Економија
СДСМ: Мицкоски го осиромашува народот – Македонија на врвот со најскап леб во Европа!

Додека владата на Мицкоски е летната во облаци и мисли да купува авион Македонија се најде на третото место во Европа според поскапувањето на лебот, покажаа последните податоци на Евростат, велат од СДСМ.
„Огромна е скапотијата, граѓаните се борат да преживеат и да ги задоволат основните потреби а владата не презема ништо. Цените на основните производи се вивнати до небо, потрошувачката кошничка за само еден месец поскапе за 400 денари и достигна рекордни 63.000 денари.
Ова е директен резултат на погрешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кои ги фаворизираат богатите елити, а ги забораваат граѓаните.
Големата скапотија и високите цени ги изедоа приходите на македонските семејства и тоа е закана за зголемување на сиромаштијата.
Немаме за леб а купуваме чоколадо е повторно дел од политиките на оваа власт.
СДСМ бара владата да престане да води инает и да ги прифати предлозите на СДСМ за:
* Укинување на ДДВ-то на основните прехранбени производи.
* Зголемување на минималната плата и платите во останатите ресори.
* Да преземе мерки за контрола на цените на храната и енергенсите.
Доста е од лажни ветувања и празни зборови! Граѓаните не можат да издржат повеќе!“, пишува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
„IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија“ – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), предводена од регионалниот директор за Западен Балкан, Николас Маркиер. На средбата присуствуваа и Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетскиот сектор за Западен Балкан, и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во енергетскиот сектор за Македонија.
На средбата посебен акцент беше ставен на инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата кон обновливи извори на енергија, што е во согласност со зелената агенда на Македонија.
Министерката Божиновска ги информираше претставниците на IFC за приоритетите на Министерството, нагласувајќи ја важноста на проектите за зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија. Таа истакна дека Владата е посветена на намалување на зависноста од фосилни горива,
Претставниците на IFC изразија подготвеност за поддршка на овие иницијативи, особено преку финансирање на проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и декарбонизација. Тие исто така ја истакнаа важноста на соработката со приватниот сектор и привлекувањето странски директни инвестиции како клучни фактори за одржлив економски раст.
Министерката Божиновска ја нагласи важноста на партнерството со меѓународни финансиски институции како IFC во процесот на енергетска транзиција и изрази уверување дека ваквата соработка ќе придонесе за постигнување на стратешките цели на земјата во енергетскиот сектор.
Зелената транзиција ќе добие значителен поттик од зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка која активно ја поддржува енергетската транзиција во регионот на Западен Балкан преку различни иницијативи и проекти и има значајна улога во мобилизирање на капитал за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност
Економија
Дурмиши со трговците и диструбутерите за ограничувањето на маржата: конечната одлука следната недела

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и претставници од Комисијата за заштитa од конкуренција денеска одржаа состанок со претставници на најголемите трговски ланци и дистрибутери во државата.
На состанокот се разговараше за предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа на 10% во трговија на големо и 10% во трговија на мало на дел од основните прехранбени производи и средства за хигена.
Трговците и диструтерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира.
На состанокот беше договорено конечната одлука да се донесе во текот на следната недела.
Економија
(Видео) Илиевски: Заканите од трговците за отпуштања се последица на слабото лидерство на Мицкоски

Заканите од трговците за отпуштање на 5000 работници се директна последица на неспособноста на Владата на ВМРО-ДПМНЕ да води економска политика која ќе ги заштити граѓаните, но и ќе обезбеди стабилност за работниците и компаниите. Така е кога Мицкоски наместо да биде лидер, глуми набљудувач во државата која ја води, изјави потпретседателот на СДСМ, Методија Илиевски.
„СДСМ, додека беше на власт, успеваше да донесе мерки кои ја контролираа ценовната криза без да дозволи отпуштања. Зошто? Затоа што се боревме за интересите на граѓаните, но и за стабилноста на пазарот“, рече Илиевски.
Тој апелираше до власта да ги прифати пакет мерките кои ги презентираа. Мерките се однесуваат на намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто; намалување на ДДВ за основни прехранбени производи; замрзнување на цените на основните производи; фиксирање на маржите за основните производи; итна примена на Законот за нефер трговски практики; намалување на цената на „зелениот картон“ за автомобили и зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите.