Контакт

Економија

Средба Бочварски – Граф: Имаме одлични услови за инвестирање

Објавено пред

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска оствари работна средба со заменик-амбасадорот и раководител на одделот за економија на германската амбасада, Ото Граф.

На средбата тие разговараа за економската соработка меѓу двете земји.

Министерот ги потенцира инфраструктурните проекти од делот на патната и железничката инфраструктура и гасификацијата.

Министерот Бочварски информира за економските потенцијали на земјата и отвореноста за влез на инвеститори од Германија.

„Денешната средба беше од огромно значење за да ги промовираме можностите за вложување на двете земји, разговаравме и за инвестицискиот циклус во делот на инфраструктурата. Имаме одлични услови за инвестирање, ги повикувам сите заинтересирани германски компании да вложат во нашата земја и да се вклучат во изградба на инфраструктурните проекти“, изјави Бочварски.

Двајцата соговорници најавија заедничка заложба за продлабочување на билатералните односи и економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Поскапуваат бензините и дизелот

Објавено пред

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,50 денар/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,103 денар/килограм и сега ќе изнесува 42,827 ден./кг.

Од 18.1.2022 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– моторен бензин „евросупер БС-95“ – 76,50 (денари/литар);

– моторен бензин „евросупер БС-98“ – 78,50 (денари/литар);

– дизел-гориво „евродизел БС“ (Д-Е V) – 69,00 (денари/литар);

– масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 69,00 (денари/литар);

– мазут М-1 НС – 42,827 (денара/килограм).

Прикажи повеќе...

Економија

Повеќето шефови на големите компании во светот очекуваат раст на глобалната економија во 2022

Објавено пред

Повеќе од три четвртини од лидерите на големите компании предвидуваат подобрување на глобалната економија и нејзино зајакнување во текот на 2022 година, а само 15 отсто очекуваат влошување, покажува анкетата на PricewaterhouseCoopers (PwC).

Анкетирани се 4.446 извршни директори во 89 земји и територии во октомври и ноември минатата година.

77 отсто од испитаниците очекуваат подобрување, што е еден процентен поен повеќе од минатогодишните прогнози и за 54 поени подобро отколку во 2020 година кога повеќе од половина (53 отсто) од извршните директори предвидуваа пад на економијата.

Оптимизмот е најголем во Индија, каде што 94 отсто од извршните директори предвидуваат глобален раст оваа година во споредба со 88 отсто од претходното издание на истражувањето. Оптимизмот исто така силно расте меѓу извршните директори во Јапонија (83 наспроти 67 проценти), а е малку повисок и во Обединетото Кралство, со зголемување од пет процентни поени на 82 процента.

Во Италија и Франција оптимизмот исто така силно расте. Така, во најновата анкета на PwC во Италија таа погодила 89 отсто од испитаниците, што е 18 поени повеќе пред една година, а Франција доживеала најголем пораст на оптимизмот на извршните директори, со скок од 25 поени на 85 отсто.

Од друга страна, деловниот оптимизам за глобалната економија најмногу падна во САД – 18 поени, на 70 отсто, а се намали во Бразил (намалување од седум поени, на 77 отсто, Кина (за девет поени, на 62 отсто) и Германија (за четири поени, до 76 проценти).

Иако американските бизнисмени можеби се помалку оптимисти за глобалната економија, истражувањето покажува дека тие се релативно сигурни во изгледите за раст на нивните компании, со 40 проценти многу сигурни во растот на приходите во 2022 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Зимска распродажба во „Скопје сити мол“

Објавено пред

Сите сме возбудени за големите зимски попусти кои се веќе тука. Време е за уживање во шопинг во Skopje City Mall по уште пониски, односни екстремно ниски цени.

Во овој период па се до почетокот на февруари во Скопје Сити Мол можете да ги најдете најголемите попусти и промоции кои брендовите ќе ги понудат на зимските колекции.

Овој зимски период или период на празници знае да биде навистина тежок за домашниот буџет, затоа Скопје Сити Мол заедно со своите закупци се погрижија посетителите да уживаат во екстремно ниски цени, замрзнати цени, големи акции и промоции. Овие попусти се последни од серијата на намалување кога се работи за есен/зима колекциите.

Оваа кампања доаѓа паралелно со периодот кога речиси насекаде во светот започнува големата зимска распродажба или ликвидација на пследните парчиња по супер ниски цени. Затоа трговскиот центар ги поканува сите љубители на модата во овие зимски денови да го посетат Скопје Сити Мол и да уживаат во големиот избор кој им го нудиме. – изјавија од маркетинг тимот

Акцијата Winter Last Minute Sale е последна акција во која ќе можат да се купат производи од есен/зима колекциите по пониски цени, а во неа учествуваат речиси сите продавници од трговскиот центар.

Време е за Winter Last Minute Sale во Скопје Сити Мол!

(ПР текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кризниот штаб и препорача на Владата учебната година да продолжи со настава од 1 февруари

Денеска, се одржа првата седница на Главниот координативен кризен штаб за справување со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Седницата ја водеше...

Македонија4 часа

Владата на првата седница ги именува замениците на Ковачевски

Владата на Република Северна Македонија денеска ја одржа својата прва конститутивна седница, со која претседаваше премиерот Димитар Ковачевски. На седницата...

Македонија7 часа

766 нови случаи на Ковид-19 и 15 починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 3.748 тестови,...

Македонија8 часа

Маричиќ: Не е на Северна Македонија да кажува каде и какво малцинство има во регионот

Новиот вицепремиер за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, изјави дека не е на Северна Македонија да кажува каде какво малцинство има во...

Македонија10 часа

Ковачевски: Задоволен сум од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите што ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше...

Македонија11 час

Бугарската позиција е јасна, очекувам заедно да работиме на нов дијалог, порача Петков во честитката до Ковачевски

Бугарскиот премиер Кирил Петков му го честиташе изборот на својот македонски колега Димитар Ковачевски наведувајќи дека позицијата на Бугарија за македонската...

Економија11 час

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 1,00 денар/литар, а малопродажните цени на „евродизелот“ (Д-Е V)...

Свет12 часа

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Спорт12 часа

Само вакцинираните ќе може да настапат на „Ролан Гарос“

Професионалните спортисти ќе мора да бидат вакцинирани против коронавирусот доколку сакаат да учествуваат на спортските натпревари во Франција. Ова се...

Македонија12 часа

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување,...

Регион13 часа

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат во сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години што не се вакцинирани...

Свет13 часа

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Свет14 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет15 часа

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија24 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија1 ден

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија1 ден

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа1 ден

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион1 ден

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ1 ден

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Досие