Контакт

Економија

Средба Битиќи – Хајдари: Со економски политики до подобрување на конкурентноста во регионот

Објавено пред

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, работната посета на Република Косово ја почна со средба со министерката за трговија, претриемништво и индустрија, Розета Хајдари, со која разговара за економската соработка помеѓу двете земји, информираат од неговиот кабинет.

Вицепремиерот Битиќи посочил дека е исклучително важно владите на земјите од Западен Балкан да креираат кохерентни и конзистентни политики со кои ќе се зголемува конкурентноста на регионот наместо конкуренција помеѓу земјите, при што ќе се унапредува меѓусебната економска соработка, во насока на подобрување на условите за живеење и создавање повисок животен стандард за сите граѓани во која и од земјите да живеат.

„Преку Берлинскиот процес, кој се реализира со поддршка од влијателни земји членки на ЕУ, направени се сериозни чекори со кои се унапредува дијалогот помеѓу владите, но и претставниците на бизнис-заедницата и се почнати сериозни реформи, кои ќе ги доближат сите земји од Западен Балкан до членството во Европската Унија“, изјави Битиќи.

Економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово како две соседни и пријателски земји има сериозен потенцијал да се продлабочува уште повеќе, заклучија на средбата Битиќи и Хајдари и посочија дека за поздравување е податокот дека трговската размена во првите три месеци од 2021 бележи пораст од 30 %.

Двајцата се заложија да продолжат со заедничките ангажмани за да ја унапредуваат економската соработка помеѓу двете земји, но и да работат на подигнување на конкурентноста на регионот во интерес на сите граѓани.

Економија

Халкбанк со нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода

Објавено пред

Халкбанк создаде нов потрошувачки кредит со животно осигурување и полиса од незгода, кој вклучува и бројни други поволности. Со фиксна каматна стапка од 5% за првата година и 5,5% фиксна каматна стапка за втората година, како и без надоместок за одобрување на кредитното барање и без трошоци за предвремена отплата на кредитот, овој кредит е достапен за секого и за секаква намена.

Максималната вредност на потрошувачкиот кредит е до 1.500.000 денари, со максимален рок на отплата до 10 години.

Потрошувачките кредити се едни од најбараните банкарски производи затоа што се идеални за финансирање на најразличните потреби на граѓаните, и тоа по поволни услови.

Трошокот за полисата за животно осигурување, која е задолжителна за овој тип кредит е во зависност од тарифата на осигурителната компанија и индивидуалните параметри на кредитокорисникот. Полисата од незгода е во вредност од 600 денари годишно, за период еднаков на рокот на отплата на кредитот.

Халкбанк АД Скопје во моментов има 43 филијали во 20 градови во Македонија каде се достапни услугите на банката како и дополнителните информации за секој од производите.

 

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Славески: Поскапувањето на горивата не е еколошка такса, туку кризен данок

Објавено пред

Со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ навикнавме на создавањето паралелна реалност и на давање погрешно име на нештата, вели Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ. Според него, предлогот за воведување т.н. еколошка такса за горивата не отстапува од тоа правило. Тоа, како што рече Славески, се гледа од образложението што го нудат владата и нејзини челници за причините за воведување на оваа давачка.

„Целта, наводно, е да се придонесе кон заштита на животната средина преку поддршка на транзицијата од користење фосилни горива кон обновливи извори на енергија. Нè убедуваат дека зголемените цени на горивата почивале на познатиот принцип „загадувачот плаќа“. Овој принцип, предложен од економистите пред точно еден век, е сосема во ред, но повикувањето на него во случајов претставува класична злоупотреба и замена на теза. Значи ли ова дека сите корисници на автомобили, сите транспортери, вклучително и вршители на јавен превоз во земјава се загадувачи? Се разбира дека не значи. Наместо да се воведе построга контрола на мерење на емисијата на издувни гасови при регистрација на возилата, како основа за примена на принципот „загадувачот плаќа“ во овој контекст, се предлага линеарно зголемување на цените на горивата за сите корисници, без разлика на видот на превозното средство“, оценува членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески.

Од досегашната практика, како што рече Славески, може да се заклучи дека зголемувањето на цените до одреден степен не влијае на намалување на потрошувачката на горивата.

Според него, воведувањето на дополнителна давачка на горивата, преку зголемените цени, ќе ги зголеми приходите во државниот буџет.

„Зголемените цени негативно ќе влијаат врз стандардот на граѓаните и ќе ги зголемат трошоците за транспорт на стоки и патници. Дополнително, евентуалното воведување на оваа нова давачка доаѓа во изразито неповолен момент,кога цената на суровата нафта на светските берзи е висока и се очекува нејзин натамошен раст“, смета Славески.

Прикажи повеќе...

Економија

Проектите помогнати од Светска банка обезбедуваат долгорочни решенија, согласни Шахпаска и Паолучи

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика и Светска банка во Северна Македонија ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на унапредувањето на социјалната заштита, зголемување на вработливоста на ранливите групи граѓани, особено на жените, но и на градење на човечки капитал како суштествен елемент за напредок на едно општество. Ова беше заклучено на денешниот состанок на министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со директорот на Канцеларијата на Светска банка во Северна Македонија, Масимилиано Паолучи.

На средбата се разговараше за можностите за активација на што поголем број лица на пазарот на труд, но и за унапредување на капацитетите на институциите.

„Оваа година во Оперативниот план на активни програми и мерки, воведени се три нови принципи, односно справување со негативните ефекти и последици врз пазарот на труд и вработеноста, предизвикани од пандемијата на Ковид-19, поттикнување на рамномерен регионален развој и принципот на диверзитет и инклузивност. Направивме конекција помеѓу Центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување, со цел да се мапираат највработливите лица од семејствата приматели на гарантирана минимална помош и истите да бидат активирани на пазарот на трудот. Додека пак, за најневработливите, лицата со попреченост, Ромите, ранливите категории на граѓани, овозможивме обуки со кои истите би станале работоспособни“, рече Шахпаска.

Во моментов, Министерството за труд и социјална политика, го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги (ППСУ) со наменскиот заем во вредност од 28,7 милиони евра кој Владата на Република Северна Македонија го доби од Светска Банка. Како дел од првата компонента на овој проект, која има за цел да го зајакне целокупниот систем на обезбедување социјална заштита, потпишани се 19 договори со 24 општини. Како дел од втората компонента, која има за цел да го зголеми пристапот до квалитетни услуги за ран детски развој, изградени се две детски градинки, а во изградба се уште 9 градинки, појаснуваат од министерството.

„Напредокот е во луѓето. Проектот којшто го подготвуваме се однесува токму на развој на човечкиот капитал и треба да овозможи оспособување на што поквалитетен кадар за работа и што поголема активација на населението на пазарот на труд. Здравјето, образованието и социјалната заштита се трите најважни компоненти кои ќе го подобрат животниот стандард, но и ќе создадат услови младите иднината да ја гледаат во сопствената земја. Верувам дека одличната соработката која ја имаме со Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да се имплементира и во секој нареден проект“, истакна Масимилиано Паолучи.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

Регистрирани 9 нови случаи на коронавирус, починаа 3 лица

Во последните 24 часа се направени 3.239 тестирања, а регистрирани се 9 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје и Кичево...

Регион1 час

(Видео) Рама: Почнавме да се навикнуваме на фактот дека ЕУ не си ги исполнува ветувањата

Еди Рама стои зад критиките кон ЕУ што ги кажал деновиве, зашто Унијата не успева да ги исполни сопствените ветувања. Ова...

Македонија4 часа

Обвинителката Фетаи повредена во сообраќајка во скопски Чаир

Обвинителката Фатиме Фетаи е повредена откако синоќа околу полноќ имала сообраќајна несреќа во скопски Чаир. Во Градската општа болница „Свети...

Македонија4 часа

„Не си играјте со европската иднина на Северна Македонија“ – Сириза побара од Мицотакис ратификување на меморандумите

Грчката опозициска партија Сириза ја повика Владата на премиерот Киријакос Мицотакис итно да ги ратификува трите меморандуми потпишани меѓу Грција...

Македонија5 часа

Топлиот бран ќе се задржи и во текот на викендот

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност, информираат од УХМР. Ќе дува слаб...

Европа6 часа

(Видео) Апокалиптични снимки по торнадото во Чешка, расте бројот на мртви

Торнадо и силно невреме проследено со грмотевици, во четвртокот вечерта погоди неколку градови на југоистокот од Чешка, во регионот Јужна...

Свет20 часа

Руски претставник за британскиот брод: Следниот пат бомбите ќе паднат врз целта, а не околу неа

Шефот на руската делегација во преговорите за безбедност и контрола на оружјето во Виена, Константин Гаврилов, ја предупреди Велика Британија...

Македонија22 часа

Заев: Репрезентацијата ја претставува Северна Македонија, придавката „македонска“ е за други случаи

Кога се претставува државата, како во случајот со фудбалската репрзентација, тогаш се употребува репрезентација на Северна Македонија, додека македонско, македонска,...

Македонија23 часа

Радев: Ги издржавме притисоците, патот на Северна Македонија зависи само од дијалогот со Бугарија

Забрзувањето на европската перспектива за Република Северна Македонија зависи само од ангажманот и резултатите во дијалогот со Бугарија. Ова го...

Македонија23 часа

Регистрирани се 10 нови случаи на Ковид -19, три лица се починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа биле направени 2.302 тестирања, а регистрирани се 10 нови случаи на...

Регион1 ден

Вучиќ: Не е фер што Македонија и Албанија не добија датум за преговори

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека жали што Скопје и Тирана не добија датум за почеток на преговорите со ЕУ....

Македонија1 ден

Утре ќе стигнат 100.000 вакцини на Фајзер, а в недела 500.000 на Синовак, најави Филипче

Утре пристигнува нова пратка од 100 илјади вакцини на „Фајзер“ преку ковакс системот, најави министерот за здравтство Филипче. В недела...

Македонија1 ден

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование

Од септември на медицинските сестри и техничари ќе им биде платено високото образование, најавија по денешниот работен состанок, министерот за...

Македонија1 ден

Над 180.000 граѓани кои се пријавиле за вакцинација а не добиле термин, ќе бидат вакцинирани во следните 20 дена

Голем број граѓани реагираат дека одамна се пријавиле на веб-страницата vakcinacija.mk, но се уште не добиле термин за вакцинација во...

Свет1 ден

(Видео) Москва со порака: Ќе има страшни последици ако некој изврши провокации како случајот со британскиот разурнувач

Руската Црноморска флота, заедно со Граничната служба на ФСБ, испукаа предупредувачки истрели за да го спречат британскиот разурнувач да ја...

Македонија1 ден

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, повикува Министерството за труд и социјала

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа,...

Европа1 ден

Европскиот Парламент предупредува- Бројот на мигранти расте, мора итно да дејствуваме

Со доаѓањето на летните месеци на надворешните граници на ЕУ, притисокот на мигрантите расте, затоа е потребно итно и солидарно...

Свет1 ден

(Видео) Се сруши мост во Вашингтон, повредени се повеќе лица

Пешачки мост се урна во североисточен Вашингтон. Според американските медиуми, најмалку шест лица биле повредени, додека еден камион останал заробен...

Економија2 дена

Владата го утврди предлогот за поскапувањето на горивата, на ред се пратениците

Предлогот за законски измени за повисока еколошка такса за нафтените деривати одат на усвојување во Собранието. Владата на денешната 82...

Свет2 дена

Европска здравствена агенција: Делта вирусот ќе доминира во Европа ова лето

Делта варијантата на коронавирусот, првпат откриена во Индија, значително ќе се прошири низ Европа во текот на летото, предупреди Европската...

Досие