Економија
Се зголемуваат цените на бензините и на дизелот

Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95, еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-98 се зголемува за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,081 ден/кг.
Од 15.12.2020 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин еуросупер БС – 95 60,00 (денари/литар)
Моторен бензин еуросуперБС -98 62,00 (денари/литар)
Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 53,50 (денари/литар)
Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 28,287 (денари/килограм)
„ Корекцијата на малопродажните цени следува по регистрираниот раст на сите нафтени деривати на светските берзи во изминатиот седумдневен период. ОПЕК и неговите партнери на последниот состанок договориле помало зголемување на производството од претходно најавеното. Имено, од јануари 2021 година колективното производство ќе се зголеми за само 0,5 милиони барели дневно (mbd), што е четири пати помалку од претходно планираните 2 милиони барели дневно (mbd). Дополнително договорено е производството потоа да се следи и да се прилагодува на месечно ниво. Веста за успешното испитување на вакцината против корона вирусот што навестува брза имунизација и враќање во нормала, се очекува да влијае со зголемување на патувањата во меѓународниот авиосообраќај. Целиот позитивен развој со вакцината и очекувањата влијаеше и врз светската берза, па така цените на фјучерсите за Брент нафтата од почетокот на ноември до сега пораснале за 11 УСА $/ barel односно за 30%, бидејќи трговците очекуваат брзо оправувања на потрошувачката со нафта и значајно намалување на глобалните залихи“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Предлогот за нов закон за игри на среќа ја гаси легалната индустрија

Ограничувањето на работата на компаниите во оваа гранка, со воведување уредба за задолжително растојание на локалите од образовните институции, би загрозило десетици илјади работни места, ќе го запре приливот на милиони од оваа индустрија во државната каса и ќе овозможи цветање на црниот пазар.
Добро регулираниот пазар на игри на среќа носи прилив од 280 милиони евра во државната каса, овозможува 10.000 работни места, односно 70.000 индиректно вработени, а какви било лоши законски решенија значат само едно – гасење на индустријата што придонесува кон економската стабилност на државата, дури и во време на најголема криза, а цветање на црниот пазар, сивата економија, одлив на стотина милиони евра од земјата на странски интернет-страници за обложување, неможност за заштита на играчите и чувствителните групи, како што се малолетниците, на кои илегалното обложување ќе им биде на дофат на раце. Ваквото бесмислено сценарио би имало несогледливи последици врз економијата и општеството.
Почетокот на процесот на припрема на Законот за измената и дополнувањата на Законот за игрите на среќа, кој од 21 јануари е достапен на Единствениот национален електронски регистар (ЕНЕР), го одвлекува вниманието на тоа што требаше одамна да биде регулирано (уредбата за онлајн-обложување), на она што се коси со сите европски закони – ограничување на работата на компаниите од оваа стопанска гранка со воведување уредба за задолжително растојание на деловните простории од образовните институции. Се споменуваат дури 500 метри?!
Во ниту една земја членка на Европската Унија не постојат вакви законски решенија, кои би имале катастрофални последици врз веќе кревката економија и криза поради пандемијата на коронавирусот. Вакви предлози се косат со секоја европска пракса, на приредувачите им се одзема правото на работа и остварување приход од регистрирани дејности на места во кои со години има вложувано огромна сума пари и стекнал доверба од клиентите. Се работи само за популистички обиди на одредени интересни групи под изговорот за заштита на населението од претерана изложеност на игрите на среќа да се воведат рестриктивни одредби.
Меѓутоа, истражувањата што се правени на оваа тема го говорат токму спротивното. Студија на Институтот за ментално здравје во Торонто, како и студија на Универзитетот „Метрополитен“ во Манчестер и многу други, покажуваат на тоа дека не постои влијание на оддалеченоста на објектите врз порастот на учество на малолетниците во игрите на среќа. Резултатите од истражувањето покажале дека присутноста на местата за обложување и играњето игри на среќа не влијаат на развојот на самата патологија. Резултатите на тие истражувања преточени се дури и во законодавна пракса во повеќето земји, кои не познаваат ограничувања на оддалеченост, туку превенцијата се врши со целосна забрана за влез на малолетници и големи казни за прекршување.
Во постојниот Закон за игрите на среќа прашањето за забрана на учество на малолетници веќе е строго пропишано со членот во кој се вели: „лицата под 18 години не може да учествуваат во игрите на среќа“ и дополнително со став 3 од истиот член според кој: „на лицата помлади од 18 години не им е дозволен влез во казино, во простории во кои се организира томбола од затворен тип, во обложувачници и во автомат-клубови“.
Со воведувањето какво било минимално растојание на уплатно-исплатните места од образовните институции на приредувачите на игри на среќа директно би им се одзело правото на континуитет на работење и деловни активности стекнати врз основа на законот. Инвеститорите мора да уживаат целосна правна заштита и сигурност, што е едно од основните достигнувања на европската интеграција. Нивните права стекнати за време на инвестицијата не смее да бидат одземени, поништени или ограничени со какво било следно изменување и дополнување на законите и подзаконските акти.
Уште еден аспект од вакво или слично ограничување на работата и функционирањето би значело и прекршување на уредбата за заштита на странски капитал и права на инвеститорот. Со оглед на тоа што во Македонија работат и странски компании во областа на игри на среќа, нивните вложени средства се заштитени со Уставот на Република Северна Македонија, но и со спогодби кои државите членки на Европската Унија ги донеле од крајот на 1960-тите до денес. Прекршувајќи ги нивните права и ограничувајќи го правото на работа преку некои бесмислени законски одредби, би значело и директна штета за државата, која би морала да плати отштета од неколку стотици милиони евра.
Неизводливо на терен
Воведувањето на било какво минимално растојание е невозможно и неизводливо на терен, поради фактот дека во помалите градови на државата, кои имаат само една главна улица и неколку споредни, образовните институции се наоѓаат во централниот дел на градот, каде истовремено се лоцирани и деловни објекти, со што во целост се спречува отворањето на уплатно-исплатните места во сите мали градови ширум Република Македонија.
Покрај тоа, кога се гледа Градот Скопје, земајќи ја предвид густината на населеност, површината на градот и изграденоста на истиот, посебно присуството на голем број образовни институции, неспорно е дека не постои простор во кој приредувачите на игри на среќа би можеле да отворат уплатно-исплатно место.
Онлајн обложување
Пред празниците се споменуваше дека прашањето за онлајн обложување по пат на лиценцирани спортски обложувалници наскоро ќе се реши со измени во Законот за игри на среќа. Меѓутоа, не е прецизирано за кога е тоа планирано, а и понатаму нема напредок по ова прашање.
Приредувачите од индустријата за игри на среќа испратија барање до Владата да ја продолжи лиценцата се додека не се реши тоа прашање, но наместо тоа, Уредбата која овозможи онлајн обложување беше укината! Со тоа на играчите им е одземен најбезбедниот начин на забава, а на компаниите од оваа гранка им е одземена можноста за непречено работење во период на криза.
Што повеќе се пролонгира одлуката за онлајн обложување, толку поголема е опасноста многу работни места да бидат загрозени. А, повеќе од 70.000 луѓе во потполност или делумно зависат од генерирање на личен доход од ланецот на вредности кој го има создадено оваа индустрија!
ПР
Економија
Комората на сметководителите бара продолжување на роковите за годишните сметки и финансиските извештаи

Пролонгирање на роковите за поднесување годишни сметки и финансиски извештаи преку законски измени на Законот за трговските друштва со цел подобрување на квалитетот на финансиското известување да бидат дел од економските мерки за петтиот пакет, бара Комората на сметководителите при Сојузот на стопанските комори на Македонија. Според роковите утврдени во Законот за трговските друштва, годишната сметка се доставува до Централниот регистар до крајот на февруари наредната година во хартиена форма или до 15 март во писмена форма.
„Роковите пропишани со Законот за трговските друштва се исклучително кратки во споредба со која било друга земја во регионот и пошироко. За споредба, во соседните Бугарија и Србија извештаите се поднесуваат до 30 јуни, во Хрватска до 30 април, во Германија до 31 март за големи ентитети и до 30 јуни за малите претпријатијата, во Франција и Шведска до 31 јули итн. Дополнителен проблем што се јави во 2020 година, поради ширењето на негативните ефекти од здравствено-економската криза, е тоа што огромен број сметководители и овластени сметководители како лица на чиј товар паѓаат подготовката на годишната сметка и финансиските извештаи, од здравствени и други причини беа оневозможени непречено да ги извршуваат своите активности. Поради тоа, се јавија големи застои при обработката на документите и нивната евиденција во сметководствените евиденциски системи. Нашето барање е рокот за поднесување на годишните сметки да се пролонгира до 30 април за хартиено поднесување, односно 15 мај за електронско подесување“, изјави Благоја Грозданов, член на Управниот одбор на Комората на сметководителите.
Тој вели дека навременоста е еден од главните ограничувачки фактори за обезбедување веродостојни и релевантни информации, а како проблем во финансиско известување го препознава и Одборот за меѓународни сметководствени стандарди, кој зборува за потреба да се воспостави баланс меѓу релативната важност на навременото известување и обезбедувањето веродостојни и релевантни информации за да се задоволат потребите на корисниците за донесување економски одлуки.
„Така, доколку се пролонгираат екстремно рестриктивните рокови кои се пропишани со Законот за трговските друштва, ќе се зголеми квалитетот на презентираните податоци во годишните сметки и финансиските извештаи. Преку законски измени проблемите со кои се соочуваме при секое поднесување на извештаите ќе бидат системски надминати“, потенцира Грозданов.
Комората повикува и на реализирање на најавата за формирање работна група за подготовка на Законот за вршење на сметководствените работи, со што, како што велат, треба да се надминат неповолните состојби во професијата, но и да се даде придонес кон унапредување на деловното окружување во земјата.
„Регулирањето на оваа професија на соодветен начин ќе даде значаен придонес и кон поефикасна борба против сивата економија. Воедно, бараме повлекување на сегашното решение, кое на перфиден начин вметнува член со кој се дозволува странци да работат во Македонија, но не и нашите професионалци да имаат можности интернационално“, рече Александра Андреева, член на Управниот одбор на Комората на сметководителите.
Таа потенцира дека наместо вистински залагања за уредување на професијата што ангажира околу 10.000 професионалци, структури од Министерството за финансии континуирано се обидуваат да донесат законски измени со кои само поединци имаат личен бенефит и профит, а професијата дополнително се загрозува.
Комората на сметководителите исто така бара еднократна неповратна помош за правните субјекти кои како дејност вршат сметководствени работи.
Економија
Шефот на „Фолксваген“ направи профил на „Твитер“ и го пецна Илон Маск

Извршниот директор на „Фолксваген“, Херберт Дис, отвори твитер-профил и веднаш во првата објава, му се обрати на Илон Маск, неговиот голем конкурент.
Hello @Twitter! I’m here to make an impact with @VWGroup, especially on political issues. And, of course, to get some of your market shares, @elonmusk – after all, our ID.3 and e-tron have won the first markets in Europe. Looking forward to productive discussions!
— Herbert Diess (@Herbert_Diess) January 20, 2021
„Еј, ‘Твитер’! Тука сум да ги искажам моите ставови и ставовите на Групацијата Фолксваген, особено за политички теми. Се разбира, тука сум и да земам дел од вашиот удел на пазарот, Илоне Маск. На крајот на краиштата, нашите модели ID.3 и e-tron се најпродавани во Европа. Очекувам продуктивни дискусии!“, порача Дис.
Аферата „Дизелгејт“ го потресе германскиот автомобилски гигант, но неговите електрични возила се добро позиционирани на европскиот пазар, особено во Германија. Така, „Фолксваген“ стана голем конкурент на „Тесла“, која во меѓувреме ја намали цената на својот „модел 3“ во Европа.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот