Економија
Со кредитната линија Ковид 3 обезбедена помош за 2.122 мали и микро компании

Со кредитната линија Ковид 3 досега се одобрени вкупно 2.122 кредитни барања во вкупен износ од 24,3 милиони евра, соопшти владејачкиот СДСМ.
Бескаматната кредитна линија со грант-компонента ,,Ковид 3” се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија. Според структурата, како што е посочено, 1.172 кредитни барања се од мали компании, додека 792 барања се од микро компании. 116 кредитни барања се од трговци поединци, додека 42 кредитни барања се од занаетчии.
Во овие микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии вработени се вкупно 16.009 вработени.
„Бескаматната кредитна линија Ковид 3 е конкретна помош за малите и микро компании, за трговците поединци, за занаетчиите кои преку овој механизам добиваат поддршка во зајакнување на ликвидноста и зголемување на конкурентноста во време на санирање на последиците од коронакризата“, велат од СДСМ.
Најавуваат дека власта ќе продолжи со вистинска, навремена грижа за домашната економија, за спас на работните места.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Бесими на средба со експертската заедница, даночната реформа почнува годинава

Даночната реформа започнува годинава, преку реализација на 13 цели и 40-тина активности и многу бројни подактивности од Акцискиот план за 2021 година за спроведување на Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година. Мерките предвидуваат анализи, примена на модели и искуства, а ќе бидат проследени со јавни расправи и консултации. Решенијата кои ќе се донесат ќе бидат резултат на овој процес, информираат од кабинетот на министерот за финансии.
Во таа насока е и денешната дискусија за даночната реформа на министерот за финансии Фатмир Бесими со претставници на академската и експертската заедница, академици, универзитетски професори и експерти кои ја покриваат областа на даночната регулатива.
Подобрување на постојната даночна политика и нејзино усогласување со ЕУ, обезбедување праведна конкуренција, анализа на даночната основа, намалување на даночната евазија, намалување на даночните долгови, подобрување на капацитетите на институциите во даночниот систем, зголемување на транспарентноста, подобрување на контролните механизми, подобрување на услугите и воведување на стимуланси за еколошка одговорност и „зелено“ оданочување, ова се конкретните цели опфатени со Акцискиот план за годинава, објаснуваат надлежните.
Активностите кои треба да се реализираат во рамки на овие цели се анализа на даночната основа и евентуални измени на даноците на личен доход, на добивка и на имот, како и анализа на даночните олеснувања. Понатаму, предвидени се активности за спречување на даночна евазија, подобрување на фискализацијата, кешлес околина, модернизација на услугите, развој на човечки ресурси и изготвување предлози за воведување стимуланси за еколошка одговорност, како и други активности во рамки на целите, информираат од кабинетот на Бесими.
Петте приоритети кои треба да се постигнат со спроведување на овие цели и активностите се: поголема праведност во оданочувањето, подобра ефикасност и ефективност на даночните приходи во насока на наплата на приходи, поголема даночна транспарентност, поголем квалитет на услугите и воведување на зелено „еколошко“ оданочување.
Министерството за финансии и Владата се залагаат за градење на подобар даночен систем кој ќе биде ефикасен, транспарентен, современ, едноставен и праведен, и како таков ќе биде основа за забрзан економски раст и развој. Ова ќе се спроведе преку еден транспарентен и инклузивен процес на консултации и јавни расправи со засегнатите страни, кој започна минатата недела со средбата на министерот за финансии со претставници на стопанските комори, а ќе продолжи и во иднина, известува кабинетот на Бесими.
Економија
Германија, поради коронавирусот, се задолжи над 650 милијарди евра

Германската држава, провинции и општини ќе позајмат 650 милијарди евра во борбата против коронавирусот, се вели во студијата на Институтот за германска економија (IW).
„Во зависност од тоа што ќе се случи во следните недели и месеци тој број може да биде уште поголем“, рече директорот на Институтот, Мајкл Хатер.
Експертите сметаат дека брзото намалување на задолженоста треба да се напушти и дека е подобро да се остави повеќе простор за институцијата да дејствува во однос на потребните инвестиции.
Економија
Поради коронавирусот, нагло скокна доставата на компјутери, „Леново“ прв на пазарот

Глобалните испораки на компјутери се зголемија во првиот квартал со најбрзо темпо во последните две децении бидејќи голем број влади во корона-кризата организираа онлајн-настава во училиштата и препорачуваа работа од далечина, покажува истражувањето на „Гартнер“.
Според истражувањето, вкупно 69,9 милиони компјутери и лаптопи се продадени во првите три месеци од оваа година, што е 32 % повеќе од истиот период минатата година.
Кинескиот „Леново“ зазеде водечка позиција на пазарот со удел од 25,1 проценти по што следуваат ХП, „Дел технолоџис“, „Епл“ и „Асер“, се вели во извештајот.
Во „Гартнер“ тие посочуваат дека скокот во испораките треба да се гледа низ призмата на минатогодишните ограничувања на пандемијата и недостигот на чипови.
„Да немаше хаос во испораките на почетокот на 2020 година, растот во овој квартал можеше да биде помал“, рече директорот за истражување на „Гартнер“, Микако Китагава.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш