Контакт

Економија

СДСМ: Скапоцениот партиски дворец е единствената инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Скапоцениот барокен дворец во којшто е сместена ВМРО-ДПМНЕ е единствената инвестиција за време на 11 годишното криминално и расипничко владеење на оваа партија, реагира СДСМ, по обвинувањата од страна на опозицијата дека единствените инвестиции во земјава, се оние кои ги донела претходната власт.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ и нема капацитет да разбере дека заврши времето кога таа партија го уценуваше стопанството и насилно се преземаа компании преку офшор сметки. За разлика од времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога за привлекување странски инвестиции се потрошија 225 милиони евра пари на граѓаните за скапи и неефикасни роуд шоуа и рекламни кампањи, Владата предводена од СДСМ преку Планот за економски раст, за само десет месеци обезбеди влез на 10 нови инвестиции, без да потроши денар од Буџетот“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Владејачката партија вели дека бенефит од планот за економски раст ќе имаат сите компании, со јасно утврдени критериуми коишто важат за сите инвеститори подеднакво.

 

Македонија

(Видео) Тим од десет лица од Турција помага на детската кардиoхирургија во „Систина“

Објавено пред

Тим од десет медицински лица со дваесетгодишно искуство од болниата „Аџибадем Бакарој“ во Истанбул, Турција му е ставен на располагање на домашниот тим во „Систина“ за операции на срце кај деца. „Систина“ од оваа есен прави операции на срце кај деца на товар на Фондот за здравствено осигурување.

Операциите ги врши тимот предводен од детскиот кардиохирург Владимир Чадиковски, а турскиот тим ги надгледува и дава поддршка. Детскиот кардиохирург и професор Тајар Сариоглу од детската кардиохирургија во „Аџибадем Бакарој“ во Истанбул вели дека одлучиле да помогнат на детската кардиохирургија во Скопје поради големиот број пациенти од Балканот кај нив.

„Имаме многу пациенти од Балканот што доаѓаат кај нас. Ја забележавме потребата да се отвори детска кардиохирургија во ‘Систина’ и го забрзавме тој процес. Таму ќе работи тимот кој сега се формира, а засега тим од овде ќе патува во Скопје за да им помогне. Во тимот за поддршка има околу десет медицински лица, детски кардиохирург, анестезиолог, медицинска сестра, медицинкса сестра за интензивна нега. Сите имаат над дваесет години искуство“, вели професорот Сариоглу.

Само во Истанбул, Сариоглу вели дека се прваат по 600 операции на срце кај деца годишно од кои успешни се над 95 отсто. Една третина од пациентите што доаѓаат кај нив се деца со вродени срцеви маани, за кои докторот вели дека е најважно да бидат оперирани во првите три месеци по раѓањето.

Тој ја расчисти дилемата дали кардиохирург за возрасни може да оперира и деца, за која веќе неколку месеци се расправа во Македонија.

„Детската кардиохирургија е многу специфична гранка. Разликата помеѓу детски кардиохирург и кардиохирург за возрасни е огромна. Во никој случај не смее кардиохирург за возрасни да оперира деца. Детскиот кардиохирург мора да биде обучен и да има големо искуство зад себе. Не само кај нас, и во Европа и во целиот свет за да оперираш бебе или дете мора да бидеш специјалист за детска кардиохирургија“, нагласи Сариоглу.

Тој, заедно со тим од Турција, ги надгледувал четирите операции на срце кај деца направени изминативе две недели во „Систина“ по потпишувањето на договорот со Фондот за здравствено осигурување. Вели дека плановите на „Аџибадем“ се „Систина“ да стане регионален детски кардиохируршки центар кој ќе ги преземе пациентите од Балканот кои сега патуваат до Истанбул.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Ангеловска: Граѓаните можат да добијат до 20.830 евра субвенција преку „Купи куќа, купи стан“

Објавено пред

„Граѓаните можат да добијат и до 20.830 евра субвенција преку проектот „Купи куќа, купи стан“. Со новите модели, проектот ги таргетира и младите и повозрасните граѓани, и оние кои се во брак и оние кои не се. Сите граѓани кои сакаат да аплицираат за проектот можат на едно место да се информираат и од Министерството за финансии и од банките и од градежните компани на саемот „Купи куќа,купи стан“ кој се одржува до недела во Скопје Сити Мол“, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска посетувајќи ги изложувачите на саемот.

„Секој заслужува да има сопствен дом, а преку проектот „Купи куќа, купи стан“ и субвенционирање на станбениот кредит, државата дава поддршка тогаш кога е најпотребно – на почетокот.„Купи куќа, купи стан“ од годинава има значително подобри услови, кои сакавме да им ги претставиме на граѓаните.Најважно, намалена е каматната стапка на проектот на 2,9% за првите три години и на 3,9% за четвртата и петтата година. Ова се меѓу најповолните услови во моментот на пазарот. Само по овој основ граѓаните заштедуваат 1.300 евра на камати. Концептот е разработен со повеќе модели за купување на стан или куќа, за млади, но и за повозрасни граѓани, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом“,рече Ангеловска.

Од Македонската банкарска асоцијација, од каде 8 банки-членки се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“ истакнаа дека ги поздравуваат новите услови за проектот и новите каматни стапки, кои заедно со субвенциите од државата го прават проектот атрактивен.

„На пример, кај новиот модел „Купи стан за млади“ за клиенти со возраст до 35 години со новите каматни стапки и субвенција од 70% од ратата за првите 5 години што ја дава државата за станбен кредит од 50.000 евра со рок на отплата од 30 години, бенефитот за клиентот на кракј на периодот на отплатата е како да земал станбен кредит со 0,5% фиксна каматна стапка за првите 5 години. Во оваа ера кога милениумците копнеат по самостојност и независност ова е извонредна можност за исполнување на нивната желба“, рече Милена Перчинкова, извршен секретар на Македонската банкарска асоцијација.

Од Градежната комора при сојузот на Стопански комори нагласија дека го поддржуваат проектот уште од самиот почеток и дека овој проект е поддршка за градежништвото.

„Од почеток на проектот Комората го поддржува и учествува во работењето на проектот. На барање на Градежната комора кое беше адресирано до Министерството за финансии со цел да продолжи повластаената стапка за ДДВ за нови станови наидовме на разбирање од страна на Министерството за финансии и Владата и продолжен е до 31 декември до 2023. Тоа е една од поволностите која ги интересира граѓаните“, рече Ивица Јакимовски претседател на Градежната комора при Сојуз на стопански комори.

Проектот „Купи куќа, купи стан“ предвидува повеќе нови модели кои имаат поволни услови за младите до 35 години, но и за граѓаните со возраст над 35 години. Преку моделот „Купи стан за млади“ за граѓани до 35 години, државата субвенционира 70% од месечната рата од кредитот во рок од 5 години или 70% од учеството, а субвенцијата која може да се добие преку овој модел е и до 12.000 евра. За младите има и модел „Купи куќа за млади“ каде се субвенционира 100% од учеството за кредит или 11 години се субвенционира ратата и тоа 60% првите три години, 50% следните пет години и 40% следните три години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 20.830 евра, која е и најголемата субвенција која се нуди преку овој проект.

За граѓаните над 35 години има модели како „Купи куќа за над 35 години“ каде државата субвенционира 80% за учеството за куќа, или 80% од ратата во првите 5 години. Максималната субвенција која може да се добие преку овој модел е 13.600 евра.Има модели и со кои се поддржува надградба или доградба на куќа. Концептот е разработен, за да навистина има широк опфат и да ги таргетира сите оние граѓани на кои навистина им е потребна поддршка за да дојдат до сопствен дом.

Уште една новина е дека за секое новородено или посвоено дете во првите десет години од користење на кредитот се предвидува дополнителна едногодишна субвенција од 30% од ратата. Оваа мерка е во насока на поттикнување на наталитетот во земјава.

Прикажи повеќе...

Економија

Арсовска: Македонија ја нема на ранг листата на светски препознатливи брендови

Објавено пред

Македонските брендови тешко се позиционираат, мала e застапеностa на нашите производи на глобалните пазари, a истото се должи генерално на непостоење национална стратегија за институционална поддршка за индивидуално јакнење на домашните брендови. Поддршката на македонските компании кои како двигател на стопанството имаат развиено квалитетни производи и услуги, преку вложување во развој и градење на силни брендови, позитивно ќе се одрази врз севкупниот раст на националната економија, но и на промоција на Македонија како земја на потекло на препознатливи бренд производи. 

Согласно анализата на британската Brand Finance за 2019 година во топ 100 национално рангирањето на брендови по вредност, Македонија ја нема на листата. Од земјите во регионот Грција е на 57 место, Словенија на 60, Бугарија на 68, Србија на 76 место, а Хрватска на 78 место. 

Претседателот на Сојуз на стопански комори, Данела Арсовска во најава на неделата на Македонски квалитет 2019, истакна дека покрај тоа што компаниите треба да размислуваат за својот развој, економската политика во земјата е од големо значење за поддршка во градење на домашните брендови преку стратегија за настап на странските пазари, нивна индивидуална промоција како и спречување на поголеми нарушувања на пазарот од нелојална конкуренција.
„На македонските производи индивидуално може да им се помогне во креација на уникатна додадена вредност, да се насочат на пазари каде можат да постигнат успех,  да им се помогне со нови технологии, што би ја зголемило продуктивноста, да се покрене кампања на препознатливост во земјата, регионот па глобално. Голем број производи наместо да се преработуваат кај нас, се извезуваат како суровини или полупроизводи и се продаваат како дел од препознатливи брендови на други земји. 

Причините за ваквата состојба се бројни, но главно се од финансиска природа, резултат на малиот пазар и малата економска моќ на компаниите да вложуваат во сопствениот бренд. Токму затоа, треба да се постават јасни цели, да се поддржат индивидуално компаниите кои имаат предуслови за развој на сопствениот бренд, преку таргетирање на овие компании, на пазарите каде треба да се пласираат производите, да им даде поддршка со информации за законската регулатива на земјата во која се извезува, за потрошувачите и конкуренцијата на тој пазар како и поддршка за пласман и позиционирање. 

Сојузот на стопански комори на Македонија предлага отпочнување со пилот проекти каде би се инвестирало во поединечни компании со голем потенцијал, кои можат да дадат резултати не само да се постигне раст на поединечна компанија и бренд, туку и Македонија да се мапира и да отпочне да се препознава како земјата на потекло на тие поединечни успешни брендови” истакна Арсовска.

Јакнење на домашните брендови значи и јакнење на националниот бренд како најважен капитал на секоја држава во денешниот глобален свет, кој ги промовира инвестициите, додава вредност на извозот и ќе не постави во иднина на ранг листите, како земја од која потекнуваат препознатливи и квалитетни бренд производи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 минути

(Видео) Прв состанок на Путин и Зеленски на Самитот во Париз

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за прв пат се состанa во Париз со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот насочен...

Топ3 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија3 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија3 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија6 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион7 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт7 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет8 часа

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија9 часа

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет9 часа

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет10 часа

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет10 часа

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион22 часа

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ24 часа

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион1 ден

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ1 ден

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ1 ден

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија1 ден

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Македонија1 ден

Османи: Венецијанската комисија не вели да се отфрли двојазичноста во судството, туку да се создадат услови

Секој обид за еднострано поместување на балансот во македонско-албанските односи кој е постигнат со многу труд, со многу жртва од...

Култура1 ден

Две престижни признанија за документарецот „Медена земја“ во Лос Анџелес

Документарецот „Медена земја“ освои две престижни признанија на 35. Интернационални документарни награди (ИДА), што се одржаа вчеравечер (7. декември) во...

Досие