Економија
СДСМ: Сите пакети на антикризни мерки ги даваат предвидените резултати

Сите пакети на антикризни мерки ги даваат предвидените резултати, поддршка од Владата предводена од СДСМ добиваат илјадници граѓани и компании, велат oд владејачкиот СДСМ преку сооопштение.
„Владата предводена од СДСМ во услови на здравствена и финансиска криза предизвикана од светската пандемија, создаде економски пакети коишто се состојат од низа мерки со цел полесно справување со последиците од корона-кризата врз стопанството, населението, работниците, младите и многу граѓани од други категории.
Со досегашните мерки, стотици илјади луѓе ги задржале работните места, а поддршка добиле илјадници компании.
Владиниот одговор на фискалната политика на пандемијата беше експресен и далекосежен за претпријатијата и вработените во најпогодените дејности, како и за најранливите категории граѓани.
Владините економски мерки директно придонесоа за ублажување на негативните последици врз доходот и потрошувачката на домаќинствата, како и активноста на деловните субјекти.
Фискалниот стимул на досегашните мерки изнесува 704 милиони евра, односно 6,5% од БДП.
Оттука, се проценува дека преку овој фискален импулс падот на економската активност е ублажен, односно без овие мерки падот на економската активност би бил повисок за 3,9 процентни поени во 2020, односно би изнесувал -8,4% , наспроти реализираниот пад од 4,5%.
Четирите сета економски мерки дадоа значителен придонес и за ублажување на последиците во однос на стапката на невработеноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Заев: Расте извозот, во последните 8 месеци потпишавме 48 договори за нови инвестиции

Владата во последните 4 години во континуитет ја одржува грижата за постоечките инвеститори и работи на привлекување нови инвестиции од странски компании, истакна премиерот Зоран Заев по посетата на фабриката „Кемет електроникс“ заедно со директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски.
„Партнерскиот однос кој Владата го гради со компаниите кои функционираат во земјата, како и за поволната бизнис-клима која поттикнува нови инвестиции и развој на компаниите придонесе во овој мандат, односно од септември 2020 година, да бидат потпишани 48 договори за државна помош со компании кои аплицираа по Законот за финансиска поддршка на инвестиции“, рече премиерот Заев.
Тој потенцира дека од септември 2020, вкупно 53 инвестициски проекти, со поддршка на државата се во тек, со вкупна вредност од 95,7 милиони евра со кои се создадоа околу 2.000 нови работни места за граѓаните.
„Дополнително, од септември минатата година до денес, што значи за само 8 месеци потпишавме 5 договори за нови инвестиции на странски компании во земјата. Имаме уште 15 други компании кои ги препознаа поволностите за поддршка на странските директни инвестиции и веќе ги почнаа постапките за стекнување државна финансиска поддршка. Станува збор за компании од Турција, Германија, Јужна Кореја, Народна Република Кина“, објасни премиерот Заев.
Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски рече дека новиот пристап и квалитет во поттикнување инвестиции се базира на реални економски политики и носи реални економски резултати.
„Потсетувам имаме најдобар прв квартал во последните 4 години, со раст на извозот од 41% во однос на 2018 година или над 300 милиони евра. Инвестициите се враќаат. Компаниите во зоните, во 2020 година уплатиле нето-износ од над 1.8 милијарди денари во буџетот на РСМ“, рече Деспотовски.
Економија
„Веро“ е добитник на наградата Best Buy за најдобар однос на цена и квалитет

Во рамки на независното истражување Best Buy Award за 2021/2022 година што го спроведува швајцарската организација ICERTIAS, „Веро“ е добитник на наградата за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот според мислењaта, искуствата и изборот на потрошувачите во земјава.
Водејќи се од личното искуство, мнозинството потрошувачи го избраа „Веро“ за најдобар маркет во категоријата „Најдобар однос на цена и квалитет“ и го посочија како прв избор на маркет во кој добиваат највисок квалитет за вложените пари.
За менаџментот на „Веро“, значајното признание Best Buy е потврда дека потрошувачите ги препознаваат заложбите на „Веро“ секогаш да обезбеди голем избор на најквалитетни производи и најдобри цени.
„Сите награди и признанија се значајни, но оние што доаѓаат лично од потрошувачите за нас имаат огромно значење. Нема подобра препорака од препораката која доаѓа од самите потрошувачи. Искрено се гордееме што сме добиtници на вакво престижно признание и што потрошувачите го препознаа нашиот напор и истрајност да им понудиме производи со најдобар однос на цената и квалитетот. Заедно со нашите домашни и странски добавувачи континуирано работиме на зголемување на понудата на домашни и странски производи што ќе бидат прилагодени на потребите и очекувањата на нашите потрошувачи. Оваа награда ќе биде мотив повеќе да продолжиме да ги ослушнуваме нивните потреби и да им излеземе во пресрет на нивните желби, што ни претставува особено задоволство“, вели Петар Денковски, генерален директор на „Веро“.
Истражувањето во земјава е спроведено во текот на јануари 2021 година на репрезентатативен примерок од 1.200 испитаници постари од 18 години кои се чести потрошувачи на различни синџири маркети.
Секој испитаник во анкетата требаше самиот да го впише името на супермаркетот во кој добива најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, при што според резултатите од анкетата, „Веро“ го доби престижното признание Best Buy, препознатливо и признаено во интернационални рамки.
(ПР текст)
Економија
Заев: Со засилено темпо ги зголемуваме инвестициите во обновливи извори

Фотонапонската електроцентрала во Теново е со јачина од 1,2 мегавати и претставува уникатен пример на успешно спроведен проект по пат на премиуми кои ја штеди државата многу средства, носи приход за самиот инвеститор го подобрува имиџот на Општина Брвеница. Се имплементира на земјиште кое не се употребува за земјоделски култури и дава придонес во недостигот на електрична енергија во нашата земја, а остваривме приход од 3 милиони евра директно при самата лицитација на постапките, изјави премиерот Зоран Заев на промоција на официјалниот почеток на оваа фотонапонската централа. Истовремено Заев најави дека во постапка е и изградбата на нови фотонапонски централи со преку 60 мегавати моќност по примерот на премиум тарифи.
„Се работи за една од вкупно 27 централи кои склучија договор за право на користење премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во приватна сопственост, за што јавниот повик беше објавен во 2019 година“, рече Заев.
Тој стакна дека постепено се менува производството на електрична енергија од јаглен со производство на електрична енергија од обновливи извори и дека меѓу приоритетите годинава се важни енергетските проекти кои се очекува да ја раздвижат економијата.
Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека ако претходно државата преку фидинг тарифите плаќаше минимум 120 евра гарантирана цена, сега тоа е двојно намалено што значи дека влијае на крајната цена на потрошувачите, односно граѓаните и индустријата.
„Се работи за една важна инвестиција во нашата држава. Во континуитет се градат централи и на другите локации и до крајот на оваа година ќе имаме над десет изградени на приватно земјиште во Северна Македонија. Ако ги додадеме и фотонапонските централи коишто се градат на државно земјиште за две години ќе имаме вкупна инсталирана моќност од над 60 мегавати што значи дека за три години инсталираниот капацитет ќе биде за три пати поголем до 2017 година, кога не надминуваше повеќе од 20 мегавати. Со ова покажуваме дека ги поттикнуваме сите инвестиции во делот на обновливи извори на енергија, го зголемуваме капацитетот за производство на електрична енергија на домашниот пазар и ја намалуваме зависноста од увоз на струја“, истакна Бектеши.
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини посочи дека фактот што постои отворање на фотонапонска централа, на 22 април, денот на планетата Земја, испраќа вистинска порака за тоа како треба да се грижиме за планетата земја.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион1 недела
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?