Контакт

Економија

(Видео) СИЕР: Срамно и недозреано е барањето на градоначалникот на Кавадарци за „Фени“

Објавено пред

По три часа расправа во судот во Велес одложено е гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ предложен од швајцарски ГСОЛ.

Адвокатот, Кристијан Поленак, правен застапник на ГСОЛ, соопшти дека ги прифатил сите забелешки за планот од стечајниот управник. Тој од стечајната судијка Валентина Ѓорѓиевска доби рок од три дена да направи корекција на планот со забелешките, за тој да може да биде ставен на гласање.

Собранието на доверители на кое ќе биде гласањето за планот за реорганизација на „Фени“ судијката го закажа за 4 јули.

И на денешното Собрание, претставниците на „Кунико рисорсис“ на „Енекод“ и на уште неколку доверители, ги повторија старите барања, побараа отфрлање на планот, сопирање на стечајот и впаричување на имотот на „Фени“.

Судијката Ѓорѓиевска, пред расправата за планот, посочи дека добила поднесок од градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев и од Советот на Општината. Не ја коментираше содржината, но нагласи дека судот нема да подлегне на политички влијанија.

Поднесокот од градоначалникот, според вработените во „Фени“ е во корист на бугарски „Минстрој холдинг“ кој се залага за впаричување на имотот и продажба на фабриката на јавна лицитација, иако стечајната постапка со реорганизација е во завршна фаза.

Пецо Ристовски, претседател на Синдикат на вработените во индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), кој го следеше денешното собрание, поднесокот од градоначалникот го оцени како срамен.

„ Тоа е срамно за еден градоначалник. Очигледно е и можеби ќе звучи грубо, но тој е недозреан за вакви тешки одлуки. Да оди против тие што го избрале. Јас кога разбрав се изненадив, го немам видено писмото за да можам да коментирам, но самата постапка треба да го доведе во ситуација да се срами да излезе пред вработените на ‘Фени’, нивните семејства и сите оние кои индиректно на некој начин живеат од ‘Фени’“, рече Ристовски.

Претседателот на СИЕР објасни дена нивните барања поврзани со работниците  во „Фени“ се исполнети, сите вработени се задржани на работа и редовно земаат плата што значи стејната постапка е успешна, фабриката рестартирана и нема потреба целата постапка да почне одново.

„Место денес да биде еден свечен чин, да се затвори рочиштето за ‘Фени’ одложена е постапката поради македонските навики на адвокатите и во последен момент нешто да се искомплицира, а се е завршено. Собранието ќе продолжи на 4 јули кога конечно ќе се донесе одлука. Незадоволството беше од помалите доверители кои не си ги продале навреме побарувањата па купецот не ги обесштетува во онаа висина во која тие посакуваат и изнајдоа 300 начини, согласно закон, денес да не се донесе одлуката за прифаќање на планот  и почнување со подготовки за целосно преземање на ‘Фени’ од ГСОЛ“, рече Ристовски по одлагањето на собранието.

Тој нагласи дека СИЕР ќе се залага за повисока плата на вработените во согласност со растот на прозиводството како и за зголемување на бројот на вработени што веќе е во тек.

Одлуката да се одложи рочиштето со голем револт беше прифатена од 60 – мината вработени, кои три часа на сонце протестираа пред судот во Велес. Извикуваа „сакаме работа“ и „Енекод ајде дома“. Тие се против барањата да сопре стечајната постапка и да се впараичува имотот на „Фени“ оти тоа значи ликвидација на фирмата со која тие повторно ќе останат без работа и во неизвесност. Протестираа во знак на поддршка на планот за реорганизација и беа разочарани кога слушнаа дека гласањето е одложено.

Тие со аплауз ја поздравија изјавата на сопственикот на ГСОЛ, „Маркос Комхис“ по завршувањето на Собранието на доверители. Тој рече дека ќе го поддржи „Фени“ и во добри и во лоши времиња и нагласи дека нивната инвестиција е сериозна. Објасни дека денес го презентирале нивниот план за реорганизација на „Фени“ со кој ги потврдуваат сериозните намери.

По завршување на собранието на доверители Дејан Кнезовиќ, адвокат на „Енекод“ рече дека одложувањето на гласањето и можноста за корекција на понудениот план за реорганизација на комбинатот е надвор од сите законски рамки.

За адвокатот Поленак, пак, нема  незаконски активности во постапката за одложување на гласањето и коригирање на планот за реорганизација на „Фени“. Тој вели дека корекциите се од техничка природа, а не суштински.

Економија

Царовска: Рекордни 1,1 милијарда денари за новиот план за вработување во 2019 година

Објавено пред

Министерстката за труд и социјална политика, Мила Царовска, го презентира Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување.

„Идната година посебен акцент ќе се стави на доедукација, преквалификација и доквалификација на работоспособните за нивно поефикасно вклучување на пазарот на трудот. Самовработувањата и стартапите кои изминатите години дадоа одлични резултати и понатаму се дел од Оперативниот план. Невработени лица кои имаат иновативни бизнис идеи ќе добијат поддршка и од Фондот за иновации и технолошки развој во делот на креирање на успешен бизнис план и понатамошна финансика поддршка“, рече министерката Царовска.

Директорката на Агенцијата за вработување Билјана Јовановска вели дека мерките од новиот Оперативен план ќе одговараат на реалните потреби на пазарот на трудот.

„Агенцијата за вработување е главниот стожер при теренската имплементација на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. При секојдневната комуникација со невработените лица и работодавачите кои ги користат програмите и мерки за вработување ги нотиравме главните потреби и препораки за новиот Оперативен план кои ќе претставуваат и приоритет при креирањето и редизајнирањето на конкретните мерки и програми“, изјави Јовановска.

Од УНДП велат дека фокусот во 2019 година ќе биде ставен на ранливите категории граѓани кои се невработени.

„Програмата за развој на Обединетите нации е долгогодишен партнер на националните институции во програмите за вработување и зголемување на вработливоста, со посебен акцент на ранливите категории и нивно активирање и поуспешно вклучување на пазарот на трудот“,  истакна Нарине Сахакјан, в.д. постојана претставничка на УНДП во државата.

Оперативниот план за 2019 година планирано е да се издвојат 1,1 милијарда денари што е двојно повеќе споредено со 2016 година. Годинава пак за активните мерки беа одвоени 985,5 милиони денари, а реализацијата на истите е над 90 %.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Aнѓушев: 37% повеќе средства наменети за економијата, 2019 е економска година

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, во присуство на поголемиот дел на министри од економските ресори презентираше дел од буџетските ставки кои се однесуваат на економски развој на Република Македонија.

Вицепремиерот Анѓушев потенцираше дека буџетот за 2019 година е креиран на реални основи, кои се базираат на проектиран раст на Бруто домашниот производ од 3,2% и намален буџетски дефицит од 2,5%. Во 2019 година се наменети 37% повеќе средства за економски развој во однос на претходната година и со ова јасно се покажува дека Владата во оваа година ќе биде силно посветена на економски раст и развој во Република Македонија.

„Очекуваме раст на бруто инвестиции на реални основи од околу 4,2% и рекордно ниво на капитални инвестиции од 26,2 милијарди денари. Очекуваме стапката на невработеност да падне на рекордно ниско ниво под 20%, а очекуваме и раст на платите од 4,5%“, нагласи вицепремиерот.

Анѓушев додаде дека во програмата за економски развој, планирани се рекордни средства од 4,1 милијарди денари, од кои највисоки досега 1,1 милијарда денари за поттикнување на вработувањето, како и рекордни 720 милиони денари за финансиска поддршка за инвестициите, преку мерките од Законот кој почна да се имплементира оваа година. 700 милиони денари се планирани за привлекување на странски инвестиции и развој на слободни економски зони, кои се наменети за оние компании кои склучија договори за државна помош изминатата година, но и нови инвестиции.

„Испроектирани се 520 милиони денари за Фондот за иновации и технолошки развој, кадешто се планирани 203% повеќе средства за поддршка на мали и средни претријатија, како и за стартап компании, односно за поддршка на претриемништвото кај младите луѓе. Во 2018 година за првпат се овозможи позначителна поддршка за овој тип на компании, а наша цел е да продолжиме со стимулирање на малите и средни компании да се развиваат, да добијат позначително место во економијата. За развој на технолошко-индустриските развојни зони се наменети 475 милиони денари, со кои ќе се работи на доизградба и докомплетирање на зоните“, се надоврза на претходно кажаното вицепремиерот.

Тој додаде дека за поддршка на инвестициони вложувања се планирани 430 милиони денари, 187 милиони се распоредени за унапредување на деловни активности и дополнителни 41 милион денари за поддршка на развојот на мали и средни претријатија преку посебна програма на Министерството за економија. Единствена ставка во буџетот која веќе две години забележува тенденција на пад, е онаа наменета за економска промоција и оваа година за таа намена се планирани само 8 милиони денари.

Во однос на структурата на капиталните инвестиции, Анѓушев појасни дека во вкупниот предвиден буџет за оваа намена, 5,2 милијарди денари се за патна и железничка инфраструктура, планирани се 44% повеќе средства во однос на 2018 година за железничка инфраструктура, 80% повеќе средства за проекти поврзани со гасификацијата, како и 3,3 милијардни денари за инвестиции во рурален развој.

Вицепремиерот потенцираше дека во 2018 година македонската економија се стабилизираше, наследените градежни проекти, кои беа со проблеми, беа доведени во нормална техничка и финансиска состојба. Тој дополни дека економските индикатори можеа да бидат подобри, но во тој случај ќе требаше да се продолжи со реализација на проекти кои беа несоодветно осмислени и планирани, што на крајот ќе се одразеше негативно на граѓаните. „Владата не беше фокусирана на создавање на бројки кои ќе презентираат виртуелен раст на економијата, туку на домаќинско работење и со посветеност успеа да ги нормализира работите, особено во изградбата на двата капитални проекти за изградба на автопатите, кадешто успеа да испреговара за 33-35% пониски цени за изведба и да се заштедат 95 милиони евра за Република Македонија“, рече тој.

Анѓушев заклучи дека проектираниот раст е реален, при што подвлече дека се надминати проблемите со кои Владата се соочи на автопатските делници, се градат неколку експресни патишта, се надминуваат проблемите наследени на проектите за изградба на железничката пруга кон Бугарија, гасификацијата се одвива со интензивно темпо, а во периодот кој следи се планираат и повеќе енергетски проекти за повисоко ниво на учество на обновливи извори на енергија и стабилност на електро енергетскиот систем.

Прикажи повеќе...

Економија

Заев на средба со мисијата на ММФ: 2019 се очекува да биде година за раст на економијата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев се сретна со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд во Македонија, Џесмин Рахман, којашто предводеше делегација на ММФ како дел од редовните годишни консултации што ММФ ги реализира.

„Оценките на ММФ во однос на економските перформанси на земјата се дека фискалната политика се движи во добар правец, обезбедена е макроекономска стабилност со добри перспективи во иднина и ја оценија пензиската реформа како добра за стабилизација на пензискиот систем. Она што ѝ е потребно на земјата, според препораките на ММФ, како најголем приоритет е зголемување на продуктивноста, преку обезбедување ефикасни институции и развој на нови вештини и знаења“, соопштија од Владата.

„ММФ е долгогодишен партнер на Република Македонија и многу добро ги познава сите аспекти во економијата. Особено ме радува фактот што ММФ констатира стабилизација на економски план. Започнавме процес на постепена фискална консолидација преку намалување на буџетскиот дефицит кој оваа година е проектиран на ниво од 2.5%. Во предлог-буџетот за 2019 предвиден е раст на БДП од 3.2%. Очекуваме во третиот и четвртиот квартал од 2018, па и во првиот квартал од 2019 растот да се интензивира. Приходите од наплата на даноците растат и тоа покажува дека економијата е раздвижена и приватниот сектор бележи добри резултати во работењето. Сите овие позитивни аспекти охрабруваат и очекуваме следната година да биде година на економијата“, порача премиерот Заев и додаде дека преку значајни вложувања во тренинзи, обуки и програми за дуално образование, за чие спроведување ќе помогнат и двајца советници од Сојузна Република Германија, ќе се работи на зголемување на продуктивноста.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски22 минути

Бугарски „Фокус“: Груевски ја напуштил Унгарија

Според сè уште непотврдена информација, поранешниот македонски премиер Никола Груевски веќе ја напуштил Унгарија, објави бугарската агенција „Фокус“ повикувајќи се на изјава...

Македонија2 часа

(Видео) Револтирана студентка: Доста се криете зад Фејсбук, излезете и кажете дека сакате чист воздух

Доста се криете зад лажни Фејсбук профили и седите по кафулиња, излезете и кажете дека саакате чист воздух , порача...

Македонија2 часа

СЈО: Јанакиески и Божиновски се во притвор поради сознанијата дека планираат бегство

На поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, им е определен...

Македонија2 часа

Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња

Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња....

Македонија3 часа

(Видео) Протест против загадувањето: Власта повеќе троши за свои ќефови отколку за животната средина

Патиме сите од загадениот воздух, а најмногу децата и повозрасните, 30 години нè трујат, некој профитира од тоа, порачаа учесниците...

Interview/Debate5 часа

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од...

Вести5 часа

(Видео) Околу 1.000 исчезнати и 71 загинат во најсмртоносните пожари во Калифорнија

Повеќе од 1 000 луѓе се пријавени како исчезнати во пожарите во Калифорнија во кои загина најмалку 71 лице, објави...

Вести6 часа

„Вашингтон пост“: ЦИА заклучи – принцот го наредил убиството на Кашоги

ЦИА заклучи дека саудискиот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во Истанбул, објави „Вашингтон...

Бегството на Груевски19 часа

Приватниот авион на Орбан одлетал за Белград, еден ден откако Груевски објави дека побарал азил

(Фото: Илустрација „Bombardier Global 6000“) Луксузниот приватен авион што го користи унгарската владејачка и бизнис-елита, меѓу кои и премиерот Виктор...

Македонија23 часа

Канческа-Милевска за протестот пред нејзината куќа: Почитувам изразување став, но не на овој начин

Пратеничката Елизабета Канческа-Милевска им се извини на нејзините соседи, роднини и пријатели за синоќешниот протест пред нејзината куќа во населба...

Македонија23 часа

Кабинетот на Иванов бара одговор од МВР: Врз основа на што УБК ги следи активностите на претседателот

Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов реагираат на јавно објавеното решение за притвор на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија24 часа

Хан: Македонија напредува во владеење на правото, сите членки на ЕУ треба да ја поддржат

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на „Твитер“ порача дека владеењето на правото е еден од основните критериуми за влез во...

Бегството на Груевски1 ден

(Видеоинтервју) Есмеров: ЕУ и САД нема да се мешаат во внатрешните работи на Унгарија

Поранешниот амбасадор на Македонија во Унгарија, Игор Есмеров, во интервју за „Макфакс“ тврди дека се крајно симптоматични тврдењата на премиерот...

Бегството на Груевски1 ден

Унгарската влада: Ниту унгарската држава ниту унгарските власти не помогнаа Груевски да ја напушти Македонија

Унгарската влада соопшти дека во бегството на експремиерот Никола Груевски од Македонија не помагала ниту унгарската држава ниту унгарските власти,...

Македонија1 ден

На Груевски за „Шлаканиците во Центар“ ќе му се суди во отсуство

Основиот суд Скопје 1 – Скопје, по барање на специјалното јавно обвинителство, денеска одлучи на обвинетиот Никола Груевски, кој моментно...

Свет1 ден

(Видео) Постапокалиптички сцени од пожарите во Калифорнија

Според последниот биланс на жртви од пожарите во Калифорнија, досега загинале 63 лица, а 630 се водат за исчезнати. Видеата...

Бегството на Груевски1 ден

Заев потврди: Груевски бил пренесен со унгарско дипломатско возило

Премиерот Зоран Заев ги потврди информациите што стигаа до медиумите од албанската и црногорската полиција за бегството на Никола Груевски...

Бегството на Груевски1 ден

Заев: Груевски да каже дали доброволно заминал или бил киднапиран

Дали Никола Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран?! Очекувам и Груевски и Унгарија да дадат одговори на овие...

Бегството на Груевски1 ден

Унгарската влада за Груевски: Доколку се побара екстрадиција, ќе се следи правната процедура

Унгарската влада вели дека експремиерот на Македонија, Никола Груевски, кој е осуден на две години затвор, побарал азил поради закани...

Крвав четврток1 ден

Герговска до сведокот Коцевски на 27 април: Лицата за интервентни ситуации да бидат на готовс

Судењето за крвавиот четврток продолжува со репродуцирање СМС и фејсбук-пораки од одземениот и вештачен телефон на Сашко Коцевски, вработен во...

Досие