Контакт

Економија

СДСМ е фатен во милионски криминал со државни пари во ЕЛЕМ, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

СДСМ преку договор склучен во четири очи е фатен во милионски криминал со државни пари во АД ЕЛЕМ.СВ-Инвест и РЕК Битола имаат склучено договор за ангажирање работници по цена од 197 денари од час по работник, но на работниците им исплаќа само по 75 денари од час, што се потврдува и од уплатниците на работниците со кои располагаме, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ и раководството на АД ЕЛЕМ треба да одговорат каде завршуваат над 13 милиони денари од 21 милионскиот договор за ангажирање работници, склучен во четири очи помеѓу РЕК Битола и СВ – Инвест. Дали овие пари наменети за работниците завршуваат во нечии приватни џебови и за која намена?

„Дали токму тоа беше причината  да се поништи транспаренттната и редовна постапка и да се склучи 21 милионскиот договор во четири очи со фирмата СВ – Инвест? Јавноста сè уште чека одговор и зошто фирмата СВ-Инвест ќе добива 197 денари за работник по час за услуга за која претходно беше наплаќано само 120 денари. Што се смени за цената одеднаш да порасне за 77 денари? СДСМ и раководството на ЕЛЕМ треба да им објаснат на граѓаните и на работниците на кој начин се трошат нивните пари. Граѓаните мора да знаат каде расипничката влада на СДСМ ги троши нивните пари. Криминалното трошење на парите на граѓаните мора да запре. Република Македонија и граѓаните заслужуваат подобро, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Влада: Договорот е склучен пред три години кога Анѓушев не беше на функција

Објавено пред

Договорот за концесија е склучен пред три години, државата има обврска да доделува земјиште под закуп за сите хидроцентрали. Вака Владата ги коментира обвинувањата изнесени на прес-конференцијата на портпаролот на ВMРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, кој обвини дека премиерот Заев на вицепремиерот Анѓушев му отстапил 7 105 квадратни метри земјиште по пат на непосредна спогодба.

Владата информира дека договорот за концесија во овој случај бил склучен на 4 мај во 2015 година, за тендерска постапка објавена во 2014 година, односно во време кога Кочо Анѓушев не бил на никаква позиција, односно не бил заменик-претседател на Владата на Република Македонија.

„Се работи за изнесување неточни информации преку кои се прави обид да се наруши угледот на Владата, на претседателот на Владата, Зоран Заев, и заменикот на претседателот на Владата, Кочо Анѓушев. Во Македонија во изминатите 10 години за секоја  мала хидроцентрала изградена на државно земјиште се потпишува договор за долготраен закуп. Имајќи предвид дека до сега се изградени над 60 мали хидроцентрали по пат на концесија, значи дека потпишани се над 60 вакви договори за долготраен закуп. Што значи, ништо незаконски и ништо екслузивно не се случило со донесувањето на одлуката за долготраен закуп, туку само се следени строго дефинираните обврски од договорот за концесија и законската регулатива во Република Македонија“, велат од Владата.

Оттаму додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ знае оти во дел од овие мали хидрелектрани сопственост има и актуелниот претседател на нивната партија, Христијан Мицковски, а договорите за долготраен закуп биле потпишани додека тој бил дел од Кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски.

Од Владата велат дека согласно со строго дефинираните обврски од договорите за концесија, доделувањето на одлука за долготраен закуп на државно земјиште е право со кое се стекнува секој концесионер, во случајот МХЕ „Тополки“ ДОО Скопје, кој има потпишано Договор за концесија за вода за производство на електрична енергија од мали хидроцентрали и е строго законска одлука, која не трпи волунтаризам туку мора да се спроведе.

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Општините со три милијарди денари ќе ги покриваат долговите

Објавено пред

Денеска Владата го усвои законското предлог-решение со кое на општините им се ставаат на располагање 3 милијарди денари за покривање на заостанатите долгови.

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на прес-конференцијата на која присуствуваше и министерот за локална самоуправа, Фазлиу, рече дека секоја општина ќе добие неповратни средства за да покрие 51 процент од пријавените обврски. Овие средства се предвидени со ребалансот на буџетот.

„Средствата кои ќе се доделат на единиците на локалната самоуправа како финансиска поддршка се строго наменски и неповратни. Целта е да се зајакне фискалниот капацитет на единиците на локалната самоуправа, сервисирање на долговите и раздолжување кон стопанството“, рече Тевдовски.

Министерот за финансии посочи дека освен решавање на проблемот со долговите на општините, Владата ќе воспостави механизам за спречување на акумулирање долгови во иднина. Се предлагаат измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со воспоставување на фискално правило за планирање на сопствените приходи на основниот буџет на единиците на локалната самоуправа.

„Преоптимистичкото планирање на приходите е една од причините поради кои општините креираа неизмирени обврски во претходните години. Со предлог-измените на Законот се воведува ограничување при планирање на сопствените приходи на основниот буџет на општините, во смисла истите да може да се планираат со пораст од најмногу 10 проценти од просечно остварените приходи во последните три години, според податоците од трезорската евиденција. Во однос на истото се предвидени исклучоци само доколку општината има обезбедено потврда за трансфер на средства од соодветна институција за реализација на проекти во општината“, појасни Тевдовски.

Заклучно со 30 септември годинава, како што додаде министерот, електронскиот систем за евиденција на Министерството за финансии забележал стари пријавени доспеани, а неплатени обврски, во износ од 18,817 милијарди денари. Ова е за 3,527 милијарди денари помалку во однос на обврските пријавени со пресечен датум 31 мај 2017 година.

„Намалувањето се должи на намалувањето на неплатените обврски кај буџетските корисници на национално ниво во износ од 3,6 милијарди денари во споредба со мај 2017 година“, рече министерот за финансии.

Министерот за локална самоуправа истакна дека со денешната одлука на владината седница решава проблем со кој се соочува речиси секоја општина во Македонија. Тој додаде дека од општините ќе се бара и да ја зголемат транспарентноста. Тие ќе мора да испратат и детали за доверителите на кои ќе им се исплатат средствата.

„Општините сопствените приходи може да ги планираат до најмногу 10 проценти од просечните приходи во последните 3 години, ова би значело дека општината ќе може да го надмине максималниот износ од планирани приходи само доколку има обезбедено потврда за трансфер на средства. Доколку буџетот на општината не е изготвен во согласност со овие измени, истиот нема да биде впишан во трезорот на Министерството за финансии“, истакна министерот Фазлиу во своето обраќање.

 

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Арсовски: Заев на Анѓушев му отстапил 7 105 квадратни метри земјиште по пат на непосредна спогодба

Објавено пред

Заев, лично, на 9 октомври му потпишал на вицепремиерот и сопартиец Кочо Анѓушев согласност за давање под долготраен закуп градежно земјиште за изградба на хидроцентрала, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.

„Заев по пат на непосредна спогодба, на Друштвото за производство, трговија и услуги ‘МХЕ тополки’ ДОО Скопје, каде што еден од сопствениците е Кочо Анѓушев, преку фирмата ‘Фероинвест’, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител, му доделил градежно земјиште во вкупна површина од 7 105 квадратни метри во катастарската општина Дреново за изградба на хидроцентралата ‘Тополка’. Одлуката е излезена во ‘Службен весник’ на 15 октомври“, истакна портпаролот на опозициската партија.

Арсовски обвини дека станува збор, како што рече, за најкласичен случај на судир на интереси во Владата на СДСМ.

„Кочо Анѓушев преку медиумите ја уверуваше јавноста дека неговите фирми нема да учествуваат и да добиваат бенефити од институциите на кои самиот им е претпоставен како вицепремиер. Но, очигледно на Анѓушев поважни му се личниот интерес и интересот на неговиот бизнис. Практично, оваа Влада работи лично за нивниот интерес и нивниот бизнис, а граѓаните ги оставаат на цедило“, рече портпаролот, кој исто така порача дека ќе дојде ден кога судството и институциите ќе бидат независни и Република Македонија и граѓаните ќе победат.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Почна состанокот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

Вечерва почна состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу првите кои пристигнаа беа пратеничките Ане Лашкоска, Благица Ластовска и Лилјана Затуроска,...

Македонија2 часа

(Видео) Палмер: Не се сретнавме со Мицкоски зашто ми ги кажа ставовите во писмото

Заменикот на помошник-државниот секретар на САД, Метју Палмер, на заедничка прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека не остварил средба...

Македонија2 часа

(Видео) Да дозволиме помирувањето од Собранието да продолжи во институциите, порача Заев

Помирувањето започна во Собранието, да дозволиме да продолжи во институциите, порача првиот човек на Владата, Зоран Заев, на заедничката прес-конференција...

Македонија5 часа

Ѕанакопулос очекува договорот од Преспа да помине во грчкиот парламент

Со гласањето за почеток на уставните промени беше направен историски чекор што ќе ги однесе двете страни поблиску до стапување...

Македонија6 часа

Поддршка за Мицкоски или барање за негова смена на состанокот на ЦК?

Од обвинувања за изолација на партијата и избрзани одлуки на раководството со исклучувањето на пратениците до поддршка за лидерот на...

Македонија7 часа

Кирацовски: Ќе видиме дали националното помирување ќе биде само за 27 април или пошироко

Пратеникот на СДСМ, Александар Кирацоски, ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да се приклучат кон иницијативата за национално обединување бидејќи, како...

Македонија8 часа

Беса може да го условува спроведувањето на уставните измени во Собранието

Пратеникот Фадил Зендели, дел од крилото на Беса со кое предводи Биљал Касами, вели дека во процесот на уставните измени...

Македонија10 часа

Сакаме да ги поддржиме храбрите пратеници што гласаа, рече обвинетиот Вилијам Михајловски

На почетокот од судењето за 27 април обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека сака да им даде поддршка на храбрите пратеници...

Македонија11 час

(Видео) Пратениците што гласаа за уставните измени се појавија на судско рочиште за 27 април

Пратениците што во петокот гласаа за уставните измени во Собранието утрово се појавија на судско рочиште за настаните што се...

Свет11 час

Екстремно опасeн ураган од петта категорија му се заканува на Мексико

Новоформираниот ураган Виља бргу прерасна во крајно опасна бура од речиси петта категорија во областа на источен Пацифик, која во...

Свет11 час

Саудиски министер: Убиството на Кашоги е огромна грешка

Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, изјави дека саудискиот новинар Џамал Кашоги бил убиен во неовластена операција, објави Би-би-си....

Македонија12 часа

Кривична пријава за загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобичен материјал преку социјалната мрежа „Фејсбук“  

СВР Скопје во соработка со Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи до Основно јавно...

Македонија15 часа

Метју Палмер во посета на Македонија

Заменик-помошникот државен секретар на САД, Метју Палмер, денеска ќе ја посети Македонија за да разговара за американската поддршка за преспанскиот...

Македонија1 ден

Исклучената од ВМРО-ДПМНЕ, Исмајлоска-Старова: Не се каам што гласав за уставни измени

Експратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Нола Исмајлоска-Старова, за „Макфакс“ вели дека не се кае што гласала за отпочнување на процесот за уставни...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Верувам дека заеднички изготвените амандмани ќе нѐ обединат во иднина

Премиерот Зоран Заев денеска од Валандово изрази уверување дека во рамките на 15-те дена за изготвување на нацрт-амандамните ќе се...

Регион1 ден

Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос

Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде...

Македонија1 ден

(Видео) Шекеринска: Македонија со оваа одлука станува фактор на стабилност во регионот

Пратениците презедоа одговорност и испишаа нова шанса во историјата на Македонија, сакам да им честитам на сите за заедничкиот напредок...

Македонија1 ден

Русија останува на својот став, ве признавме под името Република Македонија

Русија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име пред повеќе од 26 години и својот став не го менува,...

Свет1 ден

(Видео) САД бара повеќе информации од Ријад, но не сака да биде запрена продажбата на оружје

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не е задоволен од саудиските власти за смртта на новинарот Џемал Кашоги, но...

Македонија1 ден

Бавна правда: 650 судења се одложени за 1,5 година поради отсуство на обвинител

За една и пол година (2017 до јуни 2018 година) во скопскиот кривичен суд биле одложени 672 судења, од кои...

Досие