Контакт

Економија

Сопствениците на оранжерии се стекнаа со имотен лист за земјиштето

Објавено пред

Владата денеска ја разгледа и усвои информацијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое има изградено оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно објекти во стопанскиот двор врз основа на јавниот повик од 22.11.2018 година.

Со реализацијата на овој јавен повик сопствениците на оранжерии се стекнаа со можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост.

Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма.

„Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството“, велат од Владата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ за изработка на on-line продавница за промоција и продажба на производи

Објавено пред

За потребите на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област“ кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на Република Северна Македонија – Република Албанија за 2014 и 2015”, а врз основа на Договорот за грант, Центарот за управување со промени – ЦУП објавува:

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ПОНУДИ 03/2019 за набавка на услуги за: Изработка на on-line продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата.

Центарот за управување со промени – ЦУП во рамките на проектот „Развој на микро-претпријатија на жени во прекуграничната област” има потреба од набавка на услуги за: изработка на on-line продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб апликацијата, фотографирање и собирање на податоци за производи и содржини, како и промоција на on-line продавницата во пошироката јавност.

На повикот можат да се пријават компании или здруженија на граѓани, но не и физички лица. Проценетата вредност на набавката изнесува 24.000,00 евра во денарска противвредност. Истата вклучува (1) изработка на веб-апликација, администрирање и тековно одржување на on-line продавницата, (2) теренски дел на собирање на податоци и сликање на производите и полнење на содржини, како и (3) промоција на on-line продавницата во пошироката јавност. Услугата предвидена со набавката е неделива.

Краен рок на доставување на понудите е до 01.11.2019 година до 16:00 часот.

Подетален опис на услугите, условите за аплицирање како и потребната документација може да ги побарате на следниот линк: www.cup.org.mk во делот на објавени повици.

Прикажи повеќе...

Економија

Кинеската економија со најбавен раст во последните 27 години

Објавено пред

На азиските берзи денеска цените на акциите паднаа, а акционерите ги загрижи податокот за најбавен раст на кинеската економија во последните 27 години. Поради ова договорот помеѓу Велика Британија и ЕУ за уреден брегзит, падна на втор план.

МСЦИ индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот бил во минус речиси 0,2 отсто. На Токиската берза Никеаи идексот зајакнал за 0,3 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Сингапур, Јужна Кореја, Австралија и Шангај, паднаа помеѓу 0,1 и 0,6 отсто.

Азиските акционери ги поколеба податокот дека кинескиот бруто домашен производ во третото тромесечие пораснал за 6 проценти во однос на истиот период лани, што е послаб раст од оној што го очекуваа аналитичарите и е најбавен во послените 27 години.

Тоа покажува дека американско-кинеската трговска војна предизвика слабеење и на домашната и на странската потрошувачка.

Прикажи повеќе...

Економија

Пиварци и пријателите исчистија неколку километри од кејот на Вардар

Објавено пред

Во најновата екоакција, што се спроведе во рамките на повеќегодишната платформа „Рециклирате ли!?“, волонтерите на „Пивара Скопје“ исчистија неколку километри од кејот на реката Вардар во скопските општини Аеродром и Гази Баба. Притоа беше собран целиот сув отпад од патеките и бреговите на двете страни на реката, кој понатаму ќе биде соодветно селектиран и рециклиран.

Како и на претходните така и во оваа волонтерска еко-акција на Пивара Скопје активно се вклучија амбасадорите на Холандија, Велика Британија и САД, со членови на персоналот на амбасадите, а овој пат засилување пристигна и од волонтерите од СОС Детско село и Стопанската комора на северозападна Македонија. Акцијата ја поздрави и градоначалникот на Гази Баба. Традиционално, целокупната логистичка поддршка при транспортот, селектирањето и рециклирањето на собраниот отпад во акцијата ја даде Пакомак. За вадењето на отпадот од реката се погрижија нуркачите од спелеолошкото друштво „Врело“.

„Пивара Скопје посветено работи на остварување на поставените цели и своите заложби за ‘Свет без отпад’. Оваа еко-акција, како и претходните, покажуваат дека како компанија, но и како поединци, сме подготвени да одвоиме средства и дел од своето своето работно време, за да придонесеме во остварување на тие заложби. Ме радува што со секоја нова волонтерска акција бројот на нашите партнери кои ги делат истите вредности и кои нѐ поддржуваат во оваа наша мисија, постојано се зголемува“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Дан Тимотин. „Со ваквите волонтерски активности кои ги организираме заедно со нашите партнери, сакаме да упатиме јасна порака и апел до целата заедница дека сите треба да го преземат својот дел од одговорноста и повеќе да се ангажираат во решавањето на проблемот со загадувањето, со што ќе создадеме одржлива иднина за нас и за идните генерации“, потенцираше Тимотин.

Платформата „Рециклирате ли!?“, наменета за подигнување на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот, започна да се реализира во 2016-та година, со организација на првата еко-акција за чистење на кејот на реката Вардар, а продолжи и во наредните две години, со втората еко-акција за чистење на кејот и водите на Вардар, како и чистење на околината и водите на езерото Матка. Во овие акции беа собрани вкупно над 30m³ отпад, за што беа вложени над 300 часови волонтерска работа. Минатата година беше организирана и волонтерска активност за подигнување на јавната свест за замена на неразградливите пластични кеси со алтернативни решенија кои не ја загадуваат животната средина, а беше спроведен и едукативен караван со кој беа опфатени над 10.000 основци.

За извршниот директор на Пакомак, специјализирана компанија за управување со отпад од пакување која е партнер на Пивара Скопје во сите вакви акции, одговорноста и обврските за решавање на предизвиците поврзани со заштитата на животната средина треба да бидат рамномерно распределени на сите засегнати субјекти во општеството.

„Уште од нашето основање, па сѐ до денеска, благодарение на финансиите и поддршката од нашите основачи, како Пивара Скопје и другите наши членови, успешно ги исполнуваме и ги надминуваме еколошките цели и таргети за собирање и правилен третман на отпадот од пакување што ги одредува државата. Но, постојат компании и субјекти кои пласираат различна амбалажа на пазарот и генерираат отпад, а не учествуваат во финансирањето на системите за негово собирање и рециклирање, ниту ѝ плаќаат на државата за тоа, со што директно го оштетуваат буџетот и животната средина. Ова е проблем кој мора соодветно да се адресира и да се решава“, изјави Ико Брдароски, менаџер за грижа на корисници во Пакомак.

Следејќи го глобалното лидерство на групацијата Coca-Cola HBC во доменот на одржливиот развој, како и практиките за одржливост на HEINEKEN, „Пивара Скопје“ континуирано вложува и спроведува практики што придонесуваат за почиста животна средина, како што е употребата на амбалажа која целосно може да се рециклира, примена на мерки за заштеда на вода и енергија, како и за намалување на сите емисии од прозводството, вклучувајќи го и соодветниот третман и реупотреба на водата што се користи во производствениот процес. Како еден од основачите на „Пакомак“, „Пивара Скопје“ постојано вложува и во ефикасноста на системот за собирање и рециклирање на целокупниот отпад од пакување во земјата.

За предводничката улога во доменот на одржливиот развој и евидентните резултати во заштита на животната средина, „Пивара Скопје“ има добиено голем број домашни и меѓународни признанија, меѓу кои и годинешната награда „Предводници на целите за одржлив развој“ на Обединетите нации, што се доделува во рамките на проектот „Градење меѓусекторски партнерства за одржлив развој“, кој е финансиран од Европската Унија, а го спроведува граѓанската организацијата „Конект“.

За повеќе информации, посетете ја страницата „Полна чаша“ на www.polnacasa.mk

(ПР-текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ2 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија2 часа

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет3 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет3 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа4 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет16 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион18 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија19 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет19 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион20 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија21 час

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија22 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија22 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ24 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија24 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа1 ден

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Досие