуките со кои се прецизира дека сѐ до изборот на нов вршител на посочената енергетска дејност на актуелниот вршител не му престанува обврската за обезбедување јавна дејност. Обврската за вршење јавна дејност регулирано производство на топлинска енергија престанува со денот на издавање на лиценцата (во случајот нов вршител на јавна дејност)“, наведуваат од РКЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт1 час

Милевски го објави составот: Трајковски и Тодороски меѓу стартерите на Македонија

Селекторот Благоја Милевски направи две замени, во стартниот тим се Александар Трајковски и Тодор Тодороски. Тоа значи и поофанзивен тим....

Свет2 часа

Путин му додели руско државјанство на Сноуден

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ и му додели руско државјанство на поранешниот советник на американската Национална разузнавачка агенција, Едвард...

Свет2 часа

Убиецот од Русија боледувал од шизофренија: лекарите се борат за животот на девет деца

Артем Казанчев (34), кој денеска уби 15 луѓе во училиштето „88“ во Ижевск, Русија, а рани уште најмалку 20 други,...

Економија5 часа

БЕГ тврди дека нема обврска да ги грее скопјани, Владата смирува дека парно ќе има

„Балкан енерџи груп“ (БЕГ) објави дека нема правен основ да располага со топланите, ниту обврска да продолжи со вршење на...

Македонија8 часа

Османи: Македонија нема да ги признае референдумите за присоединување на украински територии со Русија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека Македонија нема да ги признае референдумите за отцепување на украинските територии и...

Македонија8 часа

Судска медицина: Доколку Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, би имал многу поголеми шанси да преживее

Доколку ракометарот Денис Тот немал повреда на ‘рбетниот мозок, ќе преживеел. Ова го покажува вештачењето на Александар Станков, директор и...

Спорт8 часа

Македонија против Бугарија: Сега е наш ред, европски да ги пречекаме Бугарите

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра последниот натпревар, во овој циклус во Лигата на нации. Македонија во Скопје...

Европа9 часа

Го фалеше Мусолини, а го критикуваше Тито – која е идната премиерка на Италија?

Италија ја добива најдесничарската влада од Бенито Мусолини. Според привремените резултати, десничарскиот блок предводен од „Браќата на Италија“, партијата предводена...

Македонија9 часа

(Видео) Митева: Наместо нови учебници, МОН платило 530.000 евра за привремени материјали за учење

Во Министерството за образование и наука сè е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Јавноста добро е запознаена дека...

Свет10 часа

(Видео) Пукање во гимназија во рускиот град Ижевск, најмалку шест лица загинаа меѓу кои и деца

Најмалку шест лица, меѓу кои и деца, загинаа во престрелката што се случи утринава во училиштето 88 во Ижевск, Русија....

Свет11 час

Кадиров до Русите кои не сакаат да војуваат: Немаат право да се нарекуваат мажи

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се осврна на Русите кои бегаат од војната и жестоко ги прозва. – Дали имаат право...

Свет12 часа

(Видео) Зеленски: Ако ги одземете животите на нашите деца, нема да останете живи

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа ѝ се обрати на јавноста, велејќи дека Киев постигнал позитивни резултати на повеќе фронтови....

Свет12 часа

Блинкен: Бевме во контакт со Русија поради заканите со нуклеарно оружје

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба...

Свет12 часа

(Видео) Шефот на воениот оддел во Русија застрелан во глава од младо момче кое било мобилизирано

Шефот на воениот оддел во Уст-Илимск, Русија, е тешко повреден кога бил застрелан од млад човек кој требало да биде...

Македонија24 часа

Арсовска со реакција до премиерот: Поради континуирано задоцнетите мерки, сите плаќаме поскапа електрична енергија и парно

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска вечерва со реакција по изјавите на премиерот Димитар Ковачевски. Тој порача „ВМРО-ДПМНЕ да се...

Европа1 ден

Трас: Украинците го надмудрија Путин

Британската премиерка Лиз Трас ја коментираше најавата за руска мобилизација и инвазијата на Украина во своето прво интервју за американската...

Европа1 ден

Рускиот патријарх Кирил со повик до Русите: Одете во војна, ако умрете, ќе бидете со Бога

Поглаварот на Руската православна црква, патријархот Кирил ги повика руските граѓани да не се плашат од смртта поради одлуката на...

Регион1 ден

Трка на пијани возачи кобна за семејството Крстиќ кај Мостар

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа во близина на Мостар, во која четири лица загинаа, а четворица се тешко...

Европа1 ден

Има рак на кожа, не гледа и не слуша добро, а го мобилизирале во руската војска

Виктор Дјачок – 59 годишен началник на хируршкото одделение на болницата во Азбест, град во руската област Свердловск во источното...

Европа1 ден

Папата ги повика Италијанците да имаат повеќе деца

Папата Франциск денеска отпатува во јужна Италија за да го затвори конгресот на Италијанската црква што се совпадна со националните...