Економија
Со пари од кредитот од Светската банка ќе се делат бонуси за лекарите

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за потреба од реструктуирање на проектот за итно справување со Ковид-19, односно на заемот од Светската банка во висина од 90 милиони евра и за оваа своја намера да ја извести банката.
Со реструктуирање на планот за користење на овој заем ќе се обезбедат средства за финансиска награда за здравствените работници со зголемен обем на работа во борбата со вирусот во висина од 7,7 милиони евра за исплата на планираниот бонус за период од девет месеци, односно од април заклучно со декември 2020 година, информираат од владината прес-служба.
Дел од средствата ќе биде пренаменет за набавка на опрема за регионалните здравствени центри, како и за финансирање за набавка на вакцини, додаваат од Владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Измените на Законот за игрите на среќа ќе ја збришат индустријата – без работа остануваат повеќе од 8.000 луѓе

Предлог-измените на Законот за игрите на среќа и забавните игри поставени на Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР) ќе ја збришат целата стопанска гранка, апелираат приредувачите на игри на среќа во земјава и упатуваат на несогледливите последици со кои ќе се соочи државата.
Од оваа стопанска гранка во земјава директно егзистираат повеќе од 8.000 семејства, а индиректно повеќе од 50.000 во други стопански гранки. Ако се имплементираат законските измени кои се однесуваат на растојанието од 500 м на деловните објекти на приредувачите на игри на среќа од образовните институции, тие ќе треба да стават клуч на врата. Со тоа, се брише една стопанска гранка која сама по себе има силен социо-економски придонес во државата, а неизбежно ќе се случи домино ефект врз целото стопанство, укажуваат приредувачите на игрите на среќа. Велат, ако се затворат нивните деловни објекти, тоа ќе предизвика силен удар и врз сите останати гранки во целиот синџир на вредности – наем на простор, мебел, ИТ опрема, софтверски решенија и уште низа други.
Минатата недела во соопштение за медиуми, Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) изнесе категоричен став дека, за нив, одалечувањето на деловните објекти е целосно неприфатливо. Растојанието од 500 м оддалеченост на нашите деловни објекти од образовните институции значи затворање на 98% од уплатно-исплатните места и гасење на целата гранка, посочија од АСОМ.
Во повеќе наврати до сега, приредувачите на игри на среќа укажуваат дека законското решение кое се предлага би можело да има несогледливи последици врз, и така кревката, економија која е силно погодена од ковид-кризата.
Предупредуваат дека државната каса би останала покуса за повеќе од 250 милиони евра кои приредувачите годишно ги уплаќаат во буџетот и велат дека гасење на оваа стопанска гранка која значајно придонесува кон економската стабилност на државата во било кое време, а особено сега во време на најголема криза, е несфатливо и неприфатливо за никого.
(ПР текст)
Економија
Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,76 % во однос на одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 7.4.2021 година.
Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 0,50 денар/литар во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за изменување на одлуката за утврдување највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 7.4.2021 година.
Малопродажната цена на „евродизелот“ (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за изменување на одлуката од 7.4.2021 година.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,513 денари за килограм и сега ќе изнесува 34,266 денари за килограм, известува Регулаторна комисија.
Од 13.4.2021 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– за моторниот бензин „евросупер БС-95“ цената ќе биде 67,00 денари за литар, а цената на моторниот бензин „евросупер БС-98“ ќе изнесува 69,00 денари за литар.
– дизел-горивото „евродизел БС“ (Д-Е V) ќе се продава за цена од 58,00 денари за литар, а маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) ќе се продава за цена од 57,50 денари за литар.
– цената на мазутот М-1 НС ќе биде 34,266 денари за килограм.
Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување: кај бензинот 1,044 %, кај дизелот 0,121 %, кај екстра-лесното масло 0,031 % и кај мазутот намалувањето е 1,2 %, велат од РКЕ.
Економија
Маркетите „Веро“ овозможија брза нарачка и достава на производи со услугата Vero Drive

Широката палета на производи во Веро маркетите во Скопје отсега е достапна за онлајн-нарачки преку услугата Vero Drive. Со посета на интернет-страницата https://verodrive.vero.com.mk потрошувачите имаат можност во било кое време да ги нарачаат потребните производи, бидејќи опцијата е достапна 24 часа и седум дена во неделата. Заинтересираните купувачи можат да одберат дали сакаат избраните производи да им бидат доставени до домот или самите да ги подигнат од Веро центар.
Оваа услуга им овозможува на потрошувачите да набават сѐ што им е потребно од големиот асортиман на Веро маркетите. Нарачувањето на производите може да се изврши во било кое време, додека превземањето е од пунктот во Веро центар. Плаќањето се врши при достава или подигнување на нарачката во готово или со картичка.
– Следејќи ги барањата и потребите на нашите потрошувачи одлучивме да им излеземе во пресрет и да им ја овозможиме оваа опција, со која на брз, практичен и безбеден начин можат да ги набават потребните производи. Услугата Vero Drive овозможува навистина широк асортиман за избор, исто како и во нашите маркети, а со оваа опција, продуктите на потрошувачите ќе им бидат директно достапни за нарачка, која што потоа ќе биде доставена до нивниот дом или преземена од нивна страна од Веро центар – истакнуваат од менаџментот на Веро.
(ПР текст)
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш