Контакт

Економија

СДСМ: Неповратните средства за млади земјоделци ги зголемуваме од 10 на 20.000 евра

Објавено пред

Владејачкиот СДСМ информира дека со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој, обезбедена е дополнителна помош за младите земјоделци, но и унапредени и поедноставени се условите за користење на европските фондови ИПАРД за развој на конкурентно земјоделство.

„Воведуваме дополнителна мерка за вршење на дејност во износ од 20 илјади евра за младите земјоделци до 40 години. Оваа мерка ќе обезбеди значителна поддршка за младите земјоделци да се мотивираат за занимавање со земјоделската дејност. Претходно, над 400 млади земјоделци добија неповратни средства од 10.000 евра за да продолжат се занимаваат со земјоделство и да го унапредат сопственото производство.

Со последните законските измени обезбедуваме предфинансирање на корисниците на мерките од ИПАРД програмата, со што го олеснуваме пристапот до овие фондови.

Земјоделците што се корисници на оваа програма сега парите ќе ги добиваат однапред, пред да започнат со инвестициите, а ќе имаат обврска да ги вратат во период од осум години, без камата. Парите за оваа мерка ќе бидат обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија.

Помошта се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување на опрема и воспоставување на капацитети за постбербени активности.

Развојот и унапредувањето на земјоделството се приоритет за СДСМ. Мерките што ги обезбедуваме гарантираат преструктуирање и подмладување на земјоделскиот сектор преку силна поддршка за младите земјоделците до 40 години и обезбедување услови за воведување на нови технологии во преработувачката индустрија и постбербените активности“, информираат од СДСМ.

Економија

Примателите на социјална помош преку „Еуростандард“ до 25 август треба да отворат сметка во друга банка

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства кои биле клиенти на „Еуростандард банка“ и средствата ги добивале на картичка, ги подигнувале на шалтерите на банката, или ги добивале во својот дом, како и оние што ги подигнувале на шалтерите на „Македонски пошти“, дека заради продолжување на навремена и редовна исплата потребно е да го направат следново:

– Доколку покрај трансакциската сметка во „Еуростандард банка“ АД Скопје корисникот има трансакциска сметка и во друга банка (освен „Охриска банка АД Скопје“), да се обратат во таа банка заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

– Доколку корисникот нема отворено трансакциска сметка во друга банка, потребно е да отвори нова трансакциска сметка во некоја од банките во земјата (освен Охриска банка АД Скопје) заради поврзување на трансакциската сметка со социјалниот број, за да продолжи исплата на правото преку таа банка.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите, при поврзување на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка, задолжително треба да го известат вработеното лице во банката дека преку трансакциската сметка сакаат понатаму да им се врши исплатата на правото, информираат од ресорното министерство.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачите се известуваат дека поврзувањето на постоечката трансакциска сметка, односно отварање на нова трансакциска сметка треба да го направат најдоцна до 25 месецов, заради навремена исплата во месец септември.

Корисниците на парични права од социјална и детска заштита и згрижувачките семејства нема потреба да одат во центрите за социјална работа за да земаат социјален број.

Прикажи повеќе...

Економија

На Еуростандард банка трајно ѝ е одземена дозволата за вршење услуги со хартии од вредност

Објавено пред

Комисијата за хартии од вредност на 77-тата седница, со која претседаваше претседателот на КХВ, Нора Алити, на Еуростандард банка АД Скопје – Дирекција за услуги со хартии од вредност трајно ѝ ја одзема дозволата за работа за вршење услуги со хартии од вредност. Ваквата одлука Комисијата ја донесе кога беа доставени известување и решение од Народната банка за укинување на дозволата за основање и работење и исполнување на условите за отворање стечајна постапка.

Поради овие новонастанати околности, Комисијата за хартии од вредност ги задолжи Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје, Еуростандард банка АД Скопје да ја исклучат од членство, така што Дирекцијата за услуги со хартии од вредност повеќе нема да врши услуги поврзани со работењето со хартии од вредност, односно нема да биде овластен учесник на пазарот на хартии од вредност.

Комисијата за хартии од вредност нагласува дека нашиот пазар на хартии од вредност останува да биде стабилен, функционален и целосно ефикасен. Истовремено, укажува дека трговските трансакции со хартии од вредност, кои до укинувањето, односно одземањето на дозволата на банката, биле склучени, ќе се реализираат во целост во согласност со важечките законски прописи и правила.

Клиентите што услугите на пазарот на хартии од вредност ги остварувале преку Дирекцијата на Еуростандард банка АД Скопје, ќе може да ги вршат преку другите овластени учесници на пазарот на хартии од вредност.

Прикажи повеќе...

Економија

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Објавено пред

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми.

Тоа значи дека не може да се наплаќаат сметки за струја, комунални услуги, да се врши исплата на пензии и социјална помош.

Сè додека не се избере друга банка со која ќе соработуваат за вршење платен промет, услугите ќе бидат блокирани. Рустеми не знаеше да одговори кога ќе се изнајде решение и кога ќе се потпише нов договор.

„Од денеска, поради неработењето на Еуростандард банка, на шалтерите на ‘Пошта’ не можеме да ги обезбедиме финансиските услуги и услугите на платниот промет за многу граѓани и правни лица, како што се наплата на сметки за комунални услуги, наплата на сметки за струја, исплата на пензии, исплата на социјална помош, други банкарски услуги и безготовински платен промет за депонентите од Еуростандард банка. Сите овие услуги ‘Пошта’ во својата мрежа ги обезбедува во име на Еуростандард банка и за нив наплаќа соодветен надоместок“, посочи Рустеми.

Според него, во првите шест месеци во 2020 година ‘Пошта’ обезбедила 110 милиони денари само од услугите што од денес не може да ги обезбеди, што е 19,4 отсто од вкупните остварени приходи.

„Во услови на пандемија, ова беа значајни приходи за ‘Пошта’ бидејќи здравствената криза придонесе и за огромен пад на приходите за поштенските услуги. Најмногу на тие од меѓународниот поштенски сообраќај. Над 870 вработени во ‘Пошта’, целосно или делумно, извршуваат работни обврски поврзани со обезбедувањето на наведените услуги. Приходот од наведените финансиски услуги обезбедува плата за речиси 560 вработени во ‘Пошта’. Изразувам жалење за настанатата ситуација до сите граѓани и фирми, корисници на нашите услуги, со кои имавме одлична соработка во делот на наплата на нивните сметки или фактури“, додаде Рустеми.

Сега ‘Пошта’ бара спас од Владата како основач и Народната банка како регулартор на нивните услуги.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Пропаѓањето на Еуростандард банка го блокира платниот промет во „Македонска пошта“

Поради пропаѓањето на Еуростандард банка, платниот промет во „Македонска пошта“ е блокиран, соопшти генералниот директор Ејуп Рустеми. Тоа значи дека...

Македонија3 часа

141 нов случај на Kовид-19 во земјата, починале 2 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија3 часа

(Видео) Ахмети: Заев треба да понуди силни аргументи зошто Албанец не би бил премиер

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на брифинг за новинарите денеска рече дека деновиве продолжуваат работните средби со лидерот на СДСМ,...

Македонија4 часа

Заев: Подготвен сум да бидам премиер во наредните четири години

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е уверен дека ќе успее да состави влада во следните 20 дена, а веќе денеска...

Македонија4 часа

(Видео) Лидерите од албанскиот блок не дојдоа, Ахмети остана сам на средбата во хотелот „Парк”

На закажаната средба на партиите од албанскиот блок на иницијатива на ДУИ се појави само Али Ахмети. Како што рече...

Македонија4 часа

Браќа од Битола обвинети за ширење детска порнографија, собирале интимни снимки од малолетнички

Битолското Јавно обвинителство поднесе обвинение против двајца браќа од Битола на возраст од 51 и 52 години, од кои едниот...

Топ5 часа

Обвинение за скопјанец што организирал фудбалски турнир на кој имало 100 луѓе во публика

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 17 лица...

Економија5 часа

Граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка по 20 дена во вредност до 30 илјади евра

Фондот за осигурување депозити, во согласност со решението на гувернерот на Народната банка за укинување на дозволата за основање и...

Свет6 часа

Лекот „РЛФ-100“ покажува позитивни резултати кај тешко заболените од коронавирус

Швајцарската компанија и нејзиниот американски партнер објавија дека нивниот лек „РЛФ-100“ („авиптадил“) покажува позитивни резултати кај пациенти со коронавирус, кои...

Македонија7 часа

Поради семејни причини, Џафери не закажа за денеска собраниска седница

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери, се премисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел...

Европа7 часа

Грција и Франција со рекорден број новозаразени од коронавирус

Грчката влада соопшти дека во изминатите 24 часа се регистрирани 262 нови случаја на коронавирус, што е најголем дневен број...

Свет7 часа

Стотици луѓе починале од лажни информации за коронавирусот

Во првите три месеци од оваа година најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации за коронавирусот, објавија научниците. Според...

Македонија8 часа

Деветнаесет години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор

Денеска, се одбележуваат 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор, со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјата...

Свет19 часа

Најмалку 800 луѓе во светот умреле поради дезинформации во врска со ковид-19

Најмалку 800 луѓе во светот починале поради дезинформации врзани за коронавирусот во првите три месеци од оваа година, тврдат научниците....

Свет21 час

(Видео) Најмалку тројца загинати и шестмина повредени во тешка железничка несреќа во Шкотска

Најмалку три лица, вклучително и возачот на возот, загинаа во железничка несреќа што се случи во Шкотска, откако патнички воз...

Македонија21 час

Градинките добија протокол за работа – се прилагодуваат групите согласно насоките

Министерството за труд и социјална политика информира дека на денешниот состанок со Комисијата за заразни болести и претставници на Министерството...

Економија23 часа

Бежоска: НБРМ ќе побара стечајна постапка за „Еуростандард банка“

Стечајна постапка за „Еуростандард банка“ ќе побара Народната банка од судот, најави гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска. Таа кажа дека се направени...

Македонија24 часа

МВР го расчисти случајот со авотмобилот што изгоре во Ново Лисиче

Истрагата на МВР за инцидентот, во кој автомобил целосно изгоре во Ново Лисиче, покажала дека се работи за несреќен случај,...

Македонија1 ден

Регистрирани 139 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Охрид

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи на...

Македонија1 ден

Пендаровски утре ќе му го врачи мандатот на Заев

Претседателот Стево Пендаровски, утре, во 12 часот, мандатот за состав на новата влада ќе му го довери на Зоран Заев,...

Досие