Контакт

Економија

Средба Анѓушев – Галовеј: Можности за зајакнување на економската соработка со Обединетото Кралство

Објавено пред

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев оствари средба со ново именуваната амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. На средбата двајцата соговорници го искажаа и својот искрен оптимизам за продолжување и зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

Вицепремиерот Анѓушев посочи дека транспарентното креирање на економските мерки за поддршка на целото стопанство кои опфаќаат од старт ап компании, преку мали и средни се до големи фирми даваат резултати.

„Планот за економски раст, Законот за финансиска поддршка и проектите преку Фондот за иновации силно го подржуваат целото стопанство и очекуваме реален импакт кон економијата и позитивни бројки во бруто домашниот производ. Имплементацијата на ново креираните транспарентни мерки даваат резултати: 16 нови странски компании и влез од 327 милиони евра странски инвестиции во првата половина од годинава. Во исто време се регистрира и раст на индустриското производство од 8,4 % во јули во споредба со истиот период од минатата година“, истакна Анѓушев, кој се заблагодари за поддршката посебно во енергетскиот сектор што го дава земјата.

Билатералните односи меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство создадоа традиција на добри меѓусебни релации, со динамичен дијалог на владино ниво и зголемена разновидна секторска соработка во институционалниот развој, зголемена трговија и инвестиции.

Обединетото Кралство е меѓу земјите со кои Македонија има најголем обем на трговија и тоа во првата половина на 2018 со истиот период во 2017 година,е регистриран раст од над 17 %.
Н.Е. Амбасадорката Галовеј ја искажа својата увереност во позитивната насока каде се движи земјата и ја потенцираше својата заложба во постигнувањето на целите во сеопфатниот развој на државата и во полесно премостување на сите предизвици во политичкиот, институционалниот, економскиот и културниот напредок.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

(Видео) Николовски: Членството во НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и благосостојба на животните

Објавено пред

Од

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните и обезбедување безбедна храна на граѓаните, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој присуствуваше на 5. состанок на меѓународниот конгрес на Групацијата Вет-истанбулска група и 8. меѓународен научен собир Денови на ветеринарна медицина 2018, кој се одржа вчера во Охрид.

Николовски посочи дека во исполнувањето на сите цели за развој на ветеринарната медицина од исклучително значење е учеството на науката и на Факултетот за ветеринарна медицина како институција чии експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за заштита на здравјето на животните, благосостојбата и репродукцијата на животните, како и јавното здравје и безбедноста на храната.

„Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија ја пофали Македонија за мерките што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата, но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија веќе има воспоставено систем за информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг-програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста“, изјави министерот Николовски.

Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти, кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област.

Прикажи повеќе...

Економија

Најголемите тарифи на САД во историјата погодуваат речиси половина од кинеските стоки

Објавено пред

Од

kina i sad trgovska vojna tarifi

Започна новиот круг американски тарифи за кинески стоки, што се најголеми во ескалацијата на трговската војна помеѓу економските суперсили, објави Би-Би-Си.

САД започнаа да воведуваат тарифи за кинески производи во вредност од 200 милијарди долари во 12:01 часот по локално време во Пекинг, како одговор на тоа, според нив, нефер практиките за тргување од страна на Кина.

Кина пак се одмазди со тарифи за американски стоки во вредност од 60 милијарди американски долари. Според Кина, САД ја започнале најголемата трговска војна во економската историја.

Последниот потег го зема вкупниот износ на кинескиот увоз погоден од американските тарифи од јули до 250 милијарди долари. Ова значи дека овие нови должности се однесуваат на речиси половина од целиот кинески увоз во САД, пренесуваат светските медиуми.

Последната ескалација доаѓа откако Кина ги откажа понатамошните трговски разговори со САД.

Последните царини на САД се однесуваат на речиси 6.000 предмети, што претставува најголема рунда трговски тарифи досега воведена од Вашингтон.

Тие влијаат на торбите, оризот и текстилот, иако некои предмети, како што се паметни часовници и високи столици, се изземени.

Американските компании кои увезуваат кинески производи за кои станува збор, ќе мора да платат дополнителни 10% такси.

Данокот ќе се зголеми на 25% од почетокот на 2019 година, освен ако двете земји не постигнат договор.

Прикажи повеќе...

Економија

„Порше“ се откажува од дизел мотори

Објавено пред

Од

Како прв германски производител на автомобили, „Порше“ го напушта производството на возила со дизел мотор, беше соопштено денеска во Штутгарт.

„За ‘Порше’, кој е познат како производител на спортски автомобили, дизел моторите отсекогаш играле споредна улога и затоа ние одлучивме дека во иднина повеќе нема да произведуваме автомобили со таков погон“, се наведува во соопштението од Управниот одбор на германскиот производител.

Компанијата, која е дел од групацијата „Фолксваген“, објави дека во иднина ќе се фокусира на сегментот што е специјалност на „Порше“.

„Ќе се работи на моќни бензински мотори, хибриди, а од следната година и на електрични автомобили“, изјави за весникот „Билд ам Сонтаг“ претседателот на Управниот одбор, Оливер Блуме.

Тој појасни дека „Порше“ никогаш не развивал дизел мотори, но и покрај тоа производителот претрпел штети по скандалот предизвикан поради манипулирање со вредностите на издувните гасови.

„Дизелската криза предизвика многу проблеми“, рече Блуме. Сите возачи на порше модели со дизел мотори можат да бидат мирни и не треба да се грижат бидејќи и натаму ќе се спроведува сервис за ваквите мотори, додаде тој.

„Порше“ ја објави одлуката дека се откажува од дизел погонот истиот ден кога беше најавен и т.н. дизел самит во канцеларијата на Ангела Меркел, на кој политичарите и автомобилските компании треба да одлучат како да ја спречат забраната за дизел мотори во германските градови.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија32 минути

Масовно труење во Виница, за една ноќ затруени 120 лица

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почуствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија2 часа

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет3 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ4 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет5 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија1 ден

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија1 ден

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Досие