Контакт

Економија

Се размислува за интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите

Објавено пред

Tим од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска во Радовиш одржа работен состанок со производителите и откупувачите на сливи.

Како што информираат од Министерството, на состанокот се разговарало за моменталната состојба со откупот и откупната цена со цел да се најде решение од заеднички интерес за стабилизирање на откупот, како и за развивање на пазарот на сливи во Македонија.

„Производителите и откупувачите ги изнесоа своите предлози, кои ќе бидат разгледани од страна на МЗШВ. Владата преку МЗШВ навреме ќе реагира и ќе преземе соодветни мерки за стабилизирање на откупот, исто како што годинава се реагираше за доматите, а минатата година за лубениците и за праските. Во таа насока Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе размислува за воведување интервентна мерка за стабилизирање на откупот на сливите“, се наведува во соопштението.

Во годинешната Програма за финансиска поддршка во земјоделството, производителите на сливи имаат можност да аплицираат за субевнеција од 3 денари за килограм предадени сливи во преработувачки капацитети.

Од МЗШВ додаваат дека согласно со поднесените барања за директни плаќања за површини со сливи за 2018 година, пријавени се 2 788 лица со вкупно пријавена површина од 2 121 хектари. Просечните приноси за 2018 година се 20 тони од хектар.

Економија

Народната банка склучи договор со Европската комисија за заштита на кованите евра од фалсификување

Објавено пред

Со размена на писма за соработка помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Генералниот директорат за економски и финансиски прашања на Европската комисија, Марко Бути, се склучи Договор за соработка во процесот на заштита на кованите евра од фалсификување. Согласно со одредбите од склучениот договор, соработката ќе се одвива преку размена на технички, статистички и административни информации поврзани со фалсификуваните ковани евра откриени на територијата на нашата земја.

Со Договорот, меѓу другото, предвидено е Народната банка да доставува одделни известувања до Европската комисија, како и квартални извештаи со статистички податоци за појавените фалсификувани ковани евра. Особено е значајно што, согласно со одредбите од Договорот, Европската комисија ќе обезбедува и техничка и административна помош за Народната банка и ќе врши обуки наменети за експертите од нашата земја, за откривање фалсификувани ковани евра.

Во изминатиот период, Народната банка, самостојно и во соработка со Министерството за внатрешни работи, спроведе низа активности за јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување пари, при што одделен акцент беше ставен и на спречувањето на фалсификувањето евра. Со склучувањето на овој договор, уште еднаш се потврдува заложбата на Народната банка за унапредување на соработката со европските институции во оваа сфера, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Економија

Peugeot 308 – Вози се со STYLE!

Објавено пред

„Кога сте зад управувачот на Peugeot 308, допирот со патот претставува задоволство како никогаш порано. Дозволете смелиот и елегантен дизајн да го зајакне вашиот карактер“.Ова е пораката со која „Еуроимпекс“ ги повикува потенцијалните клиенти да искусат едно незаборавно возење со Peugeot 308.

Истакнатите линии на каросеријата и робустниот дизајн се препознатлив белег на брендот Peugeot. Па така и Peugeot 308 не е исклучок. И надворешно и внатрешно, посветено e внимание на секој детаљ.

Одликувајќи се со префинет профил на предниот браник, хаубата и решетката на ладилникот која е дизајнирана така да го инкорпорира исконското лого на Peugeot брендот – Peugeot 308 веднаш привлекува сечие внимание.

Како модел кој е веќе докажан на пазарот и посакуван од купувачите, овој пат е во понуда со PEUGEOT i- Cockpit®, STYLE ниво на опременост и 1.2 L Pure Tech мотор со 110КС за 15.990 евра (или 988.812 денари)
.

Тест возења се достапни за закажување на телефон или директно од веб-страницата на брендот HYPERLINK “https://peugeot.mk/vozila/test-vozenje” https://peugeot.mk/vozila/test-vozenje секој работен ден од 8 до 16 часот, и сабота од 10 до 14 часот

За повеќе информации посетете ги во продажните салони во „Еуроимпекс“ или обратете се до нивната овластена дилерска мрежа.

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

Собранието ги изгласа измените на Законот за земјоделството и руралниот развој

Објавено пред

Собранието ги изгласа измените на Законот за земјоделството и руралниот развој, со кои се предвидуваат поволности за младите земјоделци и за корисниците на мерките од ИПАРД-програмата. Со измените на Законот за земјоделството и руралниот развој се зголемува неповратната финансиска поддршка за младите земјоделци до 40 години од 10.000 на 20.000 евра. Мерката ќе биде за почнување и вршење земјоделска дејност.

Измените предвидуваат отворање можност за предфинансирање за корисниците на мерките од ИПАРД-програмата за инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделски производи. Мерките од оваа програма овозможуваат кофинансирање на трошоците за инвестиции во изградба и реконструкција на преработувачки капацитети по принципот 50/50. Поточно, досега 50 отсто (или повеќе во зависност од мерката) од инвестицијата на барателот се покрива преку ЕУ-фондовите (ИПАРД), а остатокот е сопствено учество на барателот/инвеститорот. Сега со измените на Законот се овозможува предфинансирање, односно инвеститорот ги добива парите однапред пред да вложи за да може да инвестира. Конкретно, сопственото учество на инвеститорот се покрива од националниот буџет, кој има обврска на 8 еднакви годишни рати овој дел да го врати без камата. Тоа ќе биде утврдено со договорот за користење на оваа финансиска помош.

Помошта им се доделува на корисници чија инвестиција опфаќа реконструкција на објекти, набавување опрема и воспоставување капацитети за постбербени активности. Корисникот на помошта е должен пред склучување на договорот до Агенцијата да достави банкарска гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот во вредност на одобреното предфинансирање во согласност со фазите за реализацијата на инвестицијата како гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот.

Со законските измени ЈП Национални шуми ќе може да користи финансиски средства од Програмата за рурален развој за обновување на опожарените делови од шумскиот фонд, како и за воспоставување едукативни патеки, видиковци и друга мала инфраструктура (рекреациски патеки, платоа, информативни знаци, информативни плочи, натстрешници и други објекти за јавна употреба) и маркетинг на дрвни и недрвни шумски производи.

Со дел од измените на Законот за земјоделството и руралниот развој се овозможува да се направи исплата на дел од лозарите што имаа побарувања од винарските визби „Повардарие“ и „Стефани“. Станува збор за 600 лозари, кои не беа опфатени во претходната исплата на долгот што овие винарници го имаа кон лозарите, а кој го исплати Владата на Република Северна Македонија. Со овие измени практично ќе биде комплетирана исплатата за сите лозари што не ги имаа добиено парите од винарниците „Повардарие“ и „Стефани“ за предаденото грозје во периодот од 15 август 2014 година до 15 ноември 2016 година, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион10 минути

Откриен идентитетот на Србинот во шпионската афера

На видеото со рускиот воен разузнавач е потполковникот во српската војска З.К., а безбедносните служби проверуваат дали тој за пари...

Свет2 часа

Милијардерот Блумберг влегува во трка за претседател на САД

Милијардерот Мајкл Блумберг, кој е поранeшен градоначалник на Њујорк, направи уште едeн чекор кон официјалната кандидатура за претседател на САД....

Свет2 часа

Нетанјаху: Обвинението за корупција и земање мито е обид за пуч

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го отфрли обвинението за корупција и го нарече обид за пуч против него. Нетанјаху во јавно...

Македонија3 часа

Почнува бесплатната вакцинација против сезонскиот грип

Бесплатната вакцинација против сезонскиот грип почнува од денеска. Од Министерството за здравство вчера информираа дека оваа сезона се набавени вкупно...

Македонија4 часа

Пендаровски во официјална посета на Србија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Србија. Денеска во...

Македонија14 часа

(Видео) Приведена негувателката којашто тепаше дете во игротека во Скопје

Жената којашто претепа дете во игротека, а беше пријавена од сопстеникот на кафулето „Дежаву“, е приведена од страна на полицијата....

Македонија16 часа

МЖСПП: Малите и евтини сензори не даваат сигурни резултати за квалитетот на воздухот

Во врска со сè позачестената појава на набавка и мерења на квалитетот на воздухот со мали и евтини сензори, кои...

Македонија17 часа

Зоран Заев е добитник на меѓународната награда „Иса-бег Исаковиќ“ за 2019 година

Премиерот Зоран Заев е добитник на годинашната меѓународна награда „Иса-бег Исаковиќ“, која ќе му биде врачена на традиционалната церемонија во...

Македонија19 часа

(Видео) Дескоска: Јанева ја носеа на маички, а ја урниса довербата на граѓаните

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју, кое утре ќе биде објавено на „Макфакс“, рече дека е многу разочарана од...

Македонија19 часа

Државата ќе им плати речиси 10 илјади евра на адвокатите на Груевски во „Траекторија“

Државата ќе исплати судски трошоци 589.680 денари или 9,5 илјади евра за бранителите на експремиерот Никола Груевски на кого му...

Македонија21 час

(Видео) Мицкоски со нејасен одговор дали го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не даде јасен одговор на новинарско прашање дали го поддржува договорот со Бугарија, по објавеното...

Македонија22 часа

Бесплатната вакцинација против сезонски грип почнува од утре

Министерот за здравство, Венко Филипче, и директорот на Здравствен дом – Скопје, Виктор Исјановски, денеска информираа дека бесплатната вакцинација против...

Македонија23 часа

Франција го ратификува протоколот за членство во НАТО

Францускиот парламент го ратификува протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, објави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на „Фејсбук“....

Македонија1 ден

Борисов објави видео од средбата со Мицкоски: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кажа дека го поддржува договорот со Бугарија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на средбата со бугарскиот премиер Бојко Борисов, во Загреб, му кажа дека партијата го поддржува...

Македонија1 ден

Јане испрати порака: Сакам да пораснам во човек кој ќе биде независен

Јане Велковски, 11-годишен застапник за правата на децата со попреченост, испрати силна порака до светските лидери: мене не ми пречи мојата...

Македонија1 ден

Боки 13 имал 25 прегледи во затворската болница, санитарните инспектори не нашле недостатоци

Државниот санитарен здравствен инспекторат информира дека вчера извршил вонреден инспекциски надзор во ординацијата што се наоѓа во склоп на затворот во...

Свет1 ден

Зеленски: Бродовите што ги врати Русија се во лоша состојба и без опрема

Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека на бродовите на украинската морнарица, кои Русија ги врати на неговата земја оваа недела,...

Свет1 ден

Лајен: Стоиме покрај Западен Балкан без оглед на сите процеси

Идната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, им порача на земјите од Западен Балкан, неодамна блокирани од Франција...

Македонија1 ден

ЕПП донесе резолуција со која ја повикува ЕУ побрзо да ги почне преговорите со Скопје и Тирана

Европската народна партија (ЕПП) синоќа на собир во Загреб донесе резолуција за зајакнување на европската перспектива на Југоисточна Европа. Документот,...

Македонија2 дена

Меркел: Не би било добро да нема ЕУ-перспектива за Северна Македонија и Албанија

Германската канцеларка, Ангела Меркел, во Загреб порача дека Германија е спремна за разговори за она што би можело да се...

Досие