Економија
Се зголемуваат цените на бензините и на дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 2,00 ден./литар, а малопродажните цени на „евродизел“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 2,50 ден./литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 4.10.2021 година.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,630 денар/килограм, и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден./кг.
Од 13.10.2021 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин „евросупер БС-95“ – 75,50 (денари/литар)
Моторен бензин „евросупер БС-98“ – 77,50 (денари/литар)
Дизел гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 67,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 67,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 42,761 (денара/килограм)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ЕСМ склучи договор со „Балкан јутилитис“ за набавка на гас за февруари

„ЕСМ продажба“ потпиша договор за набавка на природен гас за февруари 2023 за свои потреби, како и за потребите на други стопански субјекти во државата со фирмата „Балкан јутилитис“.
Како што информираат од ЕСМ, на јавниот повик, кој беше достапен за сите домашни и странски компании, пристигнале две понуди – фирмата „Актаел“ со понуда од 99,83 eвра/MWh, а фирмата „Балкан јутилитис“ со понуда од 98,71 евра/MWh.
„Понудените цени на гасот од страна на двете фирми ги опфаќаат сите трошоци за набавка на енергентот, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа. Овој факт го потенцираме со цел да се избегнат евентуални шпекулации што би произлегле од цената на гасот на берзите во моментот, но во берзанската цена не се пресметани сите споменати дополнителни трошоци што произлегуваат од набавката, како што се закуп на преносни капацитети, разни такси и маржа.
Со понудувачот, кој имаше понудено пониска цена во моментот на носење на одлуката за избор, во случајот „Балкан јутилитис“, склучен е валиден деловен договор, кој ги содржи сите параметри од јавниот повик, односно количина, цена, динамика и гаранција за испорака“, соопштија од компанијата.
Со оваа набавка, како што појаснуваат, во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите „Исток“, „Запад“, „Енергетика“ и „Скопје Север“, како и за други потрошувачи на природен гас во Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во февруари ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, додаваат од ЕСМ.
Јавен повик за набавка на природен гас за март 2023 година ќе биде спроведен во текот на февруари.
Економија
Нов салон на „Прима“ во Ѓорче Петров – нов центар за модерен и квалитетен мебел

Со новиот салон на „Прима“, населбата Ѓорче Петров станува нова дестинација за модерен и квалитетен мебел во Скопје и пошироко.
Познавајќи ја досегашната работа на „Прима“ како најголем производител на мебел на овие простори, новиот салон ќе биде место во кое се прикажуваат сите новитети во делот на нивниот оригинално дизајниран мебел, како и сите вредности кон кои се стремат во „Прима“: извонреден квалитет, модуларност, модерен дизајн, како и ред други услуги, со што се блиску до сите оние што сакаат модерен, едноставен и практичен начин на уредување на домот.
„Прима“ во своето портфолио нуди мебел за секоја просторија во домот: претсобје, дневен престој, трпезарии, кујни, детски и спални соби, како и целосна програма за спиење, со што, според зборовите на менаџерскиот тим, ја покажува својата цел да им излезе во пресрет на потребите и желбите на своите купувачи, особено на оние од помладата популација.
Дополнителна вредност на ребрендираната „Прима“ е најновата услуга што ја нуди, а тоа е дизајнирање на ентериерот, што секој заинтересиран купувач може да ја добие во најблискиот салон добивајќи решенија што одговараат на просторот и индивидуалните идеи на клиентите.
ПР
Економија
Во Швајцарија нагло забави извозот на накит, зголемен извозот на часовници

Трговскиот биланс на Швајцарија за 2022 година покажа четвртина помал суфицит од претходната година бидејќи увозот пораснал многу повеќе од извозот, покажаа денеска податоците на Федералната царинска управа.
Трговскиот суфицит од размената на Швајцарија со светот минатата година изнесувала 43,5 милијарди швајцарски франци (47,3 милијарди долари) и бил 25,6 отсто помал од 2021 година.
Извозот реално пораснал само 0,1 отсто по скокот од 9,5 отсто во 2021 година.
Номинално, извозот е зголемен 7,2 отсто, поддржан од постојано зголемување на цените, а увозот дури 16,8 отсто, покажуваат податоците на Царинската управа. Послабиот раст на извозот во 2022 година во голема мера го одразува падот на извозот на возила од 6,9 проценти. Намалени се и испораките на хемикалии и лекови, и тоа 4,4 отсто.
Растот на извозот на накит нагло забави, на 21,3 отсто, од 38 отсто во претходната година, што значително се одрази на вкупните извозни резултати во 2022 година.
Во последните три месеци од минатата година вкупниот трговски суфицит е намален 11,3 отсто во однос на претходните три месеци и се лизна на 7,1 милијарди франци. Истовремено, извозот е намален реално 1,8 отсто, а увозот 0,4 отсто.
На самиот крај на годината закрепна извозот и бележи пораст од 5,7 отсто во однос на ноември кога бележи пад од 2,7 отсто. Увозот, пак, е зголемен за првпат по три месеци и е за 0,3 отсто поголем во однос на ноември.
Извозот на часовници скокна 5,8 отсто на годишно ниво во декември и ја скрши границата од две милијарди франци, што никогаш претходно не се случило на крајот на годината, покажаа податоците од Швајцарската асоцијација за индустрија на часовници.
Во 2022 година Швајцарија извезла часовници во вредност од 24,8 милијарди франци, што е 11,4 отсто повеќе од претходната година, објави здружението.