Контакт

Економија

Се замрзнува цената на медицинските маски и ракавици, се укинува царината на 13 медицински производи

Објавено пред

 

Се замрзнува цената на медицинските маски и ракавици, а се укинува и царината на 13 медицински производи. Министерот за економија, Крешник Бектеши, денеска на прес-конференција во Владата презентираше нови мерки за справување со последиците од коронавирусот, Ковид-19.

Како што информираше Бектеши, како дополнување на одлуката која ја донесе Владата на 19 март, со која се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи и дезинфекциски средства, Владата на вчерашната седница ја дополни оваа одлука со што се замрзнуваат и цените на потрошен медицински материјал и медицинска опрема и материјали. Замрзната ќе биде цената што била утврдена на 11 март 2020 година кога Светската здравствена организација (СЗО) прогласи пандемија на коронавирусот, Ковид-19.

„Целта на ова дополнување е да се вратат цените на маските, ракавиците и друг медицински материјал и опрема коишто во изминативе неколку дена пораснаа за неколку пати поради зголемената побарувачка кај граѓаните како средства за основна заштита од коронавирусот. Овие цени, како и претходната одлука ќе се применуваат до 30 април 2020 година“, кажа министерот.

На Седницата на Владата беше донесена одлука за укинување на царината на 13 медицински производи, кои се увезуваат во делот на потрошен медицински материјал.

„Со оваа одлука 100 проценти се укинува царината за: етилалкохол со 80% содржина на алкохол и повеќе, етилалкохол и други алкохоли, денатурирани, сапуни за тоалетна употреба, производи и препарати за миење на кожа, во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун, детергенти, препарати за перење и препарати за чистење, пластична облека и прибор за облека, текстилни драперии кои се употребуваат при хируршки процедури, маски пластични со текстилен филтер, очила со стакла од пластични маси. Укинувањето на увозната давачка, царинската стапка на стоките ќе важи до завршување на периодот на постоење вонредна состојба“, информираше Бектеши.

Во делот на царината донесена е и уште една мерка која произлезе како барање на компаниите од месната индустрија. На предлог на Министерството за економија, како што кажа Бектеши на вчерашната седница на Владата, донесена е одлука за четири месеци да се продолжи рокот до кој месната индустрија ќе може да увезува замрзнато месо без царина, односно до 31 октомври.

 

Економија

ЕУ: Поради епидемијата, кризата ќе чини стотици милијарди евра

Објавено пред

Сегашната криза предизвикана од пандемијата на коронавирус ќе ги чини европските земји стотици милијарди евра, проценува германскиот институт „Ифо“.

Речиси секоја земја во Европа веќе има усвоено пакет-мерки за помош на економијата од повеќе милиони евра, но тие нема да може да ја поправат штетата од ширењето на коронавирусот. Стопирањето на производството ќе ја чини милијарди евра секоја земја одделно.

Според „Ифо“, претпријатијата треба да бидат подготвени бргу да застанат на нозе поради што е потребно да се преземат итни мерки кои ќе овозможат да се поврзе обновата на производството со сузбивањето на епидемијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Оманскиот министер за нафта очекува цената на нафтата да биде од 30 до 40 долари за барел

Објавено пред

Цената на нафтата може да биде од 30 до 40 долари за барел во последниот квартал од оваа година, изјави министерот за нафта на Оман, Мохамед ал Руми, за весникот „Ал Ватан“.

„Враќањето на растот на цената на нафтата зависи од многу фактори вклучувајќи го и суспендираното ширење на коронавирусот и можноста ОПЕК да се врати на преговарачката маса и да се договори за стабилизација на пазарот и за намалување на производството на нафта, така што цените на нафтата во последната четвртина од оваа година може да варира меѓу 30 и 40 долари за барел“, рече Ал Руми.

Цените на нафтата се преполовија од почетокот на март поради очекуваниот пад во побарувачката по распадот на договорот за намалување на производството на нафта и во услови на избувнување на пандемијата на Ковид-19.

Кога државите на ОПЕК не успеаја да се договорат за натамошно намалување на производството, аналитичарите на пазарот почнаа да предвидуваат војна на цените меѓу главните извозници.

Прикажи повеќе...

Економија

Peugeot 208 и SUV Peugeot 2008 добитници на престижното reddot-признание за дизајн

Објавено пред

Двата нови модели на Peugeot, Peugeot 208 и SUV Peugeot 2008, се добитници на престижното „reddot” признание за дизајн. Лавовскиот бренд победи во конкуренција меѓу 6.500 производи и ова е шестото признание за дизајн на Peugeot брендот.

Жирито беше фасцинирано од вертикалните предни LED светла во форма на лавовски заби, задните стоп LED светла во форма на лавовски канџи, многуте фини детали кај надворешниот и внатрешниот дизајн, револуционерниот 3D i-Cockpit и високото ниво на препознатливост.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Потврдени 30 нови случаи на коронавирус, вкупниот број се искачи на 384

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа регистрирани се 30 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови:...

Топ2 часа

Уапсени насилниците што тепаа девојче во влез на зграда во Штип

Во врска со видеото со насилство врз девојче, кое од утрово се споделува на социјалните мрежи, штипската полиција информира дека...

Свет3 часа

Австралија почна со тестирање на две потенцијални вакцини против коронавирусот

Научници од Австралија почнаа со тестирање на две потенцијални вакцини против новиот коронавирус, што може да биде голема пресвртница која...

Свет3 часа

Новите процени покажуваат дека од 25 до 50 проценти од носителите на вирусот се без симптоми

Податоците од Исланд покажуваат дека 50 проценти од позитивните на коронавирусот биле без симптоми, а САД проценуваат дека до 25...

Македонија4 часа

Скопјанец знаел дека има коронавирус, шетал низ Охрид и дома примил вработени кај еден оператор

Четириесет и четиригодишен скопјанец, кој се вратил од странство и кој бил позитивен на коронавирусот, наместо да биде во строга...

Македонија4 часа

Министерството за здравство: На располагање има повеќе од 1.000 кревети за хоспитализирање пациенти со коронавирус

Здравствениот систем е подготвен да апсорбира поголем број пациенти, кој се очекува со пикот на коронавирусот кон крајот на април,...

Македонија4 часа

Во болницата „Плодност“ во Битола двајца доктори и една медицинска сестра позитивни на Ковид-19

Двајца доктори, еден анестезиолог и еден гинеколог, и една медицинска сестра од приватната болница „Плодност“ во Битола се позитивни на...

Регион4 часа

Србија ја укина одлуката со која се цензурираа информации за коронавирусот

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, објави дека ја повлекува одлуката за информирање во време на пандемијата на коронавирусот, со која...

Свет5 часа

ЕУ: Во Западен Балкан пандемијата се користи за промоција на антиевропски ставови

Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) оцени дека кризата во врска со пандемијата на коронавирусот во Западен Балкан се користи...

Македонија6 часа

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево 47

Снежната покривка во Битола достигна до 55 сантиметри, а во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет6 часа

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк носејќи медицинска опрема и маски како помош за САД во борбата против коронавирусот....

Забава6 часа

Во НАСА пристигнале 12.000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12.000 апликации за идната генерација астронаути за десетина слободни места, а резултатите од...

Свет8 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија19 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија19 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија22 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија22 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија23 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија1 ден

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија1 ден

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Досие