Контакт

Економија

Со донација на 280 оброци, во ОКТА одбележан Светскиот ден за борба против гладот

Објавено пред

Вработените во ОКТА уште еднаш активно се вклучија во одбележувањето на Светскиот ден за борба против гладот. Со колективно откажување од своите дневни купони за храна, вработените собраа парични средства со кои се обезбеди донација од 280 оброци за социјално загрозените семејства во државата.

Пакетите со храна, преку Црвениот крст, исто како и минатата година, ќе бидат доставени до жителите на руралните средини кои не можат да си дозволат достоинствен оброк. Поддршката на иницијативата и масовноста на одѕивот од вработените се зголемува секоја година, соопштуваат од компанијата и додаваат дека тоа е потврда дека во компанијата постојано се надградува свеста за потребата од социјално одговорен ангажман.

Во рамките на оваа општествено одговорна активност, традиционално беше организирана и крводарителска акција во која учествуваа 100 крводарители од компанијата. Дарувањето крв е една од хуманите активности по кои ОКТА е препознатлива уште од почетокот на работењето на компанијата. Од 1982 година до денес се одржани над 130 крводарителски акции.

Од компанијата велат дека се особено горди што токму вработените се иницијатори на голем број волонтерски и хуманитарни активности, што е најдобар доказ дека токму тие се еден од главните столбови на политиката за корпоративна општествена одговорност на ОКТА.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Димковски: Жителите во општина Лозово, по 24 години, за првпат добиваат 8 нови асфалтирани улици

Објавено пред

Во Општина Лозово во тек се градежни активности за реконструкција и асфалтирање на улици и локални патишта. На увид на истите денеска дојде министерот за земјоделство,Трајан Димковски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, и градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски.

„Со средства од Програмата за рурален развој во износ од 6.595.883,00 денари, ќе се реконструираат и асфалтираат осум улици во Општина Лозово од кои 6 се во село Лозово, една во село Дорфулија и една во село Каратманово. По асфалтирањето на овие 8 (осум) улици, жителите на територија на Општина Лозово, по 24 години од денот на Формирање на Општина Лозово за првпат ќе имаат асфалтирани улици“ – изјави министерот Димковски.

Исто така, со средства во износ од 18.578.789,00 денари од Програмата за рурален развој се реконструира и асфалтира локалниот пат кој ги поврзува двете соседни села с. Милино и с. Каратманово. Досега се релизирани околу 40% од вкупниот проект за асфилтирање на овој пат.

Директорот Бабовски посочи дека преку трите проекти во овој дел од државата ќе се реализираат инвестиции во вкупна кофинансирана вредност од близу 27,4 милиони денари, со овие средства за првпат се асфалтира локалниот пат Милино – Каратманово и на овој начин повторно го враќаме во функција патот кој поради калта и дупките беше заборавен и не се користеше. Преку овој локален пат, месното население добива нов, квалитетен и побрз пристап до Свети Николе и останатите градови. Исто така преку Програмата за рурален развој за првпат ќе се асфалтираат неколку улици во Лозово, Дорфулија и Каратманово, а партерно ќе се уреди и просторот околу црквата Св. Ѓорѓи во селото Гуземелци.

Ова е инвестиција со којашто конечно ќе се поврзат трите општини од Вардарски Плански Регион, и тоа: Велес, Лозово и Св.Николе.

Прикажи повеќе...

Економија

Украина сака Германија да управува со нејзините железници во рок од 10 години

Објавено пред

Украина планира своите железници да ги отстапи на „Дојче бан“ на десетгодишно управување, изјави денеска украинскиот премиер Алексеј Гончарук за време на настанот именуван како украинскиот појадок во Давос.

„Да, сакаме да ѝ дадеме на Германија контрола над железницата во период од 10 години“, рече Гончарук, а пренесува хрватски „Индекс“.

Претходно, украинското Министерство за инфраструктура потпиша меморандум за разбирање со германскиот железнички превозник „Дојче бан“.

Премиерот тогаш рече дека станува збор за логично продолжување на планот за реструктукција на украинските железници, кој претседателот Володимир Зеленски го најави минатиот септември.

Гончарук истакна дека во овој случај не станува збор за изнајмување или продажба на украинските железници.

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

Швајцарија во чест на Ајнштајн го искова најмалиот златник во светот

Објавено пред

Швајцарија искова толку мал златник што треба да се гледа од многу блиску за на него да се забележи ликот на физичарот Алберт Ајнштајн, кој се плази кон гледачот, пренесува агенцијата АП.

Швајцарската државна ковачница соопшти дека овој златник, со пречник од 2,96 милиметра, е најмалиот во светот. Тежината на кованата паричка е само 0,063 грама и има номинална вредност на една четвртина од швајцарскиот франк.

Од ковачницата информираат дека ваква паричка од вкупно 999 направени, ќе се продава по цена од 199 франци со специјална лупа, така што сопствениците ќе може во секое време да го видат ликот на познатиот физичар на аверсот од минијатурниот златник.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет4 минути

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет1 час

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион2 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија4 часа

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа5 часа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија6 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија6 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија8 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ9 часа

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет9 часа

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет11 час

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија11 час

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет11 час

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Македонија12 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено вторпат

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, вторпат се одложува...

Регион12 часа

По 20 дена, ослободени киднапираните грчки морнари

Осум члена на екипажот на грчки танкер се ослободени по 20 дена од киднапирањето од вооружени напаѓачи на брегот на...

Свет13 часа

СЗО денеска ќе одлучува дали ќе прогласи вонредна состојба

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ќе донесе одлука дали да прогласи глобална вонредна состојба поради избувнување на новиот корона вирус,...

Македонија1 ден

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Македонија1 ден

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија1 ден

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Досие