Контакт

Економија

Со животно осигурување до лојални и посветени менаџери на компанијата

Објавено пред

Осигурувањето на вработените сè почесто се користи како метод за наградување, но и го зацврстува заемниот однос меѓу вработените и компанијата. Една компанија со осигурување на својот клучен кадар ја потврдува нивната стручност и улогата што ја имаат во компанијата, покажува дека го вреднува трудот што го вложуваат, го цени нивниот потенцијал и свесна е за нивната улога и влијанието врз деловните резултати на компанијата. Менаџерското осигурување, исто така, е начин за намалување на одливот на вработените и нивно заминување во конкурентски бизниси.

Така, менаџерското осигурување стана современ начин за наградување на клучните кадри во компанијата и нивно задржување, затоа што во основа загубата на вработените, вклучително и менаџерите може да предизвика финансиски и деловни загуби за компанијата.

Животното осигурување на клучниот кадар е застапено и во Македонија, а една од компаниите кои го нудат овој вид осигурување е Кроација осигурување – живот. Како компанија што веќе има богато искуството во создавање полиси за животно осигурување на менаџерски кадри, велат дека предностите од ова осигурување се големи и за вработените и за компаниите.

„Компаниите во Македонија сè повеќе ја препознаваат важноста на човековиот потенцијал, значајноста на вложувањето во своите кадри, нивното привлекување и мотивација. Сè повеќе компании склучуваат животно осигурување за своите вработени знаејќи дека тие претставуваат најзначаен ресурс и тоа се враќа со позитивен одговор од вработените”, велат од Кроациа.

Менаџерското животно осигурување од Кроација претставува алатка за зголемување на лојалноста и задоволството на менаџерите, бенефит во форма на финансиски бонус, ја зголемува посветеноста кон компанијата, а истовремено овозможува и врвна осигурителна заштита и покритие. Траењето на осигурителната полиса е прилагодливо на потребите а осигурената сума се креира во зависност од можностите, потребите и дефинираните менаџерски бонуси.

Светските истражувања утврдиле дека менаџерите кои се целосно задоволни од компаниите за кои работат, обезбедуваат постојан раст на бизнисот, а задоволството произлегува пред сè од чувството на сигурност што компанијата го обезбедува за својот менаџер.

(ПР-текст)



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Toyota Relax – нова револуционерна 10-годишна гаранција за Toyota и Lexus

Објавено пред

ИНОВАТИВНА ГАРАНЦИЈА БЕЗ СЛИЧНА ПОНУДА НА ПАЗАРОТ НА ВОЗИЛА ВО МАКЕДОНИЈА;

TOYOTA RELAX Е ДОСТАПНА ЗА СИТЕ НОВИ И КОРИСТЕНИ ВОЗИЛА ДО 10 ГОДИНИ СТАРОСТ;

ПРОГРАМАТА Е ДОСТАПНА И ЗА ВОЗИЛАТА ОД ГАМАТА НА LEXUS ПОД ИМЕТО LEXUS RELAX

Прва од ваков вид во автомобилската индустрија во Македонија и неспоредлива по опфат и времетраење со кој било друг производител, програмата за гаранција Toyota Relax им овозможува на сопствениците на возила од брендот Toyota гаранциско покритие до 10 години за целото возило. Револуционерната гаранција со 10 годишно покритие ќе им овозможи поголемо спокојство на сите сопственици на возила од брендот.

Програмата за гаранција се однесува на сите нови возила, испорачани по 1 јуни 2021 година од овластениот застапик на Toyota во земјата. Предноста на Toyota Relax е тоа што програмата со одредена доплата е достапна и за сите користени возила со старост до 10 години или 185.000 km, при што кон секој годишен периодичен сервис на возилото во овластен Toyota сервисен центар, клиентите добиваат продолжена гаранција, со важност до следното периодично техничко одржување, согласно планот за одржување на соодветниот модел (најчесто на 12 месеци или 15 000 km, кое настапува прво). За моделите со подолг сервисен интервал, на пример 2 години, активираната продолжена гаранција трае 2 години од датумот на периодичниот сервис. Услов за активирање на Toyota Relax е на возилото да му останува помалку од една година до истекот на фабричката гаранција или да е со километража поголема од 85.000 km. Така, без разлика дали поседувате целосно ново Toyota возило, или користено до 10 години или 185.000 km, можете да бидете спокојни, благодарение на најфлексибилната продолжена гаранција на пазарот.

Гаранцијата Toyota Relax се однесува за сите модели од марката, без оглед на нивниот мотор, погонски систем или каросериска изведба, се додека ги исполнуваат условите на програмата. Тука се вклучени сите патнички и лесни комерцијални возила на Toyota. Гаранцијата важи и за целиот асортиман на премиум брендот Lexus, но под името Lexus Relax. Така, без разлика дали имате бензин, дизел или хибридно возило од моделите Toyota и Lexus, можете да ги искористите сите погодности на продолжената гаранција.

Програмата Toyota Relax важи само на територијата на Македонија, Бугарија и Албанија, а при патување во други земји гаранцијата може да се користи при престој кој не е подолг од 90 последователни денови, во која било од земјите наведени во Условите на Toyota Relax. Условите за користење на гарантното покритие, во случај на несреќа и потреба, исто така се достапни на наведениот линк. Иновативната гаранција им овозможува на клиентите на Toyota да патуваат спокојно и да уживаат во многу безгрижни километри со своите возила.

Продолжената гаранција Toyota Relax може да се примени и за користени возила, во случај на промена на сопственоста, доколку ги исполнуваат условите да не се постари од 10 години или да немаат изминато повеќе од 185.000 km. Доколку новото возило веќе има активирана гаранција Toyota Relax, таа ќе остане важечка до истекот на нејзината валидност, согласно датумот за периодичен сервис.

Опфатот и времетраењето на покритието на програмата Toyota Relax е природно продолжение на филозофијата на Toyota за тријадата „сигурност, безбедност и квалитет” за сите возила од марката, со кои производителот е познат на глобално ниво. Создадена за да биде лесна за разбирање и примена, програмата е насочена целосно кон потребите на клиентите се со цел да им овозможи целосно спокојство и задоволство од поседувањето на возило од гамата на „Toyota“ и „Lexus“. Програмата за гаранција исто така ја зголемува вредноста на користените возила, што носи директни придобивки како за сегашните сопственици, така и за идните кои ќе возат возило одржувано во овластената дилерска мрежа на Toyota и Lexus во земјата.

Помеѓу другите предности за сопствениците кои се влучени во програмата Toyota Relax, е тоа што возилата ќе бидат сервисирани од тим на меѓународно сертифицирани техничари во сервисите на Toyota и Lexus, со користење на оригинални резервни делови и компоненти од марките при извршување на сервисирањето. Со транспарентен ценовник на услуги и резервни делови, како и работа со оригинални аксесоари, Toyota Relax ја надминува идејата за програма за гаранција, обезбедувајќи им дополнителна вредност на своите клиенти преку многу поволности, за тие да уживаат во возењето и поседувањето на своите возила со целосно спокојство.

Целосните Услови за користење на гаранцијата Toyota Relax се достапни на веб-страницата на Toyota Авто Центар на следниот линк: https://www.toyota.com.mk/article/garancija/

 

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

„Плана телепорт“ на „Јунајтед груп“ добива целосен сертификат за ниво 4 од Светската асоцијација за сателитски комуникации

Објавено пред

„Јунајтед груп“ денес објави дека нивниот бугарски оператор „Виваком“ e награден од Светската асоцијација за сателитски комуникации (World Teleport Association) со целосен cертификат за ниво 4 за нивниот објект за сателитска комуникација „Плана телепорт“, добиен по неодамнешната ревизија на објектот.

Ниво 4 е највисок можен сертификат во областа на сателитските услуги и ја рангира сателитската станица меѓу најмодерните објекти од ваков тип во светот. Tоа значи дека „Плана Телепорт” ги поседува стандардите за врвна локација, двојно поткрепена техничка опрема и високо-професионална поддршка 24/7 – со технички и со комерцијални експерти. Само 19 сателити, вклучително и станицата на „Плана”, во моментов поседуваат сертификат за ниво 4.

Сето ова потврдува дека клиентите на „Виваком” добиваат услуги со највисок и сертифициран квалитет и сигурност.

Од претходната ревизија, „Виваком” се фокусираше на развивање на услуги за деловни клиенти и сега копнената станица емитува 4 DTH платформи (Direct-to-Home) со повеќе од 400 ТВ канали за Источна Европа и Африка.

„Виваком”, исто така, ги прошири своите регионални поморски VSAT услуги. Станицата „Плана” е исто така важен дел од клучната копнена инфраструктура за неколку сателитски оператори и нивните сателитски сoѕвездија.

„Горди сме што „Виваком” ги покажа највисоките стандарди за квалитет за сателитски услуги, како што е дефинирано од Светската асоцијација за сателитски комуникации (WTA). Темелната ревизија спроведена од WTA и сертификатот за ниво 4 потврдува за професионалноста на нашата работа и нашата посветеност да бидеме најдобри”, изјави сениор менаџерот за радиодифузни услуги на „Виваком”, Владимир Рангелов.

„Со повторното сертифицирање на сателитот на „Виваком” на ниво 4, WTA ја постигнува најважната цел на програмата за сертификација – не само да ги измери факторите што придонесуваат за високиот квалитет на услугата, туку и да ги мотивира за подобрување. Со нетрпение очекуваме да им помогнеме и на другите сателитски оператори да го подигнат квалитетот на нивните капацитети и процедури за подобро да им служат на своите клиенти и да ги развијат нивните бизниси “, рече извршниот директор на WTA, Роберт Бел.

Процесот на сертификација е долг и сеопфатен. Сателитот мора да исполни повеќе од 170 барања, кои Светската асоцијација за сателитски комуникации (WTA) ги проверува и анализира при ревизија на лице место.

Програмата за сертификација за телепорт на Светската асоцијација им служи и на сателитските оператори и на нивните клиенти со својот непристрасен, транспарентен и меѓународно прифатен метод за документирање на квалитетот на услугите за клиентите и стратешките партнери.

Сертификатот претставува сигурносна алатка за клиентите при избор на даватели на услуги за сателитски услуги, обезбедувајќи јасна основа за проценка на цената и квалитетот.

На крајот на 2020 година, „Плана Телепорт” се рангираше на 5-то место на глобално ниво во однос на растот на приходите од сателитските услуги за деловни клиенти, во годишното рангирање на WTA за најбрзорастечките сателитски оператори.

За Јунајтед Груп:

Јунајтед груп, со седиште во Холандија, е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Компанијата работи во осум земји и на крајот на 2020 година има приближно 11 милиони корисници и приближно 14.500 вработени. Јунајтед груп има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивен избор на ТВ-содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигитална инфраструктура, медиумската содржина и технологијата, обезбедуваат извонредност на производите и услугите што им ги нуди на клиентите. Од март 2019 година, Јунајтед груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите инвестициски компании во светот. Инаку, во рамките на Јунајтед Груп, во Северна Македонија работи компанијата Тотал ТВ.

За повеќе информации посетете ја веб страницата: https://united.group/

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Стојаноски: Железниците во државата се во вештачка кома, вработените немаат земено плата

Објавено пред

Железничкиот сообраќај во нашата држава ги живее најлошите години од своето постоење. Не се памети кога железниците во Република Македонија биле во толку лоша состојба, истакна на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

За жал, вели тој, на прагот сме на целосно замирање на железничкиот сообраќај, а со тоа Македонија да стане единствената земја во Европа без железнички сообраќај.

„Пред 3 години со укинувањето на единствената меѓународна железничка линија Солун – Скопје – Белград станавме меѓународно железнички изолирана земја, а сега со укинувањето на внатрешните железнички линии кон Кичево и Кочани се најавува и домашно замирање на овој превоз. Железниците во Република Македонија се во вештачка кома. Нема изградба на нови пруги, нема ремонти на постојните, нема набавка на нови возови и нови локомотиви. Буквално железниците се оставени на забот на времето“, рече Стојаноски.

„Додека вработените во железницата со право реагираат и ја чекаат својата плата за јуни, постојано има огласи за нови партиски вработувања. Раководствата вршат масовна партизација со нови кадри. Патем, според информациите од железницата, повеќето од овие нововработени земаат плата, а не даваат речиси никаков придонес во работењето. Оттука, наместо по секоја основа да се намалуваат непродуктивните трошоци, власта за свои партиски цели дополнително ги оптоварува буџетите на ‘МЖ – Транспорт’ АД и на ЈП ‘МЖ – Инфраструктура’“, додаде Стојаноски.

Потенцира дека во овој ресор нема пари за плати на вработените, а како што рече, има пари за нови партиски вработувања.

„Нема пари за изградба на пруги и набавка на нови возови, ама има пари за набавка на супер луксузни лимузини за директорите. Очигледно е дека оваа Влада предводена од СДСМ нема ниту волја ниту капацитет да се справува со предизвиците на железничкиот систем во нашата држава. Се покажало во минатото, секогаш кога СДСМ е на власт, железницата стагнира. Наместо да спроведуваат проекти за подобровање на железничкиот сообраќај, тие размислуваат како побргу да ги продадат и да се ослободат од железниците“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Владата почна постапки за обезбедување 20.000 литри гориво за противпожарните возила и летала

Владата донесе одлуки за спроведување постапки за обезбедување 15.000 литри млазно гориво и 5.000 литри нафтени деривати за потребите на...

Македонија6 часа

Активни повеќе пожари во Македонија, затворени се неколку патишта

Низ Македонија активни се неколку пожари, а на терен се силите на Армијата, противпожарни екипи, а помош дава и месното...

Македонија7 часа

Приведено едно лице за предизвикување пожар во Ресенско

Полицијата уапси едно лице за предизвикување пожар во селото Лева Река, Ресен. Според информациите од полицијата, уапсен е К.С. од с.Лева...

Македонија9 часа

Ангелов: Пожарите се шират со голема брзина, имаме сознанија дека некои намерно се запалени

Пожарите се шират со голема брзина, а имаме сознанија дека некои намерно се запалени, изјави директорот на Центарот за управување...

Македонија11 час

Ширењето на пожарот кај Делчево е критично – неопходна евакуација на две села

Жителите од критичните реони во село Нов Истевник и Стар Истевник зафатени со големиот пожар да се евакуираат во градската...

Македонија12 часа

219 нови случаи на Ковид-19, починаа четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.713 тестирања, а регистрирани се 219 нови случаи на...

Македонија14 часа

Ангелов најави акциски план за справување со пожарите

Откако Владата денеска прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради пожарите кои ја зафатија Македонија, директорот за Центарот...

Македонија16 часа

Владата прогласи кризна состојба во траење од 30 дена поради зголемената појава на пожари

Владата на денешната 95. седница, која се одржа изутринава, донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна...

Топ16 часа

72-годишен битолчанец извршил полов напад врз десетгодишно девојче

Маж од Битола на возраст од 72 години е осомничен дека сторил полов напад врз дете што не наполнило 14...

Топ16 часа

Татко си ја малтретирал својата ќерка, ја удирал со тупаници и ѝ се заканувал на сопругата дека ќе ја убие

38-годишен жител од Брвеница, татко и сопруг, е осомничен за малтретирање на својата ќерка и за семејно насилство над блиски...

Европа17 часа

(Видео) Пожарите во Грција не стивнуваат, населението се евакуира, огнената стихија уништи куќи

ЕУ испрати помош за Грција и другите земји од Југоисточна Европа, кои се борат со големи пожари. Помошта дојде еден...

Македонија18 часа

Ангелов: Пет хеликоптери го гаснат пожарот кај Пехчево, ако дозволат условите, ќе емитувам во живо

Пет хеликоптери, три српски и два македонски, полетаа од скопскиот аеродром кон Пехчевскиот Регион, соопшти утрово директорот на Центарот за...

Македонија19 часа

Владата ќе го разгледува предлогот за воведување кризна состојба во државата поради пожарите

Владата, денеска, во 8.30 часот треба да одржи седница за предлогот на Управувачкиот комитет за воведување кризна состојба во траење...

Македонија1 ден

Стојанче Ангелов од вршител на должност стана директор на ЦУК

Владата на денешната 94 седница донесе одлуки во однос на повеќе кадровски решенија. Така, Стојанче Ангелов кој досега беше вршител...

Македонија1 ден

Награди од по 10.000 денари за пожарникарите кои го гаснеа пожарот кај Кочани

Владата на седница одлучи да ги награди сите пожарникари вклучени во гаснењето на пожарот кој го зафати Кочани и околината....

Македонија1 ден

Албански државјанин приведен за подметнување на пожар, има осомничен и за оној во Старо Нагоричане

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А, кој илегално...

Македонија1 ден

Владата ја разреши директорката на инспекторатот за животна средина

Владата ја разреши директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ана Петровска, по барање на нејзината матична партија ДОМ. Од...

Македонија2 дена

Регистрирани 164 нови случаи на Ковид-19, пријавени се три починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.276 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на...

Топ2 дена

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион2 дена

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Досие