Контакт

Економија

Склучен меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата

Објавено пред

Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) склучија меморандум за соработка насочен кон унапредување на размената на податоци и информации поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Како што беше истакнато на денешната средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на КЗК, Владимир Наумовски, натамошното ефективно јакнење на конкуренцијата во оваа сфера би довело до подобри услови за корпоративниот сектор и за населението како корисници на банкарските услуги и производи, како и до проширување на лепезата производи што ги нудат банките, под конкурентски услови. Токму тоа е и основниот мотив за склучувањето на договорот со којшто попрецизно е дефинирана соработката помеѓу двете институции на ова поле.

Со меморандумот е регулирана размената на податоци и информации помеѓу двете институции при постапките коишто ги води КЗК, а коишто се поврзани со една или повеќе деловни банки, при изготвувањето анализи за нивото на конкуренцијата во банкарскиот сектор и при изготвувањето измени во подзаконската регулатива во надлежност на Народната банка.

Предвидено е да се одржува и годишен состанок на којшто претставници од двете институции детално ќе ги разгледуваат анализите поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор и ќе разговараат за повеќе важни прашања, а доколку е потребно може да се одржуваат и повеќе состаноци годишно. Меморандумот содржи и одделни одредби коишто се однесуваат на едукација на вработените во Народната банка и во КЗК во областа на заштитата на конкуренцијата.

Кон завршницата на денешната средба, Ангеловска-Бежоска и Наумовски истакнаа дека натамошната соработка помеѓу Народната банка и КЗК ќе придонесе за постојано зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Економија

Заев: Комитетот за земјоделство се фокусира на системски мерки за продуктивно и одржливо земјоделско производство

Објавено пред

Денеска се одржа конститутивна седница на Комитетот за земјоделство, безбедност на храна, ветеринарство и фитосанитарна политика, со кој претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

Премиерот Заев посочи дека ова владино тело е во целосна функција за креирање системски решенија за примена на позитивни европски практики, кои ќе придонесат за предвидлив и поволен деловен амбиент за одржливо и продуктивно земјоделство.

На седницата на Комитетот се отворија повеќе теми од секторот земјоделство за кои беа презентирани идни мерки и активности. Во фокус на дискусијата беше начинот и постапките за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост, што е од исклучителна важност за земјоделците. Купувањето на земјиштето значи можност за нови инвестиции и производство, што ќе влијае на развојот на земјоделството и вкупната економија.

На оваа седница една од точките беше и воспоставување на концептот за развој на земјоделски осигурителен пул, кој согласно со европските практики ќе придонесе за зголемување на процентот на земјоделското осигурување, што е од големо значење во услови кога има штети.

Дополнително, се дискутира за редизајнирање на интегрираниот административен контролен систем (ИАКС) во функција на спроведување ефикасни политики за имплементирање и мониторинг на мерките за директни плаќања и рурален развој.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство беше презентирана информација за превенција од евентуални опасности од африканската свинска чума и болеста син јазик, која влијае врз намалување на добиточниот фонд.

На седницата на Комитетот учествуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство, за животна средина и просторно планирање, за финансии, за труд и социјална политика, заменик-министерот и државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и директорите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Агенцијата за храна и ветеринарство, на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, Државниот инспекторат за земјоделство, Фитосанитарната управа, ЈП „Македонски шуми“, ЈП за стопанисување со пасиштата и на АД „Водостопанство“.

Беше заклучено дека во континуитет ќе се следат светските трендови во земјоделството и во согласност си тоа ќе се креираат соодветни мерки за унапредување на домашното земјоделство.

Прикажи повеќе...

Економија

Намалено производството на вино во светот поради пандемијата

Објавено пред

Глобалното производство на вино ќе остане под петгодишниот просек оваа година поради нискиот обем на производство во Јужна Америка и ограничувањата во Европската Унија поради пандемијата на коронавирусот, објави Меѓународната асоцијација на производителите.

Оттаму, прелиминарно проценуваат дека оваа година во светот треба да се произведуваат помеѓу 253,9 и 262,2 милиона хектолитри (мхл) вино или во просек 258 милиони хектолитри.

Тоа би значело дека производството ќе остане под просекот втора година по ред откако во 2018 година се приближи на рекордно високо ниво, соопшти организацијата со седиште во Париз.

„Ова не е нужно лоша вест за винскиот сектор со оглед на сегашниот контекст, во кој геополитичките тензии, климатските промени и пандемијата на Ковид-19 генерираат висок степен на нестабилност и неизвесност на глобалниот пазар на вино“, соопшти ОИВ.

Во Европската Унија лозовите насади имаат корист од добрите временски услови, но производството останува под просекот бидејќи производителите и владите го ограничуваат производството за да му се спротивстават на негативното влијание на пандемијата.

Така, производителите на шампањ во Франција оваа година се согласија да претворат околу 20 проценти помалку грозје како дел од напорите да закрепнат од колапсот на продажбата предизвикана од корона-кризата.

Прикажи повеќе...

Економија

Менаџерски промени во „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје – Вилма Учета-Дузлевска нов генерален директор

Објавено пред

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ овие денови доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презеде челната позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето.

Учета-Дузлевска е добитник на годинешната награда Business Elite’s 40 under 40 како една од најуспешните млади бизнис-лидери во Југоисточна Европа.

Компанијата „Триглав осигурување – живот“ АД Скопје како дел од Групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот – „Адрија“, на македонскиот осигурителен пазар постои од 2017 година.

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

МОН го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение

Министерството за образование и наука го повлече учебникот по македонски јазик за петто одделение поради несоодветна и дискриминирачка содржина. „Во...

Македонија2 часа

Пауновски: Нови вработувања ќе има в година, дотогаш ќе се снаоѓаме

Државниот пазарен инспекторат добил од Владата ветување дека в година ќе им бидат одобрени бараните 20 нови вработувања. Директорот на...

Македонија3 часа

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице што било во контакт со министерот за...

Македонија3 часа

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија4 часа

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија4 часа

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија5 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет5 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија6 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет7 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија8 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет8 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет8 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет8 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа9 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет19 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија20 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа21 час

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија22 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија23 часа

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Досие